Дечињата од играорната група Љупчо Сантов од Оризари во попладневните часови пристигнаа во Дортмунд. Беа топло пречекани од Црковната управа од Македонската православна Црква од Дортмунд и парохискиот свештеник протојереј ставрофор Душко Пецов(кој инаку потекнува од Кочанскиот крај -Зрновци) Дечињата заеднички првин имаа заеднички ручек а потоа и влегоа во Црквата каде се запознаа со историјата на Црквата а потоа им беа подарени скромни ...

Делегација на Општина Охрид, предводена од в.д. градоначалник, Константин Георгиески, денес присуствуваше во ОУ “Христо Узунов“, каде со историски час и полагање на свежо цвеќе пред бистата на револуционерот, започна годинашното одбележување на 114 годишнината од херојската погибија на охридскиот револуционер. На свеченоста беа прогласени и најдобрите ликовни и литературни творби од учениците, на интерниот конкурс од училиштето. ...

„Вечерашнава прва фестивалска од вкупно трите на Макфест ќе биде посветена на млади пејачи, за да и да им се даде шанса музички да се дефинираат“, рекоа од уметничкиот одбор на фестивалот кој почнува вечерва (23 октомври) во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Макфест традционално започна со фестивалското знаме кое го кренаа пејачите Лара Иванова, Валдера и Зоран Илиев. (фото) На прес-конференцијата, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов ...

Стручното жири на Фестивалот „Денови на Зоран Радмиловиќ“, во состав: д-р Мирослав Радоњиќ, претседател, д-р Душко Љуштина, член и Ирфан Менсур, член, донесе едногласна одлука Наградата за најдобро актерско достигнување на Фестивалот да му ја додели на Никола Ристановски за улогата на Мишел Бабиќ во претставата „Уна“ според романот на Момо Капор, текст на Стеван Копривица, во режија на Дејан Пројковски, продуцирана од театарот Звездара од ...

– Сакам да верувам дека наспроти оваа општа летаргија и барање оправдување да не се поставуваат македонски драми кај сите, ќе ги инспирираме и режисерите и театрите да ги постават драмите и дека ќе внимаваат многу повеќе на чување на македонската драма и на македонската култура, вели за весникот ВЕЧЕР, Ана Стојаноска, директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“ по повод промоцијата на книгата „Драмолетање“, во која се претставени четири драми од ...

Во Кристалната сала на Собранието на Македонија, се одржа свеченоста по повод доделувањето на државната награда „23 Октомври“ – признание со кое се оддава почит на поединци што со своето творештво и дело дале исклучителен придонес во развојот на македонската наука, култура, образование и во заштитата и унапредувањето на државните интереси и вредности. Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска информираше дека оваа година, ...

Ерос Рамацоти, еден од најпознатите италијански пејачи и автори, се враќа со нов албум кој ќе излезе на 21 ноември 2025 година. Албумот, најавен како најинтимното и најзрело издание во неговата повеќедецениска кариера, ќе носи мешавина од поп-балади, латино ритам и емоционални текстови по кои Рамацоти е препознатлив уште од 1980-тите. Истовремено, Рамацоти ги руши сите рекорди на неговата европска турнеја – два последователни концерти во ...

Култниот швајцарски индустријал рок бенд „Јанг гадс“ се враќа во Македонија по долга пауза и ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 14 март следната година, објави „Пасворд продукција“. „Јанг гадс“ е еден од првите позвучни странски бендови кој настапил во Македонија. Триото предводено од фронтменот Франц Трајхлер оваа година објави нов албум, прв по шест години пауза и истовремено прослави четири децении постоење. ...

Во врска со анонимниот конкурс „Помеѓу пејзажот и бетонот“ во рамки на манифестацијата „Празник на липите“, која се одржа на 13 и 14 јуни оваа година, УО на ДПМ на својата последна седница бр. 12-2025/1 ја донесе следната Одлука: „Поради констатираните неправилности, нетранспарентност во начинот на избор на наградените творби, како и повлекување на двајца членови на жири-комисијата, УО донесе Одлука да не се доделат наградите на конкурсот ...

Претставата „Народен пратеник“ на МНТ продолжува со успешната регионална турнеја. На 24 октомври, во главната натпреварувачка програма, ова сценско остварување ќе биде изведено на сцената на театарот „Бора Станковиќ“ во Врање, Србија, како дел од 45. издание на реномираниот театарски фестивал „Борини позоришни дани“. Со ова дело, Бранислав Нушиќ уште еднаш потсетува дека смеењето е најсилното оружје против глупоста и корупцијата. Неговата ...

Изложбата, посветена на професорот Владимир Георгиевски, оваа година ја истражува темата на портретот како ликовен предизвик и како начин за откривање на човечката индивидуалност низ различни стилови и генерации. „Трагајќи по совршениот простор и пристап кон ликовното дело, изложбата го истражува односот меѓу просторот во кој уметникот создава и просторот во кој делото живее пред публиката,“ се наведува во најавата на организаторите. ...

Делчево, 22 октомври 2025 (МИА) - Националната установа Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ - Делчево подготви богата културна програма за граѓаните на градот, со три настани кои ја одбележуваат есенската културна сезона. Вечерва, со почеток во 18 часот, во кино салата во Делчево ќе се прикаже норвешкиот филм „Викторија мора да замине“ (Victoria Must Go), синхронизиран на македонски јазик. Филмот, наменет за публика над 12 години, трае ...

Виница, 22 октомври 2025 (МИА) - Овогодишното издание на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“ стартува во петок, 24 октомври, во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Првата содржина од повеќедневната програма е предвидена за 19 часот. Станува збор за изложба на карикатури од конкурсот за карикатура за 2025 распишан под мотото: „Кој последен се смее...“, соопшти Александра Давиткова, директорка на виничкиот Дом на културата, ...

Слаткаристика најави нов концерт во Скопје, што го нарече „Интимно со Слаткаристика“, а ќе се одржи на 29 ноември во клубот „Станица 26“. „По големиот концерт во арената ‘Борис Трајковски’, Слаткаристика подготвува концерт ‘лице во лице’ со публиката, сосема поинакво искуство. Публиката ќе биде на чекор од него, со можност за директен контакт и незаборавна енергија. Вие можете да си резервирате место буквално до него“, велат организаторите. ...

OVC Kolektiv, активен музички бренд и организација посветена на современата електронска музика и уметност, на 1 ноември 2025 година ќе го претстави својот нов мултидисциплинарен проект со уметнички и јавен карактер — „Liminal“. Настанот ќе се одржи во катната гаража „Кресненско Востание“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот. Со долгогодишно искуство во создавање и промовирање на современи културни настани, OVC Kolektiv ја продолжува својата ...

Вечерва на изложбата на Факултетот за ликовни уметности, објект Педагошки факултет, не ја видовме уметничката бескрајна приказна, светлост, раце, очи и ликови кои истовремено личат на секого и на никого, по која е препознатлив дома и во светот, уметникот Михаил Корубин, дел од една долга семејна историја на уметници и дел од лозата на великаните на македонското сликарство. Бев дел од отмена публика од сите генерации и професии што се движеше ...

Оваа филозофија, создадена уште во XVI век во рамките на чајните церемонии и боречките вештини, денес е длабоко вградена во секојдневието на Јапонците. Во идиличното село Магоме, сместено на античката патека Накасендо меѓу Токио и Кјото, Нина Оцубо Калдадо им ги пренесува на посетителите основите на оваа животна дисциплина. Во тишината на дрвените куќи и под звуците на ветерот што минува низ бамбусовите градини, таа објаснува дека суштината ...

Скопје, 22 октомври 2025 (МИА) - Издавачката куќа „Макавеј“ ја објави новата стихозбирка на поетот Бранко Цветкоски, насловена „Вообразби: лирски етиди за некој друг свет“. Поетската книга содржи седумдесетина песни во четири тематски раздели - „Наслов за залезот“, „Седенка во иднината“, „Неизустените зборови“ и „Привиди. Ронки. Роморења“, придружени со поговор на проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска. -Префинетиот, кондензиран исказ на ...

Гевгелија, 22 октомври 2025 (МИА) - Синоќа во хотелот „Аполонија“ се одржа концерт посветен на композиторот професор д-р Томе Манчев, во рамки на манифестацијата „Гевгелија град на културата 2025“. На концертот беше изведен дел од творечкиот опус за камерни ансамбли и солистички дела на композиторот со што неговиот роден град Гевгелија му оддаде почит. На концертот беа изведени делата: „Санаториумска балада“ циклус за глас и пијано (1974/5, ...

Октомври, месецот кога целиот свет го слави духот на Halloween, е совршено време за враќање на култните филмови што создадоа легендарни сцени и незаборавни ликови. Netflix годинава подготви внимателно одбрана хорор селекција— комбинација од нови наслови и незаменливи класици што вреди повторно да се погледнат. Од готски романси и психолошки трилери до урбани легенди и црн хумор, овие филмови се веќе достапни за гледање и нудат совршен маратон ...

Скопје од 22 до 25 октомври ќе пулсира во ритамот на Amber Jazz Festival — новото издание на фестивалот што ќе заземе место во Bruklinski JAZZ Bistro. Овој фестивал ја слави современата џез сцена и нејзините најиновативни артисти. Фестивалот започнува на 22 октомври (среда) со DJ SET на Shrube во 17:00 часот, а вечерта ќе настапи John Ilija Apelgrin во 21:00 часот. Следниот ден, 23 октомври (четврток), публиката ќе го слушне Filip Dinev ...

Од 23 до 25 октомври 2025 година ќе се одржи литературната манифестацијата „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА 2025“ во Македонскиот КИЦ во БЕЛГРАД. За таа цел на 23.10.2025 година во 18.00 часот во македонскиот културно – информативен центар во Белград ќе се одржи литературна манифестација на која воведно обраќање ќе имаат: директорот на КИЦ на РСМ во Белград, проф. д-р Васко Шутаров и програмскиот уредник на проектот м-р Ели ...

Кумјана Новакова за нејзиниот авторски филм „Молкот на разумот“ (2023) ја доби Нирнбершката меѓународна филмска награда за човекови права во рамките на Филмскиот фестивал за чоекови права во Нирнберг. Наградата е доделена синоќа во Нирнбершката куќа на филмот од меѓународното жири составено од Дамиен Оунури, Фарахназ Шарифи и Борјана Гаковиќ. Според жирито, филмот на Новакова „претставува и кинематографско и историско дело на правдата“. -Го ...

Со секоја нова песна, Давид Темелков потсетува дека за вистинската музика нема формула, туку се чувствува и се создава од душа. Неговиот најнов сингл, „Слушај штом живот диктира“, е токму таков – искрен, човечки и полн со емоција што се чувствува уште при првото слушање. Темелков е автор и на текстот и на музиката, а во аранжманот соработува со Кристијан Синковиќ. Песната ја носи неговата препознатлива чистота и топлина – едноставност што ...

„Тоа е само едно пластично шише“ – реченица што секој од нас барем еднаш ја изговорил. Но што се случува кога „само едно шише“ ќе се помножи со бројот на жителите на нашиот град Битола или со осум милијарди луѓе? Одговорот го носи документарниот филм „Plastic Fantastic“, кој на провокативен и едукативен начин ја отвора темата за влијанието на пластиката врз животната средина и нашата секојдневна култура на потрошувачка. Во организација на ...

Нашиот подкаст „На каде одиме?“ се враќа со свежи приказни и нови гости кои ќе ве инспирираат и насмеат. Секоја епизода ќе биде достапна секој четврток во 19:00, па резервирајте го вашиот вечерен подкаст момент за разговори за кариера, личен развој и сите оние моменти кога се прашувате „на каде одиме?“. 😉 Првата епизода од сезоната се ближи, па внимавајте на најавата – нема да сакате да ја пропуштите. Подгответе се за совети, интересни ...

Со цел афирмација на современата уметничка критика и поддршка на автори кои придонесуваат за нејзиниот развој, AICA Македонија ја инаугурира националната награда „Борис Петковски“, посветена на истакнатиот историчар на уметност, критичар, теоретичар и професор Борис Петковски, чиј труд и визија имаат трајно значење за македонската уметност и критичка мисла. Петковски е и оснивач на македонската секција на AICA. Наградата ќе се доделува на ...

Три македонски театри ќе гостуваат во Кочани во периодот од 25 до 29 октомври. Организатор е Europe House – Кочани како дел од есенската културна и едукативна програма а во соработка со Центарот за култура „Бели Мугри“ и SupportKochani. На 25 октомври во 20 часот ќе биде изведена претставата „Синиот портокал“ од Џо Пенхол, во режија на Александар Ивановски, на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес. На 27 октомври во 13 часот ќе ...

Во четврток, на 23 октомври ќе бнде отворена изложбата „Лица“ во галеријата „Метаноја“ во рамките на „Несовршен простор“. Учествуваат дванаесет уметници од Македонија. Во чест на творештвото на професорот Владимир Георгиевски, оваа година учесниците во изложбата ,,Несовршен простор” го третираат портретот. Соодветно со тоа насловот на овогодишната изложба е ЛИЦА. Трагајќи по совршениот простор и пристап кон ликовното дело, во концептот на ...

Урбан спектакл што ќе го раздрма Скопје: 2Бона со прв голем соло концерт!“ Објавена во: 22 Октомври, 2025 12:33 Долгоочекуваниот момент конечно пристигна! Популарното дуо 2Бона, по години хитови, клубски настапи и полни сали низ цела Македонија и регионот, го најави својот прв голем соло концерт во Скопје. Настанот ќе се одржи на 26 декември 2025 година во 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“, каде што се очекува вистински урбан спектакл. ...

weather icon

Скопје

-7ᴼ / -7ᴼ
0.51
86%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
2.57
90%
1021
weather icon

Софија

1ᴼ / -1ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Сараево

-2ᴼ / -2ᴼ
1.73
97%
1025
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
3.6
97%
1023
weather icon

Атина

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
74%
1024
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
75%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1027
weather icon

Букурешт

-7ᴼ / -8ᴼ
0.0
92%
1024
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.57
90%
1024
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
5.14
81%
1024
Currency

61.545

Currency

52.851

Currency

70.942

Currency

35.4018

Currency

38.0477

Currency

65.9491

Currency

7.57395

Currency

0.67113

Currency

0.33186

Currency

0.52432

Currency

1.22539

Currency

0.58452

Кобалт

59.52

Калај

48.40

Цинк

3.15

Рутениум

44946.74

Родиум

318292.39

Бакар

12.02

Паладиум

57839.19

Алуминиум

3.17

Иридиум

174307.10

Злато

147673.55

Платина

74245.83

Сребро

2756.60