Во книжарниците на „Матица македонска“ пристигна книгата „Овој пат се бирам себеси“ од Дизграм, објавена од „Панили“ – прво македонско издание на авторот што за кратко време стана еден од најпрепознатливите книжевно-медиумски феномени во регионот. Книгата, во препев од српски на македонски јазик на Кристина Краличин Павлеска, доаѓа како силна, емотивна и исклучително привлечна новост за сите читатели што бараат книга за самопочит, внатрешна ...
Македонското издание пристигнува многу брзо по оригиналното српско издание „Ovaj put biram sebe“, објавено во 2025 година од „Лагуна“. Македонските читатели речиси непосредно по првичната објава добиваат можност на свој јазик да го читаат книжевниот хит на Дизграм, автор чии текстови одамна не живеат само на страниците, туку и во секојдневните пораки, препораки, подароци и објави на социјалните мрежи. „Овој пат се бирам себеси“ не е книга што ...

