– Мудар е, остроумен и великодушен човекот Атанас Конески, кој ни го подарува своето ковчеже во кое ги положил најважните нешта што еден животен патник си ги чува како вредни спомени и сознанија, како нешта што на секој номад му се неопходни за да ја изгради својата животна филозофија и за да преживее дури и во најсурови услови. Тој можел да ги зачува само за себе, но еве, го отвора своето ковчеже за сите што сакаат да се загледаат во него – ...
Промоцијата на седмото дополнето издание на книгата „Вдахновенија“, со поднаслов „Ковчеже на мудрости“ од Атанас Конески, што се одржа на 18 мај во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје, помина во духот на содржината што ја носи ова вдахновено дело. Времето во кое живееме и брзиот развој на дигиталната технологија сѐ помалку оставаат простор да се нурнеме во морето на мудрости што ги оставиле генерациите што живееле пред нас. Сосема ...

