Научнофантастичниот филм на Стивен Спилберг – „Ден на откривање (Disclosure Day)“, со Емили Блант, Џош О’Конор и Колин Ферт во главните улоги, којшто од денес се прикажува и во киносалите во Скопје, веќе го нарекуваат – негово најдобро дело од последниве 20 години. Спилберг стана едно од најважните имиња во Холивуд во својата повеќедецениска кариера. Тоа го потврдуваат и трите Оскари. Американкиот филмаџија, имено, ја освои наградата за ...

Со хит мјузиклот „Као какао“ на 19 јуни ќе се отвори 18. издание на Битфест. Изведбата на новиот мјузикл инспириран од култната песна на Влатко Стефановски и „Леб и сол“ ќе се одржи во Центарот за култура – Битола. Отворањето беше најавено на прес конференција на која се обратија: Влатко Стефановски, режисерот Дејан Пројковски, продуцентот Владимир Мандичевски, директорот на КИЦ – Битола, Димитар Михајловски, актерите Владимир Петровиќ и ...

Од 11 до 13 јуни 2026 во Софија ќе се одржи 16. Македонска книжевна визита која се организира од Издавачката куќа „Макавеј“ од Скопје, во соработка со Македонскиот културно-информативен центар. Шеснаесеттото издание на оваа значајна манифестација ја продолжува својата мисија – афирмација на современата македонска литература во Р. Бугарија и продлабочување на соработката меѓу македонските и бугарските писатели. Во изминатите петнаесетина ...

Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт изненади голем дел од присутната публика синоќа, откако неочекувано се појави на премиерата на анимираниот филм „Приказна за играчките 5“. Свифт се качи на сцената во театарот Долби, облечена во долга вечерна тоалета, каде на пијано ја изведе песната „Го знаев тоа, те знаев тебе“ („I Knew It, I Knew You“), која, како што изјави, ја напишала специјално за новото продолжение на популарната анимирана серија. ...

Вчера се одржа и промоција на театарска литература во рамките на фестивалот. Промоторот Звонко Димоски, претставувајќи ја книгата рече дека „Театарски приказни“ на Митко Бојаџиски не е само збирка од 65 есеи за 30 познати македонски актери; таа е книга во која театарот станува средство за читање на човекот, а човечката приказна станува начин да се разбере една културна епоха. – Делото претставува збир од раскажани и запишани актерски ...

На петтиот фестивалски ден на 60.издание на фестивалот „Војдан Чернодрински “ во натпреварувачката програма настапи Албанскиот театар од Скопје , со претставата по текстот на Ежен Јонеско „Носорози “, која поставува повеќе прашања, меѓу кои и како идеологијата доаѓа до граѓаните? Беше промовирана и книгата „Театарски приказни“ од Митко Бојаџиски . На кој начин идеологијата доаѓа до граѓаните? Ова е само едно од прашањата што ги поставува ...

Во современиот бизнис, успехот сè поретко зависи само од идејата. Подеднакво важни стануваат просторот, локацијата и можноста компанијата да создаде искуство што ќе биде препознатливо за клиентите. Архитектите и експертите за комерцијални недвижности одамна предупредуваат дека деловниот простор повеќе не е само место каде се работи. Тој станува продолжение на брендот, дел од неговиот идентитет и една од најсилните алатки за создавање ...

Почна снимањето на краткометражниот игран филм „Врзани“ во режија на Сара Климоска, а во продукција на Унита Филм. „Врзани“ е приказна за Ева, млада жена растргната помеѓу должноста да се грижи за својата болна и контролирачка мајка и потребата конечно да го живее сопствениот живот. Кога неочекуван сплет на околности ќе ја донесе пред одлука што изгледа невозможна, Ева е принудена да се соочи со границите на љубовта, жртвата и личната ...

На Универзитетот во Павија, Италија, се одржа промоција на нова книга на режисерот Милчо Манчевски со наслов „Manchevski: Fiction and Non-Fiction“. Издавач е римската куќа „Cue press“, во едиција со томови од и за Самјуел Бекет, Федерико Фелини, Марко Ферери. Уредник на изданието е младиот италијански писател и публицист Лудовико Кантисани, а воведот го напиша легендарниот директор на Венецискиот филмски фестивал Алберто Барбера. ...

Во срцето на Париз, на една од најпознатите авении во светот, се наоѓа зграда чија историја раскажува повеќе од еден век архитектонски, културни и општествени промени. Денес многумина ја препознаваат како огромен Louis Vuitton куфер што доминира на Шанзелизе, но малкумина знаат дека зад спектакуларната фасада се крие поранешниот Élysée Palace Hotel, еден од најлуксузните хотели од златната ера на Париз. Приказната започнува во 1899 година, ...

Музичарот Игор Јагуриноски од Прилеп, поранешниот пејач на групата „Бен Хур“ на музичките платформи ја промовираше новата песна „Блуз во душата“. „Напишав молски блуз кој буди тага и носталгија, а инспирацијата за доаѓа од искрена љубовна приказна на близок пријател“, вели музичарот. Јагуриноски, како поранешен пејач на групата „Бен Хур“, е вклучен и во Македонската рок енциклопедија. Денес е пејач и гитарист на групата „Рок блуз бенд“ и ...

Претставата на Македонскиот народен театар „Страв и надеж“ во режија на Татјана Мандиќ Ригонат ќе биде изведена вечерва во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, на шестиот ден на МТФ „Војдан Чернодрински“. Улогите ги толкуваат: Сашко Коцев, Сашка Димитровска, Александар Микиќ, Дарја Ризова, Наталија Теодосиева, Никола Ристановски, Тони Михајловски, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. ...

Скопје на 12 јуни ќе биде домаќин на уникатен музички настан, каде публиката во „Public Room“ ќе има ретка можност да доживее концерт што ги надминува класичните жанровски рамки. Проектот „TRANSMIssION“ на македонскиот перкусионист и композитор, Александар Петров, претставува спој на традиционалните балкански ритми и современата електроника, нудејќи звучно патување низ времето, културата и модерниот израз. Во центарот на ова музичко патување ...

Фотографијата и видеото одамна не се само средство за бележење моменти. Тие се јазик преку кој се раскажуваат приказни, се пренесуваат емоции и се создаваат спомени што остануваат долго по завршувањето на последниот кадар. Повеќе од една деценија, Аммар Фејзулаху професионално го истражува токму тој простор помеѓу реалноста и визуелната интерпретација. Неговата работа опфаќа различни формати, проекти и платформи, следејќи ги промените во ...

На 11 јуни (четврток) во Лапидариумот на НУ Музеј – Куманово, од 19 часот ќе се одржи промоција на збирката раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на Или-Или од Скопје. Книгата низ разговор со авторката ќе ја промовира Наташа Атанасовска. Од самото објавување во март годинава, „Ништо нормално“ предизвикува одлични реакции и интерес кај читателите со својата оригиналност, провокативност, раскошниот стил и актуелните теми во ...

Во чест на нашиот првенец, баритонот Ристе Велков, на 10 јуни 2026 година во 11.30 часот, на големата сцена на МОБ ќе се одржи комеморација. Со почит кон неговото уметничко дело и неизбришливата трага што ја остави во македонската оперска уметност, ќе се потсетиме на неговиот живот, кариера и исклучителниот придонес кон македонската оперска уметност. Во чест на нашиот првенец, баритонот Ристе Велков, на 10 јуни 2026 година во 11.30 часот, на ...

На 12 јуни во Public Room, Скопје, публиката ќе има ретка можност да присуствува на концерт кој е повеќе од музички настан. Станува збор за вистинско патување низ времето, традицијата и современиот звук. TRANSMIssION, проектот на македонскиот перкусионист и композитор Александар Петров, ги спојува древните ритми на Балканот со современата електроника, создавајќи уникатно звучно искуство што ги надминува жанровските и културните граници. Во ...

На 6 јуни во Драмски театар Скопје, Хартефакт, во соработка со Skopje Pride Weekend и Коалиција МАРГИНИ, го претставува меѓународно признатиот перформанс „Без извинувања!“ (No Apologies!) на британската уметница Ема Франкланд. Настанот е дел од балканската турнеја, која низ регионот создава простор во кој се вкрстуваат театарот, музиката и различните искуства на припадност и идентитет. Инспириран од легендарниот MTV Unplugged концерт на ...

УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА Kill the Children first Димитар Оровчанец / Македонија / 2024 / 106 мин УБИЈ ГИ ПРВО ДЕЦАТА е комична приказна за тинејџерка балерина, нејзиниот лудо вљубен дечко и неговиот налудничав најдобар другар со украден полициски пиштол, кои се губат во најдлабоките лавиринти на скопското криминално подземје заради мобилен телефон што содржи компромитирачко видео. Проекции Среда, 10 јуни20:30 Оригинален јазик 150 ден Улоги Миа ...

Македонското алтернативно дуо „Алембик“ се враќа пред домашната публика со премиерна концертна изведба на својот втор студиски албум. Промоцијата на материјалот насловен „Без никого да удриш“ ќе се одржи во Денсинг салата на Младинскиот културен центар (МКЦ) на 11 јуни, со почеток во 20 часот. По низата успешни настапи ширум Европа, заокружени со неодамнешниот концерт во Даблин, Ирска, дуото кое го сочунуваат Ива Дамјановски (клавијатури, ...

Во Уметничката галерија во Куманово вечерва во 20 часот ќе биде отворена заедничка ликовна изложба на визуелните академски уметнички Марина Цветановска-Мартиновска од Македонија и Ивана Ожетски од Хрватска. Под наслов „Водени записи“, тие ќе се претстават со дела создадени во последниот период. Проектот е мултимедијален и вклучува музичка изведба на пијанистката Билјана Петровска. Куратор на изложбата е историчарката на уметноста Драгана ...

Во рамките на Меѓународниот франкофонски фестивал „Солеј“ во Созопол, Република Бугарија, свечено беше затворена традиционалната меѓународна ликовна колонија, која и оваа година се потврди како еден од најзначајните културно-уметнички настани во регионот, со силен фокус на современата ликовна продукција, интеркултурната размена и развојот на уметничкиот дијалог меѓу различни земји и традиции. Ликовната колонија, која обедини уметници од ...

Денеска, среда од 12 часот во организација на Градската библиотека и читалница во Котор, Црна Гора во Мултимедијалната сала на Културниот центар „Никола Ѓурковиќ“ ќе се претстави НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид. Публиката ќе има можност да се запознае со животот и делото на Григор Прличев, поетот и преродбеник од XIX век , но и со богатото книжевно наследство кое грижливо го чува Библиотеката во Охрид. Посебно внимание ќе привлече ...

Во време кога јазикот и идентитетот сè уште знаат да бидат предмет на премолчување, притисок и политички калкулации, од печат наскоро ќе излезе книга што не може да се прочита само како книжевен настан. „Раскинување на договорот“ / „Λύση Συμβολαίου“, дебитантската стихозбирка на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас, отвора едно од најчувствителните прашања во современиот македонско-грчки културен простор: што значи еден Грк, без македонско ...

Самостојната изложба на слики „Ултрамарин“ на ликовната уметница Јана Куновска ќе биде отворена денеска во 20 часот во Изложбениот салон „Империјал 1“ при Културно-информативниот центар (КИЦ) – Скопје. Поставката ќе може да се погледне до 24 јуни. Куновска, која дипломирала и магистрирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје и моментално е на докторски студии на Универзитетот „Метрополитен“ во Белград, досега има реализирано 68 ...

Изданијата на Frontline Press / Shortcut Production се достапни во книжарницата „Или-Или“ во Скопје, по пријателски цени, како дел од летната акција на издавачот. Во понудата се книгите „Човекот, роботот и дигиталниот Бог“ од Џабир Дерала и Валентин Нешовски, како и „ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ“ од Бранко Тричковски. Станува збор за две провокативни и актуелни изданија што отвораат важни прашања за политиката, општеството, технологијата, вештачката ...

Македонскиот народен театар на 10 јуни ќе учествува на јубилејното 60-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп со претставата „Страв и надеж“, во режија на Татјана Мандиќ Ригонат. Претставата е дел од официјалната селекција на фестивалот и претставува современа сценска приказна за стравовите, осаменоста и неизвесноста на денешниот човек. МТФ „Војдан Чернодрински“, кој годинава одбележува шест децении постоење, е еден од најзначајните ...

Македонските филмови „Ветена земја“, „Утре изутрина“ и „Неми филмови“ се наградени на Фестивалот на Југоисточна Европа во Париз, Берлин и Вашингтон – SEE FF 2026. Американското жири под претседателство на Партисија Корбет, познат филмски и литературен критичар, наградата за најдобар игран филм му ја доделила на „Утре изутрина“ од Македонија, кој исто така ја добила наградата за најдобро сценарио (Јани Бојаџи). За најдобра актерка е прогласена ...

На 10 јуни, со почеток во 20:00 часот во Бар Љубов, ќе се одржи вечер на „Анархични квир тела и поезија” – настан на Култура Бета посветен на книжевни промоции, поетско читање и музичка програма, што низ литературата, критиката и уметничката практика го истражува квир постоењето како културна, политичка и поетска позиција. Во рамки на вечерта ќе бидат промовирани вториот број на списанието за општа култура „Тригер”, во издание на Култура ...

„Јас сум дете кое верува“, вели Слаткаристика во песната „Верувај“ која ја сними заедно со рап дуото „Зи бомб“ а ќе биде искористена во документарниот филм „Слушни ме“ чија премиера ќе биде до крајот на годината. Хип-хоп музичарот одржа прес-конференција со дел од гостите на концертот на 2 август на стадионот „Билјанини ивори“ во Охрид, со кој ќе прослави 20 години кариера. Калиопи, Тони Зен, „Некст Тајм“, Пајак, „Дупер“, Тајзи, Зи Бомб, ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
88%
1025
weather icon

Загреб

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
86%
1025
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
88%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.14
91%
1028
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.88
96%
1025
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.68
64%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
100%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
3.6
88%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
83%
1026
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
94%
1030
Currency

61.543

Currency

54.968

Currency

73.739

Currency

37.998

Currency

39.145

Currency

67.209

Currency

8.2482

Currency

0.6714

Currency

0.34732

Currency

0.52316

Currency

1.0968

Currency

0.58451

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Иридиум

321507.47

Кобалт

33.53

Сребро

1666.05

Родиум

295786.87

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Злато

130856.75