–„Геометрија на материјата“ е просторна истражувачка поставка која ги истражува енергијата и материјалноста преку геометриска апстракција, каде што цртежот се претвора во медиум за размислување за односот меѓу видливото и невидливото, структурата и движењето, формата и празнината. Надминувајќи го човечкото тело како точка на референција, проектот ја истражува невидливата архитектура на материјата – нејзините ритми, тензии и трансформации – ...

На 14 ноември, петок, во 19 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена ретроспективна изложба на слики “„55 години ликовно творештво на Боро Арсовски – Бабата“. Изложбата е поддржана од Министерството за култура и туризам. Боро Арсовски – Бабата е роден 1952 година во с. Страцин, Република Македонија. Основно и средно образование завршил во Куманово. Со сликарство се занимава од 1969 година ...

По успешниот концерт во престижната сала „Музикферајн“ во Виена, каде што настапот беше пречекан со овации, Македонската филхармонија повторно се враќа на својата матична сцена во Скопје. Во четврток, со почеток во 20 часот, публиката ќе има можност да ужива во програмата насловена „On Air“, која ќе обедини исклучителна енергија и музичка виртуозност. На концертот ќе настапи реномираниот македонски кларинетист Васко Дуковски, уметник со ...

Весна Писаровиќ првпат во Македонија - емотивен и ексклузивен концерт во Скопје! Една од најголемите хрватски поп ѕвезди Весна Писаровиќ конечно доаѓа во Македонија! На 28 март 2026 година, сцената на Филхармонија во Скопје ќе биде местото каде што препознатливиот глас што ги одбележа 2000-тите години ќе одекне со својата полна сила, во вечер исполнета со емоции, носталгија и врвна музика. Во организација на Евентум продукција, ...

Изложба со наслов „Стопен град“ на Игор Сековски ќе биде отворена на 14 ноември 2025 (петок) во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам, во 20 часот. Со проектот Стопен град, Игор Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам. По серијата дела посветени на урбаните трансформации, овој пат фокусот е насочен кон климатските промени и нивното влијание врз ...

Од Дирекцијата за култура и уметност на Скопје упатија поканува на последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“. Концертот насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки ...

Дирекцијата за култура и уметност на Скопје соопшти дека последниот концерт на овогодишните „Есенски музички свечености“ насловен „Впечатоци од Шпанија“ ќе се одржи на 14.11.2025г. (петок) со почеток во 20:00 часот во Салон 19 19 (Културно информативен центар). Ќе настапат Миреиа Пинто – мецосопран и Владислав Броневецки – пијано, од Шпанија. Миреиа Пинто (родена во Манреса , Барселона – Шпанија) е добитничка на највисоки награди на неколку ...

Само денес (11 ноември), Центарот за култура – Битола подготви еднодневна промоција која не се пропушта. Искористете ја шансата и специјалната понуда да купите блок влезница за Фестивалот на музика од светот со голем попуст од 20%. Редовната цена на блок влезницата е 1500 денари а само денес цената е 1200 денари. А покрај попустот добивате екстра подарок со секоја купена блок влезница, брендирана шоља од фестивалот. Оваа намалена цена важи ...

Во ЦК „Бели мугри“ во Кочани, во малата сала, на 12 – ти овој месец со почеток во 18 часот, ќе се одржи Манифестацијата „Љубов за сите“, во чест и спомен на прерано починатата ликовната уметничка, Андријана Мациев, ќерка на познатиот естраден уметник, Јулија Мациевска. На манифестацијата, која во Кочани ќе го доживее своето деветто издание, ќе бидат изложени дела од три циклуси на Андријана Мациев: „Живот во бои“, „Женски Приказни“ и „Шарени ...

Од 13 до 18 ноември во Кинотеката на Македонија ќе се одржува Недела на јапонски филм. Отворањето е со филмот „Под отворено небо“ (фото) по сценарио и режија на Миуа Нишикава, според роман на Рјузо Саки. Програмата се состои од филмови со жанровска разноликост, од драмски филмови до анимирани дела, претставувајќи ги новите имиња на јапонската кинематографија. „Нивните креативност и посветеност на детали и инспирацијата од јапонската култура, ...

Националниот џез оркестар денес заминува на европска турнеја под наслов „Macedonian Dreams“, која ќе се одржи од 12 до 17 ноември 2025 година и ќе ги опфати градовите Будимпешта, Прага и Виена. Турнејата ќе започне на 12 ноември во Будимпешта, во престижната ELTE Aula Magna Hall, ќе продолжи на 14 ноември во Прага, во La Fabrika, и ќе заврши на 17 ноември во Виена, во реномираниот џез клуб Porgy & Bess – еден од најпрестижните џез клубови ...

Денеска, вторник во 12 часот во НУ Библиотека „ Григор Прличев“ во организација на Поетското здружение „Маскота“ од Охрид ќе бидат промовирани четири книги од писателката Бела Узелова ( Благица Хаџи Јовановска ). Се работи за нејзините дела: „Неизмерен шок“, „Ледениот лавиринт“, „Ликови под сенка“ и „ Таинството на легендите“ сите издадени оваа 2025 година. На две книги издавач и финансиер е Општина Охрид, а како издавачи на останатите две ...

Легендарниот американски бенд Soundgarden официјално е примен во Rock & Roll Hall of Fame како дел од класата на 2025 година. Овој момент е значаен за членовите на бендот, нивните фанови и за целата музичка сцена што тие ја обликуваа, особено гранџ сцената од 90‑тите и алтернативниот рок воопшто. Церемонијата се одржа на 8 ноември 2025 година во Лос Анџелес, Калифорнија. Бендот беше индуциран од страна на Jim Carrey, кој го одржа ...

На 15.11.2025 сабота, во 19:00 ч. – Алтернативен галериски простор – КИЦ Битола, Офицерски дом ќе биде отворена изложбата „Точка на спојување“ на мадите ликовни уметнции, Јоана Арсовска и Јана Николовска. Изложбата ќе претстави нови дела од нивното творештво, создадени во периодот после дипломирањето. Авторките се дипломирани сликари со конзервација и реставрација, и двете во класата на проф. Антони Мазневски. Јоана Арсовска истражува теми од ...

Од НУ Народен театар-Битола, домаќин и организатор на фестивалот информираа дека 11-то издание се совпаѓа со 14 ноември, денот на основањето на првиот македонски театар. „Битола Шекспир фестивал ќе го отвориме со роденска премиера на шекспировата претстава ‘Макбет’ во режија на Сабо Иштван, наш гостин од Унгарија. Во периодот до 21 ноември, публиката ќе може да ги погледне и претставите на гостите од Полска со ‘Дванаесеттата ноќ’ во изведба ...

На 13.11.2025 / четврток / со почеток во 19,30 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2025“. На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина цртежи од авторите: Тања Соларска – Темелковски, Марина Цветановска – Мартиновска, Дејан Арсовски – Бабата, Зоран Арсовски – Бабата, Александар Стефановски, Далибор Крстевски, Милена Арсовска, Миранда Беќири – Фазлиу, Валентина Илијевска, ...

Лондон– Авторот Дејвид Залеј стана првиот унгарско-британски автор што ја освои наградата Букер. Неговиот роман „Месо“(Flesh), приказна за преминот од сиромаштија во богатство што ги истражува класата и моќта, беше опишан како „извонреден, единствен роман“ од претседателот на жирито, Роди Дојл. Извадок од книгата, изведен од раперот Стормзи, беше прикажан на церемонијата во Лондон, на која присуствуваа познати гости, меѓу кои и актерот од ...

Во Културно-информативниот центар – Скопје денеска напладне ќе биде промовирана монографијата „И повторно политика, култура, идентитет“ од Ангелина Бановиќ-Марковска и Златко Крамариќ во издание на „МИ-АН“. Како што соопшти КИЦ, занимавајќи се со политиката и поетиката на етнонационалните идентитети – видени низ призмата на културната антропологија, историографија и имагологија – авторите на овој труд нудат темелен и сеопфатен увид не само во ...

Во ликовниот салон на МАНУ утре ќе се отвори изложба на фотографии од научната експедиција на Никодим Павлович Кондаков, руски академик, кој во 1900 година ја предводел научната експедиција на Руската императорска академија на науките во Македонија. Подоцна ( во 1909 год) ја објавил книгата „Македонија” со која се вбројува во редот на врвните светски македонозналци. Автор на изложбата е Д-р Емилија Апостолова Чаловска , а изложбата е ...

Во рамки на ноемвриската програма на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на танцовата уметност вечер ќе имаат можност да уживаат во Балетскиот концерт „Моќта на танцовата уметност“, кој ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, информираа од Општината. Носител на проектот е ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“ од Скопје, една од најреномираните уметнички образовни институции во државата, чие гостување во ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ под диригентска палка на Рамадан и Ерхан Шукри ќе одржи традиционален концерт во камерната сала на Филхармонија вечер со почеток во 20 часот. Како солисти ќе настапат Дарко Багески на гитара, Стефан Милошевиќ и Марко Баловски на мандолина. На програмата ќе бидат изведени дела од Вивалди, Мандонико, Хачатуријан, Кувахара, Вилијамс, како и неколку премирни композиции. -Како и секоја година, така и оваа, во ...

На денешен ден, во 1996 година, скопската група Рок Агресори го издава својот прв студиски албум „***на Антикултура“ – издание што го одбележа македонскиот алтернативен рок во бурните деведесетти. Албумот претставуваше социјален и музички коментар на транзицијата – периодот на премин од социјализам кон новиот повеќепартиски систем, или како што самите членови го нарекоа, „демократија во наводници“. Песните беа полни со иронија, хумор и ...

Кочани, 10 ноември 2025 (МИА) - Во кочанската Библиотека „Искра“ денеска започна 19. Саем на книгата, традиционална манифестација која и оваа година се одржува во знак на одбележување на Месецот на книгата, кој трае од 15 октомври до 15 ноември, под мотото „Книгата не спојува“. -На штандовите во просториите на библиотеката пристутни се 14 издавачки куќи познати и признати во својата дејност, информира Марија Анастасова, виш библиотекар во ...

На денешен ден, 11 ноември 1957 година, легендарниот Џери Ли Луис (Jerry Lee Lewis) преку издавачката куќа Sun Records ја објавува песната „Great Balls of Fire“, една од најиконските рокенрол композиции во историјата на популарната музика. Песната, напишана од Отис Блеквел (Otis Blackwell) и Џек Хамер (Jack Hammer), се појавува и во филмот Jamboree од истата година, каде Луис ја изведува во живо, потврдувајќи го својот статус како „лудото ...

В четврток (13.11) во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одигра праизведбата односно премиерата на текстот „Сина сенка“ („Blue Shade“) од Брајан Рејнолдс во режија и адаптација на Тамара Стојаноска, а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ со почеток во 20 часот. „Сина сенка“ е проект во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс кој за првпат се поставува во Македонија. Делото продира длабоко во реалноста на ...

Крива Паланка, 10 ноември 2025 (МИА) – „Графика, слика, објект“ е името на изложбата на Стефан Анчевски што е поставена во градската уметничка галерија на кривопаланечкиот музеј за сите љубители на ликовната уметност. Пред публиката е претставен циклус дела во кои се комбинирани меки материјали како: лепила, силиконски и акрилни маси кои потсетуваат на нешто меко и органско. -Иако делата се од неколку циклуси работени во период од неколку ...

Анимираниот филм „Неми филмови“ на Крсте Господиновски освои две нови награди на меѓународни фестивали – награда за најдобар интернационален краток филм на Меѓународниот фестивал за краток филм „Вижн“ во Кемерово, Русија, и Почесно признание на Меѓународниот фестивал за анимиран филм КУАНДУ во Тајпеј, Тајван. Како што рече режисерот Господиновски, од премиерата на фестивалот Анеси во јуни, „Неми филмови“ досега е прикажан на 28 меѓународни ...

Денеска, 11 ноември 2025 година, стружанецот Ердал Лушо тргнува на едно од најголемите соло морепловни искушенија во светот — Setka Atlantic Challenge. Со својата едрилица „Пиксел“, која сам ја изгради од дрво во работилницата на клубот КК Снегар, Ердал ќе се обиде да го премине Атлантскиот Океан – сам, без моторна помош, воден единствено од силата на ветрот. Ова е првпат Македонија да има свој претставник на ваква престижна и екстремно тешка ...

Во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа промоцијата на необјавени дела од легендарниот Васил Иљоски, а настанот беше посветен на книгата „По трагите на македонскиот непребол“, која содржи необјавена драма „Смрт за живот“ и необјавена поезија од Иљоски.Приредувач беше Валентин Тасески, а промотор м-р Марија Трифуновска Тасеска, рецензенти на делото се Билјана Котевска – Димко и Никола В. Ристевски.Свое обраќање имаше и ...

Во вторник, 11 ноември 2025 година, со почеток во 19 часот, во Чифте амам при Националната галерија на Македонија, ќе биде отворена самостојната изложба на ликовниот уметник и редовен професор на Државниот универзитет во Тетово, Сафет Спахиу, под наслов „Пурпурна имагинација“. На отворањето ќе се обрати директорот на Националната галерија, Али Синани, а изложбата ќе ја курира Маја Крстевска, виш кустос. Публиката ќе може да ја посети ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
1.03
80%
1027
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.06
82%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
85%
1022
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
1.03
68%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
95%
1022
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
3.09
93%
1024
weather icon

Атина

9ᴼ / 6ᴼ
1.79
72%
1024
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
76%
1027
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
1.54
89%
1022
weather icon

Будимпешта

-4ᴼ / -5ᴼ
2.06
85%
1024
weather icon

Истанбул

4ᴼ / 4ᴼ
4.12
52%
1024
Currency

61.545

Currency

52.7416

Currency

71.0102

Currency

35.4461

Currency

38.0051

Currency

66.1354

Currency

7.56348

Currency

0.67334

Currency

0.33349

Currency

0.52452

Currency

1.22372

Currency

0.58452

Паладиум

57839.19

Иридиум

174307.10

Кобалт

59.52

Калај

48.40

Родиум

318292.39

Злато

147673.55

Рутениум

44946.74

Цинк

3.15

Алуминиум

3.17

Платина

74245.83

Бакар

12.02

Сребро

2756.60