Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
По концертот во „Музикферајн“ во Виена, оркестарот на Македонската филхармонија се враќа на својата матична сцена, на која во четврток, со почеток во 20 часот ќе настапи заедно со македонскиот кларинетист Васко Дуковски и диригентот Марк Кадин од Украина. На програмата се суитата „Музички вечери“ од Бенџамин Бритн, Интродукција, Тема и варијации за кларинет и оркестар од Џоакино Росини и Симфонијата бр. 41 во Це-дур, К.551 – „Јупитер“ од В.А. ...
Најпознатата босанскохерцеговска ѕвезда на денешницата, Божо Вреќо на 21 ноември доаѓа во Скопје каде што ќе настапи во Македонската филхармонија. Вреќо е лирски тенор кој со својот ангелски глас ги испева најдлабоките емоции. Неговиот пристап е навистина катарзичен, трансверзален и уникатен, како што пишуваат светските медиуми како францускиот ARTE, американскиот New York Times и шпанскиот El Periodico. Споменатите медиуми го нарекуваат и ...
Фестивалот ќе биде отворен со претставата „Лимениот барабан“ на Гинтер Грас во режија и адаптација на Васил Христов, поставена на сцената на Југословенско драмско позориште во Белград Под мотото „Нашите во светот“, јубилејното 50. издание на фестивалот „Млад отворен театар“ (МОТ) ќе се одржи во Младинскиот културен центар од 19 до 25 ноември. Фокусот ќе биде на македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на Македонија и ...
Човекот што не доживеал 60 години зад себе остави огромно творештво, голем дел непознато и необјавено. Во годината кога Македонија одбележува сто години од раѓањето на Кирил Македонски, неговото семејство подари голем дел од неговиот легат Либретото за операта „Цар Самуил“ композиторот Кирил Македонски ја напишал во битолската кафеана „Македонија“, а музиката во кафеаната „Солун“. Не користел никаков инструмент. Во такви услови работел и ...
Поминаа речиси дваесет години откако The Devil Wears Prada (2006) го освои светот и стана модна библија на една генерација. Сега, четворката која ја дефинираше таа ера – Мерил Стрип, Ен Хатавеј, Емили Блант и Стенли Тучи се враќа на модните улици на Њујорк и во гламурозните канцеларии на списанието Runway во најочекуваното продолжение на деценијата – The Devil Wears Prada 2. Филмот е режиран од Дејвид Франкел, кој стоеше и зад оригиналот, а ...
Независниот театар „Златен Елец“ на 13 ноември, со почеток во 20 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе ја одигра праизведбата на текстот, односно премиерата на претставата „Сина сенка“(„Blue Shade“) од Брајан Рејнолдс во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Препорачано „Сина сенка“ е проект во соработка со американскиот автор Брајан Рејнолдс, кој за првпат се поставува во Македонија. Делото продира длабоко во реалноста на ...
Самостојната изложба „Простори помеѓу / Шепоти во вдлабнатините, светла на надежта“ од Ана Спасова ќе биде отворена вечерва во 19.30 часот во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“ во Сули ан во Старата скопска чаршија. Куратор на изложбата е Гордана Велков. Изложбата претставува мултимедијална инсталација што се развива низ четири меѓусебно поврзани фази. Преку овој структуриран концепт, публиката постепено се воведува во комплексен визуелен ...
По скоро десет години музичка пауза, американската актерка и пејачка Хилари Даф конечно се враќа на сцената со новиот сингл „Mature“, објавен на 6 ноември 2025 година под етикетите Sugarmouse Inc. и Atlantic Records. Песната претставува водечки сингл од нејзиниот претстоен шести студиски албум, чиј наслов сè уште не е објавен. Даф го коавторираше синглот со сопругот Метју Кома, заедно со Медисон Лав и Брајан Филипс, создавајќи поп-рок звук ...
Вечерва, во 20 часот, во МСУ ќе се одржи „Истокот e сè уште можен“- групна изложба со дела од колекциите на МГ+МСУМ, Љубљана и МСУ. Уметници: Марина Абрамовиќ | Маја Бајевиќ | Гета Братеску | Јозеф Бојс | Ала Георгиева | Томислав Готовац | Јон Григореску | Група конструктивисти од Трст (Аугуст Чернигој, Едуард Степанчич, Џорџо Кармелич) | Власта Делимар | Брацо Димитријевиќ | Оршоја Дроздик | Христина Иваноска | Ѓорѓе Јовановиќ | Иван ...
На денешен ден, 13 ноември 2001 година, колумбиската пејачка и текстописец Шакира го објави својот петти студиски и прв англиски албум насловен Laundry Service, за издавачката куќа Epic Records. Овој албум го означи нејзиниот успешен премин од латиноамериканската кон светската поп сцена. По огромниот успех на нејзиниот претходен албум Dónde Están los Ladrones? (1998), Шакира беше охрабрена од пејачката Глорија Естефан да започне со снимање на ...
Ен Џеклин Хатавеј е родена на денешен ден 1982 година во Бруклин, Њујорк. Ја запознавме преку филмот The Princess Diaries, а нејзиниот гламур и префинетост ја направија вистинска икона на стилот. Подоцна се истакна со улоги во The Devil Wears Prada и Les Misérables, за кој освои и Оскар за најдобра споредна актерка. Хатавеј со текот на годините создаде впечатлив моден идентитет – комбинација од класична женственост и современ минимализам. На ...
Во рамките на програмата на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ кој се одржува во Дојран, годинешниот лауреат на наградата „Мето Јовановски“, српскиот актер, Лазар Ристовски за прв пат одржа мастерклас на тема „Aктерството во уметноста на филмот и местото на актерот во филмската индустрија денес“. Во Музејот на Град Дојран, Ристовски го сподели неговото прво искуство со актерството кога снимале филм со негов колега. ...
Македонскиот Културно-информативен центар во Белград и вечерва беше домаќин на врвни македонски изведувачи, овојпат ансамблот Консонанс кои приредија исклучително камерно музичко доживување. За нас Македонците се вели дека имаме музичко наследство што е интригантно и инспиративно за целиот свет. Тоа е нашето македонско фолклорно творештво. Но, колку се инспиративни македонските современи композитори и изведувачи се уверувам веќе седум ...
МКЦ денеска го најави новото, јубилејно 50-то издание на Млад отворен театар – МОТ што ќе се одржи од 19 до 25 ноември. Со внимателно селектирани претстави, концерти и изложба, МОТ оваа година го насочува своето внимание кон македонските автори кои успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти. „Под насловот ‘Нашите во светот’, јубилејното издание ја слави ...
Младинскиот културен центар (МКЦ) со гордост го најавува 50-то јубилејно издание на Млад отворен театар – МОТ, кое ќе се одржи од 19 до 25 ноември во Скопје. Оваа година, фестивалот се одржува под слоганот „Нашите во светот“, во чест на македонските автори кои успешно творат надвор од границите на земјата и го носат духот на македонската театарска школа на меѓународната сцена. – Со ова издание, МОТ ја слави интернационалната видливост на ...
Документарецот „Да се биде Еди“ (Being Eddie) на „Нетфликс“, којшто ја раскажува целата кариера и животот на легендарниот комичар Еди Марфи, ги прикажува и оние кои биле инспирирани од него или работеле со него, меѓу кои се и Дејв Шапел, Крис Рок, Кевин Харт, Џери Брукхајмер и Брајан Грејзер. Уште еден занимлив детаљ е присуството на постариот брат на Еди – Чарли Марфи, кој почина од леукемија на 57-годишна возраст, во 2017 година. Марфи, за ...
„Варвари“, дело на големиот руски писател Максим Горки премиерно ќе биде прикажана на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) во режија на професорот на Факултетот за драмски уметност (ФДУ) Владимир Милчин во четврток, на 13 ноември во 20 часот. Ова ќе биде последна претстава во Националниот театар која ќе ја режира Милчин (78), а оваа негова изјава на прес-конференцијата предизвика многу емотивни говори на дел на актерите ...
Во рамките на прославата на јубилејот на Римокатоличката црква, кој се одржува на секои 25 години, папата Лав Четиринаесетти в сабота ќе пречека десетици актери и режисери на собир под назив „Светот на филмот“ во својата официјална резиденција, соопшти Ватикан. Меѓу актерите чие присуство се очекува се Кејт Бланшет, Адам Скот, Крис Пајн, Виго Мортенсен, Елисон Бри и Дејв Франко, како и режисерите Џад Апатоу, Спајк Ли, Џорџ Милер и Гас Ван ...
Изложбата „Слики од под планината“ е збирка на дваесет платна во масло. „Сергеј Андреевски не е само уметник, тој е свештеник на бојата, поет на светлината, монах на линијата. Неговата четка не создава предмети, туку молитви во боја. Во неговиот свет, формата е збор, бојата е мисла, а сликата е свето писмо во тишина. Секое негово платно дише, та ти се чини дека го чувствуваш како пулсира со некоја внатрешна енергија, со благост и светлина што ...
Македонскиот народен театар со гордост ја најавува премиерата на претставата „Варвари“ – дело на големиот руски писател Максим Горки, во режија на проф. Владимир Милчин. Премиерата ќе се одржи на 13 ноември, а следната изведба е закажана за 14 ноември 2025 година. Во оваа амбициозна сценска постановка учествува импресивна актерска екипа: Тони Михајловски, Габриела Петрушевска, Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Софиа ...
Во Музејот на град Ријека „Коцкица“ од 23 овој месец, па се до 3 ноември, отворена е самостојната изложба на слики и видеа од Мице Јанкуловски „Коегзистенција – црно и црно“. На отворањето на изложбата, покрај директорот на Музејот на град Ријак, Младен Урем, присуствуваа и зедоа збор Ермина Дурај (раководител на Одборот на директори за работа на окружниот префект и на окружното собрание на Приморско-Горанскиот округ), Корнелија Конеска, ...
12 НОЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч. 100 години од раѓањето на Ричард Бартон БРЕГОТ (Waterfront) Игран филм, Велика Британија 1950, 80 мин., колор Режија: Мајкл Андерсон (Michael Anderson) Сценарио: Пол Соскин (Paul Sauskin) Улоги: Ричард Бартон, Сузан Шо (Richard Burton, Susan Shaw) Филмот „Waterfront“ (1950), во режија на Мајкл Андерсон, е британска социјална драма што ја претставува тешката реалност на животот во пристаништните квартови на Ливерпул ...
Елена Ристеска одушеви на концертот „Летај Галебе“ посветен на творештвото на легендарниот композитор Кире Костов. На музичкиот настан во Националната опера и балет, познатата пејачка ја отпеа незаборавната „Кога те нема“, оригинално изведена од Хелена Благне на „Макфест“. 39-годишната ѕвезда блескаше со вокалот и пленеше во модерна комбинација со костум и вратоврска. Најзабележителна во стајлингот беше промената на бојата на косата. Имено, ...
Вечерва во Галерија „КО-РА“ на ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје, беше отворена самостојната изложба на м-р Славица Танеска „Иконописот – коренот на македонското сликарство“. Оваа изложба е дел од програмата со едукативен карактер наменета пред се на студентите и љубителите на уметноста. На оваа самостојна изложбата м-р Славица Танеска се претставува со проект инспириран од улогата и значењето на иконографијата и портретот во византиската ...
На 17 ноември на покана на Македонско културно друштво „Македонија“ и Заедницата на македонците во Република Хрватска, Велешки театар ќе ја одигра претставата „Синиот портокал“ во Сплит, Р. Хрватска. Гостувањето во Сплит на Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ е во рамките на манифестацијата „Македонска културна есен“ која оваа година се одржува по 15 пат. „Синиот портокал“ е најиграна претстава во историјата на Велешки театар со над 100 ...
Објавата која предизвика неверување на друштвените мрежи е вистинита. Легендарниот Момчило Бајагиќ – Бајага и раперот Давид Љубеновиќ, попознат како Девито, објавија дуетска песна. Шокот, кој многумина го сметаат за оправдан, се прелеа и на социјалните мрежи, каде што сите пишуваат за оваа необична соработка. „Што е ова?“, „Од каде дојдоа овие двајца“, „Дали е ова Ai“… се само неколку од коментарите. Песната „Астронаут“ е придружена со ...
Во галеријата „Драгутин Аврамовски-Гуте“, сместена во објектот Сули ан, дел од Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на 12 ноември, во 19:30 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на Ана Спасова, визуелна уметничка и академска графичарка. Препорачано Под наслов „Простори помеѓу | Шепоти во вдлабнатините, светла на надежта“ („Spaces in Between | Whispers in the Hollow, Lights of Hope“), изложбата претставува мултимедијална ...
Охрид, 12. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – По изведбите во неколку македонски градови, монодрамата „Последната ноќ на Јустинијан Први” по текст на Јордан Плевнеш наскоро и во Охрид. Монодрамата е во изведба на артистот Петар Темелковски, а е закажана за 27-ми ноември во Центарот за култура „Григор Прличев“. Влезот ќе биде слободен. Оваа година се одбележуваат 1540 години од раѓањето на големиот римски император, па и градот Охрид организира ...
На престижниот SCAD Savannah Film Festival, македонската режисерка и ко-режисерка на двојно оскар номинираниот документарец „Медена земја“ (Honeyland) и авторка на новиот филм „Приказната за Силјан“ (The Tale of Silyan), Тамара Котевска, блесна во уникатен моден избор кој привлече внимание и на филмските и на модните кругови. Тамара Котевска во моментов е на американска турнеја во рамките на кампањата за Оскар, а минатата недела беше дел од ...
Деновиве во Риека во Хрватска од печат излезе поетската книга „Географија на слободата“ која содржи избор песни од сите шест поетски книги и неколку необјавени песни на Наташа Сарџоска, во издание на Хрватското книжевно друштво, а со поддршка од Министерството за култура и туризам на Македонија. Сарџоска за оваа книга одржа две промоции во Хрватска: првата во рамки на Денови на македонската култура во Риека каде што за авторката и книгата ...