Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Во Центарот за култура АСНОМ во Гостивар вчеравечер беше отворена самостојна изложба на дела од Емил Николовски насловена „Имагинација и реализам“. Пред љубителите на ликовната уметност беа поставени слики работени главно во техника масло на платно со карактеристичен авторски белег на имагинативен реализам. „Во моите дела го користам реализмот за да претставам сцени од мојата имагинација кои генерално се непостоечки. На пример, сцени од ...
На 13 ноември во 19:00 во Литературното кафе Метаноја ќе се одржи промоција на четвртата збирка поезија на Ана Пејчинова, „Чувари на малите нешта“ во издание на „Или-Или“. За стиховите ќе говорат уредниците на збирката Никола Маџиров и Наташа Атанасова. „Чувари на малите нешта“ претставува избор од досега необјавени стихови на авторката, напишани во периодот 2002 – 2025. Во класичен и во слободен стих, поезијата на Ана Пејчинова е посветена ...
Скопје ќе има прилика да биде дел од вечер исполнета со интелигентен хумор, музика и храбра искреност – Зоран Кесиќ, еден од најпознатите и најавтентични регионални сатиричари, доаѓа со своето шоу „Приказни и песни“ на 24 ноември, со почеток во 20 часот во Македонска Филхармонија. Билетите се достапни на www.drugastrana.mk. Ова не е класично шоу, ниту пак стендап во традиционална смисла. „Приказни и песни“ е динамична, духовита и длабоко ...
Охрид на мапата од големата балканска турнеја на првонаградени автори и поетски збирки во организација на Хрватското книжевно друштво. Настанот ќе се одржи во петок, 14 ноември, со почеток во НУ Библиотека „Григор Прличев”. Модератори на настанот се Милчо Јованоски и Веле Митаноски. Формален домаќин на нивниот престој и настап во Охрид е Здружението за култура и литература “Мацково” кое е организатор на Балканскиот поетски камп „Ванчо ...
И двете книги се задолжителна лектира во основното образование во Хрватска, а двете авторки долг период се застапени со по неколку свои книги во списокот за задолжителна лектира и се најчитаните и најнаградуваните хрватски автори за деца. „На фестивалот, кој годинава се одржа првпат и се очекува да стане традиционален, беа одржани уште неколку настани кои привлекоа големо внимание кај хрватската книжевна јавност и кај македонската заедница во ...
Магија од хитови и емоции на концертот за маестро Кире Костов - Ќерката Ана пееше негови рефрени, публиката на нозе Додека низ салата се ореа „Кога те нема“, „Тајно моја“, „Казна моја си ти“ „Што те нема“ и многу други, гордо покрај сите пејачи стоеше Ана Костадиновска, ќерката на маестро Костов, и како придружен вокал ги пееше безвременските рефрени од нејзиниот татко. Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа концертот „Летај ...
Кога нов ученик по име Сунe доаѓа во одделението на Сунe Андерсон, животот на “оригиналниот” Сунe се превртува наопаку. Новиот Сунe изгледа совршено – е кул, паметен и веднаш му се допаѓа на сите, па дури и на Софи, симпатијата на “нашиот” Сунe. Исплашен дека ќе ја загуби Софи и местото во својот свет, Сунe започнува вистинска битка за својата иднина – и за својот идентитет. Забавна и трогателна шведска семејна комедија за љубомората, ...
Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола). Доктор на филолошки науки, лекторка по македонски јазик на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на Факултетот за странски јазици во Тирана. Зад себе остави богато поетско, есеистичко и научно творештво од областа на теорија на книжевноста. Членка е на Друштвото на писателите на ...
Книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави новата книга „Стилски синтези“ од истакнатиот македонски лингвист, книжевен критичар и писател Димитар Пандев. Делото претставува капитален труд од областа на македонската стилистика, во кој авторот ја разработува теоријата за стилски синтези поставена од Блаже Конески, проширувајќи ја врз современите македонски писатели. Како што соопштуваат од издавачката куќа, по повеќе објавени книги од ...
Вчера, на 11.11.2025 година, во 19 часот по грчко време, пред бројна публика во Галеријата на Школата за архитектура при Аристотеловиот универзитет во Солун, беше отворена архитектонската изложба „Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“ (The Future as a Project: Doxiadis in Skopje), проект од национален интерес во културата за 2025 година. Повеќе од шест децении од катастрофалниот земјотрес што го разурна Скопје на 26 јули 1963 година, ...
На 13 ноември со почеток во 20 часот во Центар за култура – Битола, Битолскиот дувачки оркестар ќе одржи нов голем концерт насловен „Take Five – Биг Бенд приказна“. Битолчани кои ќе дојдат на концертот ќе уживаат во фанк и џез инструментални композиции во изведба на Битолскиот дувачки оркестар и познати светски евергрини во изведба на Јасна Димитровска, чиј препознатлив глас и шарм повторно ќе донесат посебна атмосфера на сцената, затоа не ...
Во Културно-информативниот центар – Скопје, Изложбен салон Империјал 1 вечер ќе биде отворена изложбата „Заедно“ од ликовниот уметник Ивона Петрова, добитник на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година. Наградата „Борко Лазески“ која го носи името на основоположникот на современото монументално сликарство во Македонија, се доделува веќе 30 години, а е формирана од фамилијата на авторот и Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ) за ...
Некој кришум закачил слика генерирана од AI во музеј во Велс и тоа помина незабележано од стотици посетители Уметнички трол успеа да постави принт создаден со вештачка интелигенција на ѕидот на Националниот музеј во Кардиф, а делото стоеше таму со часови пред да биде откриено од посетителите. Оваа смела акција повторно го отвори прашањето: Се менува ли светот на уметноста со доаѓањето на вештачката интелигенција? Содржина: Скриено дело: ...
Дебар, 11 ноември 2025 (МИА) - Фолклорната група „Преспа“, по пауза од неколку години, повторно, со голем елан на младите македонски фолклористи и нивниот раководител Лазо Стојан, ги вежбаат традиционалните македонски песни и ора и ги презентираат на фестивали на национално и меѓународно ниво. -По многу години пауза, Преспа повторно го разбуди ритамот на традицијата. Со љубов кон културата и со поддршка од Општина Пустец и градоначалникот ...
Cotton Blues Festival годинава ќе понуди 4 вечери и 9 концертни настапи, придружна програма, арт колонија и гитарска работилница со Јаниз Павеза, кој минатата година турнерал низ Азија и Европа. Во рамките на фестивалот ќе има три промоции на албуми и интересни македонски блуз проекти. Меѓу гостите се Hamilton Loomis, американски добитник на Греми, Norman Beaker, легенда на британската блуз сцена и член на Blues Hall of Fame, и Tony Holiday, ...
Квартетот „Полихимнија“, составен од професорки од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ денеска ќе настапи во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Истанбул. Ансамблот, формиран во 2017 година, го сочинуваат Николина Ефтимова (флејта), Риана Рамиз (виолина), Маре Бадарева (виолончело) и Вирица Шотаровска (пијано). На концертот во Истанбул ќе биде изведена програма која ги спојува барокните дела на Corelli и Vivaldi, ...
Во Националната галерија – Мултимедијален центар Мала станица вечер во 20 часот ќе биде отворена изложбата на делата создадени во рамките на 35-тото и 36. издание на меѓународната Ликовна колонија „Галичник“. Биеналниот проект е насловен „Колективна културна меморија: Постмеморија“ и е кураторски концепт на Ана Франговска, претседателка на колонијата. Соработник на биеналната изложба со елабориран есеј е Натали Рајчиновска Павлеска. Како што ...
„Заедно“ е насловот на изложбата на дела од Ивона Петрова што ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Културно-информативниот центар во Скопје. Петрова е добитничка на наградата „Борко Лазески“ за 2024 година која се доделува веќе 30 години. Наградата се доделува за инвентивни достигнувања во сликарскиот оддел на Факултетот за ликовни уметности и подразбира организирање на самостојна изложба во КИЦ. – Мотивите за создавање на уметничко дело ...
На денешен ден, 12 ноември, во 1929 година е родена Грејс Кели, една од најелегантните и највлијателни жени на 20 век – холивудска ѕвезда која стана кнегиња на Монако и вечен симбол на стил, грациозност и достоинство. Уште на дваесетгодишна возраст, Грејс се проби на њујоршката театарска сцена, а нејзиниот блесок ја освои публиката со филмовите Mogambo, Rear Window и The Country Girl за кој ја доби и награда „Оскар“ за најдобра женска улога. ...
Во современата македонска литература многу автори користат псевдоними, но ретко кој со толку различна функција и значење како Бранко Прља. За него, тие не се маски туку различни лица на истиот авторски идентитет – начини да се испитаат границите на жанрот, сопствениот глас и односот со публиката. Берт Стајн – експериментот на новиот идентитет Псевдонимот Берт Стајн се појавува во период на неговата интензивна писателска активност, кога Прља ...
По родословот 30 години Суперхикс, Арно.мк повторно нурнува во архивите на македонската алтернативна сцена. Новиот визуелен плакат, со наслов „Панк/рок семејно стебло: Two Sides & Denny Te Chuva“, го следи развојот на неколку генерации музичари поврзани преку заеднички бендови, свирки и идеали – од 90-тите до денес. Овој плакат е дел од пошироките напори на Арно.мк за архивирање и систематизација на македонската поп-култура, со особен ...
Младен Војичиќ – Тифа по долго време објави нова песна, насловена како „Anđeo u paklu“. Ова е воедно и почеток на неговата соработка со издавачката куќа „Hit Records“. „Оваа работа е единственото нешто што знам да го правам и верувам дека забележавте дека сум малку поинаков од другите, и поради мојот животен стил и поради мојата апсолутна посветеност на музиката. За мене, тоа беше вистинско освежување, но и нормален след на настани, ...
Во време кога хакерите беа романтични херои, а интернетот ветуваше слобода, се роди нешто друго – една дигитална митологија што го проголта сопствениот идеализам. „Исповед на еден кибер-терорист“ е иронија и пророштво истовремено: приказна за тоа како податоците стануваат религија, револуциите се претвораат во линкови, а вистината – во рефлексија на лагата. Авторот го пишува овој текст во форма на весник од иднината, каде што хуморот и ...
Во периодот од 6 до 8 ноември 2025 година, во киносалата во Арена Синеплекс во Нови Сад се одржа третото издание на меѓународната филмска манифестација „Балканофилмофилија Париз – Берлин – Вашингтон – Нови Сад 2025“, во организација на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа (SEE Film Festival Paris-Berlin-Washington) и Интернационланиот универзитет Еуропа Прима – Скопје, во соработка со Културниот центар на Војводина „Милош ...
Наградата за најдобар долгометражен филм „Златен Александар – Тео Ангелопулос“, придружена со парична награда од 10.000 евра, му беше доделена на филмот: „Памукова кралица“, деби на суданската режисерка Сузана Миргани, победи на 66. Солунски филмски фестивал и ја освои наградата Златен Александар за најдобар филм во Меѓународната конкуренција и 10.000 евра. Филмот е приказна за еманципација на млада девојка, берачка на памук во долината на ...
Со длабока уметничка посветеност и богат духовен набој, збирката „Арабеска“ од Милчо Мисоски го остварува она што многу ретко се случува – преку поетската форма, авторот не само што се враќа кон античките симболи на убавината и добрината, туку ги поставува како основа за визија на подобар свет. Во овој книжевен труд, идеалот за естетско и етичко, во сите нивни облици, форми, закони, предмети и појави, добива свој пиедестал, а читателот е ...
Демир Хисар, 11 ноември 2025 (МИА) - Општина Демир Хисар во соработка со домот на културата „Иван Мазов Климе” од Кавадарци, денеска во локалниот дом на културата „Илинден“ ќе приредат ликовна изложба. За културната јавност во Демир Хисар ќе бидат презентирани ликовни дела од меѓународната ликовна колонија „Михајлово - Кавадарци”, најавија од тамошната локална самоуправа. Ликовната колонија „Михајлово – Кавадарци“ годинава се одржа по 29-ти ...
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата на слики „Коцка по коцка квадрат“ на академската уметница Валентина Илијевска. -Најновиот ликовен опус на академската уметница Валентина Илијевска, со наслов „Принцип на квадрат“, како тема го издигнува на пиедесталот синото присуство на квадратот. Квадратот како облик и форма со децении е присутен во делата на многуте ...
Скопје, 11 ноември 2025 (МИА) - Во Музејот на град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложбата „Отсуство на смртта во преднеолитските и неолитските култури“. - Во рамки на изложбата ќе бидат прикажани одредени аспекти во контекст на разбирањето и дефинирањето на смртта во преднеолитските култури (од неколку локалитети од Анадолија) и во подоцнежните неолитски култури (од збирката Церје – Говрлево), соопшти Музеј на Град Скопје. хс/са/ ...
На годинашнава свечена седница на Општина Куманово по повод “11 Ноември” денот на ослободувањето на Куманово, Градоначалникот Максим Димитриевски додели Благодарници на истакнати личности од различни области и професии, кои дале свој допринос во општеството. Годинава Благодарница за високото општествено признание за посебни постигнувања од областа на култура и уметност Градоначалникот на Општина Куманово, му додели на Академскиот ликовен ...