Скопје
-4ᴼ /
-4ᴼ
Ликовната уметница Кристина Зимбакова учествува на Светското биенале за хартиена уметност – Шангај 2025 во Кина. Биеналето се одржува во Музејот „Фенгксијан“ во Шангај, и трае од 1 ноември 2025 до 28 февруари 2026 г. Музејот е рангиран во прва категорија на музеите во Кина, а секој од избраните уметници се претставува со едно свое дело на хартија, најчесто рачно изработено. Зимбакова која е единсвена претставничка од нашата земја, на ...
Во чест на еден од најважните музички автори на овие простори, неповторливиот Влада Дивљан, неговата „Невладина Организација“ го подготви големиот концерт насловен „Само една љубов имам“, кој по повод десетгодишнината од смртта на Влада, ќе се одржи во Скопје, на 17 ноември 2025 година, во Филхармонија. Владиниот бенд „Невладина Организација“ го предводат неговите долгогодишни пријатели и соработници Зденко Колар, Саша Шандоров, Борис Буњац и ...
Во порака споделена на нивните профили на социјалните мрежи, бендот напиша: „од следната година ќе објавиме архивa од материјал создаден во поновото минато. траките ќе бидат достапни физички и дигитално преку нов лејбл… со исклучок за Spotify“. Оваа најава следи по изјавата на Роберт „3D“ Дел Наја дадена за NME минатата година, кога откри дека групата има нова музика „што ја чувале четири години“ поради спор со издавачката куќа. „Се надеваме ...
„Госпоѓа Бовари“ е предизвик, приказна за внатрешниот бунт на една жена, преточена во танц кој ќе го допре вашето срце. Преку драматична кореографија, впечатливи сценографии и моќна музика, оваа претстава ќе ве остави без здив. Во улогата на Ема Бовари ќе настапи примабалерината Марија Кичевска Шокаровска со фасцинантна интерпретација на хероината која бара повеќе од животот. Ќе сведочите на балет кој говори за љубов, разочарување, копнеж и ...
Адел ќе дебитира како актерка во новиот филм на модниот дизајнер и режисер Том Форд. Британската пејачка ќе глуми со Николас Хоулт, Арон Тејлор-Џонсон, Колин Фирт, Пол Бетани и младата ѕвезда на „Адолесценција“, Овен Купер, во филмот „Cry to Heaven“. Тоа ќе биде адаптација на романот на Ен Рајс од 1982, а приказната е сместена во 18. век во светот на кастрати, машките пејачи кои биле кастрирани за да го зачуваат нивниот висок глас. Форд ќе ...
Со премиера на претставата „Макбет“ по текст на Шекспир а во режија на унгарскиот режисер Иштван Сабо, утревечер во Битола ќе се отвори 11. издание на Битола Шекспир Фестивал. „Со „Макбет“ го отвараме фестивалот кој оваа година го поместивме од летниот период во есенскиот, бидејќи сметаме дека културата не треба да биде насочена само за летниот период кога е и Бит фест, сметаме дека во есенскиот период луѓето повеќе сакаат и доаѓаат во ...
Филмот „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска периодов се закити со три награди на меѓународни фестивали: ја освои наградата за најдобар уметнички придонес на 38. Меѓународен филмски фестивал во Токио, Јапонија, доби специјално признание во интернационална конкуренција на 41. Меѓународен филмски фестивал во Хаифа, Израел, како и награда за најдобра режија на 8. издание на „Евро-Балкан филмски фестивал“ во Рим, Италија Најновиот филм на ...
Националната установа Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ организира промоција на својата јубилејна монографија: „75 години Танец“-Монографска презентација на архивската граѓа од архивот на Н.У Ансамбл за народни игри и песни „Танец“ Ова значајно издание, кое го трасира богатиот пат и наследство на „Танец“ во текот на седум и пол децении, претставува ризница на документи, фотографии и сведоштва за неговата културна мисија како најзначаен ...
Овој викенд, Интеркултурен хаб Скопје ја отвора мултимедијалната програма „Години на опасно живеење“ — вечер што го поврзува перформансот, филмот, видеото, графичкиот дизајн и електронската музика во едно единствено урбано доживување. Настан кој го чита пулсот на градот, неговите стравови, неговиот бунт и неговата нежност. Шестмина млади автори и авторки — критички настроени, движејќи се меѓу ранливост и отпор — ја претставуваат независната ...
Поетот, публицист и истражувач, проф. д-р Севдаиљ Демири и писателот Ресул Шабани се годинашните добитници на државата награда „22 Ноември“ за 2025 година, објави министерството за култура и туризам. Државната награда „22 Ноември“ се доделува на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Македонија кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните ...
Она што требаше да биде историски ден за Милано, се претвори во бирократски кошмар. Интер и Милан го финализираа купувањето на легендарниот стадион „Сан Сиро“ и околното земјиште за 197 милиони евра, ставајќи крај на 77-годишната општинска сопственост. Но, славјето траеше точно еден час. Веднаш по потпишувањето на договорот, обвинителството во Милано отвори експресна истрага поради сомнеж за „наместен тендер“ при продажбата. Ова предизвика ...
Африканската фудбалска конфедерација (CAF) и PUMA го „повлекоа чкрапалото“ и ја претставија „ITRI“ – официјалната топка за Африканскиот куп на нации (AFCON) што ќе се одржи во Мароко 2025. Името не е случајно – „ITRI“ (се изговара „ИТРИ“) значи „ѕвезда“ на локалниот домороден јазик, што е директна почит на ѕвездата од мароканското знаме. AFCON 2025 Official Match Ball - PUMA 1 Дизајнот е вистинско уметничко дело, инспирирано од ...
Големи вести доаѓаат од Мадрид: Атлетико Мадрид е продаден! Како што објави весникот „Marca“, американскиот инвестициски фонд „Apollo Sports Capital“ (ASC) стана мнозински сопственик на клубот. Ова е огромен потрес, бидејќи досегашните главни акционери, Мигел Анхел Гил Марин, Енрике Серезо, „Quantum Pacific Group“ и „Ares Management“ ги намалуваат своите удели и стануваат малцински акционери. Сепак, во соопштението има една клучна замка: Гил ...
Иако фокусот на Спортска Станица често е насочен кон младите таленти и идните ѕвезди кои допрва треба да блеснат, ние цврсто веруваме дека спортот е целина, животен циклус кој започнува со првиот тренинг и трае засекогаш. Викендов, таа филозофија ќе живее во Куманово. За еден од физички најнапорните спортови во светот, ватерполото – базенот „Моша Пијаде“ ќе биде арена за докажување дека класата е вечна, а годините се само бројка. ...
Скопје, 12 ноември 2025 МИА) - Во издание на „Диван“ објавена е новата книга на проф. д-р Зеќир Рамчиловиќ со наслов „Домовница“, значајно научно дело кое носи сведоштва за историјата, демографијата и идентитетот на населението од Горен Бихор, Црна Гора. Книгата е уредена од авторот, а рецензенти се проф. д-р Лидија Ѓурковска, проф. д-р Драшко Дошљак и д-р Саит Шаботиќ. Изданието е отпечатено во „Аурора“, Скопје, во тираж од 300 примероци. ...
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Поетската книга „Географија на слободата“ која содржи избор песни од сите шест поетски книги и неколку необјавени песни на Наташа Сарџоска, во издание на Хрватското книжевно друштво, а со поддршка од Министерството за култура и туризам на Северна Македонија, деновиве излезе од печат во Риека, Хрватска. Сарџоска за оваа книга одржа две промоции во Хрватска: првата во рамки на Денови на македонската култура во ...
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Во Македонскиот културно-информативен центар (КИЦ) во Загреб синоќа беше отворена изложбата „Со и без“ на уметницата Марија Сотировска Богдановска, која нуди плодна почва за феминистичко-теоретска интерпретација, особено во однос на често невидливите и потценети аспекти на трудот – финансиски и емоционален – што најчесто ги погодуваат жените во сè уште патријархално доминантните семејства на Балканот. Изложбата ...
Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите од денеска може да се погледнат над 100 фотографии направени од руската научна експедиција која била во научно-истражувачка посета на државава во 1900 година. Станува збор за фотографии направени од неколкучлена експедиција предводена од академик Никодим Павлович Кондаков. Фотографиите се направени за време на нивниот тримесечен престој за време на кој биле ...
Засолништа за бездомни кучиња / фотогалерија 10.11.2025 • Урбана опрема Фотографија Проект: Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството Статус: Реализиран Локација: Парк на франкофонијата Година на изведба: 2025 Имплементатор: Граѓанска асоцијација за унапредување на инклузивноста во градовите и градските простори ХУМАНИ ГРАДОВИ Скопје во соработка со Јавно претпријатие за благосостојба на животни скитници ЛАЈКА Скопје ...
Девет концерти во четири вечери, придружени со промоции на албуми. Ваква ќе биде поставеноста на шестото издание на Котон блуз фестивал во Скопје, што ќе се одржува од 21 до 27 ноември, на нова локацијата, овојпат во барот „Русти“ во Скопје. На 21 и 22 ноември ќе настапат квартетот на ИгиМен со Ади Имери како специјален гостин, домашниот блуз бенд „Мол пек“, кој истовремено ќе промовира албум и проектот „Рене пее блуз“, а свое враќање на ...
Во рамки на скопската недела на дизајнот (Skopje Design Week 2025), настан кој прерасна во есенцијална платформа за визии и прогрес на креативните индустрии, за взаемен бенефит на културата и економијата, меѓудругото, се одржаа Конференцијата за развој на туризмот и Работилницата за креативен туризам, со учество на министри, експерти, локални иницијативи и претставници од туристичкиот и креативниот сектор. Главната порака од настаните беше ...
Во Ликовниот салон на Народниот музеј во Велес отворена е изложбата „Порцеланови луѓе“ на која се поставени повеќе од 300 порцелански предмети, дизајнерски скици и цртежи, гипсени модели, калапи, фотографии и мноштво интервјуа со уметниците дизајнери, авторите се обидуваат да рехабилитираат мал дел од огромната производствена продукција на фабриката „Југопорцелан“ од Титов Велес, потоа преименувана во „Порцеланка“. На изложбата се претставени ...
Вечерва (13 ноември) во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Скопје (МСУ) ќе се отвори интернационалната групна изложба „Истокот е сè уште можен“, која е резултат на продолжената соработка со Модерна галерија и Музејот на современа уметност Метелкова од Љубљана. На изложбата се застапени повеќе од 50 автори, меѓу кои Марина Абрамовиќ, Јозеф Бојс, Лајбах, Гета Братеску, Христина Иваноска, Ахмет Огут, Недко Солаков, ОПА, Ирена ...
„Нашите во светот“ е насловен 50-тиот фестивал „Млад отворен театар“ кој од 19 до 25 ноември ќе се одржува во организација на Младинскиот културен центар. МКЦ соопшти дека за јубилејното издание на МОТ подготвиле внимателно селектирани претстави, концерти и изложба и дека оваа година во фокусот се македонските автори кои „успешно создаваат надвор од границите на државата и во низа половина век постојано отвораат на нови сценски хоризонти“. ...
Легендарната домашна сага се враќа на големото платно – со смеа, емоции и незаборавните ликови! За публиката што порасна со авантурите на саканиот хер Жика и неговата династија сега доаѓа на продолжението на најомилената домашна комедија – „Враќањето на Жикина династија“, чиј прв долгоочекуван трејлер беше објавен. Откако беше најавено продолжението на овој култен филм, чија премиера во Белград е закажана за 2 декември во Сава Центар, ...
Витраж со Тоше Проески и мотиви од неговата песна „Полско цвеќе“ се поставени на спомен обележјето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на Гумење во Крушево. Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско ...
Идеологијата на денешницата е варваризам, вели режисерот Владимир Милчин, во пресрет на вечерашната премиера на претставата „ Варвари“, на големата сцена на Македонскиот народен театар. Милчин за прв пат во историјата на македонскиот театар го поставува драмскиот текст „ Варвари“, од рускиот автор Максим Горки, напишан 1906 година. Во него се препознаваат бројни социјални и етички конфликти , својствени и за актуелната стварност. Во ...
На 13 и 14 ноември 2025 година во Будимпешта, Унгарија, ќе се одржи 5. седница на Мешовитата комисија за економска соработка меѓу Република Македонија и Унгарија. Настанот претставува важен чекор во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји и ќе се фокусира на проширување на соработката во повеќе области од заемен интерес, со особен акцент на економијата, културата и туризмот. На седницата ќе присуствува делегација од ...
На 13 ноември, со почеток во 19:30 часот, во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена биеналната изложба на цртежи „Скици 2025“. На изложбата ќе бидат претставени дваесетина цртежи од авторите: Тања Соларска-Темелковски, Марина Цветановска-Мартиновска, Дејан Арсовски-Бабата, Зоран Арсовски-Бабата, Александар Стефановски, Далибор Крстевски, Милена Арсовска, Миранда Беќири-Фазлиу, Валентина ...
Македонскиот музички продуцент Матеј “БигСлав” Џајковски е номиниран за музичката награда “Греми”, за неговата работа на албумот на групата FLO насловен “Access All Areas”. Речиси една година по издавањето, албумот е номиниран за најдобар во категоријата “Best Progressive R&B Album” на 68-то издание на наградите ” Греми” 2026. Матеj ја продуцираше песната “On & On”, која по неколку месеци од излегувањето на албумот, се рангираше во ...