Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Стрип центарот на Македонија – Велес ја најавува претстојната, 8. Меѓународна стрип колонија „Велес 2026“, која ќе се одржи во периодот од 20 до 23 август. Годинава, оваа престижна манифестација носи еден сосема уникатен концепт на поврзување — учесничките ќе бидат исклучиво авторки од женскиот пол, кои доаѓаат од пет држави со што се создава моќна балканска женска уметничка соработка. По соборувањето на досегашните рекорди на меѓународниот ...
Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ на 31 јули и 1 август ќе организира две филмски вечери под отворено небо, посветени на современата француска кинематографија. Проекциите се дел од летната фестивалска програма „Скопје вибрира“. На 31 јули, со почеток во 21 часот, ќе биде прикажан филмот „En Corps“ („Повторно раѓање“) во режија на Седрик Клапиш. Филмот раскажува инспиративна приказна за млада балерина која по сериозна повреда ...
На 15 август, со почеток во 20:00 часот во Офицерскиот дом, како дел од програмата на битолското културно лето „БИТ ФЕСТ“ публиката ќе има можност да го проследи концертот „IDEALE“, на кој ќе настапат македонскиот бас – баритон и доцент по соло пеење Иван Наумовски и пијанистката Елена Атанасовска – Ивановска, вонреден професор на катедрата по клавишни инструменти при Факултетот за музичка уметност – Скопје. Концертот носи внимателно одбран ...
„Оејзис“ ќе ја раскаже приказната за своето големо враќање во новиот документарен филм „Don’t Look Back In Anger“, кој ќе содржи снимки од проби, зад сцената и од концертите од повратничката турнеја „Оејзис во живо ’25“. Посебно внимание привлекува најавата дека во филмот ќе бидат прикажани и првите заеднички интервјуа на браќата Лијам и Ноел Галагер по повеќе од 20 години. Документарецот го создаде Стивен Најт, авторот на серијата „Пики ...
Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ – ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување. Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија – LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, ...
Под мотото „Со отворени очи“, од 4 до 8 август, во Струмица се одржа 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската уметност, во преполниот амфитеатар беа прикажани 20-ина краткометражни филмови. Покрај натпреварувачката, имаше и ревијална долгометражна програма, во која специјални проекции имаа „Версус: филмовите на Кен Лоуч“ на Луиз Осмонд, „Железна тврдина“ на Митко ...
Изложбата на фрески и икони насловена „Жив ѕид“ од авторите Никола Крнчев и Раде Најдовски е отворена во изложбениот салон на Офицерскиот дом во Битола, во рамките на „Битфест“. Со изложбата „Жив ѕид“, Крнчев и Најдовски одбележуваат 25 години заедничко творештво, информираа од КИЦ Битола. – Изложбената поставка е своевиден печат на четврт век пријателство, партнерство и заедничка посветеност на зографската уметност. Изборот од дела ги ...
Како што пренесуваат српските медиуми, „8 Март“ е најавен како горчлива, црна и антиимперијалистичка комедија што преку црн хумор и општествена сатира ги обработува темите на културниот империјализам, моќта, идентитетот и положбата на жената и го сумира сето она што го очекува публиката од Драгојевиќ: бескомпромисна анализа на општествените девијации преку комбинација на трагичниот хумор и бруталната искреност Дел од новиот филм „8 Март“ на ...
„Капка по капка, секоја година сè посилни и подобри, ќе продолжиме да го негуваме нашето филмско езеро: место каде што вашите приказни се слеваат, растат и го одразуваат нашиот заеднички сон.“ Изминативе 5 денови проследивме богата филмска програма во 5 натпреварувачки програми – Меѓународна, Регионална, Студентска, Соочување со минатото, Национална, како и програма Студенти во фокус. Понатаму едукативна програма со мастеркласови на Пјер ...
„Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на 47. издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ „Ткајачи на филм“ е темата на визуелниот идентитет на годинашното издание на фестивалот ИФФК „Браќа Манаки“ изработено од уметницата и графички дизајнер, Вања Штркова, која е дел од тимот на „Њу Момент“. Визуелното решение се осврнува на првиот кадар снимен со филмска камера на Балканот од браќата Манаки, во кој е инкорпорирано дело од светски ...
Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, заедно со членовите на „Менс Клаб оф Токио Опера“ од Токио, ја изведоа „Македонско девојче“-една од најпознатите и најпрепознатливи македонски песни. Котецу и членовите на оперскиот ансамбл со години покажуваат интерес за музичкото наследство на Балканот, а во нивниот репертоар се застапени и традиционални македонски песни. Особено впечатливо е тоа што „Македонско девојче“ ја изведуваат на македонски ...
Деми Ловато ќе се појави во новиот филм „Камп рок 3“, повторно во улогата на Мичи Торес, ликот кој го играше во оригиналниот филм од 2008 и во продолжението од 2010. Ловато на Инстаграм сподели фотографии од новиот филм и од претходните два и напиша „Мичи засекогаш“. Ловато повторно се сретна со своите колеги од „Камп рок“, Џо Кевин и Ник Џонас, на премиерата во Лос Анџелес. Приказната го следи бендот „Конект 3“, кој останува без предгрупа за ...
Наградуваната претстава „Уна“ на белградскиот театар „Звездара“ со маестралниот Никола Ристановски во главната улога, гостува на фестивалот „Охридско лето“. Претставата е во режија на Дејан Пројковски, а ќе биде изведена на 16 август во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во 21 часот. Во „Уна“ од Стеван Копривица, покрај Ристановски, настапуваат и Магдалена Мијатовиќ, Сена Ѓоровиќ и Марко Гверо. По Охрид, ќе ја види и скопската ...
Културниот едукативен центар Лабораториум, во склоп на летната иницијатива „Скопје вибрира“, организира сликарска сесија со македонскиот сликар и графичар Роберт Дандаров, замислена како неформална средба за создавање, разговор и размена помеѓу креативци, а хост на вечерта ќе биде младата уметница Ивана Павловска. За разлика од класичниот формат на ликовна работилница, настанот нема да се фокусира на формално предавање или еднонасочно ...
Со проекција на пет наградени филмови, на 8 август заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“. По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската ...
MINYА Film i Animacija е независна хрватска продукциска куќа специјализирана за производство на висококвалитетна анимирана содржина, филмови и телевизиска програма. Основана од страна на креативната продуцентка Миљана Драгичевиќ, која има долгогодишно искуство во областа на анимацијата и меѓународните копродукции. Таа се јавува како копродуцент на македонскиот анимиран филм „Лефти и Рајти си најдоа дом“. Серијалот сликовници „Лефти и Еајти“ ...
Мет Дејмон го толкува Одисеј како сложен и изморен херој, додека Нолан во приказната стара 2.800 години пронаоѓа современа тема – човекот кој, иако знае каде сака да стигне, полека се губи себеси по патот, пишува Esquire. Денес е речиси невозможно навистина да се изгубите. Потребата да извадите хартиена карта од преградата во автомобилот, да го листате телефонскиот именик или да застанете покрај патот за да прашате непознат човек за насока ...
Охрид, 11. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Вечер посветена на великанот на македонската драма, Горан Стефановски во Култ културен центар Охрид. – Тој е гласот што нè научи дека „најстрашни се оние времиња кога самиот дом се претвора во туѓина, во џенем, во јабана. Кога човек е на своето огниште, а саштисан и отуѓен како змија да го полазила. Кога е внатрешно раселено лице. Кога „т’гата“ не е поради отсуство туку поради присуство. Кога седи среде ...
Триото “Интерарт од Битола ќе има концерт, во Рим, утре, 11 август, во рамките на престижниот „Concerti del Tempietto – Festival Musicale delle Nazioni – Notti Romane al Teatro di Marcello“. На програмата се дела од Gary Schocker, Marko Videnović, Andrey Rubtsov и Jean-Michel Damase – музичка вечер која ја носи македонската камерна музика на една од најзначајните европски сцени. Триото “Интерарт“ од Битола е во состав: Емилија Ристевска ...
Еминентните македонски уметници, виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва ќе изведат барокна музика во рамки на фестивалскиот репертоар на 66. „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Цветанка Созовска е родена во 1975 година во Скопје. Започнува да учи пијано на 7-годишна возраст и основното и средното музичко образование ги завршува во класата на проф. Кармен ...
Скулптури од академската уметница Анета Стојчевска од Крива Паланка, кои се дел од нејзината самостојна изложба „Прогон“ се изложени во Градски музеј во рамки на програмата „Кривопаланечко културно лето 2026“. Како што посочуваат организаторите се работи за современа мултимедијална поставка што преку просторни инсталации и аудио-визуелни елементишто отвора прашања, буди емоции и остава силен впечаток. Изработена е во рамките на истоимениот ...
Во натпреварувачка програма за долгометражен игран филм ќе се прикажат остварувањата „Скејтбордингот не е за девојчиња“ во режија на Дина Дума, кој во Сараево ќе ја има својата европска премиера, потоа „17“ во режија на Косара Митиќ, на кој ова ќе му биде регионална премиера, како и македонската малцинска копродукција „Срам и пари“ во режија на Висар Морина. Македонската актерка Сара Климоска, пак, ќе биде дел од петчленото жири што ќе ги ...
Со проекција на пет наградени филмови, на 8 август заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“. По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската ...
Наградата „Милан Младеновиќ“ годинава ќе биде доделена по осми пат, на 21 септември 2026 година во Белград, традиционално на денот на раѓањето на Милан Младеновиќ. Жирито во состав Павица Чабријан од Хрватска, Немања Ѓорѓевиќ од Србија, Лада Фурлан Заборац од Хрватска, Јован Матиќ од Србија и Ана Радоњиќ – Зое Кида од Србија ги избра петте суперфиналисти. Во суперфиналето влегоа: Жива – „Атом“ Покет Палма – „Боли ме“ Роба без грешке – „Без ...
Пуштете ја „Water From a Vine Leaf“ гласно или тивко, како ви годи. Пуштете ја оригиналот, а потоа пуштете го и Underworld ремиксот. Затворете ги очите, препуштете се на ритамот и заиграјте. Има песни што не те тераат веднаш да станеш од столчето. Прво ти влегуваат под кожа. Те оставаат малку да лебдиш, да се изгубиш во нивното ехо, а потоа, некаде меѓу басот, синтисајзерите и гласот, сфаќаш дека веќе танцуваш. Таква е „Water From a Vine ...
За само неколку дена, на 12 август, Google ќе ги претстави Pixel 11 серијата и Pixel Watch 5. Во пресрет на премиерата, компанијата објави нов видео тизер за часовникот на својот YouTube канал. Видеото е кратко и директно. А поентата? Па, поентата е да се пошегува на сметка на Samsung Galaxy Watch и Apple Watch, поради нивните необични форми кои, според Google, всушност и не изгледаат многу како часовници. Од друга страна, Pixel Watch 5 „има ...
Додека директорите на технолошките компании кои вложуваат стотици милијарди долари во вештачка интелигенција (AI) со години најавуваат дека оваа технологија ќе им овозможи на луѓето да работат помалку, реалноста за нивните вработени изгледа потполно поинаку. Работниците во компаниите како Google, OpenAI и Meta, кои ги развиваат и ги користат овие алатки, известуваат за работни недели кои се значително подолги од 40 часа, а понекогаш ...
Поседувањето видеоконзола носи подобро расположение и поголема животна сатисфакција, но придобивките исчезнуваат ако се игра повеќе од три часа дневно. Играњето видеоигри може позитивно да влијае врз менталното здравје и емоционалната благосостојба кај луѓето од сите генерации, соопштија истражувачите од Универзитетот Нихон во Токио. Опсежното истражување опфати повеќе од 97.000 испитаници и покажа дека редовниот гејминг го намалува ...
Судењето на Дуане „Кефи Д“ Дејвис во Лас Вегас за убиството на Тупак Шакур од 1996 година ги отвора прашањата за правдата и улогата на сопствените признанија на обвинетиот во судските процеси, соочувајќи ги обвинителството и одбраната со предизвиците од изминатите децении. Позадината на конфликтот и обвинението Во Лас Вегас, на 10 август 2026 година, започнува долгоочекуваното судење против Дуане „Кефи Д“ Дејвис, кој е обвинет за организирање ...
Летната жештина за некого значи клима-уред, ладен пијалак и барање сенка. За друг, особено за луѓето над 65 години, може да биде сериозен здравствен ризик. Во денови кога температурите во Македонија се искачуваат до екстремно високи вредности, Институтот за јавно здравје предупредува дека токму повозрасните граѓани треба највнимателно да го организираат денот. Причината не е само возраста. Со годините организмот потешко се приспособува на ...