Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Скопје, 12 август 2026 (МИА) – Од 20 до 27 август со мото „Само сонот е стварност“ ќе се одржува 17. Фестивал на креативен документарен филм „МакеДокс“. Во осумте фестивалски дена ќе бидат прикажани 71 филм - нови документарци, ќе има над сто гости од странство и обемна дополнителна програма со мастер-класови, работилници, панел-дискусии и дводневен МакеКоПроДокс форум за развој на проекти од регионот (25-27 август). Фестивалот годинава ќе ...
Скопје, 13 август 2026 (МИА) - Културниот едукативен центар Лабораториум, во склоп на летната иницијатива „Скопје вибрира“, организира сликарска сесија со македонскиот сликар и графичар Роберт Дандаров, замислена како неформална средба за создавање, разговор и размена помеѓу креативци, а домаќин на вечерта ќе биде младата уметница Ивана Павловска. Како што соопшти организаторот, за разлика од класичниот формат на ликовна работилница, настанот ...
Велес, 13 август 2026 (МИА) – Во ликовниот салон на Народниот музеј во Велес отворена е изложбата на младата уметничка од Илинден,Скопје, Катерина Трајковска Поп-Арсова насловена „На земјата ѕвезди-на небото светулки“, на која авторката се претставува со 25 свои дела, акрил на платно. По Илинден, Скопје каде и живее авторката со изложбата која ја претстави во Домот на културата, во Велес изложбата е збогатена со нејзини нови 10 уметнички ...
Струга, 14 август 2026 (МИА) - Во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во понеделник ќе биде отворена изложбата „Оркестрација“ на македонската визуелна уметница Аница Китаноска. Кураторот на изложбата е Стефан Александар Јовановски, а аудио-инсталацијата на Марко Китаноски. Отворањето, како што соопшти Центарот за култура, ќе биде проследено со звучен перформанс на Дамјан Томоски. - Природата дејствува преку непрекинати процеси ...
Скопје, 15 август 2026 (МИА) - На „Школка“ во Градскиот парк во Скопје вечер ќе биде промовирана книгата „Радосница за деца“ од Боби Додевски, со илустрации на Мила Доневска. Предвидено е настанот да почне во 19:30 часот. - „Радосница за деца“ е збирка искрени, духовити, поучни и разиграни стихотворби, наменети за децата, но и за родителите кои сакаат преку книгата да создадат заеднички моменти, да читаат, да се смеат и да го откриваат светот ...
Љубителите на филмската уметност наредната недела ќе имаат можност да уживаат во две различни филмски проекции во НУЦК „Бели мугри“ – Кочани, наменети и за најмладата публика и за љубителите на драмските остварувања. Во вторник, 18 август, со почеток во 19:00 ч., ќе биде прикажан анимираниот детски филм „Таинствената шума“, синхронизиран на македонски јазик. Филмот носи возбудлива приказна исполнета со мистерија, пријателство и незаборавни ...
Генерацијата Z веќе не е само младата публика по која трчаат брендовите и социјалните мрежи. Во 2026 година нејзините навики сè посилно влијаат врз начинот на кој купуваме, комуницираме, се забавуваме и го поминуваме слободното време. Анализа објавена од Index.hr, која се повикува на Truffle Culture и податоци од TGM Research, издвојува пет поголеми промени што покажуваат дека генерацијата израсната со смартфони почнува да бара нешто што на ...
Краткиот игран филм „Клупа“ на филмскиот сценарист и режисер Трифун Ситниковски својата светска премиера ја имаше на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга, каде беше награден и од жирито и од публиката. Приказната за филмот „Клупа“ е извлечена од реалноста. По погреб семејството седнува на заеднички ручек, каде почнува борбата на идеолошки разлики и суети. Главното дејство се случува меѓу двајца браќа, чии ликови ги играат Јордан Симонов и Суад ...
Косовскиот филм во кој Македонија е копродуцент, „Срам и пари“ во режија на Висар Морина, ќе ја отвори натпреварувачката програма на 32. Сараевски филмски фестивал. Македонски продуцент е Марија Димитрова од „Лист продукција“, а други земји вклучени во проектот се Германија, Словенија, Белгија. Утрово во Народниот театар се одржа прес-конференција со режисерот и екипата на филмот. Станува збор за најновото остварување на косовско-германскиот ...
На 14 август, во рамките на овогодишното издание на престижниот фестивал „Нишвил“, своја промоција ќе има книгата „Прес анд Плеј“ („Press and Play“) од истакнатиот македонски музички новинар и публицист Ненад Георгиевски. Промоцијата ќе се одржи во импозантниот амбиент на Нишката тврдина, во срцето на еден од најзначајните и најуспешни музички фестивали во Југоисточна Европа. Претставувањето на ова капитално издание пред фестивалската публика ...
Сараево – Актерката Сара Климоска, годинава, членка на жирито во главната програма, синоќа, во бел необичен ансамбл и одличниот англиски јазик, блескаше на отворањето на 32. Сараево филм фестивал, кој со црвениот килим наликуваше на Холивуд. Жирито на натпреварувачката програма – долгометражен филм на најпрестижниот филмски фестивал во регионот го предводи актерката Емили Вотсон (претседател), два пати номинирана за Оскар, а покрај Климоска ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 343, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (15-16.8.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со визуелната уметница Сандра Котевска, добитничка на наградата „Борислав Траиковски“ на ДЛУБ: Спомен од просторот меѓу сонот и јавето – разговор со филмскиот сценарист и режисер Трифун Ситниковски за премиерата на краткиот филм ...
Соопштение на Левица: Две години Министерството за култура и туризам нема буџет за поддршка на преводи на македонски книги на странски јазици. Конкурсот преку кој странски издавачи добиваа средства за превод и објавување дела од македонски автори постоеше од 2014 до 2024 година. Оттогаш па наваму – ништо. За мала книжевна сцена со ограничен јазичен пазар, преводот не е луксуз. Тој е еден од ретките начини македонските автори да стигнат до ...
Жири-комисијата селектирала девет стихозбирки во потесниот круг за доделување на наградата „Антево перо“. Жири-комисијата за доделување на наградата во состав претседател проф. д-р Весна Мојсова Чепишевска и членовите д-р Атина Цветаноска и Виолета Танчева Златева во потесниот круг ги селектирала поетските книги на Ерол Туфан – „Недовршени песни“, Белинда Сипкоска Гаштарова – „Домот ми е полн со небо“, Емељ Туна – „Анатомија на бршленот“, ...
На 20 август во 20 часот во Чифте амам, објект на Националната галерија на Македонија (НГМ) ќе се отвори изложбата „90 години од раѓањето на Јован Петров“, посветена на творештвото македонскиот уметник, конзерватор и реставратор (1936 –2011). Изложбата е веќе поставена и отворена за јавност, а свеченото отворање и промоција на монографијата се на 20 август. Колекцијата е во сопственост на семејството Петров. Автор на изложбата е Маја ...
Уште само една недела до големиот концерт на Владо Георгиев. По едно одлагање на 21 август во античкиот театар Хераклеја ќе се одржи долгоочекуваната музичка средба со Барба. А интересот е сеуште особено голем поради фактот дека ова е единствениот концерт ова лето во Македонија По двата вирални концерти на Канли Кула во Херцег Нови, на кои дојде и запеа дури светската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ, истата атмосфера ќе следува следниот петок во ...
Нубаја Гарсија вечерва, 15 август, во 21:30 часот ќе настапи на Долни Сарај во Охрид, носејќи звук од една од највозбудливите генерации што британскиот џез ја создаде во последната деценија. Лондонската саксофонистка и композиторка не доаѓа само како уште едно меѓународно име во фестивалската програма, туку како музичарка која стана еден од симболите на современата британска џез сцена. Пред нејзиниот концерт, во 20 часот на истата сцена ќе ...
Главната сесија на Графичката работилница „Софија“ ќе започне денеска, по 19-ти пат во Богданци. Станува збор за едно од најзначајните места за средба, размена на искуства и дружба на млади графичари од Македонија и регионот. 19 млади уметници од: Скопје, Богданци, Бања Лука, Нови Сад, Нови Пазар, Белград, Ниш, Загреб и Софија ќе создаваат и разменуваат идеи во графичкиот израз, под менторство на проф. Снежана Петровиќ од Академијата за ...
Италијанската полиција пронајде три вредни уметнички дела од Пјер-Огист Реноар, Пол Сезан и Анри Матис, кои беа украдени во март од фондацијата „Мањани Рока“ во близина на Парма. Вкупната вредност на делата се проценува на повеќе од 9 милиони евра. Станува збор за „Les Poissons“ на Реноар, „Tasse et Plat de Cerises“ на Сезан и „Odalisque sur la Terrasse“ на Матис. Делата биле пронајдени во стан во Парма, по детална истрага на карабињерите ...
На платото пред влезот на Народниот театар Битола свечено беше отворен вториот по ред саем на книги во организација на Универзитетската библотека “Св. Климент Охридски“ од Битола насловен “Светот во страници“, кој е во рамките на “Битфест“.На свеченото отворање присуствуваше заменик градоначалник на Битола – Марина Крстиќ, градоначаникот на Новаци – Стевче Стевановски, претставникот на министерството за култура и туризам – Афет Јашари.На ...
Македонскиот пејач, гитарист и композитор, Роџевски, кој настапи во Охрид со Христијан Моневски и со Дамјан Палоски на вокален исон, како и со Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски на контрабас, ја промовираше својата најнова двојна ЛП-објава „Ортодоксија каи Танатос“. Албумот содржи композиции базирани на византиското пеење, како и ремикси од значајни имиња на експерименталната сцена. Дине Донеф (Костас Теодору), пак, настапи со проектот ...
Синоќа, во фоајето на НУ Центар за култура Битола, свечено се отвори 14-тото издание на изложбата на фотографии „Со Љубов од Битола”, проект на Центарот за европски развој и интеграција – ЦЕРИ Битола. Годинашната тема, „Битола во златниот час”, ги насочи фотографите кон оној краток миг пред зајдисонце кога светлината станува мека и топла, а градот добива сосема поинаков лик. На конкурсот, отворен од 01.07 до 31.07, свои фотографии испратија ...
Претстојниот викенд, Битола на своите сограѓани и сите посетители кои ќе одлучат да го посетат градот под Пелистер им дава можност да уживаат во уникатна културно – уметничка програма, карактеристична за градот кој го има фестивалот Бит фест. Вечерва, Симон Трпчески, светски познатиот македонски класичен пијанист, ќе настапи на Антички Театар Хераклеа во Битола. Трпчески е еден од најголемите културни амбасадори на Македонија во светот. ...
„Антолог“ како организатор на Фестивалот на европска култура „Букстар“ го соопшти датумот на доаѓањето во Скопје на албанската авторка Леа Ипи, една од најважните мислители на модерното време. Во августовскиот преднастан на 12-издание на BOOKSTAR таа ќе зборува за својот литературен успех, личната историја, историјата како концепт на едно општество и што значи слободата – бидејќи годинава и слоганот ни е во таа насока: FREE AT LeAST! „Жена ...
Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, во недела,15 август, во Градскиот парк во Струмица ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“. Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена. Концертот е отворен за јавноста, а посетителите ќе имаат можност бесплатно да ...
Охрид, 14. август 2026 (ОХРИДПРЕС) – Оркестарот „Дива“ – Битолски камерен оркестар и пред охридската публика ќе го претстави „Flowers Symphony“, концерт исполнет со емоции, прекрасна музика и над сто учесници на сцената. На програмата покрај препознатливите и безвременски италијански канцони и оперски арии, пристутните ќе уживаат и во изведба на култни филмски теми на музика на легендарните филмски композитори како Енио Мориконе, Џон ...
Актерот Едмонд Сотир е нов директор на Театар Комедија, објави институцијата на социјалните мрежи. Денеска беше извршено примопредавањето на функцијата директор во Театар Комедија. По завршувањето на мандатот на Дарко Спасов, раководењето го презема Едмонд Сотир. Му благодариме на Дарко Спасов за досегашниот ангажман и голем придонес во Театар Комедија, а на Едмонд Сотир му посакуваме многу успех, објави Театар Комедија. Актерот Едмонд ...
Сараевскиот филмски фестивал вечерва го отвора 32. издание со „Татковина“ на оскаровецот Павел Павликовски, а Македонија годинава има едно од најзначајните учества досега – четири филма во натпреварувачката програма и наша претставничка во жирито на главната програма, актерката Сара Климоска. На свеченото отворање во Народно позориште пред фестивалската публика ќе се појави и самиот режисер, кој со филмот ја заокружува својата трилогија ...
Кросовер артистката Андријана Арлен, велешанка која живее и работи во Шведска, ја најави есенската концертна турнеја „Сребрена ноќ“ (Silver Night) низ Македонија. Турнејата ќе опфати неколку градови. Првиот концерт ќе се одржи во нејзиниот роден Велес на 31 октомври, па следуваат Струмица на 7 ноември и Битола на 12 ноември, а турнејата ќе заврши во Скопје, за каде засега не се соопштени датумот и локацијата на концертот. Арлен ја покани ...
Во секој човек постои тивка граница до која може да се крие од сопствената совест. Таа граница не ја поставува ниту општеството, ниту времето, ниту околностите, туку самиот човек – со своите стравови, избори, премолчувања и оправдувања. Кога ќе се најде пред вистината за себе, тој мора да избере: ќе продолжи ли да живее во сигурноста на сопствениот круг или ќе најде сила да излезе од него? Токму од ова суштинско човеково искуство произлегува ...