Украина и САД постигнаа политички договор за лиценци за производство на пресретнувачи PAC-3 за системите „Патриот“, изјави вчера украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека клучните испораки на ракетите треба да пристигнат во следните неколку дена. „Патриот“ е американски систем за воздушна одбрана, а неговиот пресретнувач PAC-3 е едно од ретките западни оружја способно да соборува балистички ракети што Русија сè повеќе ги ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека Украина ќе добие пакет ракети-пресретнувачи „ПАК-3“ од САД во наредните денови и додаде дека се постигнати договори со европските партнери за дополнителни испораки на овие ракети. „Ова беше успешен самит за Украина. Во наредните денови ќе добиеме пакет од Соединетите Американски Држави. Исто така, постигнав посебни договори со европските партнери. Сè уште нема датум, но ќе има ...

На самитот на НАТО во Анкара, покрај дискусиите за безбедносните предизвици и војната во Украина, вниманието на јавноста беше привлечено и кон детали кои немаат никаква врска со политиката. Експертите за протокол ги анализираа модните гафови на поединечни државници, вклучувајќи го словачкиот претседател Петер Пелегрини и албанскиот премиер Еди Рама. Најкоментиран беше словачкиот претседател Петер Пелегрини, кој седеше со скрстени нозе за ...

Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека Член 5 од НАТО се однесува на ситуации во кои членка на Алијансата е нападната, а не на случаи кога сојузниците самите започнуваат воени дејствија. „Член пет е за кога сте нападнати, а не обратно. Другите членови не се обврзани да учествуваат во еднострани напади. Тоа не е духот на алијансата“, рече Де Вевер, според извештаите објавени на социјалните медиуми. Член пет од Северноатлантскиот договор ...

„Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал. Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе“, порачуваат од СДСМ. Нека ги замоли Интерпол, додаваат од опозициската партија, веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина. „Нека им ...

Земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтеровата скала денес ги погоди Чешка и Словачка, според Европско-медитеранскиот сеизмички институт. Земјотресот се случил на околу 14 километри од Прибрам во Чешка. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Сè уште не е познато дали има жртви или материјална штета. Текстот Силен земјотрес ги погоди Чешка и Словачка е превземен од МАКФАКС. Земјотрес со интензитет од 5,5 ...

Јаир Нетанјаху, најстариот син на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, официјално го смени името во Јонатан Хун, објави израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на даночни документи. Според тој весник, Нетанјаху ја поднел даночната пријава за 2026 година под ново име, но со ист идентификациски број и иста адреса како во даночната пријава за 2024 година, кога ги поднел документите под своето родено име. Во Израел, по официјалната ...

Времето утре, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во сабота времето ќе ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган им подари на лидерите на самитот на НАТО во Анкара необичен подарок – пиштоли и кутија со боева муниција, објавија светските медиуми. Портпаролот на германската влада за ДПА изјави дека револверот наменет за германскиот канцелар Фридрих Мерц бил предаден на германската амбасада со цел да се спроведе постапката за легален увоз, по што ќе биде вклучен во збирката на службени подароци. Британскиот премиер ...

Пretsedatelot на словенечкиот парламент, Зоран Стевановиќ, предложи одржување референдум за членството на Словенија во НАТО, наведувајќи дека тој би можел да се организира истовремено со локалните избори закажани за 15 ноември. Во видео порака објавена на официјалниот профил на партијата на социјалната мрежа Икс, Стевановиќ рече дека, поради високите трошоци, на тој ден би можел да се одржи „мега референдум“ покрај најавените референдуми за ...

По информацијата дека албанската полиција задржала на граница двајца народни избраници, претседателот на Сoбранието, Африм Гаши, вели дека е загрижен за постапувањето кон пратениците на граничниот премин „Ќафасан“. „Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин „Ќафасан““, вели Гаши. Пратениците, додава тој во ...

Грчкиот воен авион „Ф-16“ се запали за време на летот, по што беше принуден да изврши итно слетување на аеродромот на грчкиот остров Закинтос. Според локалните медиуми, авионот слетал на меѓународниот аеродром Закинтос додека пламените јазици сè уште биле видливи, а пожарот потоа се проширил на пистата. Снимките од местото на настанот го покажуваат авионот во пламен, додека противпожарните екипи се обидуваат да го изгаснат пожарот со моќни ...

Имплементацијата на новиот онлајн систем за претходно одобрување на влез во ЕУ очигледно е одложена до следната година, откако хаотичното воведување на посебен електронски систем за гранични проверки го попречи патувањето во Унијата, пишува „Фајненшл тајмс“. Преку Европскиот систем за информации и авторизација на патувања (ETIAS), патниците на кои не им е потребна виза за влез во ЕУ, вклучувајќи ги и граѓаните на Велика Британија и САД, ќе ...

За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на ...

Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства, изјави директорот на ФЗОМ, Сашко Клековски. Тој кажа дека во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат од големината на ...

Во тензична атмосфера и со чудно однесување на обвинетиот, денес во Кривичниот суд во Куманово почна судењето на 25-годишниот Трајко Бојковски, кој одговара за четири свирепи убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион. Случајот, кој обвинителството кажа дека е досега незабележан во судската пракса, заглави уште на првото рочиште. Драган Трајковиќ, адвокатот на обвинетиот, се откажа од одбрана и го повлече ...

Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Битола, Тони ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, ја повика опозиција да се договори за Изборниот закон и рече дека власта ќе го поддржи секој нивен предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората. „Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик. Ние цениме дека, ...

Полицијата уапси две лица поради сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“. Според информациите на МВР, вчера во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„135“ и ул.„Саво Тасевски“ во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел. По преземени мерки полициски службеници ...

Коалицијата ВЛЕН побара од институциите на Албанија да објаснат дали постои мерка за забрана за влез на нејзини функционери, откако пратениците Беким Ќоку и Аднан Азизи и заменик-генералниот секретар на Владата, Хасим Муртезани, биле задржани на граничниот премин Ќафасан. ВЛЕН соопшти дека тројцата функционери патувале со дипломатски пасоши и дека околу еден час чекале на преминот без да добијат официјално решение, документ или образложение. ...

ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово, изјави Наташа Поповиќ од СДСМ. „Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе ...

СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Наташа Поповиќ од СДСМ. „СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци. СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните. Проекциите на ...

Германија постигна договор со американската влада за набавка на крстосувачки ракети „Томахавк“ и нивно распоредување на германска територија, изјави канцеларот Фридрих Мерц пред пратениците во Берлин. Мерц рече дека се сретнал со претставници на Вашингтон на маргините на самитот на НАТО во Анкара за да го запечати договорот, додавајќи дека самитот ги надминал сите негови очекувања. „Со ова, затвораме критична стратешка празнина во нашата ...

Бони Тајлер, велшката пејачка со моќен, рапав глас, најпозната по хитовите „Total Eclipse of the Heart“, „Holding Out for a Hero“ и „It’s a Heartache“, почина. Имаше 75 години. Веста беше објавена на нејзината официјална веб-страница, пишува BBC. Во пораката објавена од нејзиното семејство и тим се наведува дека се скршени од веста дека Бони починала неочекувано во болница во Португалија синоќа, како резултат на болест од која се лекувала. ...

Екс-пратеничката и аналитичарка Никица Корубин, во разговор за „Локално“, оценува дека пораката на еврокомесарката за проширување Марта Кос при нејзината вчерашна посета не е главното прашање, бидејќи, како што посочува, таа е конзистентна во изминатите четири години од усвојувањето на преговарачката рамка и претставува усогласен став на сите 27 земји-членки на Европската Унија. Според Корубин, суштинската дилема е дали државата сака да се ...

СДС, Левица и ДУИ намерно го опструираат носењето на Изборниот Законик поради лошите рејтинзи, иако со месеци се создаваше консензус помеѓу политичките партии, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Наместо договор и носење на Изборен Законик за следниот изборен циклус, додаде тој, СДС, Левица и ДУИ одбраа да создадат една какафонија во јавноста за овој реформски закон. „Имено, потегот на Левица да се покажат како тврдокорни ...

Македонското здравство добива значителна финансиска поддршка од над 573 милиони денари, односно зголемување на буџетот за 7,6%. Во ребалансот на државната каса, здравствената заштита за граѓаните е мерлив и опиплив приоритет. Од претходните 7,566 милиони денари, сега се предвидени над 8,139 милиони денари, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Моника Трајанова и додаде дека ова претставува едно од најголемите и најзначајните промени во новото ...

Во рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата „Соседска патрола“. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани ...

Започнува реализација на уште еден инфраструктурен проект за Општина Гази Баба – реконструкција на улицата „Жан Жорес“, на делницата од Кино Маџари до натпатникот кај ООУ „Наум Наумовски Борче“. Градоначалникот Боба Стефковски информира дека овој проект предвидува целосна реконструкција на коловозот, како и изградба на нови, современи пешачки патеки, со што ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците и возилата. „По ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.66
49%
1015
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
71%
1012
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
1.12
63%
1011
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.84
51%
1014
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
4.35
46%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.45
80%
1013
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.13
47%
1015
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
61%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
0.64
93%
1018
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 21ᴼ
3.13
60%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
61%
1008
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
3.4
100%
1014
Currency

61.575

Currency

54.1105

Currency

72.0558

Currency

37.7691

Currency

38.3694

Currency

66.1563

Currency

7.9902

Currency

0.69225

Currency

0.33143

Currency

0.52499

Currency

1.14296

Currency

0.56034

Сребро

1904.32

Паладиум

40220.58

Платина

51987.76

Цинк

0.00

Калај

54.05

Рутениум

53852.50

Родиум

263636.12

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Бакар

12.76

Злато

131467.62

Иридиум

252383.36