
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



На дел од агенциите, регулаторните тела, државните комисии в година ќе им се зголемат буџетите за исплата на плати, но на некои, пак, ќе се намалат. “Порталб“ во две продолженија ќе објави компаративна анализа за висината на бруто платата по вработен в година, во однос на годинава Во некои институции пад, во други раст на просечната бруто плата во 2023 Во ОТА, Оперативно техничка агенција, една од институциите значајна за безбедноста во ...
И покрај огромниот број физички докази, вклучително и 382 килограми камења собрани од Месечината во текот на шест мисии, сепак сè уште има луѓе кои веруваат дека мисиите на Месечината никогаш не се оствариле, туку дека станува збор за голема измама, пишува Гардијан Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека „официјално според фактите, НАСА не стигнале на месечината ниту во 1969 ниту во 2022 година, а ниту ќе ...
Станува збор за комбиниран тест, кој детектира и ковид-19 и грип, а тоа не ги прави двата вируса исти, ниту, пак. покажува дека имаат ист причинител. Тоа патем го пишува и во самото упатство за тестирање. Не е точно дека сега е сменето само пакувањето и дека порано сите тестови со кои се детектирал ковид-19, всушност, биле тестови за грип. Ако некој има грип, тогаш тестот ќе му покаже дека има грип, а ако има ковид-19, ќе му покаже дека има ...
Чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран. Дополнително, според дефиницијата за тоа што е лек, чаевите не влегуваат во оваа категорија дури и кога би имале такви супериорни карактеристики, како што се тврди дека има горенаведениот чај. Законот за лекови и медицински средства го уредува делот за тоа што значи фармаколошки активна супстанција. Во наведената лажна реклама, пак, нема наведено ...
Херсон и повлекувањето на руските сили, беше главна тема за дезинформации или наративи на дезинформациите во ноември поврзани со војната во Украина. Целта беше да се прикаже повлекувањето од Херсон како хумана оперативно-тактичка операција на Москва, со цел да се спасат животите на цивилите и на руските војници, со дополнување на наративот, дека вистинската операција за пораз на Киев, се уште не била започната. Покрај ова, се зголемуваат ...
Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, кој одржа бесплодни разговори, на 21 ноември во Брисел со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти, во обид да го реши овој долготраен спор за регистарските таблички на возилата два дена подоцна изгледаше ентузијастички кога ја објави веста за договорот Косово се заблагодарува на САД; Србија има свое толкување, пишува „Глобал Војсис“. Мета.мк го реобјави оригиналниот напис, ...
Станува збор за уште една лажна наградна игра, при што се злоупотребува меѓународно познат бренд, овојпат за намештај – Икеа. Станува зор за неавтентична страница, со оглед на тоа што освен наградната игра на неа нема никакви други трансакции, а во делот каде што треба да стојат детали за самата страница и за нејзиниот сопственик, нема ништо – ниту адреса, ниту контакт телефон, ниту, пак, има рецензии од страна на купувачите Рецензираме пост ...
Во постот што го рецензираме односно во насловот на текстот што е споделен, а кој се повикува на агенцијата Ројтерс, се пропушта контекстот кога се вели дека „Украина на секој начин се обидува да почне трета светска војна“. Во оригиналниот напис на Ројтерс каде е пренесена изјавата на секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Алексеј Данилов, нема детали за тоа на што мисли Данилов кога вели „руска трага“. Во текстот ...
Обвинителството е цел на напади заради политички интереси што се совпаѓаат со оние на Русија, порача Главниот обвинител на Бугарија, Иван Гешев во интервју за бугарски „Капитал“. Според Гешев, главната цел на нападите е преземање контрола врз државното обвинителство, но ваквото совпаѓање на интересите е загрижувачко, пренесува бугарскиот онлајн-медиум mediapool.bg. „Многу е интересно како се совпаѓаат некои евроатлантски-ориентирани партии со ...
Со резолуцијата на Европскиот парламент, се предлага Русија да стане првата држава на теористичката листа на ЕУ. На оваа листа се лица, групи и ентитети вклучени во терористички акти и рестриктивни мерки. Резолуцијата на ЕП, која беше усвоена на пленарната седница во Стразбур со 494 „за“, 58 „против“ и 44 воздржани, нема правна сила и е нерегулаторна, но е авторитарна. Европратениците ги повикаа владите на 27-членки на ЕУ да го следат нивниот ...
Засега, Владата нема сигурна алтернатива за набавка на гас за затоплување на домовите преку централно парно греење, освен набавка на природен гас од руската државна компанија „Газпром“ преку гасоводот кој доаѓа од Бугарија до Куманово. Судејќи според крајот на минатата грејна сезона, а имајќи ја предвид непредвидливоста на руската енергетска политика, ниту таа опција не е сигурна. Како што информираат упатени извори, скопските топлани во текот ...
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски во интервју за емисијата „Hardtalk“ на Би-Би-Си вели дека третите земји, вклучително и Русија, отсекогаш имале свој интерес да имаат замрзнат конфликт на Балканот. Тој додава дека од временска перспектива, има земји каде што се врските и јавното мислење е посилно кон Русија на Балканот и има земји каде ова мислење и ова влијание се помалку значајни. Во интервјуто премиерот вели дека во Северна Македонија ...
Рускиот бизнисмен Евгениј Пригожин призна вчера дека се вмешувал во изборите во САД и порача дека ќе го прави тоа и во иднина. Ова е првото признание за нешто за што Западот долго време обвинува, а доаѓа од личност што беше обвинета од официјален Вашингтон за обиди за влијание во американската политика, јави Ројтерс. Во коментарите што службата за односи со јавноста на „Конкорд“, фирма за кетеринг на Пригожин, објавени на руската социјална мрежа ...
За да разбереме зошто дојде до конфликтот мора да разгледаме три различни, но сепак поврзани концепти на кои се темели меѓународната политика – суверенитет, територијален интегритет и политичка независност. Додека другите инвазии се косеа или прекршува еден или два од овие концепти, агресијата на Русија се коси со сите три принципи, вели професорот-истражувач Џејмс Кер-Линдзи. Тој додава дека „ова може да биде најголемиот предизвик на ...
Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Нема докази дека 40 проценти од смртните случаи во Финска биле лажни и фалсификувани. За да избегне да пријавува помалку смртни случаи отколку што навистина има, во Финска се користи системот да се пријавуваат и смртните случаи СО ковид и смртните случаи ОД ковид. За делот од насловот, пак, во кој се тврди дека Финска открила дека други земји го фалсификувале бројот на смртни случаи од ковид, ...
Наспроти тврдењата во постот, Дејвид Морисон научник во Виртуелниот институт за истражување на сончевиот систем, во истражувачкиот центар на НАСА уште во 2007 година изјави дека „Армстронг и другите астронаути од Аполо, не виделе докази за вонземјани на Месечината…“. Исто така, не успеавме да најдеме ниедна изјава на Армстронг во која тој кажува дека го набљудувале два мистериозни објекти на месечината, ниту пак, дека му било кажано веднаш да ја ...
Информации дека Полска наводно се подготвува да се вклучи во воениот конфликт во Украина имаше и во мај годинава, но проверките на Euronews и други независни проверувачи на факти покажаа дека таквите тврдења се лажни. Последна информации говорат дека Полска, заедно со Германија, ќе обучуваат украински војници во новата мисија на ЕУ. Што се однесува до тврдењето во постот дека „Украинците ја лупаат Полска со гранати“ и тоа не е точно. Вака ...
Буџетот за 2023 година влезе во Собранието. Дел од министерствата ќе си дозволат зголемени трошења, но кај дел ќе има кратење – државни инспекторати и агенции догодина ќе располагаат со помалку пари во однос на годинава. „Порталб“ анализира колку пари министерствата, агенциите и други државни институции ќе имаат за трошење во новата буџетска година За судство повеќе пари, за дел од инспекторатите помалку Значајно е зголемен буџетот на Владата, ...
Наспроти тврдењето во постот дека вакцините убиле 20 милиони луѓе, студијата за математичко моделирање објавена во „Лансет заразни болести“ во јуни 2022 година, покажува дека вакцините против ковид-19 спасиле речиси 20 милиони животи ширум светот во текот на првата година кога беа пуштени во употреба Пост на Фејсбук тврди дека вакцините против ковид-19 „убиле“ 20 милиони луѓе. Ова не е точно. Запомнете, сетете се на единаесетти ноември! Во ...
Никсон е доктор кој работи во Бризбејн, Австралија и тој не е првиот кој почна да ја шири дезинформацијата дека во вакцините на Фајзер, наводно има нанотехнологија, односно некакви роботи коишто составуваат објекти во човековото тело. Проверувачи на факти од Нов Зеланд веќе ги оценија како неточни ваквите тврдења, само изнесени од страна на друго лице. Експертите се децидни дека наводите за нанотехнологија во вакцините против ковид-19 се ...
Неодамна во организација на повеќе професионални онлајн медиуми се одржа координативен состанок на кој беа усогласени повеќе нови правила за членство во Промедиа, првиот доброволен национален регистер на он-лајн медиуми. Во пресрет на новите донесени и очекувани директиви на ЕУ за медиумите, ова е сериозен обид да се стави поголем ред во онлајн сферата преку саморегулативни методи, процес на кој и Европската унија смета и очекува од него да даде ...
Единствени сигурно утврдени факти до пладне на 16.11.2022 се дека во полско погранично село со Украина паднала една или две ракети, при што загинале две лица и дека пректилот/те биле од руско производство, но дека не може да се потврди од каде се истрелани, иако последната изјава на американскиот претседател е дека ракетата била истрелана од украинската противвоздушна одбрана Последната вест е дека потеклото на ракетата што падна во село во ...
Со почетокот на војната во Украина, она што можеше да се забележи како дел од пропагандата, а со тоа и со пласирањето на дезинформации од страна на Москва, беше нагласеното инсистирање фокусот на меѓународната јавност да се сврти на БРИКС. Ова за Русија стана исклучително важно откако ги почувствува сите сериозни последици и ризици од економските и политичките санкции и кога, за дел од решенијата, побара излез во поголема комуникација и ...
Нов клинички центар најавуваа сите власти во изминативе десетина години, партиите го ветуваа во изборните програми како клучен капитален објект, се распишуваа тендери, се склучуваа договори, се фрлаа лопати… Изградба на современ медицински центар ветуваа сите министри за здравство од 2010 година, почнувајќи од Бујар Османи, па Никола Тодоров, Арбен Таравари, Венко Филипче до сегашниот Беким Сали, и според ветувањата одамна требаше да биде готов. ...
Центарот за контрола и превенција на болести на САД, официјално потврдува дека вакцината против ковид-19 не влегува во интеракција со нашата ДНК на било каков начин. И УНИЦЕФ исто така потврди дека вакцините против ковид-19 не можат да ја променат човечката ДНК. Во огромниот број светски институции, кои се релевантни и потврдуваат дека до ваква промена не може да дојде се приклучува и Глобалната алијанса за вакцинација ГАВИ Пост на Фејбук ...
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју во емисијата Вин-Вин повеќе пати во дебата со новинарката употреби реченица која што почнува со „вие можете да мислите што сакате“, или „вие можете да тврдите што сакате“….Ваквиот однос на Џафери, без притоа во најголемиот број случаи да се обиде да појасни каде е тврдењето погрешно или да се обиде да ги појасни членовите од Устав или Деловник на кој се повикуваше постојано, се спинови и ...
Од вкупните внатрешни долгови на државно и на локално ниво во износ од скоро 400 милиони евра, дури 20 отсто се само по основ на неплатени сметки за комуналии, струја, греење, транспорт, а скоро 22 отсто од долгот е за неплатени материјали и ситен инвентар, пишува Порталб Здравството, општинските и државните јавни претпријатија со најголем долг Највисоки милионски износи на долгови пријавиле здравствените институции,болници, клиники, институти, ...
На Самитот на групата најразвиени земји Г20 во Бали, министерот за надворешни работи Сергеј Лавров одржа прес конференција, на која изнесе позната пропагандистичка реторика, која досега била повеќепати повторувана, но, пред сè, неговиот наратив содржеше голем број спинови во однос на преговорите меѓу Русија и Украина, за тоа кој, всушност, ја почнал хибридната војна во Украина други Пишува: Весна Коловска Рускиот министер за надворешни работи, ...
Не постои ниту еден доказ ниту истражување, кое покажува дека витаминот Ц е лек за ракот. Од Мајо клиниката велат дека сè уште нема докази дека витаминот Ц сам може да излечи рак. Истражувачите проучуваат дали тој може да ја зголеми ефикасноста на другите третмани за рак, како што се хемотерапијата и терапијата со зрачење, или да ги намали несаканите ефекти од тие третмани. Некои студии сугерираат дека витаминот Ц може да помогне во ублажувањето ...
Премиерот Димитар Ковачевски и Владата на седница ќе ги разгледуваат веќе донесените измени на Законот за здруженија на граѓани и фондации, по што ќе се решава дали има нешто проблематично во нив за да се измени или да се испрати на Венецијанската комисија на проценка. Спинот не е само во темелното разгледување од сите аспекти на законски материјал што е усвоен едногласно, туку и во фактот што премиерот не гледа причина тој да не се применува, ...