
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Ова е уште едно од серијата невистинити тврдења чија цел е неосновано да инсинуираат дека човечкиот фактор и политичкиот Запад, „го предизвикале земјотресот“. Огромната провалија снимена со дрон не прикажува никакво уништување со оружје за земјотреси, туку испукани делови во раседот близу епицентарот на неодамнешните земјотреси во Турција и Сирија. Турција се наоѓа на жариште за земјотреси. Поголемиот дел од земјата се наоѓа на анадолската ...
Светлината што се појавила на небото пред земјотресот во Турција не е никаква мистерија. Станува збор за редок природен феномен, претходно забележуван во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување Рецензираме пост на Фејсбук кој пласираа теорија на заговор за некакви мистериозна светлина која се појавила непосредно пред разорниот земјотрес кој ја ...
„Техномаркет“, преку нивната официјална страница ги информираше корисниците дека информацијата за наводната продажба на телефони за 125 денари е лажна. Оттаму известија дека „се појави лажна Фејсбук страница која го злоупотребува името на нашата компанија и шири лажни информации за продажба на телефони“ Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук (во меѓувреме постот е избришан) во кој се вели: Teхномаркет е казнет за шверц на ...
Во постот лажно се тврди дека тие што се вакцинирани, всушност „повеќе не се луѓе туку хибриди“. Поопширната верзија на оваа теорија на заговор е дека „нанотехнологијата се шири низ телото менувајќи ја ДНК на луѓето и предизвикувајќи хаос во целосниот систем“. Но, вакцините против ковид-19 не ја менуваат човековата ДНК. Според научната јавност, гнетската модификација вклучува намерно внесување на туѓа ДНК во јадрото на човековата клетка, а ...
Постот шири невистини дека Модерна имала произведено 100 илјади вакцини против ковид-19 пред пандемијата воопшто да започне. Директорот на Модерна не кажал такво нешто на конференцијата во Давос, кога тој зборува за 100 илјади вакцини во 2019 година, тоа се однесува на вакцини за други вируси, а не за коронавирусот кој во тој момент не беше ни откриен Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: МОДЕРНА НА ТАПЕТ ...
Во постот се злоупотребува името и логото на Амазон, една од најголемите светски компании за е-трговија со седиште во САД. На официјалната страница на Амазон.ком најевтиниот модел на правосмукалката Duson V11 која се нуди во објавата на Фејсбук, е 149 долари и не постои правосмукалка за 120 денари. Страницата што ја објавува наводната продажбата е создадена на 20 август 2022, но на 05 февруари годинава го променила името. За страницата нема ...
Вистиномер го пронајде оригиналното видео објавено на 23 ноември 2022 година во турските медиуми. Станува збор за друг земјотрес, со јачина од 5.9 степени според Рихтер во близина на селото Чамлибел. Светлината што го придружува земјотресот е редок природен феномен, претходно забележуван во различни делови од светот. Според научниците овој феномен се случува кај 0.5 проценти од земјотресите пред или за време на нивното случување Рецензираме ...
Дел од општините на годишно ниво ги зголемиле, а дел ги намалиле долговите. Во некои општини, долговите на јавните претпријатија се поголеми од општинските долгови, пишува Порталб.мк Еве кои општини колку должат: Општина Тетово, според висината на доспеаните а неплатени обврски, заклучно со декември лани е најзадолжена локална самоуправа со износ од 13,6 милиони евра. Во однос на 2021 година, податоците покажуваат раст на доспеаните обврски за ...
Нема никакви докази за тврдењата оти Украина испраќа деца на воениот фронт да се борат против Русите. Ваквите тврдења се произволни и неосновани. Законот за воена служба на Украина забранува регрутација на лица под 18 години. Членот 15 од Законот за воена служба на Украина вели дека единствените лица на кои ова се однесува се „Украинските граѓани чиј пол е машки, кои се здрави, наполниле 18 години до денот на започнување на службата и лица кои ...
Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот. Картичката со којашто може да се ограничи трошењето пари врз основа на импактот врз животната средина – „произведениот“ јаглерод диоксид при нејзината употреба, не е задолжителна, туку опционална, односно по избор на граѓаните. Тоа од постот, особено од видеоматеријалот под број 2, не може да се разбере, па се добива лажен впечаток дека постои некаква намера да се ограничуваат луѓето во ...
Се пропушта контекстот кога се тврди дека Русија го прогласила доларот за невалидно платежно средство.Во Русија има недостаток на долари во кеш, поради што го има ограничено лимитот на долари коишто може да се вадат од банките. Инаку, во Русија и пред воената инвазија платежната валута што можеше да биде користена во платниот промет беше рубљата, односно во менувачници може да се заменат доларите за рубљи и потоа да се купува Рецензираме пост ...
Кремљ со засилена брзина го проширува кругот на „нацистите“. Прво започна од украинските власти, а сега продолжи да го етикетира целото население и секој што ја поддржува Украина. И додека Украина продолжува да ги ослободува окупираните територии, реториката на руската страна во контекст на нацизмот се зацврстува и станува сè поекстремна Автор: Мери Јордановска Дефинирачка карактеристика, како што најчесто се тврди во странските медиуми и кај ...
ХААРП е проект со седиште во опсерваторија во Алјаска, кој ги проучува својствата и однесувањето на јоносферата користејќи радиопредаватели и не може да предизвика природни катастрофи. Нема докази дека разорниот земјотрес што се случи во понеделникот во Турција и Сирија е предизвикан од нешто друго освен од природни, геолошки причини. Не е првпат ХААРП да биде обвинет за вакви несреќи од теоретичарите на заговор. Изминативе години се тврдеше ...
Фотографија од филмот „Тврдина на војната“, во која може да се види мало девојче во близина на нејзината убиена мајка, е споделено во неколку објави на Фејсбук и Твитер, и истата се поврзува со бомбардирањето на НАТО во поранешна Југославија. Во објавите лажно се пишува дека фотографијата е направена за време на бомбардирањата на НАТО Мисијата на Русија во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), во обид да го илустрира ...
Објавата на претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во која вели дека во последните пет години во земјата се изградени 1.300 километри нови патишта, во нашата македонска реалност прозвучува чудно, па дури и смешно. Излегува дека годишно се граделе по 260 километри, или секоја недела по 5 километри?! Вистиномер побара од Владата попрецизна информација кои патишта се изградени во споменатиот период од пет години, а на листата што оттаму ни ја ...
„Не во ЕУ по секоја цена“ поради „тектонски геополитички промени“ и поради „губење на интегритет и суверенитетот на земјата“ со сите договори досега. Така вели членката на Президиумот на Левица Јована Мојсоска. Ако во исто време не се кажува јасно алтернативата, која, нели, „секогаш ја има“, Левица ја извртува вистината дека е само анти НАТО, а не и анти ЕУ партија. Зашто, лажна е тезата дека „таа алтернатива“ не носи никакви опасности по мирот ...
Едно место напредок, на 72 место од 167 земји, но сепак на дното од списокот земји со „нецелосна демократија“. Вака е рангирана Северна Македонија во најновиот „Индекс на демократијата“ за 2022 година, што секоја година го објавува британската компанија за деловни истражувања, The Economist Intelligence Unit (EIU) Пишува: Весна Коловска И натаму главен проблем е партиската култура,како област со најниска оценка од само 3.13, додека Владата и ...
Според МВР, на 31 јануари воопшто немало затворање на граничниот премин Деве Баир, ниту пак, заплена на три камиони со оружје. Од МВР за Вистиномер изјавија дека станува збор за целосно лажна вест Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: 31.01.2023. Во моментов на Деве Баир запленети се три камиони со оружје, преминот е затворен. Дезинформацијата од постот што го рецензираме беше објавена и на профилот на Миленко ...
Не е вистина дека Планирано родителство е главен партнер на ХЕРА. Од ХЕРА за Вистиномер велат дека тие не се членка, ниту партнер на Планирано родителство. Исто така, во постот надвор од контекст и сосема неосновано се доведуваат во корелација абортусите во САД со пилот програма за сеопфатно сексуално образование во С. Македонија. Овие две работи се неспоиви. Во програмата во С. Македонија опфатени се низа содржини кои не се поврзани само со ...
Ветување: Решавање на проблемот со водоснабдување во с. Кучково [Извор: Изборна програма на Александар Стојкоски (стр.9); Датум: октомври 2021] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски за локалните избори (октомври 2021г.), на кои како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја бараше довербата за градоначалничката функција во оваа општина, вети решавање на проблемот со водоснабдување во Кучково. Ова ветување на Стојкоски, наведено ...
Вистиномер го пронајде оригиналниот напис кој се споделува во постот што го рецензираме и во него нема никакви докази дека германската влада признала оти алармантен број на вакцинирани развиваат СИДА. Но, дури и кога ковид вакцините, хипотетички гледано би станале минус 100 проценти ефективни и ефикасни, тоа не значи дека вакцинираните луѓе ќе добијат СИДА или дека нема да може да се борат против ковид-19. Имунолошкиот систем прави многу повеќе ...
Иако постојат варијaции на темата каде е поголемо руското влијание при последната ескалација на односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, сосема е извесно дека повеќе сериозни извори се согласни дека тоа постои. Несомнено се присутни и голем број информации и дезинформации околу ова прашање и тие се во функција на таа ескалација, со веројатно крајна цел да се држи прашањето отворено и да се ослабнат шансите за постигнување решение за спорот ...
На крајот на септември 2021 година, во кампањата за локалните избори, градоначалникот на Кавадарци , Митко Јанчев на предизборен собир во Ваташа барајќи ја довербата за нов мандат, меѓу другото, вети и доизградба спортската сала во ООУ „Димката Ангелов Габерот“: Спортската сала е отпочната, ќе ја завршиме на почетокот на мандатот, во наредните три месеци. Очекуваме во месец јануари да биде пуштена во функција. Ќе добиеме спортска сала во којашто ...
Според проекциите на Обединетите нации популацијата во светот ќе расте, при што до 2030 година светската популација би можела да порасне на 8.6 милијарди. Тврдењето во постот дека постои план до 2030 година да останат живи само 500 милиони луѓе во светот, не е точно и не оди на иста линија со научните проекции. Со правот од штурец, пак, што ќе биде инкорпориран во производите на една компанија од Виетнам, дури и кога некој би сакал да убива, не ...
Бројот на пензионери во земјава ќе расте, во 2025 година ќе надмине 353.000 лица – корисници на пензија. Ќе се зголемува и сумата за редовна исплата на пензии, пишува Порталб.мк. Стратешкиот план на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија (ПИОМ) за 2023-2025 година изнесе нови, коригирани проценки за движењето на бројот на пензионери и за средствата потребни за пензии во однос на проекциите во претходниот документ. За годинава ...
Премиерот Димитар Ковачевски деновиве на социјалните мрежи во пропагандно видео во чиј опис стои дека „во последните пет години се изградени 1.300 километри нови патишта“, меѓу другото се пофали и дека е изграден автопатот Кичево – Охрид долг 57 километри. Фактички од автопатот што изминативе девет години го градеа три влади, една предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и две предводени од СДСМ – Зоран Заев и Димотар Ковачевски, досега се ...
Најголемиот удар врз стабилноста на пазарот на електрична енергија дојде по војната која Русија ја започна во Украина, рече премиерот Димитар Ковачевски на панел дискусијата „Социјално-праведна енергетска трансформација на Европа” во рамки на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ). Според него, поради тоа дојде до недостаток на енергенси во Европа, особено на природен гас од кој зависи и цената на струјата и снабдувањето со електрична енергија. Од ...
Првата панел дискусија во рамките на конференцијата е-Општество.мк беше на тема „Опсерваторија за Дигитална агенда – Каде е моментално Западен Балкан?“. Дигиталната агенда на ЕУ за Западен Балкан беше усвоена од сите шест земји од Западен Балкан во 2018 година во Софија, а на оваа сесија се дискутираше за статусот и напредокот на спроведувањето на Дигиталната агенда во земјите од Западен Балкан. Инаку, токму проектот „Зголемување на граѓанското ...
Мора да имаме образовани и едуцирани граѓани со знаења и вештини за да се соочиме со предизвиците на кибер безбедноста, додека државата мора да биде ефикасна и да гарантира соодветно законодавство. Ова, меѓу другото, беше кажано на панелот „Кибер безбедност и човековите права во Западен Балкан“ во рамки на 18 меѓународна конференција „е-Општество.мк“ организирана од Фондацијата „Метаморфозис“ во Скопје На панел дискусијата модерирана од страна ...
Агресијата мора да престане. Убивањата и опустошувањата на цивилното население се неприфатливи, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи на првата прес-конференција на македонското едногодишно претседавање со ОБСЕ Под слоганот „За луѓето се работи“, Македонија денеска и официјално, на првата прес-конференција ги презентираше приоритетите за едногодишното претседавање со ОБСЕ. Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ...