
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Наспроти она што го спинува Јакимовски, дека „земјава и со сила ќе беше внесена во НАТО, и без да го смени името“, определбата за евроатлантски интеграции на која било држава е самостојна и независна одлука на секоја од нив. За што впрочем говорат фактите и бројките – 30 држави се членки на НАТО Алијансата, а има и држави од европскиот свет кои не се дел од истата. Досега, историски, не е познат случај некоја држава „со сила да биде внесена во ...
Од ЕВН објаснуваат дека датумите на предната страна на фактурата се датуми на отчитувачката недела на корисникот, односно покажуваат во која група на отчитувачки период припаѓа корисникот. Датумите за реалното фактурирање на потрошувачката се наоѓаат на задната страница на фактурата. Оттаму велат дека реално отчитаните датуми никогаш не се поклопуваат со отчитаните во претходниот месец и нема двојна наплата на потрошувачката на електрична ...
Наспроти невистинитото тврдење во постот, станува збор за моментална депопулизација и еутаназија само на еден вид животни – свињите и тоа поради вирусот на африканска чума којшто се шири низ фармите во Македонија. Од АХВ информираат дека постои разлика како ќе се третираат животните во зависност од тоа каква е фармата и дали се придржува до мерките за заштита односно биосигурносните мерки. Во радиус од три километри од жариштето се врши ...
За последната состојба со пензионирањето на 60-тина судии и 13 јавни обвинители од 01.07.2022, поради исполнување услови за старосна пензија виновна е единствено Владата, односно министерот за правда Никола Тупанчевски, како најнадлежен за обезбедување услови за функционално правосудство. Имено, тој и други одговорни лица навреме биле предупредени за состојбата, а измените на ЗРО како ад-хок решение со кое имаа намера да го бајпасираат проблемот ...
Голема група интелектуалци кои се нарекуваат македонски учители излегоа во јавност со Манифест: Велиме НЕ на понижувачките услови во непристоен предлог. Во Манифестот, покрај сите други причини наведени во содржината, има еден дел околу јазикот, кој засега е спин, затоа што нема фактичка потврда дека такво нешто ќе се случи во текот на евентуалното пристапување на РСМ кон ЕУ – т.е. дека македонскиот јазик ќе биде со додавки или фусноти Пишува: ...
Лекарската комора појаснува дека во пандемија немало лекари за да формира комисија/ии за вонредни стручни надзори, а во исто време признава дека постојат други механизми и модели, како „и правно недоуредени прашања за формирање на комисиите“, кои допрва се бараат, со што, де факто, Комората признава дека во однос на пандемијата многу доцнат во своите реакции. Всушност, тоа е спинот во соопштението, зашто ако се прифати таквото образложение ...
Во целиот овој галиматијас со последици кои веќе се видливи – тешко нарушување на угледот на три многу важни институции за гонење на криминалот и корупцијата, УФП, ОЈО генерално и ОЈО ГОКК, како и Судот, Русковска изговори една многу моќна реченица: „Никогаш нема две вистини. Има само една“. Проблемот е што со толку многу уништена доверба во институциите во изминатите години, но за многу кратко време дополнително „срозана“ и во овој конкретен ...
Наведување само на цените на електричната енергија за компаниите и граѓаните во С. Македонија и споредба со некои земји од регионот е методолошки спин. Спин е, затоа што во секоја земја различно, повеќе фактори ја определуваат цената, а тоа е количеството домашно производство и цената на истото, регулираниот и нерегулираниот пазар, т.е. кои компании се на кој пазар, потрошувачката на севкупниот конзум, потребата за увоз на електрична енергија и ...
Прашањето за вработувањето на Бесмира Ејупи е прашање од висок јавен интерес. И токму затоа, двата спина што ги изрече премиерот Ковачевски, околу шовинизмот и издвојувањето само на Општина Петровец, се недозволиви. Зашто во целата афера станува збор единствено дали се почитуваат законите во државата и дали институциите се водат од главната визија во Стратегијата Едно општество за сите Пишува: Теофил Блажевски Премиерот Димитар Ковачевски даде ...
Доколку со или без референдум С. Македонија се повлече од Договорот за пријателство и соработка со Бугарија, преговарачкиот процес со ЕУ, кој сè уште е само формално започнат, ќе биде блокиран сè до постигнување на нов договор, кој, потоа, логично е да се претпостави, ќе доведе и до потреба за изменета преговарачка рамка со ЕУ. Не треба голема експертиза да се заклучи дека тоа може да значи блокада на земјата на патот кон ЕУ на подолг, можеби, ...
Проблемите кои сега се на површина меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ очигледно се многу подлабоки, а на самата партија одамна ѝ се познати. Тие требало да се воочат и да се надминат уште пред локалните избори, кога ѝ понудиле, а Арсовска прифатила (или обратно), партијата да не истакнува свој кандидат на локалните избори, туку да ја поддржат нејзе. Во најмала рака, несогласувањата требало да се разрешат кога заедно почнале да ...
Сè додека за тоа што навистина се случувало не се произнесе официјално овластен орган, со добро поткрепени докази кои во транспарентна постапка би биле на увид на јавноста, секое натамошно обвинување во една или друга насока од двете главни партии во земјава, плус од Арсовска, може да се оцени како извртување на вистината. Од ова силно спинување, освен вистината, жртва многу реално може да биде не само пречистителната станица за отпадни води, ...
Јавниот интерес ја воспоставува рамнотежата помеѓу основните човекови права и слободата на изразување/информирање и приватност. Доколку јавниот интерес преовладува над приватниот интерес, податоци и информации може да се обелоденат, без разлика дали тие претставуваат повреда на правата на приватност на одреден поединец или група. Ова, меѓу другото, беше речено на панелот „Етика и анонимизација на податоците“, на вториот ден од Меѓународната ...
Не е точна изјавата на руското Министерство за одбрана дека од почетокот на руската агресија во Украина се убиени дваесет платеници од Северна Македонија, а дека во Украина да се борат вкупно 79 платеници од РСМ. Зоран Апостолоски од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот за Portalb.mk изјави дека ова е руска пропаганда. Ваква потврдена информација немаат ниту МНР и МВР Како што јавуваат македонските ...
Во голема акција на полицискиот инспекторат во Карачево, Kосово беа уапсени 12 полицајци. Апсењата на полицајците се извршени под сомнение дека тие помагале во работењето на нелегални казина во областа Карачево. Списокот на уапсените полицајци кружеше низ социјалните медиуми. Сервисот за проверка на факти во Косово – Каllxo.com го провери списокот објавен од порталите, како што се „Индексонлајн“, „Сигнал“. „Инсајдер“ на „РТК“ тврди дека е ...
Ветување: Бесплатното пливање за сите првачиња, почнувајќи од септември 2022 година [Извор: Прес-конференција на градоначалникот Тимчо Муцунски; Датум: 20.01.2021 г.] ОБРАЗЛОЖЕНИЕ: Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, во јануари на презентацијата на општинскиот Буџет за 2022 година, меѓу другото, вети и бесплатното пливање за сите првачиња од основните училишта во Аеродром, почнувајќи од септември оваа година. Ова ветување на ...
Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИJЗК) ги искриви фактите, цитирајќи статија поврзана со истражувањето на универзитетот Оксфорд за управување со пандемијата во различни делови на светот, известува Сервисот за проверка на факти во Косово, Kallxo.com. Намерно или не, НИJЗК лажно заклучи дека истражувањето го наведува Косово меѓу земјите со најдобро управување со пандемијата на КОВИД-19. Институтот објави напис на Еуроњуз поврзан ...
Косовскиот министер за здравство, Арменд Земај, пред две недели вети дека за „три-четири дена“ ќе се зголемат капацитетите за тестирање за COVID-19. Земај ја даде оваа изјава на прес-конференција на 14 септември, одговарајќи на прашање на Сервисот за проверка на факти во Косово, Kаllxo.com . Земај тогаш изјави дека се инсталирани два RT PCR уреди за да се вршат тестови, како и уште еден во Грачаница и дека во рок од три-четири дена капацитетите ...
Есенската сезона заедно со загриженоста и прашањата за Ковид-19, е придружена и со страв од нов бран на инфекции како резултат на преклопување со обичниот сезонски грип. Иако има некои мали флуктуации, дневните стапки на инфекции не се намалуваат. Од друга страна, Министерството за здравство на Албанија гарантира дека „сè е под контрола“, повикувајќи се на бројки и компаративни илустрации, за што проверката на Албанскиот сервис за проверка на ...
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти, ја промаши годишнината од падот на Берлинскиот зид во Германија, известува Сервисот за проверка на факти во Косово, Каllxo.com. Потсетувајќи на годишнината од обединувањето на Германија во сабота, Хоти на Фејсбук напиша дека се оболежуваaт 30 години од падот на Берлинскиот ѕид. Но, всушност, оваа годишнина беше во ноември минатата година, бидејќи тој месец 1989 година падна Берлинскиот ѕид. Денеска се ...
Премиерот на Косово, Авдулах Хоти даде две контрадикторни изјави во врска со времетраењето на преговорите со Србија за меѓусебно признавање, известува сервисот за проверка на факти на Косово, Kallxo.com. На прес-конференција во вторникот (06.10.2020), премиерот Хоти рече дека на Косово не му преостанува ништо друго освен да води дијалог со Србија сè додека не се постигне конечен договор за меѓусебно признавање, дури и ако овој процес трае 5 ...
Пред неколку дена, премиерот на Албанија, Еди Рама зголемување на платите на наставниците за 15 проценти, пишува сервисот за проверка на факти во Албанија, „Фактоје“. Според премиерот Рама и министерот за финансии и економија Анила Денај, зголемување ќе има за наставниците од основните и од средните училишта. Првите ќе добијат 6.300 леки повеќе плата, додека вторите ќе има просечно зголемување од 6.750 леки.Зголемувањето на платата се очекува да ...
Бројот на активни проверувачи на факти ширум светот надмина 300 – околу 100 повеќе отколку што изброи истражувањето на „Дјук репортерс“ пред една година, пишува „Репортерс лаб“. Дел од тој раст се должи на изборите во 2020 година во САД, каде во глобалната база на податоци и мапата на „Репртерс лаб“ може да се најдат околу 58 проекти за проверка на факти. Тоа е двојно повеќе од која било друга земја и скоро една петтина од сегашната бројка во ...
Руските државни медиуми имаат проблем со кредибилитетот и тие самите го знаат тоа. Според истражувањето спроведено во 2019 година од страна на рускиот аналитички „Левада Центар“, околу 50 проценти од Русите сметаат дека информациите од државните ТВ канали – главниот извор на вести за повеќето Руси, не се веродостојни. Овој процент расте секоја година, заедно со зголемената доверба во независните веб-медиуми и социјалните медиуми, како ...
Во ова време на избори насекаде во светот, на про-Кремљ медиумите, дефинитивно, не им е лесно. Да почнеме со Молдавија. Според овие медиуми, САД, наводно, ја подготвуваат опозицијата во Молдавија за масовни протести, па дури и за шарена револуција. Но, зошто САД би направиле такво нешто? Бидејќи, наводно, Молдавија игра стратешка улога во американската политика на ограничување на влијнието на Русија, пишува „Еувсдисинфо“ во нивната последна ...
Про-Кремљ медиумите користат волуменост – обемност за да го засилат впечатокот. Пример: Досега во 2020 година, зборот „русофобија“ или нејзината придавка „русофобична“, се појави во над 30.000 статии објавени на 4.800 веб-страници на руски јазик, се вели во последниот напис на „Еувсдисинфо“. Руските медиуми контролирани од државата имаат тенденција да користат „гласен“ јазик. На 2 октомври, по проблематичните избори и насилиството против ...
По денот на изборите во САД, про-Кремљ медиумите тврдат дека американската демократија е илузија, изборите биле лажни и поради тоа САД немаат право да им држат предавања на другите за човековите права или демократијата, пишува „Еувсдисинфо“. После изборниот ден во САД, про-Кремљ медиумите се фокусираа на влијанието врз перцепцијата на јавноста за самото гласање и на неговите наводни последици. Најјасна демонстрација на промената во пораките ...
Теоретичарот на заговори од Албанија, Алфред Цако, познат по неговите ставови полни со конспирации, во последната негова изјава дадена во емисијата „Недела“ во „Топ Ченл„, а објавена во онлајн медиумот „Шекули“ на 06.12.2020г., рече дека вакцината против Ковид-19 е форма на евтаназија за намалување на светската популација. Самите вакцини ќе бидат форма на евтаназија, но со подолг ефект од една година. За 10 месеци ќе даде рамномерен смирувачки ...
Според едно истражување и анкета спроведена од „Метаморфозис“, за перцепцијата околу дезинформациите, 90 отсто од испитаниците се изјасниле дека најголеми дистрибутери на дезинформации се политичарите, потоа медиумите и новинарите, а потоа социјалните мрежи. Ова се само дел од податоците што ги откри главната уредничка на Порталб.мк, Елида Зилбеари во емисијата „Клик плус“ на ТВ21 каде се зборуваше за лажните вести, слободата на изразување и ...
На светските пазари во јули цените на храната и на суровините беа во пад, но колку овој тренд ќе се одрази врз крајните потрошувачи? Засега Македонија и земјите од регионот на свој начин се подготвуваат да ја завршат економската 2022 година во амбиент на силен ценовен притисок и енергетска криза, пишува „Порталб“. Сепак, различни земји на различен начин се борат со инфлацијата. Албанија и Хрватска најавија замрзнување на цените на струјата, а ...