
Скопје
25ᴼ /
25ᴼ



Преку оваа програма, најдобрите учесници ќе имаат можност за практиканство во медиумите на Метаморфозис, Мета, Порталб или Вистиномер, а двајца ќе имаат можност да поминат еднонеделна студиска посета во САД. Предавач на обуката, која ќе се одржи во Струга од 22 до 24 март 2023 година, меѓу останатите, ќе биде еминентниот новинар Џон Гринберг, дописник на PolitiFact Остануваат уште четири дена до крајниот рок (03.03.2023 година) за апликација ...
Во обид да ги одбрани големите пекари, кои одбија да продаваат леб по 33 денари, цена утврдена од Владата, потпретседателката на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска аргументираше дека во градовите како Штип лебот се продава за 30 денари, бидејќи нема големи маркети. Потрошувачите во Штип, според неа, се снабдуваат од маалски продавници, бидејќи во градот нема големи маркети, како Веро, Тинекс, Кипер, КАМ. Но, ова е невистина. Во Штип не само ...
Русија сака да се наметне и да се претстави како главен светски бранител на традиционалното и религиското, а тоа можеше да се забележи и во неодамнешниот говор на Путин, кој уште еднаш нагласи дека ова е „војна за заштита на нашите деца од деградација и дегенерација“. Наративот за „загрозените вредности“ обично се користи за да ги оспори западните ставови за правата на жените, етничките и верските малцинства и ЛГБТКИ+ групите. Про-Кремљ ...
Постот што го рецензираме е клеветнички и невистинит. Во него погрешно се контекстуелизира немањето плата во здравствениот сектор во тековниот период, со ковид кризата. Двете работи воопшто не се поврзани, платите за медицинарите доцнеа поради сајбер напад врз Фондот за здравство. Исто така, постот неточно и тенденциозно тврди дека за време на ковид пандемијата лекарите убиваа со ковид протоколи. Вистината е дека лекарите третираа и лекуваа ...
Постот шири невистини дека училиштата во кои учат Албанци нема дојави за бомби. На 15 декември 2022 година, на пример, дојави за поставени бомби имаше во кумановските основни училишта „Бајрам Шабани“, „Крсте Мисирков“, „Браќа Рибар“ „Јероним Де Рада“ каде наставата се изведува и на македонски и на албански наставен јазик. Истиот ден лажни дојави за бомби добија гимназијата „Зеф Љуш Марку“ во Скопје и гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, каде ...
Три години по почетокот на пандемијата сè уште е нејасно дали коронавирусот што ја предизвикува болеста ковид-19 се проширил по природен пат од животно, или истекол од лабораторија. Секој нов извештај за потеклото на вирусот веднаш предизвикува враќање на дезинформации и теориите на заговор поврзани со коронавирусот. Од американското Министерство за енергетика протече информација дека последниот извештај, со „мала сигурност“ смета оти вирусот ...
Не е вистина изнесеното во постот, дека германските власти имале неуспешна акција за поставување на руски тенк пред амбасадата во Германија. Германски активисти, односно кустоси на музеј, биле организатори на поставувањето на тенкот, кои протестирале против руската инвазија во Украина. Што се однесува до положувањето на цвеќињата на тенкот наредниот ден, на протестот присуствувале и лица кои ја поддржуваат помошта што Украина ја добива од Европа ...
Резултатите од истражувањата на јавното мислење, колку и да се со стапици, сепак остануваат еден од најрелевантните аргументи кога се искажуваат ставови за мислењата или ориентираноста на граѓаните. Од неколку анкети може да се констатира дека постојат проруски чувства во РСМ , тие не се за занемарување, но исто така, факт е дека мнозинството од граѓаните сепак се прозападно и про ЕУ ориентирани, со силна нагласка на Германија и САД како на ...
Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски во својата предизборна кампања, меѓу другото, го даде и следното ветување: Обуката и полагањето за возачка дозвола претставува сериозно оптоварување на буџетот на секое семејство. За младите да положат за возачка дозвола се вклучуваат и дедовци и баби и од тие причини Општина Карпош ќе донесе одлука да даде поддршка да ги покрие трошоците за обука и за полагање на сите млади луѓе кои ќе ...
Груби може да се запраша зошто дури ни „мајсторот“ за пи-ар, каков што беше премиерот Никола Груевски, никогаш не си дозволил да прави реклама од своето работење во канцеларија. И тој се жалеше дека работи 24/7 – 365 дена, дека повеќе од 12 часа минува со своите премиерски обврски, но кога сакаше да прави пи-ар или се „рекреираше“ со велосипед покрај кеј, каде што камерите „случајно го уловиле на дело“, или, пак, шутираше и даваше голови во мал ...
На интернет просторот циркулираат серија анти-НАТО наративи поврзани со воената агресија на Русија врз Украина, а кои имаат за цел да креираат оправдување за оваа агресија така што ја обвинуваат Алијансата за воени акции. Овде спротивствуваме аргументи на пет од таквите наративи кои ја извртуваат вистината во однос на одговорноста за руската агресија врз Украина и улогата на НАТО алијансата во Европа и пошироко во светот Пишува: Мирослава ...
Преку манипулативна комуникација со јавноста во која има ред вистина, ред полувистина и невистина главната партија на опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ, спинува за феноменот на хибридните закани со кои се соочува државата веќе пет месеци – заканите со поставени бомби Пишува: Теофил Блажевски ВМРО-ДПМНЕ искомуницира со јавноста преку соопштение во кое се детектираат спинови: 5 месеци Ковачевски и Спасовски не се способни да ја гарантираат безбедноста на ...
Во постот што го рецензираме надвор од контекст е извлечена само една реченица од која погрешно се интерпретира она што украинскиот претседател Володимир Зеленски го кажа на прес-конференцијата на годишнината од воената инвазија на Русија врз Украина. Од целиот одговор на Зеленски на прашањето на новинарот на Еј Би Си Њуз, што би им порачал на Американците коишто сметаат дека Америка дава премногу голема помош за Украина, јасно се гледа дека тој ...
Страницата од којашто е споделена лажната наградната игра не е официјалната страница на Нептун, има назив: „Производи за домаќинство“ и ги нема основните обележја кои би сугерирале дека станува збор за веб-страница поврзана со Нептун. За разликите од оваа страница на официјалната страница на Нептун се наведени адресите, веб-страницата на компанијата, вистински промоции и перформанси на техниката што се продава во нивните салони, има контакт ...
Станува збор за невистинита наградна игра којашто доколку, според упатствата се проследи до крајот и доколку се следат насоките и се пристапи на линкот за учество, станува евидентно дека е креирана за да ги добие вашите лични податоци, вклучително и домашната адреса и телефонскиот број, кои понатаму не е познато за какви цели би можело да бидат злоупотребени. Фан страницата од која се споделува лажната наградна игра не е официјалната страница на ...
Само кон домашните кредитори, банки, осигурителни компании, пензиски фондови, по основ на земен заем државата должи повеќе од 2.500.000.000 евра, пишува Порталб.мк. Внатрешниот долг кон домашните кредитори значајно е зголемен, но во исто време драматично е променета структурата – над 76 отсто од долгот е долгорочен 1,1 милијарда евра или скоро половина од внатрешниот долг е со рок на отплата од 15 години Сите документи се подготвени, се чека ...
Главниот дезинформациски наратив во февруари во македонскиот медиумски простор беше изречен од претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на само три дена пред одбележувањето на годишнината од руската инвазија врз Украина. Тој го преврте „огледалото“ и де факто рече дека Русија морала да влезе со воена сила во Украина за да се одбрани од Западот. „Сакам да повторам – тие ја започнаа војната, а ние употребивме сила за да ја запреме“, ...
Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во којашто вели дека не рекол дека ќе има предвремени избори, според проверката на Вистиномер е полувистинита. Изјавите на Мицкоски од декември и јануари, сепак укажуваат на тоа дека тој со прилично голема доза на сигурност ја уверувал јавноста дека има доволен број пратеници од партиите на власт, со кои би направил ново мнозинство за да се изгласа недоверба на Владата, по што би имало предвремени избори. Иако, ...
Во објавата неточно се тврди дека родителите кои не ја исполниле својата законска обврска да го вакцинираат нивното дете против заразни болести, не сториле никаков прекршок. Ова е целосно извртување на вистината. Според Законот, пациентот нема право да одбие медицинска интервенција, ако таквата постапка ќе предизвика некому штета, дали на пациентот или на други лица. А таков е случајот со вакцинацијата, бидејќи таа се врши како заштита од ...
Изнесените тврдења во постот немаат никаква поткрепа и се засновани на рекла-кажала. Ниту Мицкоски, ниту Ковачевски, досега не спомнале дека треба да има референдум за уставни измени кој би се одржал заедно со парламентарните и претседателските избори. Ваков договор меѓу партиите нема Пост на Фејсбук манипулира дека двете најголеми партии (се мисли на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ) се договориле на ист ден со парламентарните и претседателските избори, да ...
Теоријата дека формата на Земјата е рамнина или диск е научно отфрлена. Постојат многу начини да се докаже дека Земјата не е рамна. Една брза опција е да се провери библиотеката со слики на НАСА, која има и видео во живо на Јутјутб за тоа како изгледа Земјата од вселената. Фотографии од тркалезната форма на Земјата имаат направено и Русија , јапонската вселенска агенција и Кина Објава на социјалната мрежа Фејсбук тврди дека Земјата е рамна и ...
За само една година, значајно зголемување на каматите на новоодобрените кредити за фирмите – просечната камата надмина 5 отсто. Зголемени се и каматите за минусните салда на трансакциските сметки, пишува Порталб.мк. Расте бројот на банкари кои го следат сигналот од Народната банка за раст на каматите – тој број го достигна нивото од кризната 2008 година Каматите на кредитите за фирмите надминаа 5 отсто Февруарски, дел од банките испорачаа ...
Оваа објава што се споделува на Фејсбук е неточна. НАСА нема никаква врска со хебрејскиот јазик, туку е само скратеница од целосното име на оваа институција во САД, а преводот на зборот на хебрејски не значи „измама“. НАСА (National Aeronautics and Space Administration), е независна агенција на федералната влада на САД одговорна за цивилната вселенска програма, аеронаутичко истражување и вселенско истражување Преку објава на социјалната мрежа ...
Најновиот говор на рускиот претседател Владимир Путин беше искористен да се пласира еден стар руски наратив околу Украина – Русија само се бранеше. Овој наратив беше обновен и засилен со два-три поднаративи, а беа споменати и „нацизмот“ и „русофобијата“. Овој дезинфо наратив за Западот како главен виновник е и варијација на темата „Украина е главен виновник“, што Путин ја употреби во јануари говорејќи во Санкт Петербург Говорот на рускиот ...
Постот дезинформира дека НАТО ја турка Украина да се бори до последниот Украинец. Ова е потценувачки наратив за илјадниците војници во Украина, како и за патриотските и одбранбени дејства коишто тие ги спроведуваат бранејќи се од руската агресија. Не е точно ниту дека снемало мажи, па Зеленски „испраќа жени да бидат убивани на фронтот“. Жените одат доброволно во служба и нивниот број по воената инвазија од Русија врз Украина е зголемен ...
Пред неколку дена во Брисел беше објавен Првиот извештај за манипулација со странски информации и закани од мешање од страна на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАS), во кој за периодот октомври-декември 2022 г. биле идентификувани 100 такви инциденти, при што најголемиот дел доаѓале од Русија, а потоа помал дел и од Кина. Во него се групирани и петте главни наративи кои се користеле околу агресијата врз Украина на крајот од минатата ...
Постот тенденциозно дезинформира дека ЕУ и САД вршат геноцид врз сирискиот народ. Геноцидот е меѓународно злосторство на намерно потполно или делумно уништување на националните, етничките, расните и религиските групи и спаѓа во најтешката група злосторства против човештвото. По катастрофалниот земјотрес од 6 февруари и ЕУ и САД помагаат и доставуваат хуманитарна помош и во Турција и во Сирија Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа ...
Постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит. Неточно се тврди дека земјотресот е произведен геолошки напад, дека повлекувањето на дипломатите било поради земјотресот и дека Турција решила да излезе од НАТО. Што се однесува на невистинитите за ковид вакцините и пандемијата кои ги споменува сенаторката Дијана Ловановици, истите Вистиномер ги има дебанкирано повеќепати Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, во кој се ...
Украина и Русија не се „заведени од Западот да војуваат за нивна пропаст”, како што се тврди во постот, туку Украина, како суверена држава, признаена и членка на ОН е жртва на агресија од својот сосед Русија која официјално анектира нејзина територија. Украина војува да се ослободи, односно ја брани својата независност, а Русија војува за да приграби што повеќе украински територии. Ако Русија престане да војува и ги повлече своите војници, ...
Постот што го рецензираме е манипулативен и му недостасува контекст. Тоа што на ист ИБАН број – меѓународен број на банкарска сметка, се собираат донации за настраданите во Турција и помош на Украина, не значи дека се прави манипулација со парите. На иста меѓународна банкарска сметка сметка може да се донираат пари за настраданите во Турција и Сирија, со тоа што во „цел на дознака“ треба да се напише дека донацијата е за земјотресот во Турција и ...