
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Во објавата се изнесени неточни тврдења, тие освен што се субјективни, базирани на немедицински пристап и без никакви докази, претставуваат опасност и се штетни за јавното здравје. Според Светската здравствена организација (СЗО), вакцинацијата е најефективниот начин за спречување на инфекција и тешки исходи предизвикани од вируси на грип. Ризиците од несакан настан по вакцинацијата против грип се многу поретки отколку компликациите поврзани со ...
За само една година значајно се зголемил негативниот став на македонските граѓани кон Русија, која од групата на пријателски земји се пресели во „најголеми непријатели“, веднаш зад Бугарија. Ова го покажа испитувањето на јавното мислење и анализата насловена: „30 години независност (Анализа и истражување на јавното мислење)“, од авторите Александар Спасеновски, Васко Наумовски и Јован Андоновски, а во издание на Институт за општествени ...
Нова дојава за поставена рачна експлозивна направа пристигна на електронските адреси на училишта за средно образование во Скопје. Како што информираат во Министерството за внатрешни работи, во СВР Скопје околу 14.30 часот денеска е пријавено дека до осум училишта пристигнала електронска порака со закана за поставена бомба. Ова е четврти пат во последниве две недели да има дојави за поставени бомби во скопски училишта. Сите досега беа лажни. ...
Фахрудин Хамиди вели дека е заинтересиран за легалитетот на процесот, па затоа бара од данскиот оператор детално образложение како се одвивал процесот на селекција на 270 кандидати за идни контролори и како биле рангирани 8 најдобри, колку што бара и М-НАВ во конкурсот од јули. Сепак, тоа нема логика, зашто во целиот процес на сeлекцијата и на тестирањето учествувале и десетина искусни лиценцирани контролори кои работат на други високи позиции ...
Не е вистина дека до 2030 година преку „присилна вакцинација“ ќе бидат воведени 500 вакцини, како што се тврди во постот. Дел од тие вакцини веќе постојт и само ќе бидат воведени во земји каде што не се сега достапни. Не значи ни дека секоја жена, маж и дете ќе ги примат, ниту пак, во документот IA2030 во делот за имунизација, се споменува дека ќе бидат присилно администрирани. Тврдењето дека елитата ќе успее да ги избегне овие вакцини, а ...
Во постот што го рецензираме намерно се изоставени клучните образложенија и аргументи на државите кои во ОН гласаа против документот на Русија. Причините за таквиот став се неповрзани со генералната и изворна борба против нацизмот, неонацистичките идеологии и слично. Јасна е намерата за злоупотребата на тие имиња од страна на Русија за да се оцрни Укрaина, како и да се најде оправдување за руската агресија врз украинскиот суверенитет ...
Политичката партија Левица, искажувајќи став околу негативното гласање на С. Македонија во Собранието на ООН за предлог резолуцијата на Русија за борба против глорификација на нацизмот, неонацизмот, расизмот…, оценува дека сето тоа се случувало во време кога такви појави се регистрираат (и) во земјава. Но, во набројувањето на таквите појави се наброени работи околу кои Левица ја извртува вистината, како што е и работата на мешовитата ...
Тврдењето дека Америка планира да активира нуклеарна бомба во Украина и за тоа да ја обвини Русија, не е базирано на никакви докази. Ваквото тврдење е тенденциозно и целосно произволно нафрлено. Пред да се појави оваа дезинформација, Русија ја обвини Украина дека планира да активира „валкана бомба“ на својата територија и така да ја ескалира воената состојба. Белата Куќа на 24 октомври годинава, остро ги отфрли обвинувањата на Русија дека ...
СДСМ можеби со право реагира за блокадата на собраниска комисија што е раководена од опозицијата и без чија расправа не можат да поминат владините мерки за помош на загрозени делови од населението во услови на криза. Но, решение постои и ако навистина не може да се постигне меѓупартиски договор, владејачкото мнозинство секогаш има на располагање можеби непопуларно, но, сепак, решение за да се одблокира функционирањето на Собранието Пишува: ...
Постот дезинформира дека мејнстрим медиумите измислуваат дека во Јужна Кореја имало стампедо, а дека наводно станува збор за смртни случаи како последица на вакцините против ковид-19. Бројни светски медиуми објавија извештаи за трагичниот настан со над 150 жртви на денот кога во Јужна Кореа се прославувал Хелоуин и кога огромен број млади излегле да учествуваат на маскенбал во дискотека. Стампедото се случило на јавно место, голем број на ...
Пругата кон Бугарија е најветуваниот проект од сите политички елити во изминатите три децении. Кај местото Шупли Камен во близина на Куманово деновиве повторно почна да се гради „пругата наречена надеж“, власта сега уверува дека пругата ќе биде изградена до крајот на 2027 година Изградбата на пругата започна во 1994 година во време на Владата предводена од СДСМ и тогашниот премиер Бранко Црвенковски. Во 2004 година изградбата е стопирана, ...
Извозот на рускиот гас бележи значителен пад во Европа и таквиот пад само ќе се зголеми уште повеќе идната година како резултат на онеспособувањето на Северен тек 1 и 2, како и одлуката на Путин да води енергетска војна со Западот. Газпром годинава заработи куп пари заради високите цени на гасот. Европа можеби ја чекаат една или две тешки зими со отежнато снабдување, но економските и финансиските капацитети на стариот континент, споредено со ...
Владата одлучи за фирмите од прехранбената индустрија, да има пониска цена на струјата што треба да резултира со поевтинување на основните прехранбени продукти, пишува Порталб. Иако првите ефекти се очекуваат од 1 декември, деновиве во повеќе маркети се забележуваат ценовни осцилации – производи од ист бренд се продаваат по различна цена, а лебот и маслото за јадење во некои од продавниците веќе се продаваат со пониска цена. (Не) реално ...
Пост и видеото коишто се споделуваат на Фејсбук се со изменета содржина (altered video). Во ниту еден момент од видеото, Обама не е ниту лут, ниту пак, е вистина изнесеното во постот дека не успеал да ја контролира толпата присутни на неговиот говор. Аудио делот во позадина на видеото е измонтиран, односно додаден за да се добие лажна слика дека голем број граѓани со вулгарни зборови го исвиркале Бајден додека Обама зборувал Рецензираме пост ...
Во постот што го рецензираме невистинито се тврди дека лицата може да го менуваат полот во Шкотска ако сакаат на секои три месеци. Ова не е точно, при аплицирањето за промена на полот се дава и заклетва дека лицето има намера да остане во стекнатиот пол до крајот на својот живот. Дополнително, после самата апликација, се чека 3 месеци (според предлог законот), односно се дава период на апликантот да размисли односно да направи рефлексија за ...
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски искажа став за ветување на актуелната власт за промена на суштината на македонската држава преку јазикот, историјата и идентитетот, кои не се поткрепени со ниту еден релевантен аргумент или факт Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, гостувајќи на емисија на ТВ Алфа изрази став околу неприсуството на претставници на власта во С. Македонија за време на отворањето на Клубот Вапцаров ...
Во овој пост се пропушта контекстот кога се тврди дека луѓето биле измамени од системот и дека Австралија тајно го прогласила ковид-19 за непостоечки. Кога ќе се пристапи до веб-страницата на здравствените власти на Австралија, се гледа дека ковид-19 не е прогласен за „умрено“, туку променети се некои правила во врска со тоа како треба да се однесуваат лицата кои ќе се заразат со ковид-19. Наспроти изнесеното во постот, ковид-19 постои и сè уште ...
Постот невистинито тври дека директорот на Модерна признал дека ковид-19 е како сезонскиот грип. Тој не кажува ниту дека само на ранливите им е потребна вакцина, туку кажува дека и младите може да се вакцинираат против ковид-19 како превенција (прави споредба со превенцијата од разболување која со години ја нуди вакцината против инфлуенца т.е грип). Но, изразува и свое лично мислење дека бројот на оние што секоја година ќе примаат бустер ќе биде ...
Објавата се повикува на текст којшто информира дека во земјава лани биле пријавени 25 илјади случаи на мозочен удар. Но, никаде во написот не се споменува вакцинацијата против ковид-19 како причинител на мозочните удари, тоа е сосема произволна, неаргументирана и непоткрепена констатација на авторот на постот Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели дека во Македонија има епидемија на мозочни удари после ковид ...
Текстот што се споделува во овој пост на Фејсбук е манипулативен и ја дезинформира јавноста за ситуацијата во Иран и војната во Украина, со цел Америка да се прикаже како некое лошо дете кое ги тепа и казнува сите. Написот е хаотичен и не нуди никакви факти и докази за искажаните тврдењата, туку само нафрла чаршиски муабети Пост на Фејсбук споделува ударен наслов, обвинувајќи ги САД за некаков државен удар и „нови жртви“, иако изнесеното во ...
Во објави на Фејсбук се злоупотребуваат брендовите „Амазон“ и „Самсунг“ и се мамат корисниците на Фејсбук да оставаат свои лични податоци кои подоцна може да бидат злоупотребени. Доколку се посети официјалната страница на Амазон и се пребарува „Samsung“ телевизор од истиот модел како на ФБ објавите, ќе се добие понуда со цена од 124,46 американски долари. Телевизор за 120 денари не постои. Од официјалното претставништво на компанијата „Самсунг“ ...
За изнесените тврдења во објавата, дека имало притисок од НАТО офицери на САД врз министерката за одбрана, Славјанка Петровска поради тоа што наводно не можела да обезбеди илјада војници од АРМ да се вклучат во Бугарија и Романија, не се посочува ниту еден извор, ниту, нечија изјава, ниту, пак, поблиску се лоцира од каде потекнува оваа (дез)информација. Министерката Петровска во изјава за Вистиномер ги отфрли ваквите тврдења Рецензираме пост ...
Најголемите партии во државата како да не водат сметка во својата секојдневна меѓупартиска пресметка околу штетата што се прави со обвинувањата лиферувани од партиските штабови. Еден таков пример беше изминатиот викенд и понеделничкиот (31.10.2022) кога препукувањето беше насочено кон прашања поврзани директно со односите меѓу Скопје и Софија. Корисник требаше да биде општата јавност, а колатерална штета е толку посакуваното единство околу ...
Претседателот на ССМ, Дарко Димовски, со пресуда од 1993 година за кривично дело со кое била нанесена тешка телесна повреда не може да бара основа за разрешување на актуелниот в.д. директор на Ј.П. Водовод и канализација – Скопје, затоа што таа наводна пресуда и да постоела, одамна е избришана од казнената евиденција. Можеби има други синдикално оправдани причини да се бара оставка или разрешување на еден в.д. директор, но таква пресуда сигурно ...
Сите светски медиуми и агенции под назнаката итно или „breaking news“ ја пренесоа веста за оружениот напад во градот Ижевск во руската Република Удмуртија, во училиштето 88, при што меѓу десетината загинати има и повеќе деца. Но, информациите од ваков тип оружени напади, во контекстот на руската агресија на Украина, на референдумот што се одвива во окупираните региони Доњецк, Луганск и Херсон, и на севкупната состојба меѓу Русија и Западот, ...
Општините најмногу се „потпираат“ на парите што им ги дава Владата по основ на дотации-трансфери, а најголем дел од општинските буџети ги трошат за плати, придонеси и надоместоци. Драматично високите сметки за струја ги „поматија“ општинските сметки – во најава е дека училиштата се пред енергетски колапс, ако се платат сметките за струја, ќе нема пари за плати, пишува Порталб Од кои извори се собраат пари и за што се трошат Општина Арачиново ...
Дел од општините за половина година потрошиле позначајна сума на пари за комунални сметки. На приходната страна, пак, процентот на наплата на данокот на имот варира, ретки се општините кои за шест месеци собрале половина од планираниот износ за целата година, пишува „Порталб“ во својата анализа во којашто се прикажани податоците за општинските каси на Липково, Тетово , Сарај, Чаир, Струга, Студеничани Општина Липково во првата половина од ...
Помалку пари за договорни услуги, за реконструкција на основни и средни училишта, за универзитети, за животна средина, повеќе пари за комунални сметки, за набавка на опрема и машини и за мерки за помош. Некои министерства ќе останат без дел од буџетските средства наменети за капитални вложувања, во други пак се крати за една намена, се додава за друга. Но главно – кратењата се кај ставките за капитални расходи. Порталб.мк објавува детали за тоа ...
Лекот ЕБЦ-46 во 2014 година се покажал како ефикасен кај животни во лекување само на тумори кои не метастазираат. Во 2022 година научниците од универзитетот Стенфорд објавиле дека лекот, откако се покажал успешен во лекување на некои тумори кај кучиња, почнал да се тестира кај луѓето. Значи, не е точно дека овој лек веќе е пробан кај луѓето и дека е ефикасен, како што се тврди во постот. Лекот сè уште е во фаза на испитување. Така што, постот ...
Точно е дека ширум светот се шират дезинформации дека вакцината е забранета во повеќе држави, во склоп на антивакциналната кампања која е дебанкирана. Њујорк Тајмс редовно објавува податоци за досега администрираните дози ширум светот, по држави и евидентно е дека вакцината против ковид-19 се дава насекаде Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: Луѓе не дозволувајте да ве убиваат! Боцките за ковид се забранети ...