
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Во рамки на денешната меѓувладина седница на Македонија и Албанија, ресорните министерства од двете влади потпишаа договори и меморандуми кои се однесуваат на повеќе области. На потпишувањето присуствуваа премиерот на Македонија Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија Еди Рама. Премиерите посочија дека ваквите договори и меморандуми уште повеќе ја зацврстуваат соработката на двете земји и нудат можност за зближување, зајакнување и ...
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, одржа тет-а-тет средба со претседателот на Владата на Република Албанија Еди Рама. На средбата премиерите на двете земји ја потенцираа важноста за натамошно унапредување на билатералната соработка, која и сега е на високо ниво. Премиерите дискутираа за потребата од зацврстување на соработката во повеќе сегменти, особено во овие турбулентни времиња на воени превирања и светска ...
Пријава за кршење на правото на Европската Унија беше поднесена против Република Бугарија денес пред Европската Комисија. Поводот е одбивањето на Бугарија да го регистрира Македонскиот Клуб за Етничка Толеранција, со што се кршат неколку основни одредби на правото на ЕУ, директиви, процедури и пракси на Европската Унија. Ова следи по 14 успешни судски процеси кои македонски организации ги отпочнаа против Бугарија пред Европскиот Суд за Човекови ...
Украдените икони од струшко пронајдени во Албанија по девет години се враќаат во земјава. Заврши процесот на реституција со кој 21 вредна икона и црковни артефакти однесени при кражби до крајот на годинава ќе бидат вратени во црквите во селата Радожда, Буринец и Селце. Албанската полиција ги пронајде во Тирана во 2013 и оттогаш се чуваа на безбедно во два музеја во Тирана. „Тие сѐ уште не се вратени, но процесот е во една финална фаза. Иконите ...
Оригинален документ за отворање на училиште на македонски јазик во пограниичното село Горно Крчишта, округ Пешкопеја, е еден од многуте документи за постоењето на Македонците во овој дел на Албанија, што го објавува Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво “Илинден“ -Тирана. Според него во докуменотот со датум од 11 февруари 1946 година стои дека министертвото за образование дозволува настава на македонски јазик, по барање на жителите ...
Дниве многу се зборува за некаков „НОВ“ Закон за високото образование. Колку за информација на оние што ги интересира, овој Закон директно влијае и врз работата на Институтите во државава. Од таа причина, очекувам дека и ние треба да дадеме свое мислење за неговите „измени“, кои до сега се непознати за нас. Во стилот на Шојиќ „при немогуќству да општим с одговарајуќим људима“ на темата за „измени“ на Законот за високо образование, ќе го ...
Домашните и странските експерти со кои се консултиравме велат дека токму македонското општество може да послужи како пример во регионот, а и за Тирана, во однос на унапредувањето на малцинските права и интеркултурниот дијалог. Тие нагласуваат дека националните заедници во Македонија имаат широки права, вклучувајќи и државни празници на кои ги одбележуваат своите особености и култура, како што се 22 Ноември, Денот на албанската азбука, или 27 ...
Домашните и странските експерти со кои се консултиравме велат дека токму македонското општество може да послужи како пример во регионот, а и за Тирана, во однос на унапредувањето на малцинските права и интеркултурниот дијалог. Тие нагласуваат дека националните заедници во Македонија имаат широки права, вклучувајќи и државни празници на кои ги одбележуваат своите особености и култура, како што се 22 Ноември, Денот на албанската азбука, или 27 ...
Во гратчето Коломбел, Нормандија денеска не изостана почитта која традиционално се оддава на паднатите Македонци под француско знаме загинати во виорот на Првата светска војна. Една од алките на француско-македонското пријателство се токму овие млади Македонци кои биле мобилизирани во француската војска и загинале под француско знаме во текот на Првата светска војна, подвлече градоначалникот на гратчето Коломбел г. Марк Потје кој заедно со ...
Во поклоничка и братска посета на нашата Свештена Обител денеска допатува Неговото Високопреосвештенство, Архиепископот Михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, заедно со својата чесна придружба, презвитерите Василиј и Богуслав. Ценетиот гостин беше гостољубиво пречекан со свечен манастирски пречек иподохи, кој му доликува на архијерејското достоинство. По молитвената поворка за пречек со Светото ...
Европскиот парламент на денешната пленарна седница со големо мнозинство го поддржа влезот на Хрватска во Шенген зоната, а сега е потребна одлука на Советот на Европската унија за конечна потврда. Пратениците го изгласаа мислењето на Европскиот парламент за предлог-одлуката на Советот на ЕУ за прием на Хрватска во Шенген зоната. Гласаа 612 пратеници, од кои 534 беа за, 53 беа против, а 25 беа воздржани. Во текстот се вели дека Хрватска ги ...
Со прв, промотивен час што вчера се одржа на Факултетот за јазици, историја и географија, почна да работи Катедрата за македонски јазик со лекторат на Универзитетот во Анкара. Новиот лекторат е отворен по речиси 15 години од претходно отворениот – на Универзитетот во Риека. Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ) соопшти дека е постигнат успех од ...
Рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина кон кој украинските сили напредуваат со недели. „Почнете да ги повлекувате војниците“, рече Шојгу за време на телевизискиот состанок со рускиот командант во Украина, Сергеј Суровикин, кој рече дека предложил тешка одлука за повлекување од Херсон и поставување одбрана на левиот брег на реката Днепар. Како што пренесуваат ...
Силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Италија во средата наутро околу 7 часот. Земјотресот се случил во 7 часот и 7 минути, на 67 километри од крајбрежниот град Римини, соопшти Евромедитеранскиот сеизмолошки центар. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот е почувствуван и во Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Во противпожарната бригада пристигнале барања за проверки ...
Кога зборуваме за атакот кој со децении го прави Бугарија врз Македонците во Албанија со цел тие да се изјаснуваат за Бугари, а во интерес на вистината треба да посочиме дека бројни Македонци во Албанија оставиле свои сведоштва. Од нив многу јасно се гледа дека тие никогаш и никаде не пишувале дека се Бугари. Напротив, многу јасно сведочат за нивното македонско национално чувство. Во оваа прилика ќе наведеме податок кој говори многу за ...
Во првата половина на 19 век, Зографскиот манастир имал извонредна улога во манифестацијата и заштитата на македонската култура и јазик. Ова е особено видливо во покровителствувањето на македонските училишта, како и во активностите од кои произлегле првите печатени книги на македонски народен говор, односно на македонски јазик Манастирот „Свети Ѓорѓи Зограф“, познат и како Зографски манастир, од Света Гора, е еден од најзначајните верски и ...
Во името на Демократскито сојуз ќе побарам прва точка на средбата да биде да упатиме силна заедничка порака до Бугарија да ги признаат Македонците како национална припадност. Во името на Демократски сојуз ќе побарам прва точка на средбата да биде да упатиме силна заедничка порака до Бугарија да ги признаат Македонците како национална припадност и да ги остваруваат сите свои права, да се здружуваат, да формираат клубови, вклучително да можат да ...
На 7 ноември во 1829 година во Прилеп е роден Марко Цепенков, еден од најистакнатите собирачи на македонскиот фолклор. Неговата автобиографија претставува богат избор за проучување на целокупниот живот на Прилеп од тоа време кои имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, за лингвистиката, за националната историја и за правото и за моралот на Македонците. Тој е автор на неколку публикации напишани на македонски ...
Сака човек да не ве коментира, да ве измножи со нула, ама пусто сами се пикате в очи, како трн од трендафил. Па, толку од нулирањето. Не дека нешто некому ќе значи овој текст, како и многуте напишани до сега, ама чесно е да остане за историја дека имало некој што пишувал дури и кога бил свесен дека текстот ќе заврши во ветер. Со оглед на фактот што советниц (к) ите во Владата од „нашата држава“ имаат соодветни работни обврски во кои не ...
Шест здруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово денеска во Штип потпишаа декларација „За унапредување на правата и слободите на Македонците во сите делови од Македонија”, во рамки на Семакедонскиот собир организиран од штипското Здружение „Мирка Гинова”. На собирот беше констатирано дека Бугарија троши големи пари за пропаганда и асимилација на Македонците кои живеат надвор од македонската држава. Во рамки на собирот ...
Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО “Илинден” најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО „Илинден” денеска присуствуваат на семакедонскиот собир во организација на Здружението на ...
На 6 ноември 1967 година во Дрезден е потпишан договорот за збратимување на градот со град Скопје. Со тоа македонскиот главен град стана четвртиот збратимен град со Дрезден, по Санкт Петербург, Ковентри и Бреслау. Повеќе од 50 години подоцна, ова партнерство сè уште постои. Појдовна точка на оваа врска беше трагичен настан што го погоди македонскиот главен град во летото 1963 година во форма на разорен земјотрес. Поранешниот југословенски град ...
Македонската куќа на ракометот, во присуство на претставници од Европската ракометна федерација (ЕХФ), македонските ракометни клубови, спортски работници, Агенцијата за млади и спорт и секако медиумите, денес во спортскиот центар „Борис Трајковски“ симболично го означи почетокот на ракометното првенство за женски сениорки, ЕХФ ЕУРО 2022 кое ќе се одржува од 4 до 20 ноември годинава во Скопје, Љубљана, Целје и Подгорица. Во фокусот на денешниот ...
Во истиот период, повеќе од илјада новинари беа затворени, рече тој на почетокот на конференцијата во Виена посветена на заштитата на медиумските работници. „Овој број е неприфатлив“, рече Турк во видео-обраќањето од Женева. Конференцијата е во организација на австриското Министерство за внатрешни работи заедно со Обединетите нации по повод 10-годишнината од воведувањето на Акцискиот план на ОН за безбедност на новинарите. Според Турк, планот ...
Денеска и утре, ВМРО-ДПМНЕ го одржува првиот политички саем во Македонија, под мотото „Саем на промените што носат иднина“, на кој партијата ќе направи отчет за сработеното во првата година од мандатите на градоначалниците кои победија на последните локални избори. Самиот настан не е класичен отчет туку политички саем каде што ќе се презентира сработеното во секоја општина. Има над стотина учесници на саемот, покрај разговор за сработеното во ...
Бенјамин Нетанјаху победи на израелските избори. Неговиот десничарски религиски блок обезбеди 64 од 120 места во парламентот по пребројувањето на сите гласови. Ликуд, партијата на 73-годишниот поранешен премиер, ќе биде најголемата партија во израелскиот парламент Кнесет со 32 пратенички места, што е повеќе од 24 места колку што освои партијата Јеш Атид (Има иднина) на премиерот во заминување Јаир Лапид, објавија израелските медиуми. Лапид му ...
Европол денеска соопшти дека во рамки на меѓународна операција на крајот на минатиот месец биле уапсени 382 лица, осомничени за трговија со дрога, луѓе и оружје, кои главно дејствувале на Балканот и во Југоисточна Европа. Сто педесет и девет од уапсените се осомничени за трговија со мигранти, 112 за трговија со дрога, 38 за трговија со огнено оружје и двајца за трговија со луѓе, соопштија од Европол во врска со операцијата во која учествувале ...
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Челибаши, на прес-конференција посветена на подготовките за локалните избори на 14 мај 2023 година рече дека изборната кампања започнува на 14 април На локалните избори ќе се избираат градоначалници и членови на Советите на 61 општина. И покрај обидите на опозицијата за нова административно-територијална поделба, со која бараше зголемување на бројот на општини за најмалку 30 општини и ...
Фото: Оддел за археологија и туризам на Ум ал Куваин Древен христијански манастир, кој веројатно датира уште од годините пред ширењето на исламот на Арапскиот Полуостров, е откриен на остров крај брегот на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Манастирот е откриен на островот Синија, кое го штити мочуриштето Хор ал Бејда во Ум ал Куваин, емиратот кој се наоѓа околу 50 километри североисточно од Дубаи, и фрла ново светло на историјата на раното ...
Здружението НовАСном од Македонија и забранетото македонско здружение во Бугарија поднесоа претставка во Европската Комисија против Република Бугарија, откако со одлука на врховниот суд, здружението беше ликвидирано, а по отворање на клубот „Никола Вапцаров“. Заеднички на прес конференција ќе ја образложат претставката, со која ќе го бранат затвореното здружение – Македонски клуб за етничка толеранција, кое имаше неизвесна судбина уште од 2019 ...