Во село Шиштеец областа Гора се соочува со тешка ситуација по избувнувањето на големиот пожар. Како одговор на оваа вонредна состојба, сите жители на селото излегоа на терен за да помогнат во напорите за гаснење на пламените јазици. Сепак, грубиот терен и суровите атмосферски услови ја прават оваа задача исклучително предизвикувачка. Во овој критичен момент Општина Кукс и екипите на противпожарната бригада се максимално ангажирани да им ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со својот монголски колега Ухнаагиин Хурелсух на почетокот на посетата на Монголија и го покани во Русија на претстојниот самит на БРИКС, јави ДПА. „Ве чекаме“, рече Путин за време на средбата во главниот град Улан Батор, пренесуваат руските агенции. Земјите кои брзо се развиваат Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканската Република ќе се сретнат на крајот на октомври во рускиот град ...

Турската полиција уапси државјанин на Косово кого го обвинува за финансирање на оперативци на израелската разузнавачка агенција Мосад во Турција, јави турската државна новинска агенција Анадолу. Косовските власти соопштија дека Турција официјално ги информирала за случајот, иако самите турски власти официјално не ја потврдија оваа информација, ниту пак дадоа изјава за ова прашање. Анадолија наведува дека уапсениот е идентификуван како Лиридон ...

Бригадата на Југоисточна Европа (СИБРИГ) продолжува да се докажува како исклучително вреден механизам за промовирање на регионалната безбедност, доверба и одржување на воената соработка меѓу земјите-членки. СИБРИГ може да послужи како доказ дека преку соработка на земјите од Југоисточна Европа и пошироко може да се дојде до резултати. Ова беше истакнато денеска на свечената церемонија по повод одбележување 25 години од формирањето на СИБРИГ, ...

Соединетите Американски Држави го запленија авионот на претседателот на Венецуела Николас Мадуро откако било утврдено дека со купувањето на конкретниот авион, наводно, биле прекршени американските санкции, пренесува Си-ен-ен. Како што пренесува американската телевизија, авионот е запленет во Доминиканската Република, а двајца неименувани американски функционери кажале дека тој денес бил префрлен на Флорида. Заплената на авионот претставува ...

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во официјална посета на Монголија. Авионот на рускиот лидер слета на аеродромот во Улан Батор. Посетата на рускиот претседател ќе трае два дена. Утре се планирани билатерални средби, вклучително и со монголскиот лидер Ухнаагиин Курелсух, како и потпишување на голем број документи и положување цвеќе на споменикот на маршалот на Советскиот Сојуз Георги Жуков. На аеродромот во Улан Батор, Путин беше ...

Следната изложба во Parking Art Gallery, каде што под покровителство на потпретседателот Сеад Казанџиу ќе ги изложи личните дела на Генци Кадриу, додадена вредност на македонското национално малцинство. Изложбата ќе биде отворена на 6 септември, во 18.00 часот. Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ги викува сите заинтересирани, љубители на уметноста, припадници на македонското национално малцинство и не само, да дојдат и одблиску да ги ...

Владата и телекомуникациската компанија „4iG” потпишаа Меморандум за разбирање Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот на економијата и инфраструктурата, информираат од Владата на Република Македонија. Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу Владата ...

Поранешниот градоначалник на приморското албанско гратче Химара, Фреди Белери, доби условно ослободување од затвор, каде беше од 12 мај минатата година. „По двочасовна расправа судот во Фиер одлучи за условен отпуст на Фреди Белери, кој има уште шест недели до крајот на казната. Судот го прифати барањето, нареди предвремено ослободување и тој во текот на денов го напушти затворот во Фиер“, изјави неговиот адвокат, Гени Ѓузари. Фреди Белери ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски денес и утре ќе престојува во Република Словенија каде ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум на тема што ќе се одржи во Блед и ќе оствари повеќе билатерални средби. Во рамки на форумот министерот Муцунски ќе обрати на панелот „Европа целосна и слободна: Возобновена заложба за европската безбедност“. Овогодинешниот Бледски Стратешки Форум форум е ...

Министерот за дигитална трансформација на Република Македонија, Стефан Андоновски денеска присуствуваше на богослужба во македонската црква „Св. Климент Охридски“ во Љубљана, каде заедно со македонските иселеници го одбележа празникот Успение на Пресвета Богородица и го истакна значењето на православната вера. Како што информира Кабинетот на министерот за дигитална трансформација, Андоновски учествувал и на Богородичниот собир во ...

Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот Христијан Мицкоски, е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа. „Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на ...

На граничниот премин Ќафасан на македонско – албанската граница последните два дена видно е зголемена фреквенцијата на патници и возила, објави „Ора њуз“. Иако се работи на шест шалтери сепак имаше колони на возила кои на преминот чекаа и до 40 минути за влез на македонска територија. Главно станува збор за македонски државјани кои се враќаат дома по годишниот одмор минат на албанското крајбрежје. Голем е и бројот на албански иселеници кои ...

Во германските сојузни покраини Тирингија и Саксонија денеска се одржуваат регионални избори, а телевизијата ЗДФ ги објави првите резултати од излезните анкети. Во сојузната држава Тирингија, екстремно десничарската AfD е во водство, со околу 33,5 отсто. Зад нив е конзервативната ЦДУ со 24,5 отсто, а на трето место е екстремната левица БСВ со 14,5 отсто. Добар резултат забележа левичарската Ди Линке со 11,5 отсто, додека социјалистите од СПД ...

Правната битка на Македонците во Грција мора да има позитивен исход кој ќе придонесе за зачувување и негување на вредностите, на македонскиот јазик и национален идентитет сметаат експертите откако јужниот сосед го забрани Центарот за македонски јазик. Грчките власти треба да знаат дека заштитата на етничкиот идентитет на Македонците таму не е штета на државата туку придобивка на сите демократии. Правата на Македонците во Грција треба да се ...

Поминаа четири година без Вело Цфарку големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист. На 85-годишна возраст во Тирана почина Вело Цфарку, познат интелектуалец, учител, новинар, собирач на македонскиот фолклор и традиции од областа Голо Брдо. Цфарку беше долгорочен активист на Македонците од Голо Брдо, автор на неколку книги, статии. Со неговите дела помогнал многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традици за ...

Апелацискиот суд во Кожани, Грција, реши да ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023) ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација. Ова тогаш се протолкува како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци дојде демантот од Кожани. ...

Поминаа четри година без Вело Цфарку големиот македонски патриот, писател, новинар и публицист. На 85-годишна возраст во Тирана почина Вело Цфарку, познат интелектуалец, учител, новинар, собирач на македонскиот фолклор и традиции од областа Голо Брдо. Цфарку беше долгорочен активист на Македонците од Голо Брдо, автор на неколку книги, статии. Со неговите дела помогнал многу за пренесување на македонските обичаи, фолклор, традици за помладите ...

Оргинал документ од Владиката Николај Охридски напишал во Манастир Високи Дечани (ФОТО) Пред 100 години на 29. Август 1924, Владиката Николај Охридски напишал во Манастир Високи Дечани: „Светиот цар Стефан е жив и моќен и секогаш присутен во своето свето семејство, давајќи им на сите верни аџии исцелување на душата и телото Слава му чест и милост во вечна. Владиките кои потпишаа на истата страница дојдоа на устоличување на патријархот ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски на денешната прес-конференција кажа дека Македонија од лидер во регионот во делот на воздушниот собраќај некаде пред 10-15 години, во последниве години се соочува со намалување на бројот на летови, на бројот на дестинации и најважно на бројот на патници кои што доаѓаат во Македонија. Тоа според него се должи на бројни фактори кои дел се од објективен каратактер ...

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска е во прва официјална посета на Република Хрватска на покана на неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, јави известувачот на МИА од Загреб. Во Загреб, премиерот Мицкоски освен со хрватскиот премиер, ќе оствари средба и со хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и со потпретседателот на хрватскиот Сабор, Жељко Реинер. Во фокус на разговорите ќе биде евроинтеграцијата на нашата ...

Според традицијата негувана со векови, во селото Церје, Македонците од Мала Преспа, го одбележаа денешниот голем празник Успение на Пресвета Богородица, патрон на селската црква. Иако поголемиот број жители од Церје се иселени, сепак за нив и нивните поколенија важи изреката „каде и да се за овој голем празник во Церје да се“. Секако заедно со нив беа и жители од повеќе села на Мала Преспа. По богослужбата што во црквата „Успение на Пресвета ...

Основачот на Телеграм, Павел Дуров беше ослободен од полициски притвор во Франција во средата и одведен на суд на сослушување пред можното обвинение, изјавија обвинителите за Си-Ен-Ен, неколку дена по неговото драматично апсење на аеродромот во Париз. Милијардерот со руско потекло ја напушти канцеларијата за борба против измами надвор од Париз во нешто што изгледаше како полициско возило во средата попладне, објави CNN. Обвинителството во ...

Претседателот на владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица. Дозволете во мое име да го честитам празникот Успение на Пресвета Богородица, со кој се прославува мајката Божја која е олицетворение на мајчинска љубов, добрина, посветеност и грижа за обесправените, оние кои страдаат и на кои им е потребна добрина и веруваат во Бога. Навистина е големо ...

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска Давкова по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до г. г. Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима и до сите верници од православна вероисповед. Дозволете ми, Вам лично, на членовите на Светиот архијерејски синод и на целото свештенство и монаштво, како и на сите верници од православна вероисповед, да Ви упатам ...

Православната црква денеска го празнува земниот крај на Пресвета Богородица и нејзината смрт ја нарекува „Успение“ – раскошен термин кој во себе ги соединува сонот, блаженството, мирот, спокојството и радоста. Самиот лик на Богомајката објавува бескрајно спасение, сострадалност, грижа и доверба, сила и смирение, чистота и убавина, љубов и победа на љубовта. Небозрачната светлина со која сјае нејзиниот лик го осветлува и овој празник, на кој ...

По повод на големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан и до сите Македонци од православна вероисповед во Република Албанија и до сите Македонци каде и да се во светот. Дозволете ми во мое лично име и во име на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, и во името на македонско национално малциство во Република Албанија, Вам ...

Во понеделник, 26 август 2024 година, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил имаше средба со Претстоителите на различните христијански деноминации во Ерусалим, на која беше разговарано за крајно кризната состојба на воени судири во областа на Светата Земја. Претстоителите издадоа заедничко соопштение, кое во целост го пренесуваме. Патријарсите и поглаварите на црквите во Ерусалим Изјава за итната потреба од завршување на ...

Невреме проследено со обилен дожд, силен ветер, електрични празнења и град, погоди синоќа поголем дел од Албанија. Најпогодени се Тирана, Драч, Елбасан, Корча и Булќиза, каде улиците беа преполни со вода, која навлегла во подрумски простории, има искршени гранки од дрвја, паднати делови од покриви, уништени земјоделски посеви, објавија медиумите. Во повеќе области има прекин во снабдувањето со електрична енергија поради искинати ...

Резултатите од пописот на населението во Албанија покажуваат дека општина Пустец, единствената македонска општина во земјата, е меѓу четирите општини со најголем пад на бројот на жителите. Пустец е меѓу 55 општини во Република Албанија каде што е регистрирано намалување на бројот на населението, стои во анализата на весникот „Монитор“. Процентуално, општини со најголем пад на населението, меѓу двата пописа, се општина Селеница со 48%, Пук со ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
49%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
77%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.86
66%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.03
92%
1011
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
51%
1016
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
2.06
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.63
56%
1015
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
8.75
72%
1010
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
63%
1017
Currency

61.635

Currency

52.7072

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Злато

166450.52

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Рутениум

51376.89

Паладиум

48883.97

Родиум

319899.93

Платина

64172.89

Кобалт

45.39

Сребро

2840.84

Цинк

3.35

Алуминиум

3.57

Бакар

12.06