Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Турскиот муслимански проповедник Фетулах Ѓулен, за кој Анкара тврди дека го организирал неуспешниот пуч во 2016 година, почина во САД на 83-годишна возраст, објавија денеска турските медиуми. Фетулах Ѓулен изгради моќно исламско движење внатре и надвор од Турција, но ги помина последните години обвинет за организирање на обидот за државен удар против турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган, обвиненија кои тој ги негираше. Веб-страницата „Херкулес“ ...
Полковникот Надав Шошани, меѓународен портпарол на израелските одбранбени сили (ИД), објави декласифицирана видео снимка на која наводно се гледа што правел неодамна убиениот лидер на Хамас Јахја Синвар еден ден пред нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година. Шошани тврди дека видеото, кое се чини дека е снимено од безбедносните камери во еден од тунелите на Хамас, е снимено неколку часа пред нападот на Хамас врз Израел. Во него ...
Израел објави дека Јахја Синвар, првиот човек на Хамас, е убиен во Рафа во Појасот Газа. Израелците тврдат дека цел на нападот биле тројца милитанти и дека не знаеле дека меѓу нив е и Синвар. Контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека израелските војници забележале тројца терористи како трчаат од куќа до куќа во областа Тал Ел Султан во Рафа. Тој прикажа и видео на кое се гледа како на Синвар му ...
Македонците во Бугарија се соочуваат со забрана за одбележување на годишнината од Кресненското востание. Македонскиот клуб за етничка толеранција известува дека, како и во минатите години, поднеле известување до Општина Кресна за полагање цвеќе пред споменикот на Димитар Поп Георгиев Беровски, но добиле одговор дека на 20 октомври, датумот на настанот, општината има планирано други активности. Кресненското востание, кое започнало на 17 ...
Албанија денеска го отвора првиот т.н кластер на преговори за пристапување во ЕУ. Во Луксембург се одржи меѓувладина конференција ЕУ-Албанија, на која ќе започне првата фаза од преговорите, откако земјата во овој процес беше одвоена од Република Македонија на крајот на септември. Албанија и Македонија заеднички ги започнаа преговорите на 19 јули 2022 година во Брисел. Европската комисија очекува почеток на преговорите за проширување што е ...
Македонија ја добива силната поддршка од Германија за своите евроинтеграции, изјави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со германскиот канцелар Олаф Шолц во Берлин. Поддршката од Европската Унија останува непоколеблива, а Владата на Македонија е фокусирана на економијата, енергетиката и инфраструктурата. Во рамките на Берлинскиот процес, потпишан е Акционен план за заеднички регионален пазар (2025-2028) кој ќе ја зајакне регионалната ...
Македонската фудбалска репрезентација во рамките на четвртото коло во Лигата на Нации во групата Ц на гостувањето во Ереван против Ерменија забележа уште една победа од 2-0 со што се зацврсти на првото место во групата Ц на Лигата на Нации. Мечот започна интересно.По почетниот притисок на домашните фудбалери првото возбудување се случи пред голот на Ермеците. Во 4 минута од корнер постигнавме гол преку Серафимов, но по прегледување од ВАР ...
Рускиот претседател Владимир Путин разговараше со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес во Туркменистан, при што двајцата лидери ги поздравија сè посилните врски меѓу своите земји и сличните погледи на настаните во светот, во сојузот кој Вашингтон го гледа со сè поголема загриженост. Во конфликт со Соединетите Американски Држави и Европската Унија поради војната во Украина, што се смета за дел од пошироката егзистенцијална борба ...
Со голема почит кон загинатите борци, народни херои и дејци и на сите што ги дале своите животи во НОБ и Револуцијата, сите кои се втемелија во државноста и она што се нарекува независна и суверена Македонија, давајќи го најдрагото, својот живот, во името на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Ви го честитаме 11 Октомври – Денот на Востанието на македонскот народ против фашистичкиот окупатор. Да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои ...
Најмалку 10 луѓе загинаа, а над три милиони останаа без електрична енергија при ударот на ураганот Милтон врз делови од американската сојузна држава Флорида. Секретарот за национална безбедност на САД, Алехандро Мајоркас на брифинг во Белата куќа соопшти дека владата има извештаи за најмалку 10 смртни случаи. Пет од нив се пријавени во округот Сент Луис на источниот брег на Флорида. До 19 часот на Флорида беа потврдени 19 торнада, вчера беа ...
Политичката нестабилност во Бугарија има директни негативни последици врз имплементацијата на правата на малцинствата во земјата. И покрај одредени чекори коишто ги презема земјата, не може да се забележи значителен напредок во спроведувањето на препораките за да се обезбеди ефективен пристап до правата на малцинствата содржани во Рамковна конвенција, се наведува во најновиот извештај на Советодавниот комитет на Советот на Европа во однос на ...
Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, активист за човекови права на Македонците од Албанија, прв Македонец избран во Собранието на таа земја и претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција (МАЕИ) продолжија со нивните средби со канадски владини и надворешно-политички претставници. Николов и Стерјовски се сретнаа со доктор Хејди Фрај, директорка на ...
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ на прес-конференцијата во Тиват рече дека на лидерската средба на процесот Брдо-Бриони е усвоена заедничка Декларација. Сепак, тој додадава дека влезот во ЕУ не е само потреба и декларирана цел, туку геополитички и морален императив за Западен Балкан. Самитот беше уште една можност да ја повториме единствената порака, заедничка за сите нас, дека нашиот простор е простор на заеднички вредности, мир и ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Собрание на Република Македонија оствари работна средба со потпретседател на Собранието, г-дин Антонио Милошоски. На работната средба го информирав г-дин Антонио Милошоски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при што беа актуелизирани прашања кои се однесуваат на проблемите на Македонците во Република Албанија, секако ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) оствари работна средба со, директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира Директорката на КОВЗРГ, г-ѓа Оливера Трајковска за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Република Албанија, при ...
Резолуцијата усвоена од Федералната унија на европските националности, ФУЕН а поднесена од Македонско друштво “Илинден“-Тирана, доставена е до сите албански и меѓународни институции, а заради запознавање и до македонските. Ова за МИА го потврди Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, додавајќи дека очекува албанските институции да преземат соодветни активности а посебно внимание да посветат и меѓународните институции. Со Резолуција, од ...
Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова денеска оствари средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај во Тиват, Црна Гора каде учествуваат на состанокот на лидерите на земјите учеснички во Процесот Брдо-Бриони. На средбата беше изразено задоволство од тековниот политички дијалог меѓу двете земји, како и од билатералната вклученост во различни регионални и мултилатерални иницијативи што помага во постигнувањето на ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Државниот архив на Република Македонија оствари работна средба со Директорот на Државниот архив, д-р Наташа Котлар-Трајкова. На средбата беше разговарано за намерите за потпишување Меморандум меѓу Државниот архив и Македонско друштво ”Илинден”-Тирана кој би опфатил повеќе проекти кои ќе се реализираат во иднина. Двајцата соговорници заклучија дека е потребно да се формира ...
На 2 октовмри, претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов и Васил Стерјовски, македонски активист за заштита на човековите права од Албанија и претседател на Македонската Алијанса за Европска Интеграција, се сретнаа со Џули Клотие, заменик директорка на европски и евро-азиски прашања на Министерството за Надворешни Работи на Канада. Стерјовски воедно е првиот Македонец избран за пратеник во ...
Претседателот на Влaдата, Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата, Александар Николоски, директорот на Царинската управа Бобан Николовски и Масимилијано Паолучи директорот на Светска банка за Македонија, денеска го означија почетокот на модернизација на граничниот премин Деве Баир. Инвестицијата е 1, 6 милиони евра, а реконструкцијата се реализира во сорабтока меѓу Министерството за транспорт и Царинската управа. Во продолжение ...
Невремето, проследено со обилни и интензивни врнежи, силен ветер, електрични празнења, речиси целосно ја „парализира” Албанија. Улиците во градови, пред се Тирана, Валона, Лежа, Љушња, Булќиза, се под вода чија висина е до 50 сантиметри. Во Тирана ветерот откорнал големи дрвја, за што фотографија објави градоначалникот Ерион Велиај, со апел до граѓаните без неопходна потреба да не излегуваат од домовите. Во случај на птреба да се јават на ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. Разговаравме за чекорите за зајакнување на билатералните односи во областите од ...
Престојот во Тирана го искористив и за срдечна средба во просториите на македонската амбасада со дел од Македонците кои живеат во Албанија. Имав можност непосредно да се запознам со нивниот начин на живот тука, како и предизвиците и проблемите со кои се соочени. Ме запознаа и со активностите кои ги преземаат во насока на негување и зачувување на македонската култура и идентитет. Силно верувам дека македонските заедници во странство се важен ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија оствари средба со г-дин Зоран Димитровски, Заменикот министер за надворешни работи и надворешна трговија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, го информира г-дин Зоран Димитровски за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска е во работна посета на Република Албанија, каде оствари работна средба со министерот за внатрешни работи на Албанија, Ервин Хоџа. На средбата беше констатирано дека досегашната соработка е на високо професионално ниво, со тенденција за унапредување преку склучување на договори и протоколи за соработка. „Со министерот Хоџа разговаравме на теми коишто се од заеднички интерес за нашите ...
Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денeска во Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија оствари средба со Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Билјана Стефаноска, Директорка на Агенцијата за Промоција и Поддршка на Туризмот на Македонија за ...
Заменикот на претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски се сретна со извршниот директор на Визер, Јозеф Варади, за да дискутираат за нови можности во авиосообраќајот. Преку новиот јавен повик за финансиска поддршка, се очекува воведување на нови авио-линиии од Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, што ќе го поттикне развојот на патничкиот сообраќај. Заменикот на претседателот на ...
Албанија денеска ја одбележува 28-годишнината од стапувањето во сила на Европската конвенција за човекови права (Конвенција) и Протоколот бр. 1 од неа. По нејзиното членство во Советот на Европа, на 13 јули 1995 година, Албанија ја ратификуваше Конвенцијата набргу потоа, која стапи на сила на 2 октомври 1996 година. Овој историски чекор ја означи интеграцијата на земјата во европскиот систем за човекови права, значително ја зајакна заштитата ...
Денеска министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Денион Мејдани. На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста. Посебен акцент на средбата беше ...
За нас претставува големо задоволство што можеме денеска да кажеме дека во Владата, компанијата „РСД“ од Германија којашто овдека преку својот сопственик, г. Кристијан којшто пред мене зборуваше и даде краток вовед за тоа што тие планираат да направат тука кај нас во периодот којшто следи. Имавме можност да разговараме и како Влада да ги поддржиме нивните планови, бидејќи ние секако како Влада имавме главна стратешка цел да го подржуваме ...