Македонското друштво “Илинден”-Тирана предлага 21 мај во Албанија да се прогласи за Ден на националните малцинства во оваа земја. За таа цел друштвото испрати барање до претседателката на парламентот Линдита Никола, во кое стои дека 21 мај е и Светски ден на културната различност за дијалог и развој, па поради тоа го избрале и го сметаат за најсоодветен датум. Националните малцинства во Република Албанија се национално богатство и со неговото ...

Македонија постигна значителен напредок во правната заштита на правата на припадниците на националните малцинства преку подобрување на нејзините политики во согласност со Рамковната конвенција, но практичното спроведување на правата мора да се подобри, вели Советодавниот комитет на Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства во новото мислење објавено денеска, јави дописникот на МИА од Стразбур. Властите на Македонија ...

Во рамките на посетата на регионалната конференција на тема „Безбедни. Зелени. Решенија за паметни градови: Ризик и можности за Западен Балкан“ (Secure. Green. Smart City Solutions: Risk & Opportunities for Western Balkans), градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов оствари средба со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, каде, како гостин на градот Тирана беше пречекан со највисоки почести. Во рамките на едночасовниот разговор, ...

Рождество на Пресвета Богородица е еден од големите празници на Светата православна црква. Иако овој празник се смета за почеток на сите празници, сепак, тој почнал да се празнува многу подоцна. Дури откако ослабнало паганството, христијаните, покрај на Исус Христос, можеле да ѝ оддадат заслужено признание и на неговата мајка.Народот верува дека Пресвета Богородица е заштитничка на мајките воопшто и на леунките посебно, поради што жените што ...

Генералната дебата на 77. Собрание на ОН почна денеска со обраќање на генералниот секретар, Антонио Гутереш. Пред светските лидери Гуререш посочи дека земјите се „затворени во огромна глобална дисфункција“ и не се подготвени да се соочат со водечките предизвици кои ја загрозуваат иднината на човештвото и судбината на планетата. Нашиот свет е во опасност и парализиран – рече Гутереш во обраќањето. Гутереш смирува дека сѐ уште има надеж, пренесе ...

Делегации од Македонија и Албанија во петокот, на 16 септември одржаа објаснувачки скрининг состанок заедно со повеќе од 30 претставници од Евростат како дел од процесот на преговори за пристапување кон Европската Унија (ЕУ). Процесот на преговори за влез во ЕУ на двете земји беше започнат на 19 јули годинава преку првите меѓувладини конференции со секоја од земјите. Следната фаза за двете земји е аналитичката проверка на телото на законите на ...

Македонски весник “Илинден“: Г-дине Огненовски, пред сѐ, ви честитам на успешно завршениот процес на пререгистрација на партијата ДЕМОКРАТИ. Сега, кога и официјално имате уште четири години пред вас, ќе нѝ откриете ли што се плановите за следниот период на партијата ДЕМОКРАТИ? Г-дин Јорго Огненовски: Ви благодарам. Да, точно така. Имавме законска обврска да го продолжиме работењето на политичката партија ДЕМОКРАТИ, кое успешно го реализиравме ...

Фото: Игор Бансколиев За жал, можам да ви кажам од искуството што го имам, во работењето и дружењето со македонска малцинска заедница во Србија, Бугарите ќе имаат големи резултати. Ние од Србија чувствуваме што се случува и баравме помош, а помош нема од никаде. Во шах-мат позиција сме, вели Душан Јаневски Неопходност од проактивна државна политика за унапредување на малцинските права на Македонците во соседните земји Поради недостиг од европска ...

Кулминација за националниот ден на жалост ќе биде двеминутниот молк нешто пред 12 часот. Цела Велика Британија и Северна Ирска во тишина ќе ѝ оддадат почит на починатата Кралица. Мирно ќе биде дури и на небото – полетувањата и слетувањата на аеродромот Хитроу ќе бидат за краток период стопирани за да не се слуша ни звукот од авионите над Лондон. По молкот, во Вестминстерската опатија на крај на богослужбата со 2000 почесни гости ќе се свири ...

Девет милиони луѓе треба да бидат евакуирани од своите домови, бидејќи Јапонија беше погодена од еден од најсилните тајфуни Нанмадол, во кој едно лице загина, а речиси 70 беа повредени, јавува Би-Би-Си. Тајфунот го погоди најјужниот јапонски остров Кјушу во неделата наутро, а се предвидува дека во следните неколку дена ќе го помине главниот остров Хоншу. Десетици илјади луѓе ја поминаа неделата вечерта во засолништа за итни случаи, а речиси ...

Геолозите класифицираат само 30 од милиони езера во светот, вклучувајќи ги Охридското и Преспанското, како „антички“ – дефинирани од некои истражувачи како опстојување на повеќе од еден циклус на ледено доба (најмалку 130 000 години). Инструментот на НАСА Imager-2 (OLI-2) на Landsat 9 направи снимка на двете наши најголеми езера – Охридското и Преспанското, на кои доминира природната боја. Во текстот објавен на сајтот на Земјината опсерваторија ...

Во рамки на учеството на Процесот Брдо-Бриони, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај. Претседателот Пендаровски му честита на Бегај за изборот на претседателската функција, му посака успешен мандат и изрази очекување дека во периодот што следи двете земји ќе продолжат да ги унапредуваат добрососедските односи. Двајцата претседатели разменија мислења ...

Македонското друштво “Илинден”-Тирана достави барање до претседателката на албанскиот парламент Линдита Никола, и до комисија „За административно-територијална реформа во Република Албанија“ со кое од име на Македонците се бара формирање две општини Голо Брдо и Гора. Ова поради фактот што во тек е расправа на специјалната комисија за територијална поделба а барањето е врз основа на “Законот за заштита на националните малцинства во Албанија”. ...

Со свеченото отворање кое се одржа синоќа во хотел Double Tree by Hilton во Скопје започна Тринаесеттата Школа за млади лидери на Претседателот Иванов, на тема „Морално лидерство“, која се одржува во периодот 16-30 септември 2022 година.Овогодинешната 13-та Школа за млади лидери ја отвори и модерираше проф. д-р. Катерина Вељановска Блажевска, универзитетски професор и експерт за јавни политики и стратешка комуникација, која го сподели своето ...

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана и главен и одговорен уредник на истоимениот весник на македонски јазик, се сретна со претседателот Алијансата за етички медиуми (АЕМ) Колорето Цукали и Марк Марку член на Одборот за етика. Ѓурѓај му се заблагодарил на Цукали за приемот на македонскиот весник “Илинден“ како дел од платформата на Алијансата каде членуваат 29 печатени и аудиовизуелни медиуми во Република Албанија. На работната ...

Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерката за култура Стојчевска и ректорот Бело. Ваквата најава следи во турбулентен период кога Македонците во Албанија се жалат дека Бугарија прави притисок – македонското малцинство да го запише како бугарско. Стојчевска вели дека грижата за идентитетските особености, со акцент на јазикот и културните вредности се нашите врвни ...

Денеска министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, престојуваше во работна посета на Корча, Република Албанија, придружувана од деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски. Целта на работната посета беше финализирање на подготовките за вклучување на ...

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска во Амбасада на Република Македонија во Тирана оствари средба со Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу. Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на Министер советник г-дин Љуфтим Спахиу му го честита превземањето на функцијата и му посакал спех на високата дипломатска должност. На работната средба претседателот на Македонско друштво ...

Новата учебна 2022/2023 година денеска почна и за основците и средношколците во општина Пустец, област Мала Преспа, Република Албанија. На почетокот на учебната година со учениците во Пустец беше градоначалникот Пали Колефски кој им посака среќен почеток и многу успех во совладувањето на наставните единици. Вам драги ученици и на вашите наставници ви посакувам среќен почеток и успешна учебна година. Посебни честитки до оние кои првпат седнуваат ...

Албанскиот претседател Бајрам Бегај преку објава на Твитер ги осуди кибернападите што ја погодија неговата земја, повикувајќи на зајакнување на врските со партнерите и сојузниците на Албанија. „Неодамнешните кибернапади врз нашата витална инфраструктура не потсетуваат дека националната безбедност е врвен приоритет. Мораме да ги градиме и развиваме нашите национални способности преку зајакнување на врските со нашите партнери и сојузници за да ја ...

Дојде време за стратегија ширум Европа, која треба да гарантира постојано унапредување и остварување на правата на националните и јазичните малцинства – ова беше заклучокот од јавната конференција „Да дејствуваме против падот на јазичната различност во Европа и за промоција. на националните и јазичните права на малцинствата!“, одржана на 7 септември во Брисел, во Европскиот парламент. ФУЕН на состанокот беше претставена од потпретседателката ...

Според календарот на МПЦ денеска е Отсекување на главата на Св. Јован Крстител. Во времето кога Јован проповедаше во Палестина, во Галилеја владееше Ирод Антипа, еден од синовите на оној Ирод што насекаде се прослави со својот расипан карактер. Овој наследи некои особини од татко му, па ја избрка својата законита жена и живееше незаконито со Иродијада, жената на својот се уште жив брат Филип. Јован отворено и пред целиот народ го прекоруваше и ...

Со песни и торжество, со благодарности и славословија, Бигорски манастир го слави богопрославениот патрон, својот заштитник, закрилник и небесен застапник, светиот славен и чесен пророк, Претеча и Крстител Господов, Јован. Неговата чудотворна Бигорска икона и светите мошти во цветно украсениот храм излеваат благомирис и радост низ неговиот дом на падините од Бистра и ги напојуваат и успокојуваат душите на населниците и на поклониците. Стотици ...

Нов кибернапад сличен на оној на владините служби 15 јули, овој пат на TIMS системот на граничните премини во Албанија. Веста ја соопшти премиерот Еди Рама, кој на објава на Твитер напиша дека нападот го извршиле истите агресори. Уште еден кибернапад од истите агресори, веќе разоткриен и осуден од сојузничките и пријателски земји на Албанија, се случи синоќа на системот ТИМС. Во меѓувреме, ние продолжуваме да работиме деноноќно со сојузниците ...

Чарлс III денеска официјално беше именуван за нов крал на Британија на церемонија пред Советот за пристапување во палатата Сент Џејмс во Лондон. Состанокот на Советот за пристапување, церемонијално тело, започна во осум часот по локално време и ќе има два дела – објавување на новиот монарх и потпишување на кралската заклетва за зачувување на безбедноста на црквата на Шкотска, објави Ројтерс. На објавувањето присуствува принцот Вилијам, а ...

По донесената Одлука од 25 август 2022 година на Свештениот собор на Руската православна црква за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, на 08 септември оваа година, Неговата Сесветост Патријархот Московски и на сите Руси г.г. Кирил испрати писмо до Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во кое го известува Неговото ...

Новиот британски крал Чарлс III ѝ се обраќа на нацијата по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора. Чарлс III, кој побрза да биде покрај кралицата пред таа да умре во нејзиниот дом во Шкотска, допатува назад во Лондон со сопругата Камила. Илјадници луѓе ги пречекаа пред Бакингемската палата. Пред обраќањето, кралот ја одржа својата прва средба со премиерката Лиз Трас. „Денес ви зборувам со чувство на длабока тага“, рече тој. „Во ...

Генералниот секретар на Партијата на слободата, Теди Блуши, денеска престојуваше во Пустец, единствената македонска општина во Албанија. Тој оствари средба со претседателот на огранокот на партијата Панди Јани, како и членови и симпатизери. Во објава на Фејсбук Блуши напиша дека македонското малцинство е богатство за Албанија и оти на средбата разговарале за преземање неопходните мерки за стопирање на депопулацијата на оваа област. ...

Со првично собрани 650 потписи за половина час ВМРО-ДПМНЕ и официјално ја поднесе иницијативата во законодавниот дом за референдумското прашање дали сте за укинување на важноста на Законот за ратификација на Договорот за добрососедство и пријателство помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Бугарија. Иницијативата е поднесена онака како и што во 2018 та е потпишан договорот меѓу владите на Македонија и Бугарија но е ...

Православната црква „Свети Стефан“ во Цариград позната како Железна црква, која пред 1912 година била изградена со парите на охриѓаните, ресенчаните, велешаните и македонци од егејска македонија. Исто така, малкумина знаат дека во дворот на црквата се погребани многумина познати историски фигури меѓу кои и Партеније Зографски кој бил првиот македонски учебникар, филолог, фолклорист, еден од најистакнатите културни и црковни работници од 19 век ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1020
weather icon

Белград

16ᴼ / 11ᴼ
2.57
67%
1018
weather icon

Загреб

18ᴼ / 11ᴼ
0.0
74%
1017
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1020
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
2.53
62%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1018
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
47%
1016
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
52%
1019
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.24
59%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
59%
1016
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
72%
1017
Currency

61.535

Currency

53.4215

Currency

71.8858

Currency

34.3015

Currency

38.9054

Currency

65.4658

Currency

7.44954

Currency

0.68164

Currency

0.36489

Currency

0.52488

Currency

1.34838

Currency

0.61752

Алуминиум

2.55

Иридиум

142524.59

Кобалт

42.99

Никел

14770.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.55

Сребро

1157.66

Злато

108292.15

Бакар

9.71

Паладиум

33661.83

Платина

40334.14

Родиум

176025.34

Цинк

2.62