Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и неговиот кандидат за потпретседател претставија план за ставање крај на војната во Украина. Тие предложија модел на замрзнат конфликт, кој ќе вклучува автономни региони од двете страни на демилитаризираната зона, додека Киев ќе остане надвор од НАТО. Замрзнување на војната Концептот на Трамп ги ревидира договорите од Минск од 2014 и 2015 година кои не успеаја да ги запрат непријателствата во ...

Албанската опозиција ги блокираше крстосниците низ земјата барајќи актуелната влада да ја замени технократска привремена влада пред парламентарните избори следната година. Пратениците предводеа стотици поддржувачи на опозицијата на собирите на главниот влез во Тирана и на пет други главни крстосници низ земјата за да го блокираат сообраќајот. „Граѓанска блокада, денес или никогаш“, беше слоганот на сајтот на главната опозициска Демократска ...

При посета на Тирана, непознати напаѓачи го гаѓале со јогурт и јајца Фреди Белери, пратеник во Европскиот парламент од грчката партија Нова демократија, јавуваат денеска грчките медиуми. Белери допатува во главниот град како член на делегацијата на Европскиот парламент, која се занимава со проценка на напредокот на Албанија кон членството во Европската унија. Фреди Белери, етнички Грк, избран на почетокот на 2023 година за градоначалник на ...

Албанската влада за следната година планира историски највисок буџет, проектиран на 822,7 милијарди лека или 8,2 милијарди евра, што е за 600 милиони евра повисок во однос на оваа календарска година. Со Нацрт-буџетот се предвидува да се продолжи со финансирање, во значителен обем, на јавни инвестиции во просек од 6,1 отсто од Бруто домашниот производ, кои ќе бидат насочени кон финансирање на проекти од стратешко значење и поврзани со планот ...

„Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник слави јубилеј достоен за почит – 80 години од првиот број. Роден на денешен ден, во виорот на Народноослободителната борба, речиси истовремено со конституирањето на првата слободна држава на македонскиот народ, “Нова Македонија“ цели седум децении е ризничар и хроничар на македонската современост. Достоен чувар на македонската државност, јазик, идентитет, прв официјален документ испечатен на ...

Македонскиот весник “Илинден” од Тирана, Република Албанија упатува искрени честитки за 80-годишниот јубилеј на дневникот “Нова Македонија”, како прв национален весник, издаден пред 80 години во слободна Македонија, на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Скромно е да се каже дека дневникот “Нова Македонија” беше и остана бренд на Македонската држава! Немерлива е улогата на весникот “Нова Македонија” во презентацијата и афирмацијата ...

Денес во албанското Министерство за Европа и надворешни работи се одржа проштална средба на Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски со министерот Игли Хасани. Средбата искористена за размена на мислења околу билатералните односи и перспективи меѓу двете земји. Заеднички беше констатирана потребата од давање дополнителен импулс во соработката, особено во делот меѓу ресорската соработка, економско – трговската и културна соработка, ...

Самобор и Загреб и натаму се едни од најзначајните центри на македонистиката Го имаме Рацин, кој е всушност канон, значи дека постоиме како култура, како јазик, како нација! Почетокот на официјализирањето на македонскиот јазик на Првото заседание на АСНОМ и градењето на нацијата не се без корен, иако нашите соседи и од југот и од истокот, упорно се обидуваат да се убедат себеси, Европа и светот, дека македонската нација е накарадно ...

Премиерот Еди Рама во Њујорк се обрати до албанската дијаспора, повикувајќи на поддршка за влез на Албанија во ЕУ до 2030 година. „Го барам вашиот глас, да го подигнеме знамето на Скендербег и Исмаил Ќемали во европското семејство“, истакна тој. Рама додаде дека „историјата не нè спречи да се придружиме на ЕУ и денес е ден да направиме историја заедно“. Тој го повтори своето ветување за четврти мандат и истакна дека парламентарните избори во ...

Празникот посветен на Света Петка се слави денес, 27 октомври. На иконите на кои е прикажана оваа светица, најчесто стои натписот: „Верувам во еден, единствен Бог и во Светото тројство“. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева. Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка. Кога и умреле родителите Параскева заминала во Јорданската пустина каде што долго ...

На 29 Октомври 2024 година, во Горно Врановци, Општина Чашка, Велешко ќе се одржи научен собир на тема “80 години од излегувањето на првиот број на весникот Нова Македонија”. На собирот свои трудови ќе презентираат македонски историчари и долгогодишни новинари, чии професионални патишта се нераскинливо врзани за весникот. Покрај тоа, на Собирот ќе присуствуваат и македонски иселеници кои живеат и работат во Измир, Турција, а чие потекло е од ...

Синоќа во Прага македонската заедница во Чешка се обедини со ново раководство кое ќе го предводи Коле Боровски, претседател на асоцијацијата Македонска мисла која ги опфаќа сите форми на културен живот во Чешка. Настанот се одржува во рамките на одбележување на јубилејните 25 години од основањето на академско-литературно здружение Македонска мисла за кое зборуваше претседателот на заедницата Коле Боровски, еден од основачите на здружението. ...

Рано наутро во саботата, на 26 октомври, израелската армија изврши три серии „прецизни напади врз воени цели во Иран“, додека серија експлозии се слушнаа над Техеран. „Нападите се одговор на континуираните напади на режимот во Иран врз државата Израел“,соопшти израелската армија. „Режимот во Иран и неговите приврзаници во регионот безмилосно го напаѓаат Израел од 7 октомври на седум фронта вклучително и директни напади од иранската почва. ...

Министерот за транспорт и врски на Македонија, Александар Николоски, најави шест нови авионски линии од Скопје и Охрид за 2024 година, со дестинации до Дубаи, Барселона, Лион, Штутгард, Базел и Истанбул. Државата ќе субвенционира 12 евра по патник на охридскиот и 9 евра на скопскиот аеродром, додека нови линии се очекуваат и со вториот повик кој ќе биде објавен на крајот од ноември. Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски, ...

Курдската работничка партија (ПКК) ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во близина на Анкара во кој загинаа пет лица. Во соопштение на военото крило на ПКК се наведува дека нападот на просториите на воздухопловната и одбранбена компанија (ТУСАС) го извеле двајца членови на нејзиниот т.н. „Бесмртен баталјон“, како одговор на турските масакри и други акции во курдските региони. Маж и жена влегоа во просториите на ТУСАС во средата, ...

Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата Илир Мета, пред да биде уапсен побарал политички азил во Унгарија, но бил одбиен. Ова го изјави еден од најпознатите албански адвокати, Спартак Нѓела, инаку поранешен министер за правда во владата на Сали Бериша. Гостувајќи во емисијата „Албански живот“ на албанската државна телевизија, Нѓела рече дека Мета на денот на апсењето се враќал од Косово, каде што отишол за ...

Премиерот Христијан Мицкоски ја пречека пред Владата претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која е во официјална посета на државава во рамки на турнејата низ шесте земји од Западен Балкан. Во моментов во Владата се одржува тет-а-тет средба помеѓу премиерот Мицкоски и претседателката на ЕК Фон дер Лајен, по што ќе се одржи билатерална средба помеѓу двете делегации. По состанокот ќе се одржи заедничка прес-конференција на ...

Комисијата ги одобри реформските агенди на Албанија, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија, кои вклучуваат обврски за спроведување на социо-економски и фундаментални реформи за поттикнување на раст и приближување кон ЕУ во периодот од 2024 до 2027 година. Како што се додава во соопштението објавено на сајтот на Еврокомисијата, овој чекор бил клучен за да се овозможат плаќања во рамките на Инструментот за реформи и раст на ЕУ од шест ...

Поранешниот албански претседател Илир Мета се појави во Специјалниот антикорупциски суд (СПАК) денеска утрото (23 октомври), два дена откако беше приведен под обвинение за корупција. На рочиштето тој ќе биде запознаен со мерката притвор која му е определена за обезбедување на неговото присуство, а неговиот адвокат ќе ги изнесе своите аргументи против ваквата одлука. Специјалното обвинителство соопшти дека поранешниот претседател Мета и ...

По повод Денот на македонската револуционерна борба македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија и почесен претседател на Македонската заедница госпоѓа Светлана Мишева. На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и ...

По повод Денот на македонската револуционерна борба македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со истакнатата македонска активистка и единствен одликуван граѓанин со македонско потекло во Холандија и почесен претседател на Македонската заедница госпоѓа Светлана Мишева. На средбата претседателката Сиљановска-Давкова беше запозната со активностите на Заедницата, генезата на македонско-холандските културни врски и ...

Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност, пишува Мицкоски во ...

Македонското друштво “Илинден”-Тирана по повод празникот 23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба, упати честитка до сите Македонци каде и да се, со искрени желби за мир, благосостојба и подобра иднина. Од името на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, упатуваме честитки, по повод големиот празник, 23 октомври, Денот кога е формирана македонската револуционерна организација, која е олицетворение на македонскиот ...

Поранешниот пратеник Јургис Чирбја, се појави во Специјалниот суд, под строги безбедносни мерки. Првично се очекуваше тој да биде запознаен со безбедносната мерка „притвор во затвор“, но потоа адвокатите побараа време да се запознаат со досието. Чирбја е осомничен дека бил корисник на апликацијата SKY и дека соработувал со членови на криминална група во Драч. Ахмет Маша е вториот човек кој беше уапсен заедно со поранешниот пратеник Јургис ...

Рускиот претседател Владимир Путин е домаќин на самитот на организацијата БРИКС кој почнува денеска во градот Казан. Форумот, на кој ќе учествуваат 24 шефови на држави и влади, Путин го смета за дел од иницијативата за создавање нов светски поредок за ставање крај на доминацијата на САД. Средбата ќе продолжи до четврток. Меѓу поважните гости се издвојува кинескиот претседател Си Џинпинг. Ќе присуствуваат претставници од вкупно 32 земји. На ...

По објавувањето на резултатите од пописот на населението, просрпските партии го обновија своето барање српскиот јазик да биде официјален во Црна Гора. Резултатите од пописот во Црна Гора покажаа дека српскиот е мајчин јазик за 43 отсто од населението, а црногорскиот за нешто повеќе од 34 отсто. Истиот ден кога беа објавени резултатите на 15 октомври, просрпските партии го повторија барањето за измена на Уставот за официјализирање на српскиот ...

Албанија на 15 октомври го отвори првиот кластер за преговори за членство во ЕУ, кој ги опфаќа прашањата за правосудството и основните права, правдата, слободата и безбедноста, јавните набавки, статистиката и финансискиот надзор. Европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји изјави дека Албанија има целосна поддршка од ЕУ за забрзување на реформскиот процес, со цел до крајот на мандатот на тековната Европска комисија да стане членка на ...

Вицепремиерката и министерка за инфраструктура и енергетика Белинда Балуку информираше дека на аеродромот во Тирана регистрирана е рекордна бројка патници и најави дека до година во функција ќе биде и новиот аеродром во Валона. На меѓународниот аеродром „Мајка Тереза“ за девет месеци регистрирани се 8,25 милиони патници или 53,7 отсто повеќе споредено со истиот период минатата година. Туристичките текови ги надминаа очекувањата поставени на ...

Претседателот на Партијата на слободата Илир Мета е уапсен, потврдуваат извори од СПАК. Лир Мета беше претседател на Република Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 202 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година. Тој беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година. , министер за Европа и надворешни работи и министер за економија, трговија и енергетика. Пред тоа тој претседаваше со собраниската Комисија за ...

Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во името на Македонската заедница во Албанија му предаде благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров за живот и дело. Ми беше огромна чест во името на Македонското друштво “Илинден” во Тирана да му предадам благодарница “Илинден” на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров за живот и дело и за се’ што сторил за ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
46%
1014
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.6
49%
1010
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
72%
1011
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
45%
1016
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
2.0
61%
1013
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
91%
1010
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
1.34
48%
1015
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
4.12
59%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
46%
1009
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
60%
1017
Currency

61.635

Currency

52.69

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Паладиум

48883.97

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Иридиум

253540.09

Цинк

3.35

Платина

64172.89

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Кобалт

45.39

Рутениум

51376.89

Алуминиум

3.57

Злато

166450.52