Македонците во Данска го одбележуваат големиот празник Водици и по тој повод фрлаа крст во Белвустранд, Копенхаген, а најсреќен беше Марко Петровски, кој го фати светиот крст. Осум верници се фрлаа по крстот, церемонијата беше на море, и на минус 3 степени, а Марко Петровски е среќниот. Тој и лани го фати крстот. Организатор е Македонска православна црква Св. Климент Охридски Данска. Македонците во Данска го одбележуваат празникот, ја негуваат ...

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Богојавление – Водици, упати честитка до сите граѓани коишто го прославуваат празникот и до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана Прима, г. г. Стефан. Почитувани сограѓани, Имам особено задоволство и чест да Ви го честитам големиот христијански празник, Богојавление – ...

Македонците во областа Мала Преспа традиционално го одбележаа Православниот празник Богојавлние-Водици се собраа во селските цркви и после литургиите што ги одржаа свештениците Алексо Темелко и Ропи Арѓири, според обичаите, со крстот украсен со босилок се упатија кон брегот на Преспанско Езеро каде се фрла крст во сите девет села. Во Пустец, седиште на општината, по богослужбата што во црквата „Свети Атанасиј“ која се наоѓа на брегот на ...

Православните верници денеска го слават празникот Богојавление – Водици, што се празнува уште од вториот век. Поврзан е со крштавањето на Исус Христос во водите на реката Јордан од страна на свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. Празникот се нарекува уште и Водици поради големиот водосвет, што го извршува црквата на овој ден. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Познато е дека се празнувал уште во вториот век од ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана од името на сите Македонци во Република Албанија, упати честитка до Поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архипископ Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите православни верници по повод големиот Христијански празник Водици. Богојавление е настан што просветлува и не поучува на прочистувањето кога постои вистинската верба,се наведува во честитката и се посочува дека радувајќи се на Исусовото ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана го оценува како историски ден за Македонците во Република Албанија, денешното свечено отворање на воннаставни модули на македонски јазик, литература и култура во Универзитетот во Тирана. Потсетува дека иницијативата реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана беше отпочната во декември 2022 година, кога беше остварен работен состанок со тогашната директорката на МСМЈЛК при УКИМ, проф. д-р Весна ...

Со уредба на Централната банка на Косово (ЦБК) од 1 февруари еврото е единствена валута за извршување на готовина и платежни трансакции. Српскиот динар како официјалната валута на Србија до сега го користеа српските заедници во Косово. Српската валута се користеше и за исплата на плати на вработените во српските институции, како и пензии во српскиот систем, детски додаток или социјална помош. Српскиот динар, исто така се користеше и во ...

Во Универзитетот во Тирана денеска свечено беше означено отворање на воннаставните модули за македонски јазик, литература и култура, објави Универзитетот на официјалната веб страна. Додава дека станува збор за “воннаставен курс по македонски јазик на Факултетот за странски јазици”. Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана додаде воннаставен курс по македонски јазик. По повод свеченото отворање на овој курс, ректорот на ...

Европскиот совет денеска соопшти дека на списокот на терористи го додал Јахја Синвар, лидерот на политичкото крило на палестинскиот Хамас. „Денеска, Советот одлучи да додаде едно лице на листата на терористи на Европската унија. Оваа одлука е дел од одговорот на Европската унија на заканата од Хамас и неговите брутални и неселективни терористички напади во Израел на 7 октомври 2023 година“, се вели во соопштението. Се додава дека од денеска на ...

Бројот на илегални гранични преминувања на надворешната граница на ЕУ во 2023 година достигна вкупно приближно 380.000, според прелиминарните пресметки на Фронтекс. Ова го означува највисокото ниво од 2016 година и претставува зголемување од 17 отсто во однос на бројките во 2022 година, што укажува на постојан нагорен тренд во последните три години. Централниот Медитеран беше најактивната миграциска рута кон ЕУ, со две од секои пет илегални ...

Македонската репрезентација оствари важна победа против Швајцарија 29:27 и го избегна последното место во групата на ЕП. Македонија одигра одлично прво полувреме против Швајцарија, функционираа сите линии, а одличен беше голманот Томовски. На средината на првото полувреме Швајцарија поведе со 5:4, но потоа следеше серија од 6:0 за Македонија и дојдовме до водство од пет разлика, а на одмор заминавме со 13-9. Водството го чувавме до 50-та минута ...

Македонско друштво “Илинден”-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како “Бугари“. Македонско друштво “Илинден”-Тирана, многупати досега се заслага за вистината, според која Македонците во областа Гора се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ! Нивната самосвест ...

На претседателката на Парламентот Линдита Никола не и преостана ништо друго освен да му се извини на Бегај. Новата година не ја смени стратегијата на опозициските демократи и на првата пленарна седница на албанскиот Парламент, објави Топ чанел. Блокирањето на собраниската говорница продолжи доцна попладнево, не само пред владејачките социјалисти, туку и пред британскиот и германскиот амбасадор, кои, преку социјалните мрежи, претходно, ги ...

Почина Александар Диневски еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, кој во јавноста стана познат како дел од таканаречените „осумтемина“, од последните години пред распадот на екс-Југославија, настан со кој се навести демократизацијата во Македонија. Диневски беше еден од осудените во аферата „Шпион“, која до денеска ја следат бројни контроверзи и сè уште нема правосилна пресуда. Речиси целиот свој работен век Диневски го поминал како дел од ...

Професионалноста, стручноста, умешноста и синхронизираноста меѓу политичката, културната и црковната дипломатија овозможија прв пат во историјата една држава на друга да и врати бесправно одземено културно наследство. Враќањето на 20-те украдени икони од цркви во западниот дел на земјава, пред 10 години запленети во Албанија, покажа дека и најделикатните прашања се решливи со меѓусебен дијалог и соработка. Проф. д-р Сашо Цветковски, историчар ...

По традиција, во духот на македонските обичаи и традиција, Македонците во Албанија, го одбележуваат празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар. Заедно со Македонците во Леска беше и Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ. Ја продолжуваме традицијата наследена од дедовци и прадедовци, како во Мала Преспа, така и ...

Висок инспекторат за пријавување и контрола на имот и судир на интереси (ИЛДПКИ), информираше дека е започната управна истрага за градоначалничката на Булќиза, Фестиме Мјештри. Откако темелно го разгледавме барањето на пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи, одлучивме да почне истрага на проверка, постапување и решавање на сомнителниот случај на судир на интереси при вршење на должноста на градоначалничката на Булќиза Фестиме Мјештри, ...

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и огранокот во Голо Брдо во соработка со Ракометниот клуб “Енхалон“ од Струга и поддршка од Хуманитарна организација “Свети Спас” од Скопје, Македонија се реализираше заедничка донација во Требиште областа Голо Брдо. Посебно здоволство е што за Македончињата во Требиште во областа Голо Брдо се донираа 50 новогодишни пакетчиња во соработка со ракометен клуб “Енхалон“ од Струга и донаторот на новогодишните ...

На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо, на македонско-албанската граница во областа Голо Брдо кој со градот ја поврзува областа Голо Брдо, во летниот период од годинава забележана е видно зголемена фреквенција според статистиката на македонското Министерство за внатрешни работи. На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо влез оствариле 19.352 патници, од нив странци 18.226 и македонски државјани 1.126, ...

Заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи, и министерот за животна средина, просторно планирање и инфраструктура на Косово, Либурн Алиу, го потпишаа договорот за кофинансирање за проектирање за изградба на тунелот на новиот патен правец Тетово – Призрен. Физибилити-студијата покажа дека најоптимална е трасата што почнува од Тетово преку Попова Шапка, Бродец и завршува во населеното место Вешала на македонска страна, а преку тунел ќе ...

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје во 0 часот и 32 минути по полноќ регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа во регионот Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен и Мала Преспа со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со ...

„Нема да дозволиме дозволиме поделби во нашата земја врз основа на тоа дали некој има историја на имиграција или не“, продолжи Шолц, додавајќи дека германската држава ќе ги заштити сите без разлика на потеклото или бојата на кожата Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска остро ги осуди плановите на радикално десничарските екстремисти за протерување на имигрантите од Германија, велејќи дека никој не заслужува да се суди за тоа од каде доаѓа или ...

Премиер Еди Рама најави нова промена во владата, формирање на државно Министерство за јавна администрација и антикорупција на чело со Адеа Пирдени, доктор по правни науки и актуелна заменик-министерка за правда. Според Рама оваа промена доаѓа во време кога Албанија е во нова фаза на развој и работи на поглавјата од преговорите за членство во ЕУ, кои бараат нов пристап кон јавната администрација. Во оваа нова фаза од развојот на земјата и во ...

По откривањето на скандалот со издавањето лажни потврди за „бугарско потекло” во село Острени, област Голо Брдо, населено со Македонци, се бара административна истрага за градоначалничката на општина Булќиза, каде територијално потпаѓа оваа и административната единица Требиште. Според тиранската „Топ ченл“, пратеничката во албанскиот парламент Дурата Чупи побарала од Високиот инспекторат за пријавување имот и судир на интереси да започне ...

Почитувани читатели на Македонски весник “Илинден”, редакцијата на Македонски весник “Илинден”, Ви ја честита Новата 2024 година и ви посакува добро здравје, радости и успеси во наредните 365 дена. Почитувани, Ви благодараме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите случувања во државата и пошироко, преку две платформи: печатено и ...

Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија! Напиша на Фејсбук потпретседатело на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Колаж од мојата битка во изминатата 2023 година, година во којашто цветаше криминалот и корупцијата, а економијата тонеше. Доаѓа надежта! Посакувам многу поубава, повесела и посреќна 2024 година во којашто ќе правиме убави работи за Македонија! Напиша на ...

Православните верници кои времето го сметаат по Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, раѓањето на Исус Христос. Божик го слават Албанската, Грчката,Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Српската православна црква, Московската и ...

Македонското друштво „Илинден“-Тирана, ја поздрави одлуката на судот во албанскиот пограничен град Пешкопеја, кој денеска им изрекол мерка притвор на трите лица вмешани во издавањето лажни потврди за „бугарско потекло“, во административната единица Острени, област Голо Брдо. Се надеваме дека полицијата нема да остане со толку. Очекуваме истрагата да се прошири и во други области и населени места каде што оваа појава, повеќе од сигурни сме дека ...

Вселенската патријаршија и годинава за Божиќ го објави посланието на патријархот Вартоломеј на македонски јазик. Можеме со право да тврдиме дека насилството е грев над гревовите. Тоа е целосна спротивност меѓу нашата создадена природа и нашиот натприроден повик за трагање на љубовно единство со Бога и со нашиот ближен… Мирот претставува вистинско откровение на подлабоката стварност на созданието, согласно со волјата на Бога и на обликот како ...

Автомобилот на Националната гарда во кое било семејството на судијката на Специјалниот антикорупциски суд, Ирена Ѓока, синоќа доживеало сообраќајна несреќа во месноста Селита во Тирана, во која за среќа нема повредени, објавија медиумите. Во него според првичните истражни дејствија удрил автомобил на припадник на полицијата од градот Елбасан, кој изјавил дека изгубил контрола поради дождот и удрил во другиот автомобил, кој е дел од зајакнатите ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
67%
1028
weather icon

Белград

16ᴼ / 14ᴼ
2.68
80%
1027
weather icon

Загреб

17ᴼ / 12ᴼ
1.03
84%
1026
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
71%
1028
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
0.91
63%
1026
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
1.03
96%
1027
weather icon

Атина

21ᴼ / 20ᴼ
4.02
57%
1023
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1023
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
60%
1025
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 17ᴼ
3.09
70%
1026
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1026
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
63%
1025
Currency

61.535

Currency

52.3346

Currency

70.6068

Currency

34.5437

Currency

37.8847

Currency

65.8447

Currency

7.35718

Currency

0.62675

Currency

0.35386

Currency

0.52449

Currency

1.26488

Currency

0.5941