
Скопје
19ᴼ /
19ᴼ



Македонското друштво “Илинден”-Тирана издаде фото албум на кој се претставени народни носии на Македонците во Албанија. Автор на албумот е првиот човек на друштвото Никола Ѓурѓај, тоа е реализирано со поддршка на албанскиот владин комитет за национални малцинства. За мене, друштвото и за сите Македонци ова е многу значајно нешто, со кое трајно останува вистината за нашата традиционална македонска носија и нашето вековно постоење во многу делови ...
Во одговор на писмо упатено на 21 јули 2021 година од Европската слободна алијанса (ЕФА) до Европската комисија, за положбата и правата на македонското малцинство во Бугарија, на 3 ноември 2021 година беше добиен одговор во кој македонското малцинство во Бугарија беше преименувано во „северомакедонско“ малцинство и прашањето неосновано беше поставено во врска со договорот за добрососедство на Бугарија со Македонија, иако во случајов станува збор ...
Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, денеска преку соопштение до јавноста и видеообраќање на поглаварот г.г. Стефан изразува загриженост поради процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција, поради што в четврток ќе организира Сенароден собир пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – ...
Совет на Македонците во Германија, cо голем интерес ги следевме дебатите на 15-ти јуни 2023 година во Бундестагот и сакаме да ја изразиме нашата благодарност за активната поддршка на Владата на Сојузна Република Германија за нејзината силна поддршка кон македонскиот народ на неговиот пат кон Европската Унија. Идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ се од големо значење и сакаме да ги охрабриме сите пратеници во Бундестагот да се ...
Поранешниот градоначалник на северниот албански град Кукс, Сафет Ѓици, доцна попладнево е уапсен по налог на Специјалното обвинителство за организиран криминал и корупција, СПАК. Според медиумите полицијата му ставила лисици на рацете на Ѓици додека бил во кафеана под неговиот стан, со што дематирани се информациите во дел од медиумите дека избегал во Дубаи по објавеното видео каде тој е во интимни моменти со девојка во службените простории. ...
Свештената бигорска обител традиционално и годинава го одбележува празникот на Пресвета Богородица во чест на нејзината икона „Достојно ест“, за што во манастирот се пристигнати верници од повеќе делови на државава. Вечерва во 22 часот ќе започне сеноќното бдение, а благослов да присуствуваат имаат сите коишто молитвено сакаат да го прослават сечесниот спомен на Мајката Божја. Иконата во овој Бигорскиот манастир пристигна кусо по пожарот што се ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува произволните и крајно навредливи изјави во однос на населението во Гора како бугарско. Имено, во својство на европратеник, при неговата посета на Република Албанија на 23. 06. 2023 година, Ковачев објави дека се сретнал со бугарска заедници во регионот Гора“. Секому е јасно дека бугарската држава со години врши невиден притисок врз македонското национално малцинство во Република ...
Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), реагираше во врска на посетата на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на областа Гора, кој, како што беше објавено, „бил во посета на Бугарите“. Во реакцијата на МАЕИ се осудува однесувањето на европратеникот Ковачев и бугарскиот амбасадор во Албанија, кои заедно со други дипломати од Бугарската амбасада во Тирана, давајќи лажни ветувања за помош од европските фондови за подобрување на ...
Почна дванаесто издание на Балканскиот филмски и кулинарски фестивал во Поградец, за 5 дена и ноќи, ќе бидат прикажани филмови изработени од разни балкански земји како Албанија, Македонија, Романија, Хунгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора, Словенија. Поградец е “Главен град“ на Балканот благодарение на овој настан што го организира годишно од Ено Милкани и Герта Кирку, со поддршка од Општина Поградец и други спонзори. ...
Почна дванаесто издание на Балканскиот филмски и кулинарски фестивал во Поградец, за 5 дена и ноќи, ќе бидат прикажани филмови изработени од разни балкански земји како Албанија, Македонија, Романија, Хунгарија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Косово, Црна Гора, Словенија. Поградец е “Главен град“ на Балканот благодарение на овој настан што го организира годишно од Ено Милкани и Герта Кирку, со поддршка од Општина Поградец и други спонзори. ...
Преставници на Македонско друштво “Илинден”-Тирана учествуваше на активност во рамки на проектот „Иднината е во потеклото”, поддржан од Комитетот за национални малцинства при владата на Република Албанија. На настанот организиран од припадниците на грчкото малцинство, кој се одржа на фармата Фустанела-Петрела, претставниците на малцинствата се претставија со традиционална храна и носии. Македонското национално малциство се претстави со ...
Локалната власт на општина Пустец, Мала Преспа, Албанија ги презема сите неопходни активности за што побериќетна и побезбедна туристичка сезона. Додаде дека е договорено формирање работни групи и изработка на акциска програма за туристичката сезона во сите 9 села од Општината, за безбедност на странските и домашните туристи на Преспа. „Договорено е обезбедување на плажите со ознаки за ориентација и заштита, како и соработка со други институции ...
Претседателот на Македонското меѓународно движење за човекови права, Бил Николов се сретна со Елизабет Андерсон, висока советничка за меѓународна безбедност на министерката за надворешни работи на Канада Мелани Џоли, и со Мери Лиз Пауер, висока советничка за политики на министерката Џоли. На средбата, Николов побара Канада да се заложи за итно ослободување на македонските политички затвореници и да го осуди принудното преименување на ...
Коментар на претседателот на ММДЧП Бил Николов (со насловот: Американските политичари немаат право да ја диктираат македонската иднина) објавен во Truthout, влијателна американска непрофитна новинска организација: Во мај, сенаторот Крис Марфи искористи дел од бесконечниот тек на американски даночни пари да одлета до Западниот Балкан, со попатна станица во Република Македонија, да побара (читај: да им се закани) од Македонците да изгласаат ...
Раните и лузните од едно загубено детство – 75 години лузни и трауми од Граѓанската војна. По повод денешниот меѓународен ден на бегалците од денеска до 2 август отворена е изложба во организација на македонските заедници од Чешка и Полска во одбележување на 75 годишнината од прогонот на македонските деца од Егејскиот дел на Македонија. Во градот Крнов пак, во 1948 и 1949 според статистиката беа сместени најголем број на македонски деца од ...
Пред извесен период се сретнав со пријателка која работи во една значајна државна институција. Поразговаравме за сенешто, а таа разговорот го заврши со констатацијата дека живееме во време кога неписмените писмени уништуваат. Со оглед на сè што дниве видов, ми се стори дека овие три збора соодветно ја отсликуваат нашава тридецениска живеачка. И, ако ми верувате не знам од каде да почнам, оти ова нашево ни било, а се надевам нема ни да биде. ...
Директните странски инвестиции во Албанија, во периодот јануари-март годинава, забележале раст, што според статистиката на Централна банка на Албанија, ова е најдоброто прво тримесечие во последните осум години. Ако се направи споредба со истиот период пред една година, Албанија во првите три месеци од годинава привлекла околу 5 милиони евра повеќе. Силната промена на нивото на инвестициите дојде по пандемијата и лани достигнаа вредност од 1,37 ...
Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана г-дин Никола Ѓурѓај денска освари работна средба со Претставничката на македонското национално малцинство во Комитетот за национални малцинства во Република Албанија, Марјана Фелах. На средбата се разговараше за различни прашања поврзани со македонското национално малцинство во Република Албанија, како и за можна соработка во рамките на заштитата на правата и зачувувањето на идентитетот на ...
Македонското друштво “Илинден”-Тирана продолжува со иницијативата што ја започна за реактивирање на Лекторатот по македонски јазик во Тирана. Денеска доставивме официјално барање до професор доктор Есмералда Кромида, деканка на Факултетот за странски јазици за реактивирање на лекторатот, кој функционираше до пред десеттина години. Меѓу другото во барањето го нагласуваме големо значење за македонското национално малцинство во Република Албанија ...
Откриен нов фрагмент на живопис од трослојно сликарство при активностите за реставрација и конзервација на црквата Света Богородица во тетовски Лешок. Над фрагментот кој беше пронајден пред една недела веќе е поставен носач, за да може да се презентира постариот, а истата постапка ќе се повтори и за овој, се со цел да послужи за научни цели. „Пред неколку дена дојдовме до едно така поголемо откритие, односно во делот на џакониконот откривме ...
Денеска почнува Петровскиот пост, кој трае до големиот празник на светите апостоли Петар и Павле, кој се празнува на 12 јули, кој се вбројува меѓу четирите големи годишни пости, покрај Божиќ, Велигден и Богородица. Овој пост е востановен во чест на светите Господови апостоли. Во овој пост се пости вака: во среда и петок не се јаде масло и вино; во понеделник, вторник и четврток се дозволува масло и вино, а во сабота и недела – масло и риба. ...
На 15 јуни во крајбрежните и планинските туристички области во Албанија ќе бидат отворени 30 летни здравствени амбуланти, објави албанскиот премиер Еди Рама, кој сподели и мапа на градовите каде ќе се наоѓаат овие амбуланти. Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. Од Тети до Ксамил, 30-те летни здравствени амбуланти ќе нудат стандардни и професионални ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана ги повикува Македонците во Република Албанија да аплицираат на повикот на Институтот за статистика ИНСТАТ, за ангажирање лица за претстојниот попис на населението и домаќинствата. Институтот за статистика на Албанија, кој е носител на оваа значајна статистичка операција, објави повик за ангажирање лица за пописот што ќе почне на 18 септември и ќе трае шест седмици. Апелираме до Македонците да се пријават за ...
За време на инаугурацијата на компанијата „Рајанер“ на аеродромот „Ринас“, премиерот ги предочи податоците на Европската авијација, која го рангира овој аеродром како прв во Европа по овој показател. Минатогодишната бројка беше 123 отсто плус. Вториот аеродром беше тој во Истанбул со 92 отсто и потоа доаѓаат другите, рече Рама. Рама, исто така, го изнесе фактот дека на аеродромот во Тирана во текот минатата година имало 5,2 милиони патници, ...
„Сакам да се заблагодарам на целиот мој тим, на сите граѓани што доаѓаат на овие средби. Ние сме повторно во Гази Баба. Поминавме доста недели на терен, поминавме како партија, како ВМРО-ДПМНЕ преку 800 населени места, села, општини, маала. И навистина убаво е да се разговара со граѓаните“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски при теренска посета насловена „Ова е Македонија за сите“. Мисајловски додаде дека би сакал да го ...
Македонски весник “Илинден“: Господин г-дин Роберт Кленкоски, ве молам претставете се на нашите читатели. Ви благодариме за честа и можноста да разговараме за прашања кои не обединуваат нас Македонците и целите на Централниот Совет на Македонците во Германија. Накратко, јас сум Роберт Кленкоски, роден во Берлин 1973 година и израснат во Германија. Со гордост го носам моето македонско наследство и сум сопруг и татко на две деца. Како претседател ...
Земјите од Европската Унија треба заедно да одговорат на предизвикот на миграцијата и да не „ги оставаат сами медитеранските земји“, изјави денеска во Рим германскиот канцелар Олаф Шолц по средбата со италијанската премиерка Џорџа Мелони. „Сите оние во ЕУ кои сакаат да се соочат со предизвиците на миграцијата можат тоа да го направат само заедно. Секој обид да се остави проблемот на некој друг е осуден на неуспех“, рече Шолц на ...
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски учестуваше на консултативна средба организирано од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со преставниците на малцинствата во Албанија каде се разговараше за драфтот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година. Во моето излагање во име на македонската заедница во Албанија меѓу другото истакнав дека Комитетот за националните ...
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски учестуваше на консултативна средба организирано од Kомитетот за националните малцинства во Тирана со преставниците на малцинствата во Албанија каде се разговараше за драфтот на Стратешкиот план за работа на Комитетот за периодот од 2023 до 2026 година. Во моето излагање во име на македонската заедница во Албанија меѓу другото истакнав дека Комитетот за националните ...
Естонскиот претседател Алар Карис и неговиот домаќин, албанскиот претседател Бајрам Бегај, со заеднички став дека „интеграцијата на Западен Балкан претставува гаранција за стабилноста во регионот“. Претседателот Бегај на заедничката прес конференција рече дека денеска двете земји се поблиску од кога било една до друга и искажа блаподарност за поддршката на Естонија во процесот на интеграција на неговата земја во ЕУ. -Нашите две земји, иако ...