Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, денеска по повод божиќните празници и својот именден, приреди традиционален божиќен ручек за државниот врв. На 9.1.2025 г., трет ден Божик, кога Црквата го прославува и споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан, по повод божиќните празници и својот именден, приреди ...

Разговор со Никола Ѓурѓај, претседател на македонското друштво „Илинден“ -Тирана од Албанија Никола Ѓурѓај, претседателот на македонското друштво „Илинден“ од Тирана, е еден од најангажираните Македонци во Република Албанија. Според повеќемина наши соговорници, друштвото „Илинден“ е најактивно кај нашиот западен сосед. Покрај тоа што е претседател на македонското здружение „Илинден“ со седиште во Тирана, кое постои од 2009 година и кое има ...

Со македонски пасош без визи може да се патува во 129 земји, што го рангира на 40-то место според индексот на најмоќни патни исправи во светот за 2025 година, на британската консултантска компанија Хенли & Партнерс. Индексот на Хенли & Партнерс е најчесто цитираното рангирање на пасоши и се заснова на официјални податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА). Примарниот одлучувачки фактор за одредување колку е ...

Европскиот суд за човекови права оцени дека Бугарија ја прекршила презумпцијата на невиност и правото на правично судење на европратеничката Елена Јончева и мора да и плати отштета од 8.000 евра. Станува збор за случај од 2019 година, кога бугарското Јавно обвинителство започнало кривична постапка против Јончева под сомнеж за перење пари преку „Корпоративната комерцијална банка“, која банкротира пред една деценија. Според Судот во Стразбур, ...

Последователен успех, во остварување на легитимните права на македонското национално малцинство во Албанија прокниживме на почетокот на оваа година, овој пат со поставување на повеќејазична табла на зградата каде што е сместен Комитетот за национални малцинства во Тирана, изјави Никола Ѓурѓај претседател на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Ѓурај додава, дека тоа по барање на друштвото доставено во јануари 2023 година, до комитетот, за ...

Македонците во Албанија каде и да живеат, достоинствено, како што и му доликува го одбележуваат Христовото раѓање – Божик. Тие присуствуваа на светите литургии одржани во божјите храмови а онаму каде што се во помал број и немаат постојан свештеник, ги посетија црвите и запалија свеќи за здравје, честитајќи си го празникот со зборовите Христос се роди – навистина се роди. Возљубени браќа и сестри. Да ја запалиме во нас и во нашите души и срца ...

Премиерот Еди Рама преку објава на Х пишува дека веќе ќе има директни летови од Албанија до Израел. Рама вели дека ова е фантастична вест за зајакнување на врските меѓу двете земји. „Ова е фантастична вест за зајакнување на врските меѓу Израел и Албанија! Директните летови не само што го олеснуваат патувањето, туку отвораат можности за културни размени, туризам и деловни можности. Историската врска меѓу двете држави, вклучително и херојската ...

Состојбата на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас се подобрува. Извори од Албанска Православната Црква информираат дека утрово од болницата „Евангелизам“ во Атина добиле информација дека Архиепископот е во подобра здравствена состојба. Исто така, лекарите засега ја отфрлија можноста за хируршка интервенција во фокус на инфекција, што предизвикуваше загриженост, поради подобрување на состојбата. Последните денови ...

Индонезија официјално стана полноправна членка на групацијата БРИКС, соопшти Министерството за надворешни работи на Бразил, кое претседава со организацијата. Индонезија споделува со другите членови на групата поддршка за реформите на институциите на глобалното управување и позитивно придонесува за продлабочување на соработката на глобалниот југ“, соопшти бразилската влада. Индонезија претходно ја изрази својата желба да се приклучи на блокот ...

Православните христијани денеска го прославуваат најголемиот христијански празник Рождество Христово или Божик. Со Божик е поврзана и поговорката: „За Божик кај и да си, дома да си“. Тоа значи дека за време на големиот празник треба да се биде во кругот на семејството и тука да се слушне и да се прослави радосната вест за раѓањето на Спасителот. На Божик се оди во црква и се врши причестување со земање нафора и вино, кои ги симболизираат ...

По повод Христовото раѓање – Божик, македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитка до поглаварот на МПЦ-ОА, неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г.г.Стефан и до сите верници. Дозволете ми во мое лично име, од името на друштвото и на сите Македонците во Република Албанија, Вам лично и членовите на светиот архиерејски Синод, на преподобното монаштво и свештенство како и на сите православни верници, да Ви го честитам ...

Работната група на словенските малцинства и Федералната унија на европските националности, се заблагодарува за сите придонеси на сите члени оваа година ја направивме многу успешна година во рамките на Федералната унија на европските националности. Ние ви посакуваме среќни и здрави празници и среќна 2025 година! Почитувани организации членки, партнери, поддржувачи, пријатели! Привршува уште една година исполнета со настани – време за пауза и ...

Правата и слободите и положбата на македонското малцинство во Грција зависат од самите Македонци во Грција, независно дали постоел или не Преспанскиот договор. Членовите на партијата Виножито и воопшто македонското малцинство во Грција ќе се радуваат да ја видат македонската држава просперитетна и полноправна членка на Европската Унија што побрзо, за токму таму да ги искористи благодатите на органите и финансиските можности од ЕУ за доброто на ...

Православните христијански верници го слават Бадник, ден пред големиот празник Рождество Христово – Божик. Македонскиот народ со многу внимание и почит ги одбележува овие празници. Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера. Семејството на Бадник се собира на заедничка вечера и според ...

Здравствена состојба на Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г.Анастас лекарите кои го лекуваат ја оценуваат како критична. Со авион C-27 на грчкото Воено Воздухопловство беше извршена медицинска евакуација на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, г.г.Анастас од Тирана до Атина. Архиепископот го придружуваа лекар и двајца спасувачи, членови на Летечката медицинска екипа на Националната служба за итна ...

† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, ПО ПОВОД БОЖИКНИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА – ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА Зашто Дете ни се роди – Син ни се даде… и ќе Го наречат: Чудесен Советник, Бог силен, Отец вечен, Кнез на мирот..[1] Возљубени празникољупци, Воплотувањето на Бога, во ...

Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека Тирана ќе биде домаќин на НАТО самитот во 2027 година. На годишниот состанок, Рама истакна дека Албанија станува „меѓународно почитувана и ценета земја“. Тој најави и дека Албанија ќе го организира Самитот на Европската политичка заедница на 16 мај 2025 година. Присуството на американскиот претседател и сите лидери на НАТО во Тирана ќе биде јасна порака за новата меѓународна позиција на Албанија. Иако ...

Претседателот на македонското друштво “Илинден”, Никола Ѓурѓај денеска во македонската амбасада во Тирана оствари средба со Луфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор. Ми беше посебна чест и задоволство на последниот ден од годината да остварам работна средба со вршителот на должноста македонски амбасадор, Љуфтим Спахиу, објави Ѓурѓај на Фејсбук. Додава дека на средбата биле актуализирани прашања кои се однесуваат на проблемите на македонско ...

Почитувани граѓани на Македонија, драги мои сограѓани, драги пријатели, измина уште една година зад нас. 2024 година беше година на предизвици, но и на нови почетоци. Народот ја одбра иднината и ни даде мандат за промени. Наследивме држава во тешка состојба, но со труд и јасен план постигнавме раст од 3%, зголемување на пензии и плати, нови инвестиции и проекти за подобрување на животот. Отворивме фронт против криминалот и корупцијата и ја ...

Почитувани читатели на Македонски весник “Илинден”, редакцијата на Македонски весник “Илинден”, Ви ја честита Новата 2025 година и ви посакува добро здравје, радости и успеси во наредните 365 дена. Почитувани, Ви благодараме на довербата која ни ја дадовте како на одговорен, непристрасен и објективен медиум кој информира и анализира преку својата новинарска екипа за сите случувања во државата и пошироко, преку две платформи: печатено и ...

Вршителот на должноста амбасадор, Луфтим Спахиу, во македонската амбасада во Тирана, организираше новогодишен прием за претставници на македонското национално малцинство кои живеат во Тирана. Во чест на македонското национално малцинство во Тирана, кое претставуваат важен дел од мултикултурната структура на градот, придонесувајќи со својата историја, култура и традиција, а по повод новогодишните празници, организиравме мал но значаен прием, ...

Поранешниот градоначалник на општина Пустец, Едмонд Темелко денеска го посети Требиште, областа Голо Брдо најголемо село во областа и ги израдуваа најмладите со новогодишни пакетчиња. Темелко не го крие задоволството од, како што вели, реализираната заедничка цел – да внесеме радост и насмевки кај најмладите Македончиња за време на празниците. Посетата имаше за цел да ги израдуваме нашите дечиња пред новогодишните празници. Во топла и срдечна ...

На 25.12.2024 год. се појави една „колумна“ насловена „Од Митко Панов очекувавме повеќе, шансата го троши“ на поранешен инспектор во Државниот просветен инспекторат, кој меѓу другото, беше задолжен и за законитоста во работењето на Институтот за национална историја. Во неа, инспекторот врз основа на негов „разговор“ со некој безимен пензионер од Институтот, констатираше дека новиот директор на ИНИ, проф. д-р Митко Панов не ги исполнил нивните ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, остварија заедничка средба со уредниците и новинарите кои ја следат одбраната. Министерот на денешната средба ги презентираше трите приоритетни столбови на кои почива одбраната и Армијата – стабилното буџетирање, интензивната модернизација и опремување и развојот на човечкиот капитал. Министерот најави дека во 2025 година Армијата ќе ...

Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, денеска беше во Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, кое против него води истрага „за пасивна корупција “. Според албанските медиуми Велиај по сослушувањето кое траело пет часа, на излегување од обвинителството избегнал да даде изјава. За разлика од пролетта, кога се задржа повеќе од 7 часа, за случајот со инценераторот во Тирана, и излезе насмеан, застанувајќи за да даде ...

Светски признатиот филолог и дијалектолог, професорот Максим Макарцев од Универзитетот „Карл фон Осјецки“ во Олденбург, Германија одржа гостинско предавање за корчанскиот говор пред магистранките по македонистика од Московскиот државен универзитет „Ломоносов“. Тој говореше за своите теренски истражувања на говорите на Македонците во областите Голо Брдо, Преспа и Корча во Република Албанија. Неговите истражувања (од 2010 г. наваму) придонесоа и ...

Почитувани граѓани, Почитуван Претседател на Собранието, г. Гаши, Почитуван Претседател на Владата, г. Мицковски, Почитувани пратеници во Собранието, Почитувани министри, Ценети претставници на правосудните органи, Почитувани претставници на верските заедници, Почитуван началник на Генералштабот, Ценети претставници на дипломатскиот кор, Претставници на медиумите, дами и господа, Најпрвин нешто околу мојата филозофија за претседателската ...

Запленети се 22 парчиња огнено оружје „Зораки“, едно огнено оружје Ак 47, офанзивна рачна бомба и 470 куршуми од разни видови. Одземени се и три возила, значителна сума пари и 10 мобилни уреди. Криминалната група за трговија со оружје која делуваше на Косово и Албанија е разбиена по девет месеци истрага на Специјалното обвинителство на Косово со Обвинителството на Основниот суд од општа надлежност во Тирана и при тоа се уапсени 14 лица, соопшти ...

Востоличен новиот епископ на Круја Анастас на Автокефалната Православна Црква на Албанија, архимандритот Анастас Мамај за помошен епископ на поранешната епископија Круја, кој според Статутот на Црквата ќе биде член на Благодатниот Синод на новоизбраниот епископ ќе се одржи на 15 декември 2024 година во катедралата Воскресение Христово, во Тирана. Кратка биографија Новоизбраниот помошен епископ на Круја г. Анастас (пред Крштевањето, Енкелед ...

Македонско друштво “Илинден“- Тирана упати благодарност до Националниот институт за културно наследство на Албанија, за прифатеното барање на друштвото за целосна реконструкција и реставрација на црквите во селата Ербеле и Горно Крчишта. Ми претставува особена чест и задоволство од име на Македонците во Албанија, посебно оние во селата Ербеле и Горно Крчишта, да изразам благодарност што го прифативте нашето барање за реконструкција и ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
3.09
48%
1016
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
5.66
38%
1020
weather icon

Загреб

26ᴼ / 25ᴼ
4.12
36%
1021
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
6.17
32%
1016
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
8.74
23%
1014
weather icon

Љубљана

27ᴼ / 25ᴼ
2.06
44%
1021
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.66
36%
1013
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
31%
1015
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.06
29%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
6.69
46%
1017
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 23ᴼ
4.92
28%
1020
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
6.69
45%
1013
Currency

61.535

Currency

53.3801

Currency

72.0238

Currency

34.5911

Currency

38.9854

Currency

65.43

Currency

7.43017

Currency

0.68478

Currency

0.36749

Currency

0.52453

Currency

1.34652

Currency

0.61651

Алуминиум

2.56

Иридиум

142633.96

Кобалт

42.99

Никел

14785.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.35

Сребро

1169.00

Злато

108316.04

Бакар

9.69

Паладиум

3343.68

Платина

40695.48

Родиум

176025.34

Цинк

2.60