Косовските пратеници денеска не изгласаа формирање на Изборна комисија за тајното гласање за претседател и потпретседатели на косовскиот Парламент. Пратениците од поранешните опозициски партии не предложија членови за Изборната комисија, а не гласаа ниту за составот на Комисијата, што доведе до прекин на седницата. Косовското Собрание не е конституирано ниту по 18-тиот обид, по парламентарните избори одржани на 9 февруари. За формирањето на ...

Сирискиот министер за одбрана Мурхаф Абу Касра ги повика малите вооружени групи кои сè уште не се приклучиле кон безбедносниот апарат да го сторат тоа во рок од 10 дена или ќе се соочат со последици. Британските медиуми објавуваат дека министерот не прецизирал какви мерки ќе бидат преземени, а во соопштението објавено доцна синоќа се наведува дека „воените единици“ сега се интегрирани во „унифицирана институционална рамка“, нарекувајќи го тоа ...

Со стихови од Григор Прличев и Константин Миладинов, како и од Адем Гајтани, Саме Лимани Жарноски, Гого Ивановски, Игор Исаковски, Абдулазис Ислами, Славко Јаневски, Фахри Каја, Бистрица Миркуловска, Георги Сталев и Лилјана Чаловска денес ќе биде отворено второто издание на Деновите на поезијата, во главниот влез („Партизанска“) на Скопје Сити Мол, со почеток во 18 часот. Под мотото „Поезијата е и стварност и фантазија, мит на јавето за ...

Ракометарите на Алкалоид се на чекор до европска титула откако го победија АЕК на негов терен со четири голови разлика, момците на Кире Лазаров славеа со 29-25 во првиот финален натпревар од ЕХФ Европскиот куп. АЕК ја имаше поддршката од публиката која беше жестока, но ракометарите на Алкалоид покажаа дека се поквалитетен тим и сосема заслужено дојдоа до победата. Првото полувреме почна неизвесно, изедначено, двете екипи се менуваа во водство, ...

Папата Лав XIV во својот денешен говор на инаугуративната миса на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан вети дека ќе работи на единството, за Римокатоличката црква да стане симбол на мирот во светот. Американските медиуми пренесуваат дека во својата проповед пред десетиците илјади верници, светски и црковни претставници, папата Лав рече дека сака Римокатоличката црква да биде обединета. Повикот на папата за единство е значаен со оглед на ...

Албанија и Велика Британија отвораат заедничко производство на воена опрема. Британскиот премиер Кир Стармер во Тирана изјави дека двете земји ќе соработуваат во производството и продажбата на воена опрема. Можам да зборувам и за нашата заедничка декларација во одбранбениот сектор, со која сакаме да ја зајакнеме националната безбедност, иновациите и економскиот раст на земјите. Ова е момент кога европските земји мора да се обединат за да се ...

Договорот за стратешка соработка со Велика Британија ќе значи многу и за политиката и за економијата и целосно ќе не трансформира како држава и ќе не однесе на друго ниво. Се состои од два договори од кои првиот е за стратешко партнерство кој ги одредува политичките контури на соработката, а вториот е договор Влада со Влада кој ги утврдува полињата на економска соработка, истакна вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар ...

Фото: EPA-EFE/PORTER BINKS Брод за обука на мексиканската морнарица удри синоќа во Бруклинскиот мост во Њујорк при што загинаа две лица, а 19 се повредени, од кои две потешко. Три од јарболите на пловилото удриле во култниот мост. Минувачите кои уживаа во пролетната вечер покрај Ист Ривер со чудење го гледаа бродот како се упатува кон мостот со кренати едра и вклучени светла, а јарболите се превисоко кренати. „Големиот мексикански воен брод ...

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денеска во Тирана ги повика странските инвеститори да дојдат во Албанија, која, како што рече, ќе биде во Европската Унија „за две години“. Макрон на економскиот форум „Приоритет Европа“, кој го организираше институтот „Иницијатива за идни инвестиции“ (Future Investment Initiative-FII) на Ричард Атијас, порача дека Европа е „стабилно и доверливо место“. Во овој луд свет, да не ја потценуваме силата на ...

Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на еден од најзначајните современи македонски поети, Раде Силјан се чествуваат и во Србија. По повод значајните јубилеи, издавачката куќа „Арка“ објави двојазична книга „Лажно време“, со избрани и нови песни од Силјан, во оригинал на македонски и во препев на српски јазик. Препевот е на академик Ристо Василевски, еден од најистакнатите посветеници во афирмацијата ...

Со мини филм за спасување на пехарот на Еврвизија кој минатогодишниот победник Немо го скрши и дефиле на сите 26 учесници започна 69тото издание на Евровизија 2025. Манифестацијата ја водеа водителките Хејзел Бругер и Сандра Студер на кои им се придружи и познатиот моделот и водител Мишел Ханцингер, инаку првата сопруга на музичката ѕвезда Ерос Рамацоти. Во венчаница со бисери и бела крзнена шубара, минатогодишниот победник Немо го отвори ...

Следниот самит на Европската политичка заедница, седми по ред, ќе се одржи во Данска, објавија вечерва албанскиот премиер Еди Рама и неговата данска колешка Мете Фредериксен на заедничката прес-конференција со која беше завршен самитот во Тирана. Фредериксен рече дека денешните дискусии се фокусирале на безбедноста, пазарот и конкурентноста на европските компании, како и на миграцијата, која е речиси надвор од контрола, иако ситуацијата, ...

Денес, од седиштето на Владата се обраќам со гордост и чувство на историска одговорност. Вчера, во Тирана, беше постигната согласност за Заеднички договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Овој чин не е само симболика. Тоа е голем, неповратен чекор напред во изградбата на иднината што ја заслужуваат нашите граѓани. Нашите две држави ги поврзуваат заеднички вредности кон кои се стремиме и за кои се бориме да ги воспоставиме. ...

Над 40 европски земји, главните теми покрак интеграцијата на Западен Балкан се и безбедноста на Европа, економската соработка, енергетиката. Дискусиите се фокусираа и на демократската стабилност на Европа, конкурентноста и економската безбедност, сложената динамика на миграцијата и војната меѓу Русија и Украина. Европската Унија е посветена на создавање просперитет, вклучително и преку план за раст за Западен Балкан. Поврзаноста мора да биде ...

Прес-службата на Владата на Обединетото Кралство обавува дека премиерот Кир Стармер, се сретна со премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски на самитот на Европската политичка заедница. Премиерот почна со поздравување на новото стратешко партнерство меѓу двете земји, со што дополнително се зајакнуваат односите меѓу Велика Британија и Македонија. Партнерството ќе го нагласи растечкото пријателство меѓу двете земји и ќе сигнализира намера за ...

Во првата директна средба по неколку години, украински и руски претставници договорија размена на по 1.000 воени заробеници. По средбата која траеше 90 минути, договорено е да се разменат предлози за прекин на огнот. Размена на заробеници и предлози за прекин на огнот, договорија Русија и Украина на првата директна средба која треба да донесе крај на руската агресија. Размената треба да се случи „во блиска иднина“ и ќе биде најголема од ...

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, и премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, денеска во Тирана излегоа со заедничка изјава по повод потпишувањето на меѓувладин договор за стратешко партнерство меѓу двете земји. „Имаме цврсти односи меѓу нашите две земји. Фактот што успеавме да го потпишеме овој договор е од голема важност и покажува дека ќе можеме заеднички да решаваме многу прашања. Ова е одлична можност и се ...

Секогаш е посебно задоволство кога со нашите соседи градиме разбирање и заедничка визија. Денеска со премиерот Рама во Тирана имавме исклучително конструктивен и пријателски разговор, исполнет со заемна почит и желба за напредок. Заедно, цврсто чекориме по патот кон Европската Унија, посветени на иднината што ја градиме со партнерство, дијалог и заеднички вредности, напиша на Фејсбук претседателот на владата, Христијан Мицкоски. Post Views: ...

Во Тирана денеска ќе се одржи шестиот Самит на Европската политичка заедница на тема „Нова Европа во новиот свет: единство – соработка – заедничко дејствување“, на кој ќе учествува и премиерот Христијан Мицкоски. Главна тема на Самитот, чии кодомаќини се претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и албанскиот премиер Еди Рама, ќе биде безбедноста и заедничката визија за иднината на Европа. Во тие рамки се очекува лидерите да разговараат ...

Од Тирана пред почетокот на самитот на Европската политичка заедница, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, даде јасна порака за единство и соработка. Опкружена со водачите на Западен Балкан – Косово, Албанија, Црна Гора, Македонија и Србија и други европски лидери, таа ја подвлече важноста на заедничката припадност. „Нашето европско семејство на вредности ги надминува границите на Европската унија. Ние го делиме истиот ...

Албанија би можела да биде во европското семејство дури и пред 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на заедничката прес-конференција во Тирана, со премиерот Еди Рама. Не барам некој волшебен датум. Ќе ги гледаме достигнувањата на Албанија ден по ден. Зошто не порано? Зошто не пред 2030 година. Ако продолжи со овие резултати, можно е да се биде член пред 2030 година. Сè зависи од вас. Резултатот од неделните ...

Повеќе од 1.500 албански полицајци од сите структури, вклучувајќи го сектор за антитероризам, сообраќајната полиција, јавен ред и мир, криминалистичка, но и општинската полиција ќе бидат на терен за непречено одвивање на самитот што утре ќе се одржи во Тирана. На терен има и групи за антиексплозиви, кои ги следат главните патишта и го надгледуваат целиот безбедносен периметар, а по должината на плоштадот „Скендербег“, околу 600 полицајци ќе ги ...

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, денеска е во работна посета на Унгарија, каде оствари средба со министерот за одбрана, Кристов Залаи Бобровницки. На средбата на која се разговараше за партнерството меѓу двете земји, се истакна одличната соработка во делот на одбраната, како важен дел во остварување на целите на НАТО алијансата. Стратешката цел е зачувување на мирот и стабилноста во регионот, истакна вицепремиерот ...

Во Македонскиот културно информативен центар во Тирана, синоќа е одржана литературна вечер со поетесата, преведувач, есеист, професор и антрополог – Наташа Сарџоска. Наташа е автор чии книги се преведени на повеќе од 25 јазици, меѓу кои и на албански. Со своето претставување преку интервју, разговор и прашања со публиката го донесе сјајот на македонската книжевност. Присутните ги поздрави вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а ...

Македонско друштво “Илинден“-Тирана, пред десет години беше примено во Федералната унија на европските националности (ФУЕН) највисоката малцинска организација во Европа. Македонско друштво “Илинден”-Тирана стана прво друштво од Република Албанија рамноправен член на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во конгресот што се одржа на 15.05.2015 година во Комотини, Грција, во организија на Федерацијата на западно тракиски Турци во ...

Во издание на „Бата прес“ објавен е првиот том на Правописно-нормативниот речник на македонскиот стандарден јазик, на кој автори и редактори се осум универзитетски професори. Објавувањето на речникот е поддржано од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2024 година. Својата прва промоција речникот ќе ја има на годинешниот Саем на книгата во арената „Борис Трајковски“, на штандот на издавачот, денеска во 11.30 часот. ...

Од Стокхолм, каде што оствари работна посета на Шведска, министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски, отпатува за Луксембург, каде учествуваше и се обрати на 134-та сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на Организацијата. Состанокот се одржа во контекст на актуелните геополитички предизвици, со ...

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, и комесарката за проширување на ЕУ, Марта Кос, изјавија дека неделните парламентарни избори во Албанија „беа генерално инклузивни и транспарентни“, но исто така посочија дека се одржале во „високо поларизирана средина во која кандидатите не уживале еднакви услови“, jaвија албанските медиуми пренесувајќи соопштение на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Во ...

Во општина Пустец, која е дел од изборна единица Корча на вчерашното гласање на парламентарните избори, Васил Стерјовски освои 381 гласови кој беше на кандидатската листа на Социјалситичката партија, но како кандидат на Макдонска алијаса за евопска интеграција. На листата се 10 кандидати, поддршка дале 1052 граѓани, а најголем број гласови доби Васил Стерјовски или 381 глас, додека веднаш зад него е Илириан Пендавињи со 238 гласови. Што се ...

Лидерите на верските заедници од земјава, денеска, по иницијатива на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи на Македонија (КОЗРГ), потпишаа Декларација на верските лидери во Република Македонија против насилен екстремезам. На потпишувањето беше посочено дека верските заедници се меѓу клучните чинители за превенција и спречување на насилниот екстремизам, бидејќи нивното ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
38%
1028
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
47%
1028
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
0.51
55%
1028
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1028
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.38
30%
1027
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
82%
1029
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1024
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
22%
1024
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
41%
1025
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
37%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
33%
1025
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976