
Скопје
22ᴼ /
22ᴼ



Неговото Високопреподобие игуменот Серафим, духовникот на манастирот „Св. Јован Претеча“ од с. Слепче, Демирхисарско, заедно со сестринството од овој манастир присуствуваа на светата заупокоена Литургија за блаженоупокоениот Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Неговото Блаженство Анастас. Серафим отслужи мал помен – Трисагио, пред погребението на Архиепископот Анастас и по погребението повторно, на неговиот гроб. Вечнаја памјат! ...
Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош. Властите во американската престолнина вршат истрага откако синоќа во воздух се судрија помал патнички авион на „Американ Ерлајнс“ и воен хеликоптер. Сударот се случил во близина на главниот аеродромот во Вашингтон, а делови од воздухопловите паднале во реката ...
Денска во катедралниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана се отслужени Литургија и опело за блаженоупокоениот Архиепископ Тирански и на цела Албанија Анастас. На опелото началствуваше Цариградскиот Патријарх Вартоломеј, во сослужение на синодските архијереи на Автокефалната православна црква на Албанија. Молитвено беа присутни делегации од помесните Православни Цркви, меѓу кои беа Патријарсите: Цариградски Вартоломеј, Александриски Теодор, ...
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, смета дека во оваа земја нема политичка волја од сите политички сили за остварување на легитимните права на малцинствата. На малцинствата не гледаат како мост на поврзување со нашите матични земји, каде што можеме да дадеме придонес. Ние како малцинства сме сите мирољубиви малцинства. Ние сме лојални на оваа држава, ...
Директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) на Македонија, г-ѓа Оливера Трајковска испрати телеграма со сочувство до Светиот архиерејски синод, како и до свештенството и верниот народ на Православната црква на Албанија по повод упокојувањето на Нивниот првоерарх, Неговото блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и на цела Албанија, г. Анастас. ТЕЛЕГРАМА СО СОЧУВСТВО Ваши Високипреосвештенства, ...
На граничниот премин Требиште – Џепиште во областа Голо Брдо според статистиката на македонското министерство за внатрешни работи, регистрирана е рекордна фреквенција на патници споредено со претходната година. На граничниот премин Џепиште-Требиште минале 51.080 патници, од нив странски 48.116 и 2.964 македонски државјани. Споредено со претходната година бројот е поголем за 12.255 патници“, потврдуваат од министерството. Зголемената фреквенција ...
Добро упатените во оваа проблематика велат дека употребата на деноминирачкиот термин „северномакедонци“ од страна на албанските институции за првпат се случи за време на последниот попис на населението, па оттука изјавата на албанската амбасадорка во Софија, Инид Мило, според експертите, „не е преседан, туку континуитет во албанската политика“. Оваа „доследност во употребата на терминот северномакедонци од страна на Тирана“, според ...
Прекрасни фрески во островската црква Мал Град, Регионалната дирекција за културно наследство Корча го привлече вниманието на прекрасните фрески на црквата пештерската црква „Света Богородица“ на островот Мал Град областа Мала Преспа. Оваа црква се смета за скапоцена во Преспа и во цела Албанија. Се наоѓа во Преспанското Езеро, на островот на островот Мал Град областа Мала Преспа, од 14 век и е еден од највредните споменици на културното ...
Македонисти од 18 земји од светот ќе учествуваат на Петтата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје која се одржува онлајн од денеска до 1 февруари. Како што информира УКИМ, учесници се македонисти од Австралија, Албанија, Бугарија, Италија, Монголија, Кина, Полска, Романија, Русија, САД, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Украина, Унгарија, ...
Европската унија (ЕУ) ги продолжи санкциите против Русија откако беа надминати приговорите на владата на унгарскиот премиер Виктор Орбан. Шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас во понеделникот на мрежата Х напиша дека министрите за надворешни работи на Унијата се согласиле повторно да ги продолжат санкциите кон Русија. „Ова ќе продолжи да ја лишува Москва од приходите за финансирање на војната. Русија треба да плати за штетата што ја ...
Телото на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас во раните утрински часови пристигна на граничниот премин Какавија, каде што ќе биде пречекан со почесна церемонија. Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас пристигна во Ѓирокастро, каде во црквата ќе се одржи миса во чест на Архиепископот ќе отпатува за Тирана. Светиот Синод на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас соопшти дека приемот ќе ...
Министерството за европски прашања информира дека во втората половина од март Македонија ќе биде домаќин на следниот Состанок на лидерите на Западен Балкан (WB6), посветен на Планот за раст на Европската Унија. Одлуката е донесена како резултат на проактивната улога на Владата на Република Македонија во подготвувањето и имплементацијата на Реформската агенда поврзана со овој стратешки план. Дополнително ќе биде објавен точниот датум на ...
За време на престојот во Република Полска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова посети една од најстарите високо-образовни институции – Јагелонскиот универзитет во Краков, како и Лекторатот по македонски јазик при овој Универзитет, каде оствари средба со полски слависти и македонисти. Во разговорот, претседателката беше запознаена со историјата на Универзитетот и Лекторатот по македонски јазик, работата и научните достигнувања на полските ...
Десет години по територијалната поделба направено 2014 година во областите Голо Брдо и Гора каде живее македонското национално малцинство се уште останаа неразвиени. Во 2014 година, општините Требиште, Острени и Стеблево во областа Голо Брдо беа укинати, за да се приклучат кон општините Булќиза и Либражд, а општините Шиштеец и Запот во областа Гора беа припоени кон Општина Кукс. Македонско национално малцинство во областите Голо Брдо и Гора ...
Партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), како единствена политичка партија што ја претставува македонската заедница во Албанија, изразува длабока загриженост и остро реагира против етикетирањето на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“ од страна на амбасадорката на Албанија во Софија, Инид Мило. Како што стои во реакцијата, упатена до министерот за Европа и надворешни работи, Игли Хасани, во интервју за ...
Mакедонското друштво “Илинден” -Тирана упати сочувство до Албанската православна автокефална црква и до верниците по повод упокојувањето на г.г.Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија. Во мое лично име, во име на македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското национално малцинство во Република Албанија, изразувам најдлабоко сочувство за упокојувањето во Бога на архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Анастас ...
Во Белорусија денеска (26 јануари) се одржуваат претседателски избори, на кои се очекува претседателот Александар Лукашенко неприкосновено да освои седми мандат, продолжувајќи го неговото тридецениско авторитарно владеење, јави агенцијата АФП. Лукашенко од 1994 година е на власт во изолираната Белорусија која е сојузничка на Москва. Избирачките места беа отворени во 8 часот. Тоа е прво гласање за претседател откако Лукашенко ги потисна ...
Митрополитот на Корча, Јован е избран за Местобљустител на Архиепископскиот трон на Автокефалната православна црква на Албанија. По смртта на архиепископот Анастас, Синодот одлучил да прогласи петдневна жалост, почнувајќи од од 25 до 29 јануари 2025 година. Во вторник на 28 јануари пред Соборниот храм „Воскресение Христово“ во Тирана, ќе биде пречекано телото на покојниот Архиепископ, по што ќе биде изложено за народно поклонение во Соборниот ...
Премиерот Еди Рама изјави дека ќе формира суверена држава во Тирана за верскиот поредок на бекташките, по моделот на Ватикан во Рим, за да ја зачува и промовира верската толеранција. „Тоа би била енклава на исламскиот суфиски ред, една од најмалите држави во светот и би имала своја администрација, но без даноци или полиција и нема да го доведува во прашање суверенитетот на Албанија“, рече Рама на церемониjata по повод 95-годишнината од ...
До чуварот на Архиепископскиот трон на Албанската Православна Црква Со голема тага ја примивме веста за упокојувањето на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч, и на цела Албанија Анастас. Албанската Православна Црква, но и Православието во целост, со преминувањето на блаженоупокоениот Aрхиепископ Анастасиј изгубија светол евангелски маж, трезвен и мудар пастир втемелен во светото православно Πредание, просветлен богослов на ...
Автокефалната православна црква на Албанија, со длабока тага, го објавува упокојувањетo во Господа на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас. Денеска, на 25 јануари 2025 година, во 8:30 часот, на 95-годишна возраст, во болницата „Евангелизам“ во Атина, како последица на недоволно функционирање на многу органи заспа во Господа Неговото Блаженство, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас светилник на ...
Според прелиминарните податоци на Институтот за геонауки, земјотресот бил со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот е регистриран во Велипојa со длабочина од 15,8 километри. Потресите се почувствувани и во областите околу епицентарот. Според прелиминарните комуникации со претставници на локалната самоуправа, структурите за цивилна одбрана на општина Скадар и округот Скадар не пријавиле материјална штета, соопштуваат од ...
За учество на изборите се сертифицирани вкупно 28 политички субјекти, со вкупно 1.280 кандидати што ќе се натпреваруваат за 120 пратенички места во Собранието на Република Косово, што ќе се одржат на 09 фебруари, 2025 година, со своја кандидатска листа ќе учествува и партијата „Единствена горанска партија“. На кандидатската листа на нашата партија се наоѓаат 29 кандидати од разни делови на областa Гора. На листата се вредни луѓе, кои се ...
Машката репрезентација на Македонија ја забележа втората победа на Светското првенство 2025, откако во натпреварот со Катар триумфираше со 39:34. Нашата ракометна репрезентација сега има четири бода. Според калкулациите нашата репрезентација нема да заврши на последното место во групата и има големи шанси да обезбеди добар пласман. Од самиот старт Македонија поведе со 3:1, а кружниот напаѓач Милан Лазаревски беше расположен, одбраната на ниво, ...
„Денеска ја имам честа да присуствувам на вештачкиот мрест на Охридската пастрмка. Оваа активност се спроведува по 6 години застој“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во изјава за медиуми од Охрид. „За таа цел минатата година се склучија договори со Хидробиолошкиот завод од Охрид и со Институтот за сточарство и рибарство од Скопје, за изведување вештачки мрест и порибување. Денешната активност е ...
Претседателот на Советот на амбасадори на Албанија, Генци Муцај е оптимист дека Македонија наскоро ќе и се приклучи на Албанија, која ги започна преговорите со ЕУ со отворање на првиот кластер, и оти ќе се најде решение со бугарската страна за одблокирање на евроинтеграцијата. Не сме среќни што сте зад нас, би сакале да бидеме заедно на евроинтегративниот пат. Ние сме Европејци, досега требаше да станеме дел од ЕУ. Не гледам причина зошто вие ...
По назначувањето за координатор на Македонското друштво Илинден-Тирана за областа Голо Брдо, Фатри Фетаху упати благодарност до преседателот и до раководството на Македонското друштво Илинден-Тирана. Во својата порака наведува „изразувам голема благодарност за повторно искажаната доверба, по втор пат, да бидам преставник на Македонското друштво Илинден-Тирана за нашиот регион Голо Брдо. Чест и задоволство ми е да ја извршувам дејноста како ...
Претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, за албанската МЦН, зборува за бројноста на македонската заедница и каде главно е сконцентрирана. Според него, македонската заедница реално брои над 100 илјади на целата територија на Република Албанија и доколку би бил спроведен реален попис тоа ќе се потврди. Македонската заедница официјално живее во областите Гора, Голо Брдо, Преспа, Врбник и областа Девол, долж ...
Опремата е донирана во рамките на проектот „Зајакнување на капацитетите на системот за форензика и истрага на местото на настанот за подобрување на кривично-правната контрола на мало и лесно оружје“, кој го имплементира УНДП во рамките на Патоказот за контрола на мало и лесно оружје на Западен Балкан, чиј потписник е Македонија. Како донатор на проектот се јавува Мултилатералниот доверителен фонд на Обединетите нации за мало и лесно оружје на ...
Поради скратен судски процес, казната е намалена на 8 месеци, условно на 16 месеци, поради обвинението за семејно насилство. Судијката Мигена Ласка го осуди Ѓерѓ Захарија, татко на Елија Захарија, на 10 месеци со скратен судски процес, со што ја намали казната на 6 месеци и 20 дена. Судот одлучи да ја укине казната на една година и 40 дена условно. Во меѓувреме, судијата ја прогласи Елија Захарија за невина. Видео кое кружи во локалните ...