„Тој се јави во мал народ и тоа во време кога тој народ сè порешително ја изразуваше својата национална индивидуалност. Тој не беше само човек на литературата, ами по силата на околностите тој требаше, без никакви привилегии, да се вклучи во секидневната практична дејност, полна со опасност, за проширување на социјалните и националните права на својот народ, подложен на секаква дискриминација. (…) Во еден таков човек се обединува писател и ...

Денес се одбележува Меѓународниот ден на Ромите, ден на славење на ромската култура и традиција како нераскинлив дел од нашето мултиетничко, мултикултурно, мултијазично и мултирелигиско општество. Но, во исто време на овој ден се истакнува и одбележува континуираната борба против дискриминацијата, сегрегацијата и маргинализацијата со кои Ромите се соочуваат секојдневно во речиси сите оштествени сфери. Во ситуација кога дури 85,6 % од Ромките не ...

Меѓу граѓаните кои од затвор ќе го остварат правото на глас на парламентарните избори на 11 мај, се и поранешен шеф на државата, градоначалници, министри, пратеници. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, ќе гласа во Драч, градот каде што е во затворски притвор, исто како и неговите сопартијци, Илир Беќја, поранешен министер за здравство и Јургис Чирбја, поранешен пратеник. Од редовите на демократите, Ервин Салијањи, пратеник, ќе гласа во ...

Кочо Рацин ги постави темелите на современата македонска книжевност. Бил и сѐ уште е еден од најчитаните и најпопуларни македонски поети. Тој е бард на македонската поезија затоа што најинтимно ја допрел душата на народот, ја искажал болката на работниот народ и ја поттикнал неговата надеж и верба во поубава и поправедна иднина, истакна претседателот на МАНУ, академик Живко Попов, на денешната промоција на тритомното издание „Кочо Рацин“. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио планира посета на држави од Западен Балкан, јавија црногорските медиуми пренесувајќи соопштение од средба на министерот за надворешни работи Ервин Ибрахимовиќ кој вчера имал средба со Рубио во Брисел. Средбата била во првиот ден од министерскиот состанок на НАТО. За време на „кратката, значајна средба“, двајцата размениле мислења за актуелните билатерални и регионални прашања. Во разговор со ...

Вршителот на должноста амбасадор во македонската амбасада во Тирана, Љуфтим Спахиу, кому вчера му беше врачена Благодарница од македонското друштво “Илинден”-Тирана искажа голема благодарност за укажаната чест и доверба. Чувство на голема чест, да бидеш избран од нашинците. Им благодарам од срце за признанието и за укажаната доверба. Во овие 3 години со Македонците во Албанија соработувавме во многу успешни проекти и активности. Заедно ги ...

Во просториите на македонската амбасада во Тирана, претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај денеска му врачи Благодарница на Љуфтим Спахиу, вршител на должноста амбасадор, што друштвото му ја додели по повод 16-годишнината од формирањето. Ми беше посебна чест и задоволство во името на нашето друштво и во името на македонско национално малцинство во Република Албанија лично да му ја8 предадам Благодарницата “Илинден” ...

Македонците во Албанија продолжуваат да бидат горди чувари на својот јазик, традиција и културно наследство, напиша на Фејсбук претседателката на Парламентот на Албанија, Елиса Спиропали, по средбата со Сефер Сефери, претседател на разгранокот на МАЕИ за Каваја, кој по потекло е од Голо Брдо. Каваја е дом на значителен број Македонци со потекло од областа Голо Брдо, кои низ генерации ја чуваат својата културна и национална припадност. Оваа ...

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, во име на македонските граѓани и во свое лично име, изразува најискрена благодарност до сите пријателски држави што во моментите на национална трагедија и шок, предизвикани од кочанската апокалипса, пружија и сè уште пружаат навремена и несебична помош, водени од принципите на солидарност и хуманост. Ангажманот на нивните медицински тимови, подготвеноста на авионите и хеликоптерите за ...

За првпат, еден претприемач од Албанија се најде на реномираната листа на најбогати луѓе во светот што ја објавува магазинот Forbes. Самир Мане, основач и претседател на BALFIN Group, се рангира на 2.356 место во светот, со проценета нето вредност од 1,4 милијарди американски долари. Ова претставува највисока проценка на имотна состојба досега доделена на еден претприемач од регионот од страна на престижната економска публикација која ја ...

Целиот процес на администрирање и пребројување на гласовите ќе се одвива во Олимпискиот парк во Тирана, објави комисијата. Поштенската компанија „ДХЛ“ ќе ги транспортира гласачките ливчиња, за мајските парламентарни избори, до албанските иселеници, во 85 земји во светот, процес кој Албанија ќе ја чини 10 милиони евра. -Распределбата на 245.808 коверти со гласачки ливчиња, ќе се врши според распоредот што го утврди Централната изборна комисија, ...

Од денеска, Скопје и официјално директно се поврзува со Париз преку новата авиолинија Скопје – Париз. Утрово на Меѓународниот аеродором Скопје се реализираше првиот лет од Париз и тоа од аеродормот Орли до Скопје на авиокомпанијата Изиџет. Линијата ќе се реализира два пати неделно и истата е воведена како резултат на финансиската подршка што ја овозможи Владата преку Министерството за транспорт преку Програмата за воведување на нови дестинации. ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска претседаваше со Комитетот за управување со Националниот едношалтерски систем. Комитетот го усови предлог на Законот за едношалтерска околина, нов закон со кој ќе се обезбеди збир на едношалтерски услуги кои ги обезбедуваат 15 институции во делот на увозот, извозот и транзитот на стока. Целта на оваа регулатива е да се олесни трговијата преку рационализација ...

Агенцијата за финансиски надзор го прифатија барањето на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, и од денеска осигурителната полиса „зелен картон“ чини само 50 евра годишно, наместо 400 евра, колку што се плаќаше претходно. Ја изразуваме нашата благодарност до Агенцијата за финансиски надзор, која го зеде предвид барањето на нашата партија и одобри намалувањето на цената на осигурителната полиса „Зелен картон“ за патничките ...

На 29ти март 2025, во предградието на Париз, во општина Бонди, се ордржа комеморација која одбележува 135 – годишнина од раѓањето на др Анастас Коцарев и 94та годишнина од неговата смрт. На настанот беа присутни градоначалникот на општина Бонди Стефен Ерве и советникот за култура и историско помнење Отман Асаади, Женвијев Брунет, ќерката на вереницата на др Коцарев, Пецо Наданоски – преставник од македонскиот национален совет – Швајцарија, ...

Македонското друштво “Илинден“-Тирана упати честитки по повод големиот муслимански празник Фитер Бајрам. Почитувани верници со исламска вероисповед, македонско друштво “Илинден“-Тирана ви честита големиот празник Фитер Бајрам. Ваквите големи празници не потсетуваат дека без разлика на потешкотиите кои ни се издигнуваат како животни препреки, секогаш треба да чекориме по вистинскиот пат. Помеѓу луѓето постојано да владее слога и почитување без ...

Верниците од исламска вероисповед денеска го прославуваат еден од најголемите празници Фитер Бајрам и се празнува три дена. Фитер Бајрам е празник кој го слави духовното и телесното прочистуивање. Рамазан, деветиот месец во исламскиот календар е месец кога првите стихови од Куранот му биле откриени на пророкот Мухамед пред повеќе од 1400 години. Во текот на рамазанскиот пост, муслиманските верници се обврзани да даваат садакатул-фитр, милостина ...

Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Јоан. На церемонијата присуствуваа голем број верници и гости од 13 православни цркви од светот. Г. Јоан е втор архиепископ на Албанската автокефална православна црква (ААПЦ), по падот на комунистичкиот режим и прв архиепископ Албанец од 1967 година. Им благодариме на мачениците на ...

Делегација од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, составена од Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Епископoт Стобиски г. Јаков на 29 март 2025 година присуствуваше на интронизација на новоизбраниот Архиепископ на Тирана, Драч и на цела Албанија г.г. Јоан. Епископот Јаков со поздравно слово му честиташе на Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г. Јоан пренесувајќи му ги поздравите од ...

Денеска во касарната „Илинден“ во Скопје со едноминутно молчење и со испалување на 59 почесни плутони во спомен на 59-те жртви во трагичниот настан во Кочани започна одбележувањето на петгодишнината од членството на нашата земја во НАТО – Алијансата. Министерот за одбрана, Владо Мисајловски пред претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, командантот на Командата на здружените сојузнички сили во Неапол, адмиралот ...

Повеќе од 140 луѓе загинаа во силниот земјотрес во Мјанмар, ги објавија најновите податоци државните медиуми. Земјотресот беше силно почувствуван во Тајланд, каде спасувачите во главниот град Бангкок трагаат по жртвите од уривањето на кулата во изградба. Најмалку девет лица загинаа, а 117 се водат како исчезнати, според спасувачите. Мјанмарската државна телевизија објави дека во земјотресот во Мјанмар загинале најмалку 144 лица, а 732 се ...

Invest Macedonia учествуваше на Match-Maker Albania 2025, значаен бизнис-настан што се одржа во Тирана, Албанија. Овој настан има за цел да поттикне стратешки партнерства, да создаде нови можности за трговска соработка и да ги зајакне економските односи меѓу компаниите од регионот. Директорот на Invest Macedonia, Рефик Џемаили и директорката на Агенцијата за инвестиции и развој на Албанија (AIDA), Лаура Плаку (Саро), потпишаа Меморандум за ...

Италијанскиот сенатор и поранешен премиер Матео Ренци беше во посета на прифатните центри за мигранти во Шнѓин и Ѓадер, Албанија. По обиколката изјави дека „создавањето на камповите е пропаганда на премиерката Џорџа Мелони”, додавајќи дека „Италија попусто потрошила околу една милијарда евра инвестиции за изградба на камповите кои можеле да се искористат за пензии и зголемување на платите”. Ова нема никаква врска со политичкото лево или десно ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска присуствуваше и се обрати на настанот посветен на 135 годишнината од раѓањето на д-р Анастас Коцарев, познат онколог во светот, роден во Македонија. Годишнината од неговото раѓање паралелно се одбележува во Скопје и во Париз, кадешто пред неколку години беше откриен неговиот гроб. Настанот започна со едноминутен молк во чест на загинатите во катастрофалниот пожар во Кочани. „Деновиве ...

Македонија денеска одбележува пет години од членството во НАТО. Земјава влезе во Алијансата како 30-та членка. Овој историски момент беше реализација на една од клучните стратешки цели на државата, која беше зацртана уште во 1993 година во Резолуцијата усвоена од Собранието, која ги дефинираше надворешно-политичките приоритети на Македонија – членството во НАТО и во Европската Унија. На Самитот во Букурешт во 2008 година, земјава доби условна ...

Министерот за одбрана Пиро Венгу изјави дека многу наскоро Албанија може да започне со производство во воената индустрија, главно во артилерија, муниција, борбени дронови и униформи „Made in Albania“. Венгу во телевизиско интервју зборуваше за чекорите кои се преземени во оваа насока со законот за воената индустрија, усвоен минатата година. Од целиот правен пакет се создадени два субјекта, домашна и странска компанија. Една од нив е „КАЈО”, ...

Македонската А репрезентација одигра нерешено, 1:1 против Велс во рамки на второто коло од квалификациите за СП 2026. По голема борба, избраниците на Благоја Милевски дојдоа до предност во 91. минута преку Бојан Миовски, но пред самиот крај, во 96. минута, Велшаните се спасија од пораз во Скопје. Во првото полувреме фудбалерите на Милевски не ризикуваа премногу и Столе Димитриевски беше без работа во првата половина. Сепак, работите се сменија ...

Мораме да обезбедиме овие стратешки интереси да се рефлектираат во заедничките акции за иднината на развиена Албанија, за Албанија како земја членка на Европската унија, за безбеден, мирен и интегриран во ЕУ Западен Балкан и за регион кој е далеку од влијанието на трети страни, посочил Бегај. Албанскиот претседател Бајрам Бегај вчера пристигна во официјална посета на Австрија, на покана на неговиот австриски колега Александар Ван дер Белен. ...

Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на претстојните парламентарни избори во Албанија е во трка за пратенички мандат, преку објава на Фејсбук се обрати до Македонците во округот Корча, да го поддржат порачувајќи дека „вашата поддршка е наш заеднички успех“. Во објавата на почетокот се задржува на трагедијата што се случи во Кочани, која во овие тажни денови „ја потврди семакедонската сплотеност и ...

Монашкото братство на бигорска Обител и Епископот Партениј, му го честитаа изброт на новиот архиепископ на Православната црква на Албанија, Јоан. Го молиме Семилостивиот Господ да го укрепи и просветли во неговата возвишена и одговорна пастирска мисија, да му подари духовна сила, мудрост и љубов, за да ја води доверената му света Црква по патеките на Евангелието. Нека неговото архиепископско служење биде благословено и плодоносно, а неговото ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.57
38%
1028
weather icon

Белград

25ᴼ / 23ᴼ
2.06
47%
1028
weather icon

Загреб

24ᴼ / 20ᴼ
0.51
55%
1028
weather icon

Софија

19ᴼ / 18ᴼ
3.09
42%
1028
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.38
30%
1027
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 19ᴼ
1.03
82%
1029
weather icon

Атина

26ᴼ / 23ᴼ
7.6
41%
1024
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
22%
1024
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.54
41%
1025
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
3.6
37%
1026
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 23ᴼ
2.57
53%
1026
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
9.26
33%
1025
Currency

61.54

Currency

51.9943

Currency

70.894

Currency

34.5854

Currency

37.7485

Currency

65.593

Currency

7.32137

Currency

0.62474

Currency

0.3513

Currency

0.5226

Currency

1.25919

Currency

0.58976