Белград
4ᴼ /
4ᴼ
Белгискиот репрезентативен голман Тибо Куртоа ќе ги пропушти последните два квалификациски натпревари од групата Ј за Светското првенство против Казахстан и Лихтенштајн поради повреда, објави Белгиската фудбалска асоцијација. „Тибо Куртоа попладнево беше на медицински прегледи од страна на медицинскиот персонал на Фудбалската асоцијација на Белгија. Тој нема да биде достапен за претстојните меѓународни натпревари и ќе се врати во Реал Мадрид на ...
Околу 55 туристи останаа напуштени на патувањето, по инцидент на крстарење во Доминиканската Република, објави Дејли Меил. Во 12-метарскиот катамаран, наречен „Бока де Јума I“, со кој патувале туристите, одеднаш почна да протекува вода и брзо потона во заливот Самана. Јахтата се наполни со вода, а фотографиите од местото на настанот покажаа десетици туристи како пловат во морето облечени во елеци за спасување. Морнарицата, цивилната заштита и ...
Безбедносните камери го снимиле падот на момчето, како и реакцијата на преплашените родители. Соседите слушнале повици за помош Кога момчето се потпрело на вратата од лифтот, таа попуштила од непознати причини. Паднало во шахтата, а сè се случило толку брзо што родителите немале време да реагираат. Плашејќи се дека лифтот ќе тргне и ќе го згмечи малото дете, таткото скокнал во дупката, додека жената го вклучила светлото на телефонот, објавува ...
Во следната постапка, предлог-законот, кој беше поддржан на прво читање во Кнесетот вчера, ќе биде вратен во комисиите за понатамошна дискусија, а ќе треба да помине и на второ и трето читање на пленарната седница за да стане закон, објавува „Анадолија“. Во образложението на предлог-законот се наведува дека, бидејќи затворските казни не служат како доволен фактор за одвраќање на терористите, се предлага смрт да биде казна за терористите кои ...
Жимин Ќијанг (47) е осудена на 11 години и осум месеци затвор откако ја осмислила и извршила најголемата заплена на криптовалути во историјата на британската полиција, објави „Мирор“. Жената зад најголемата измама со криптовалути во историјата на британската полиција, во која биле измамени 128.000 жртви, е осудена на долг затвор. Жимин Ќијанг, позната и како Жанг од Жад, ја осмислила измамата што резултирала со најголемата заплена на биткоини во ...
Дел од пристапот до мостот Хонгчи и дел од трупот се урнаа, предизвикувајќи лизгање на земјиштето, објави Ројтерс. 🚨 BREAKING; The Hongqi Bridge in Shuangjiangkou, Sichuan Province, China, partially collapsed today. 🤯 pic.twitter.com/Al0g3v49tW — Globalpolitixs (@GlobalPolitixs) November 11, 2025 Мостот долг 748 метри е дел од националниот автопат што ја поврзува покраината со Тибет, а се вели дека пукнатините се појавиле поради обилните ...
Виралното видео прикажува момче кое ѝ подава букет цвеќе на својата девојка додека се подготвуваат за фотосесија. Но, токму кога позираа, Меси се појави во позадина. Облечен во фармерки и дуксерка со качулка и опкружен со телохранители, Меси помина покрај нив, несвесен дека токму го претворил нивниот состанок во сеќавање за цел живот. CINE DEL BUENO Queremos hablar con esta pareja 🙏🏻🙏🏻 pic.twitter.com/gxfSRBbUPz — Gerard Romero ...
Собраните на протест нагласија дека „нема мирно“ да го гледаат уривањето на тој комплекс и „газењето на Уставот и законот“.Тие додадоа дека ќе го „бранат со своите тела“ тој симбол на Белград, откако lex specialis беше усвоен во српскиот Парламент оваа недела, со што е овозможено негово уривање. Студентите и собраните граѓани формираа „жив ѕид“ околу комплексот, и нацртаа симболична црвена линија како порака дека нема да дозволат уривање.Според ...
Таа и Хесус Едуардо Севериано Гарсија биле заробени во својот автомобил по челен судир со камион што доаѓал од спротивната насока во петокот попладне. Кога екипите за итни случаи пристигнаа на местото на настанот, тие можеле само да ја потврдат смртта на двојката. Алисон, која трагично починала, беше крунисана за Мис Теокалтиче 2025 само осум дена претходно, на 30 октомври. Теокалтиче е општина во мексиканската држава Халиско. View this post on ...
Рафаеле Паладино е новото име на клупата на Аталанта. По отказот кој што го доби хрватот Јуриќ деновиве, менаџментот на клубот се одлучи да му ја додели довербата токму на Паладино. Паладино беше тренер на Фиорентина минатата сезона, но си замина во летото по несогласувања со раководството на клубот. Тимот од Бергамо освои само шест бода од последните осум натпревари во Серија А, што доведе до отпуштање на Иван Јуриќ. По 11 натпревари во Серија ...
Турските обвинители денеска побараа затворска казна до 2.352 години за градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, речиси осум месеци откако опозицискиот политичар беше уапсен и суспендиран од функцијата, објави јавниот радиодифузен сервис ТНТ, повикувајќи се на ДПА. Обвинението го товари за основање и водење криминална организација, како и за поткуп и перење пари, меѓу другите обвиненија, соопшти канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул. ...
36-тата епизода од серијата ерупции на Килауеа започна во недела наутро и траеше речиси пет часа, според Геолошкиот завод на САД. Серијата ерупции започна на 23 декември 2024 година, објави ABC. Ерупцијата е ограничена на Националниот парк Хавајски вулкани, а моментално е во сила портокалова тревога, што значи дека ерупцијата е веројатна или веќе е во тек, но без големи количини пепел, пренесе Euronews. Во најновата ерупција, која се случи на 17 ...
Терористите на Хамас кои се кријат во тунелите во областа Рафа во Појасот Газа, која е под израелска контрола, нема да му се предадат на Израел, соопшти вооруженото крило на групата, повикувајќи ги медијаторите да најдат решение за кризата што се заканува со едномесечно примирје, објави „Џерусалем пост“. Извори блиски до медијаторските напори за Ројтерс изјавија дека терористите би можеле да го предадат своето оружје во замена за премин во други ...
Турското Министерство за национална одбрана ја потврди несреќата и соопшти дека авионот бил на пат кон Турција. „Нашиот воен транспортен авион C-130, кој полета од Азербејџан на пат кон Турција, се урна на границата меѓу Грузија и Азербејџан. Операциите за пребарување и спасување се започнати во координација со надлежните органи на двете земји“, се вели во официјалното соопштение. Видео снимките објавени од турските и меѓународните медиуми го ...
Барем така велат информациите од таборот на Манчестер Јунајтед, кој потврдуваат дека најлошите сценарија за состојбата на словенецот, не се остварија. Сепак, дополнителните тестови ќе покажат прецизно за што се работи, и колку тој ќе одуствува. Едно е сигурно дека Шешко дефинитивно нема да биде дел од репрезентацијата на Словенија, за претстојните мечеви со Косово, односно Шведска. Иако тој беше платен нешто над 75 милиони евра, сепак, засега ...
Високиот суд во Луксембург ги поништи одредбите кои го утврдуваа критериумот за одредување и ажурирање на платите, како и онаа што спречува намалување на платите кога тие се предмет на автоматска индексација. Данска ја оспори директивата, усвоена во 2022 година со мнозинство од земјите членки, а Судот сега делумно пресуди во нејзина корист. Судиите оценија дека утврдувањето конкретни критериуми за нивоата на минимални плати претставува директно ...
Техничкиот персонал, кој бил присутен на местото на настанот, ја отстранил опремата за напојување на авионот за да избегнат инцидент, објави денес Digi24. Авионот слетал на Меѓународниот аеродром Аурел Влаику во близина на Букурешт од Барселона во 1:18 часот, а во времето на инцидентот, повеќето од 225 патници веќе се истовариле. Од безбедносни причини, капетанот одлучил да го активира излезот за итни случаи, кој ниту еден од патниците не ...
Диди, имено, работи во затворската капела и посетува програма за лекување од дрога, покажуваат затворските записи. Како што пренесува „Си-би-ес“ (CBS), Комбс, исто така, се соочува со дисциплински мерки за недозволен телефонски повик, што може да води до привремено губење на неговите права на телефон и продавница во затворот. Повиците биле упатени до повеќе луѓе, отколку што дозволуваат затворските правила, иако Комбс тврдел дека имало еден ...
Осомничените педофили се на возраст од 18 до 75 години. Дваесет и пет лица се обвинети за поседување на детска порнографија, а 19 за подведување на деца - Уапсивме успешни бизнисмени, сопружници и родители. Некои склучија договори со полициски информатори и дојдоа на локацијата со намера да имаат сексуални односи со малолетно дете за пари. Оваа експлоатација на невини деца мора да престане!, изјави полковник Даниел Такер од полицијата во ...
Мартин С. беше уапсен синоќа во Дортмунд под сомнение дека управувал со платформа на темната мрежа која нудела награди за криптовалути за убиства, соопштија германските обвинители. Според обвинителите, Мартин С. од јуни водел анонимен форум наречен „Политика на атентатот“, каде што објавил список на повеќе од 20 цели, меѓу кои и поранешните германски канцелари Олаф Шолц и Ангела Меркел. Федералните власти го товарат за финансирање тероризам, ...
Инцидентот се случил за време на викендот во населбата Расадника, а вознемирувачка видео снимка од безбедносните камери масовно се споделува на социјалните мрежи. На снимката се гледа како автомобил излегува од поздемен паркинг и го прегазува кучето кое лежи пред зграда, а потоа возачот застанува, излегува од возилото и откако гледа што направил, го напушта местото. Бугарските медиуми објавуваат дека се работи 29-годишен доктор од Македонија кој ...
Факт е дека Роберт Левандовски, кој важеше и важи за еден од најдобрите напаѓачи во текот на последните 15 години е во поддмимнати години, има 37, и дека во јуни следната година му истекува договорот со Барселона. Исто така факт е дека тој добива понуди за продолжување на кариерата ид С.Арабија, Премиерлигата, но неговата желба е да остане барем уште една сезона во Барселона. На полскиот фудбалер и неговото семејство им се допаѓа животот во ...
Како што пренесуваат медиумите во Аргентина, дури четворица играчи се отстрането од првобитниот список на селекторот Лионел Скалони, за пријателската средба со Ангола на гости. Енцо Фернандез од Челзи има оток на десното колено и тој затоа нема да игра на овој меч, а тројца играчи на Атлетико Мадрид, и тоа Алварез, Молина и Симеоне, се надвор од списокот поради една бизарност. Имено ситре тројца не успеале навреме да добијат вакцина против жолта ...
Вереницата на бекот на Кливленд, објави жешки фотографии на Инстаграм за време на последниот американски празник Ноќта на вештерките, „маскирана“ во чоколадо, што ги воодушеви нејзините 5,3 милиони следбеници, од кои 230.000 ја лајкнаа објавата. Коко Џонс стана позната благодарение на филмот на Дизни „Let It Shine“ (2012), каде што ја играше главната женска улога и го покажа својот музички талент. Од 2022 година, таа глуми во серијата ...
- Би-Би-Си ќе мора да одговори на коментарите што ги изнесоа претседателот (Трамп) и неговите адвокати. Она што би го рекол е дека, кога Би-Би-Си прави грешки, треба да ги признае и да ги исправи, рече Мекфаден, пренесе „Скај Њуз“. Во меѓувреме, генералниот директор на Би-Би-Си, Тим Дејви, кој претходно поднесе оставка, им се обрати на новинарите при пристигнувањето во зградата на медиумската куќа, истакнувајќи дека е горд на работата на ...
Пакистанецот (25) наводно нападнал група Евреи на железничка станица, удирајќи еден од нив со клоцање и тупаници, по што го удрил со тап предмет. Според агенцијата, „тапиот предмет“ за кој станува збор всушност бил прстен што напаѓачот го носел на раката, со кој му нанел посекотина на главата на Евреинот. Повреденото лице е хоспитализирано, а напаѓачот е совладан од полицијата. Анса објавува дека напаѓачот има криминално досие со обвиненија за ...
Според наведените извори, европските власти неможноста за финансирање ја објаснуваат со намалувањето на помошта за Украина од страна на администрацијата на Доналд Трамп. „Советот на Европа првично претстави нацрт-буџет кој вклучуваше општи оперативни трошоци поврзани со трибуналот, во износ од приближно 75 милиони евра годишно“, пренесува „Еуроњуз“. Сè уште не е одреден ниту составот на државите кои би учествувале во овој проект. Портпаролката ...
Владата на Велика Британија откри план за постепено укинување на тестирањето врз животни, што вклучува замена на тестовите врз животни со алтернативни методи за безбедност до крајот на годината, како и намалување на употребата на кучиња и мајмуни во тестовите за дрога врз луѓе за најмалку 35 посто до 2030 година. Министерот за наука, Патрик Валанс, изјави за Би-Би-Си дека целта е да се заменат животните со напредни лабораториски техники базирани ...
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, денеска изјави дека е во тек подготовка на припадниците на вооружените сили на земјата за можна војна со Русија, за која претходно зборуваше и пред пратениците во францускиот Парламент, предупредувајќи дека војската мора да биде подготвена за можен судир со Русија во рок од три до четири години. Мандон во интервју за „Квест Франс“ рече дека претседателот на ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) утрово објави дека спречила операција „на разузнавачките служби на украинското Министерство за одбрана и нивните британски тутори, чија цел била да киднапираат и насочат во странство авион МиГ-31 на руските вооружени сили што носел хиперсонична ракета Кинжал“. ФСБ ги обвинува украинските разузнавачи дека се обидуваат да регрутираат руски пилоти за операцијата, нудејќи им три милиони долари. Според ...