По сударот на два воза што се случи вчера попладне во близина на градот Пезинок во Словачка, најмалку 79 лица завршија во болници, а најтешките повреди ги претрпеа три лица, имено повреди на градниот кош и стомакот, соопшти денеска Словачкиот центар за итни медицински операции. Судирот на возовите REX 1814, кој сообраќал од Нитра до Братислава, и Ex 620, кој сообраќал на линијата Кошице - Братислава, се случил околу 19:30 часот, кога еден од ...

Скај Њуз Поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-Мун, го повика Доналд Трамп да се врати во глобалните напори за борба против климатските промени. Белата куќа тврди дека „климатските цели“ ги „убиваат другите земји и ќе ја убиеја Америка“ доколку Трамп не интервенирал. Во интервју за Sky News пред климатските разговори на КОП30, кои почнуваат денеска во Бразил, Бан изјави: „На климатската криза не и гајле каде живеете - дали во Соединетите ...

Саркози на 21 октомври почна да ја издржува петгодишна затворска казна затоа што со криминално здружување ја финансирал претседателската кампања во 2007 година со средства од Либија. - Тешко е, многу е тешко, како што е сигурно за секој затвореник, би рекол дека е исцрпувачки, изјави Саркози и им се заблагодари на затворските службеници кои, како што додаде, „ја направија оваа ноќна мора поднослива“. Саркози на рочиштето се приклучи преку ...

Хамас претходно соопшти дека борците кои се позиционирани во областа Рафа, која е под израелска контрола, нема да се предадат и ги повика медијаторите да најдат решение за кризата, што би можело да го загрози едномесечното примирје. Израел, од друга страна, потврди дека ги примил останките на Хадар Голин, војник кој беше убиен во заседа во Газа за време на војната во 2014 година. Турција успешно посредуваше во враќањето на останките на Голин во ...

Тренерот на Реал Мадрид, Чаби Алонсо не е премногу загрижен, и покрај двата последователни порази на неговиот тим. „Кралевите“ прво загубија од Ливерпул во Лигата на шампионите, а потоа забележаа реми 0-0 со Рајо Ваљекано во Ла Лига. Сепак, тренерот не брза да алармира, бидејќи сè уште многу рано. „Дали е криза? Знаеме каде сме“, рече Алонсо на прес-конференцијата по натпреварот. „Верувам дека и во добри и во лоши времиња, мора да знаеме како да ...

Новак Ѓоковиќ ја освои 101-та титула во својата кариера на турнирот во сала во Атина, победувајќи го Италијанецот Лоренцо Мусети (АТП - 9-ти) во финалето со 4:6, 6:3, 7:5 и со тоа, па на 38 години и пет месеци, стана најстариот победник откако е воспоставена АТП листата во 1990 година. Ова е 72-ра титула на српскиот тенисер на тврда подлога, со што го престигна Роџер Федерер (71) и стана најуспешен во Опен ерата на таа ранг-листа и го додаде тој ...

Според соопштението на Министерството за транспорт на Кина, наплатата на специјалните пристанишни такси „ќе биде суспендирана за една година“ од 10 ноември, што се совпаѓа со суспензијата на релевантните мерки против Кина од страна на САД, како дел од спроведувањето на консензусот постигнат на економските и трговските консултации меѓу Кина и САД во 2025 година во Куала Лумпур, се вели во соопштението. На 17 април, американските власти воведоа ...

Тој рече дека со Трамп „се ракувал“ во врска со изземањето на Унгарија од американските санкции за нафтата на неопределено време и истакна дека не е претерување да се каже дека штотуку завршиле „досега најважните преговори во годината“, пренесува МТИ. Орбан додаде дека влогот за Унгарија не можел да биде поголем, бидејќи доколку стапеле во сила американските санкции за руските енергетски извори, трошоците за комунални услуги би се зголемиле ...

Тој во интервју за Гардијан истакна дека европските земји би можеле да му ги испратат на Киев системите Патриот што ги имаат. Зеленски истакна дека рускиот претседател Владимир Путин наредува „терористички напади“ врз енергетскиот систем на Украина, во кои гинат цивили и ги остава луѓето без електрична енергија и вода. - Тој не може да создава тензии во нашето општество на кој било друг начин, потенцира Зеленски. На прашањето дали Европска Унија ...

Барселона не дозволи изненадување и се враќа со сите три бода од гостувањето кај Селта во Виго во мечот од 12. коло во Ла Лига. Во интересен и крајно ефикасен натпревар, Каталонците славеа со 2:4 и успеаја да намалат од разликата со Реал (М) на врвот на табелата. По ова коло Реал е лидер со 31, додека Барселона сега има 28 бода. Вечерва Барселона ја отвори серијата со гол во 10. минута од пенал преку Левандовски, но само една минута подоцна ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, додаде опции за амандмани на нејзиниот предлог за следниот долгорочен буџет на Европската Унија, откако Европскиот парламент се закани дека ќе го блокира, според писмо во кое имала увид ДПА. Фон дер Лајен писмено ги информирала претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, и актуелното претседателство со Советот на ЕУ за можни амандмани на нејзиниот предлог, дознава ДПА. ...

Фудбалерите на Интер ѝ се придружија на Рома на делба на првото место на табелата, по вечерашната победа над тимот на Лацио со 2:0. Лаутаро Мартинез и Бони беа фудбалерите кои вечерва ги донесоа бодовите за „нероаѕурите“, со што тимот на Киву се израмни по бројот на бодови со Рома на врвот на Серија А. Лацио може да жали за некои зрели и неискористени шанси. Марио Гила беше непрецизен во 77-та минута, а потоа во 87-та минута од натпреварот и ...

- Боливија е богата со суровини, особено со литиум, кој е незаменлив за нашата енергетска транзиција, за електричната мобилност и за многу други сектори во Германија, рече Вадефул пред неговата посета на оваа јужноамериканска земја богата со ресурси. Боливија ги поседува најголемите резерви на литиум во светот, кој е клучна компонента за батерии и електрични возила, како и за преносливи електронски уреди како што се паметни телефони и лаптопи, и ...

- Во текот на ноќта, силите за воздушна одбрана на должност уништија и пресретнаа 71 украински беспилотни летала: 29 над територијата на регионот Брјанск, 7 над територијата на регионот Курск, по 5 над териториите на регионите Липецк и Смоленск, по 4 над териториите на регионите Орел, Твер и Самара, (…), по едно над териториите на регионите Калуга, Ростов и Тула, 7 над водите на Црното Море, се вели во соопштението на руското министерство. Во ...

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа на неговата социјална мрежа Truth Social ги оцени новинарите на британската телевизиска мрежа Би-Би-Си како „корумпирани“ по соопштението за оставките на генералниот директор и уредничката на информативната програма, кои биле вмешани во контроверзна монтажа на еден од неговите говори. - Највисоките луѓе во Би-Би-Си, вклучувајќи го и Тим Дејви, шефот, сите даваат отказ/се отпуштат, бидејќи беа фатени ...

Без разлика дали станува збор за подобра клима, пониски трошоци за живот или едноставно желба да се доживее нова култура, експертите од 1st Move International составија листа на најпосакувани дестинации за живеење во светот, а објавува Дејли Меил. Анализата на податоците од глобалните пребарувања на Google покажа дека Канада го зазема првото место втора година по ред, со вкупно 269.220 пребарувања поврзани со преселувањето само оваа година. Оваа ...

Операторот „Енги“ соопшти дека беспилотните летала немале никакво влијание врз активноста на електраната Доел. Претходно, неколку дронови беа забележани и над аеродромот во Лиеж, поради што околу еден час беше прекинат воздушниот сообраќај. Изминатите денови дронови надлетуваа над повеќе места во Белгија, меѓу кои и над белгиската воена база Клајне-Брогел, што ја користи НАТО, во Клајне-Брогел. Според непотврдени извештаи, воздухопловната база е ...

Саркози е осуден на пет години затвор, а пред три недели беше упатен на извршување на казната, иако поднесе жалба на пресудата. Саркози е осуден дека за време на претседателската кампања во 2007 година добил нелегални средства од режимот на тогашниот либиски лидер Моамер Гадафи. Кривичниот суд во Париз не пронајде директни докази за ова, но во своето образложение заклучи дека Саркози и блиските соработници барем се обиделе да добијат средства од ...

Педесетина држави од Латинска Америка и Европската Унија на самитот во Колумбија го изразија своето противење на „употребата на сила“ спротивно на меѓународното право, во контекст на тензиите со Соединетите Држави поради американските напади врз бродови во Карипското Море и Тихиот Океан. Со декларацијата заврши првиот ден од самитот на Заедницата на латиноамерикански и карипски држави (CELAC) и Европската Унија, кој беше обележан со прикриени ...

Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да ја финансираат владата до јануари, јавија Си-Ен-Ен и Фокс Њуз. Мерката веднаш беше ставена на гласање, очигледно со поддршка од доволен број демократи, а текстот потоа ќе биде проследен до Претставничкиот дом. Доколку и Претставничкиот дом ја прифати, предлогот ќе биде испратен до Доналд Трамп за негов потпис. Овој чекор напред води кон нормализација на ситуацијата, со оглед на тоа што ...

Од воздух, проектот изгледа како реализација на футуристички сон: серија стаклени облакодери, луксузни станови и хотели лоцирани на вештачки острови изградени со полнење на морето со песок. Сепак, подетален поглед открива многу поинаква реалност - празни улици, затворени продавници и само неколку жители во населба што требаше да биде симбол на кинеско-малезиската соработка и нова зелена урбана парадигма, објави Дневно. Проектот вреден 100 ...

Сега се поставува прашалник над нивната иднина, откако германската влада - која го зацврсти својот став за имиграцијата поради растечката крајна десница - посочи дека можеби е време некои да се вратат дома, доброволно или не. Околу 1 милион Сиријци пристигнаа во Германија на врвот на бегалската криза во 2015-2016 година, под водство на поранешната канцеларка Ангела Меркел. Приближно 1,3 милиони живеат во Германија во моментов, вклучувајќи 25.000 ...

Поранешниот генерален секретар на НАТО во своите мемоари го опишува „болниот момент“ во февруари 2022 година кога го отфрли очајното барање на украинскиот претседател Володимир Зеленски за воведување зона на забранети летови над земјата, објави украинска Правда. Столтенберг рече дека се плашел оти нивниот разговор може да биде последниот телефонски повик на украинскиот претседател, бидејќи Западот стравува за неговиот живот. „Ме повика од бункер ...

„Досега се пронајдени 11 лица, вклучувајќи едно тело“, изјави Ромли Мустафа, директор на поморскиот оддел на северната држава Кедах, предупредувајќи дека на море може да се најдат уште жртви. Несреќата се случила во близина на тајландскиот остров Тарутао, северно од Лангкави, малезиска туристичка област. Три брода што превезувале мигранти биле во опасност Бродот наводно се превртел пред три дена, изјави за локалните медиуми регионалниот началник ...

Сега веќе дефинитивно е јасно дека “Џузепе Меаца“ или „Сан Сиро“ заминува во историја. Интер и Милан работат заедно на проектот за изградба на нов стадион кој ќе се наоѓа веднаш до сегашниот кој ќе биде срушен и во наредните години ќе има нов стадион кој и двата клуба ќе го користат. Нешто за што моментално се дискутира, покрај самиот проект, е името на стадионот, а кој ќе го носи името по оној кој ќе плати најмногу. Стратешки потег кој донесе ...

Нејзината измама успеала. Сите ѝ верувале, од семејството и пријателите до нејзиниот сопруг. А причината зошто го направила тоа остава без зборови - Кармен се преправала дека е слепа само за да не мора да разговара со луѓето што ги запознала на минување. Денес, на 57-годишна возраст, Кармен признала дека со години ги лажела сите околу себе. Нејзините најблиски, велат тие, повремено се сомневале во нејзината состојба, но никогаш немале докази. ...

Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот рече дека голот на Вирџил ван Дијк против Манчестер Сити бил поништен по грешка. Ливерпул претрпе тежок пораз од 3-0 од „граѓаните“ во 11-то коло од Премиер лигата, но при резултат 1:0 во 38-та минута, судијата Крис Кавана, откако прегледа видео снимка, го поништи голот на Ван Дајк по корнерот на Мохамед Салах поради офсајд на Ендру Робертсон. „Мислам дека е јасно дека одлуката на судијата беше погрешна, барем ...

Фудбалерите на Рома ја совладаа екипата на Удинезе со 2:0 во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Екипата предводена од Џанпиеро Гасперини стигна до нов триумф со головите на Пелегрини од пенал во 42-та минута и Зеки Челик во 61-та минута. Удинезе беше тотално инфериорен и на крајот Рома заслужено стигна до трите бода. Со оваа победа Рома го превзеде првото место на табелата со 24 бода, а Удинезе се наоѓа на 10-тата позиција со 15 ...

Она што го откри не само што ќе го загрижи, туку и ќе го шокира целиот свет, објави Си-Би-Ес Њуз. Она што го открија Флајхман и неговите колеги беше зачудувачки - бруталната суша и екстрениот топлотен бран што започна во септември 2023 година го претворија езерото во врел котел. Водата во езерото достигнала температура од 41 степен Целзиус - потопла од повеќето џакузи. Нивните наоди, објавени во четвртокот во списанието Science, го истакнуваат ...

Актуелниот англиски шампион Ливерпул доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Манчестер Сити во рамките на 11-то коло од англиската Премиер лига. „Граѓаните“ го добија дербито против Ливерпул со 3:0. Веќе во 13-тата минута, „граѓаните“ имаа одлична можност да го отворат резултатот по досуден пенал. Халанд ја презеде одговорноста, но неговиот удар од белата точка го одбрани Мамардашвили. Она што Норвежанецот не успеа да го направи во 13-тата ...

weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.57
93%
1026
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
1.54
89%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
73%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.68
85%
1026
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 0ᴼ
0.51
100%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
75%
1021
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1023
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
91%
1024
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
96%
1025
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
66%
1023
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
4.12
76%
1027
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Цинк

3.22

Платина

52864.82

Иридиум

145787.60

Калај

40.49

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Сребро

1876.20

Рутениум

29192.88

Бакар

10.96

Злато

134976.58

Паладиум

46361.38

Никел

473258.99