Авионот, кој превезувал 176 патници и членови на екипажот на закажан двочасовен лет, беше евакуиран по закана за поставена бомба. Додека беше на пат од Мумбаи до Варанаси, двата града во Индија, авионот бил принуден итно да слета. Авионот слетал на Меѓународниот аеродром Лал Бахадур Шастри во Варанаси и веднаш биле воведени протоколи за итни случаи. Сите 176 лица во авионот се евакуирани и немало пријавени повредени, објави „Индипендент“. ...

Тензиите меѓу мексиканските и тајландските организации кулминираа со апсењето на Хорхе Фигеира, директорот на Мис Универзум Мексико, откако тој беше пријавен на локалните власти од Нават Ицарагрисил, директорот на тајландската франшиза. Инцидентот стана познат кратко откако Ицарагрисил јавно ја нападна мексиканската натпреварувачка Фатима Бош, пишува HOLA. View this post on Instagram A post shared by Nawat Itsaragrisil (@nawat.tv) Приведени се ...

Играчот на Барселона, Педри ќе се врати порано од очекуваното на терените. Поточно, напаѓачот се рехабилитираше нешто побргу од тоа што јавноста очекуваше, па денешен АС тврди дека тој би требало да е на терен на 22 ноември за дуелот против Атлетик Билбао во Примера. Откако го повреди тетивата за време на Ел Класико (2-1), Педри првично изгледаше дека ќе го пропушти поголемиот дел од ноември, вклучувајќи ги и средбите против Челзи во Лигата на ...

Според медиумските извештаи, камионот се движел со брзина од 150 километри на час, косејќи сè пред себе пред да застане. Инцидентот се случил околу 11 часот по локално време. На видеото се гледа како камионот се забива во пазарот и коси сè пред себе, како и штетата предизвикана од хаосот. A truck crashed into a market in Bucheon, South Korea on Thursday, killing two people and injuring 18 others, officials said, according to Yonhap News Agency. ...

Белгија во минатото не беше центар на дрогата во Европа, но нејзината географска положба и пристаништата во Антверпен и Зебриж, низ кои минуваат милиони тони товар, ја направија земјата „златна кокошка“ за шверц на кокаин, хероин и синтетички дроги, оценува бриселскиот портал „Еурактив“. - Пристапот до длабоки води, постојаниот транзит на контејнери и слободите што ги нуди Шенген зоната, ја прават земјата сон за трговците со дрога и кошмар за ...

„Телата на сите загинати војници, како и сите фрагменти од урнатиот авион, се пронајдени. Грузиските и турските експерти продолжуваат со својата работа на местото на настанот“, изјави грузискиот министер на прес-конференција, објави Интерфакс. Тој прецизираше дека повеќе од илјада грузиски полицајци и војници биле вклучени во операциите за пребарување. Турски воен транспортен авион Ц-130 се урна во Грузија во вторникот, на пет километри од ...

Претходно, неговите американски и руски колеги Доналд Трамп и Владимир Путин исто така објавија дека нема да присуствуваат, објави ДПА. Според кинеското Министерство за надворешни работи, премиерот Ли Кечијанг ќе го претставува Пекинг на форумот. Ова значи дека за прв пат откако е основана Групата, претседателите на трите најмоќни земји во Г20 - САД, Русија и Кина - нема да присуствуваат на неговиот годишен самит. Русија ќе биде претставена од ...

Наодите ќе бидат образложени во документарец под наслов „ДНК-та на Хитлер“, каде што, исто така, се побива митот дека Хитлер имал еврејско потекло и сe посочува оти веројатно имал едно или повеќе невродивергентни и ментални нарушувања, објави „Гардијан“. Според наводите, германскиот нацистички диктатор имал Калманов синдром. Тоа влијае на нормалниот тек на пубертетот, развојот на полните органи, и сѐ тоа говори дека можеби имал тешкотии во ...

Нападот започна со експлозии на самоубиствени напаѓачи пред стадионот „Стад де Франс“, каде тогашниот претседател Франсоа Оланд и германскиот министер за надворешни работи следеа фудбалски натпревар, а наоружаните напаѓачи потоа отворија оган на пет други локации, вклучително и во концертната сала „Батаклан“ во центарот на Париз каде во моментот се одржуваше концерт.. Во текот на денот најавени се комеморации на повеќе локации, кои треба да ...

На почетокот на годината, актерката сними кампања за American Eagle, промовирајќи фармерки. Рекламата беше со двојно значење на зборовите што имаат речиси ист изговор „фармерки/гени“, што предизвика многу негативни реакции. Многумина сметаа дека пораката има непријатни и расни конотации, особено доаѓајќи од „русокоса бела жена“ што зборува за „добри гени“. Минатата недела, Свини беше замолена да коментира за скандалот и критиките што следеа во ...

Судани, кој е на власт од 2022 година, се бори за втор мандат и води кампања како лидер „способен да донесе стабилност во земјата по години политички и економски кризи“, објави „Скај њуз“. Неговата коалиција освои 1,32 милиони гласови, со излезност од 56,1 процент, соопшти изборната комисија. Прослави се организираа во Багдад по објавувањето на прелиминарните резултати. Аналитичарите велат дека резултатот не гарантира дека Судани ќе остане на ...

Последниот, одлучувачки чекор кон новиот договор на турскиот репрезентативец во дресот на Јувентус, Кенан Јулдиз се покажа покомплициран од очекуваното. Јувентус и Кенан Јилдиз не успеаја да постигнат договор за продолжување на соработката до 2030 година. Како што пишува „Газета дело Спорт“, преговорите се во застој, а сега страните повторно размислуваат за следните чекори. Недостасува компромис за бројките околу новата плата на Јилдиз, па дури ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им дозволи на двајца фудбалери да ја променат својата националност и, откако претходно ја претставуваа Белгија, сега ќе можат да играат за Демократска Република Конго (ДР Конго) во претстојните квалификациски натпревари за Светското првенство во африканската зона. Станува збор за напаѓачот на Селтик, Мишел-Анж Баликвиша, и голманот на Стандард Лиеж, Матие Еполо, кои добија право за играње за африканската ...

Ѕвездата на светскиот фудбал и на екипата на Интер Мајами, аргентинскиот напаѓач Лионел Меси, одговори на новинарско прашање дали по завршувањето на кариерата би се одлучил да биде тренер или сопственик на фудбалски клуб. „Да бидам сопственик на клуб или тренер? Подобро би бил сопственик на клуб“, изјавил Меси. Лионел Меси го освои Светското првенство во 2022 година со репрезентацијата на Аргентина, а во својата богата кариера со Барселона, ПСЖ ...

Европратениците денеска со 379 гласови „за“, 248 „против“ и 10 „воздржани“ го поддржаа предлогот за став на Европскиот парламент во преговорите за измена на Законот за климата на ЕУ, со кој се предвидува задолжително намалување на нето емисиите на стакленички гасови до 2040 година за 90 отсто во споредба со нивоата во 1990-та, како дел од напорите за постигнување на климатска неутралност на Унијата до 2050 година. Во документот се нагласува дека ...

Операцијата, која се спроведе вчера, ја предводеше Германија со поддршка на Европол и полициите од Данска, Франција, Латвија и Обединетото Кралство, објави Европол. Целта на платениците, меѓу кои има и поранешни членови на Француската легија на странци, бил шеф на една албанска нарко мрежа. Се верува дека тој ја организирал кражбата на неколку тони канабис во вредност од милиони евра, а киднапирањето требало да биде одмазда. Платениците биле ...

Новиот селектор на фудбалската репрезентација на Србија, Вељко Пауновиќ, го најави претпоследниот квалификациски натпревар за Светското првенство против Англија, кој се игра вечерва во 20:45 часот на „Вембли“, како финале. На овој натпревар, Србија мора да бара чудо бидејќи има еден бод помалку од Албанија, која е на второто место во групата, додека Англија веќе го обезбеди првото место и директен пласман на Светското првенство. „Мораме да ...

Зеленски во интервју за телевизијата Блумберг изјави дека во иднина ќе има поголема соработка меѓу Украина и САД во воената индустрија. Украинскиот претседател тврди дека рускиот претседател Владимир Путин започнал целна кампања на заплашување во Европа со неодамнешните упади на дронови и борбени авиони во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО, што довело до тоа лидерите на тие земји да станат сè понеподготвени да испратат системи за ...

Киев вели дека условите на Москва за завршување на војната се неприфатливи и се еднакви на барање Украина да се предаде. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, им изјави на новинарите денеска дека Русија останува отворена за политичко и дипломатско решение и сака мир. Доколку тоа не е можно, Песков рече дека Русија ќе продолжи да се бори за да ја заштити сопствената безбедност во корист на идните генерации. Песков рече дека „украинската страна ...

Напаѓачите седеле во автомобил од кој излегле кога забележале дека се приближува возилото во кое патувал Дани. Веднаш отвориле оган врз луѓето во другиот автомобил, а потоа испукале уште неколку кратки рафали. На снимката се гледа како напаѓачите се приближуваат кон автомобилот во кој патувал Дани и отвораат оган врз него. Според полицијата, во вторник околу 14:20 часот, се случила пукотница на кружен тек во близина на аеродромот. Се сомнева ...

Европското првенство во 2028 година кое ќе се одржи во Англија, Шкотска, Велс и Ирска официјално ќе биде отворено со натпревар во Велс, поточно во Кардиф, каде македонската фудбалска репрезентација ќе го одигра последниот натпревар од квалификациите за СП 2026. Кардиф ќе биде домаќин на првиот натпревар од турнирот на „Милениум Стадионот“, додека стадионот „Вембли“ во Лондон ќе биде домаќин на полуфиналето и финалето. Освен на стадионите ...

„Ова е одлучувачки чекор кон зголемување на одбранбената подготвеност на Германија“, додаде германската Влада. Новиот концепт предвидува задолжително вклучување на сите 18-годишни мажи во воените регистри. Според законот за воена служба, што треба да стапи на сила на почетокот на следната година, младите мажи кога ќе наполнат 18 години ќе треба да пополнат прашалник за мотивација и да се подложат на лекарски преглед. Оваа постапка би била ...

Европскиот парламент денеска со 605 гласови „за“, 30 „против“, и пет „воздржани“ го усвои предлогот на европратеничките да им се овозможи правото да именуваат свои полномошници, кои би гласале во нивно име додека се отсутни поради бременост или породилно отсуство. Целта на ваквиот предлог, како што е наведено во образложението, е да им се овозможи на европратеничките еднакво учество во одлучувањето „за време на доцната бременост и раното ...

Членови на семејството и најблиски пријатели се собраа на последното збогување. Се збогуваше со трогателни зборови За време на погребот, Марија одржа емотивен проштален говор. „Драг тато, се збогуваме, но знај дека сè вреди за трудот и дека ќе ни недостигаш“, рече таа, пренесува Блиц. Во остатокот од својот говор, Марија ја спомена и својата мајка Верица Шерифовиќ и остатокот од нејзиното семејство. „Ќе ти недостига твојата омилена пејачка, ...

Дар е на српскиот витражист Драго Гањиќ. Иницијативата од пред 14 години има симболика. Негова пријателка од Сомбор го сонувала Тоше токму на денот на неговото загинување, 16 октомври. Нешто слично му се случило и на витражистот, само што Тоше ја пеел песната „Полско цвеќе“. -Иницијативата ја почнавме во 2011 година. Мојата пријателка Соња Јоковиќ од Сомбор и јас седнавме да разговараме. Таа ја изнесе својата идеја. Го сонувала Тоше во бело и во ...

Несреќата се случила во раните утрински часови на „тешка“ делница од Панамериканскиот автопат, што ги поврзува Перу и Чиле, во јужниот регион Арекипа, јавува Би-Би-Си. Според локалните медиуми, во автобусот имало 60 патници. Возилото се судрило со пикап на кривина, потоа излетало од патот и паднало во бездната до брегот на реката Окоња. ❗️⚠️🇵🇪 - Bus Crash in Southern Peru Kills 37 At least 37 people died and 13 others were injured early on ...

За траен мир потребна е силна и независна Украина, па затоа денеска ќе и исплатиме речиси шест милијарди евра од програмата за Економски и финансиски реформи (ЕРА) и од Украинскиот механизам, најави претпладнево претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во дебатата за резултатите од октомврискиот Самит на ЕУ. Фон дер Лајен изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „погрешно се пресметал“ ...

Тоа е највисоко ниво на девизни резерви на крај на месец, а во споредба со крајот на септември, тие се зголемиле за 312,3 милиони евра, објави денеска Народната банка на Србија. Како што наведува централната банка, тој износ на девизни резерви е повеќе од двојно над стандардот што го одредува соодветното ниво на покриеност на увозот на стоки и услуги со девизни резерви. „Најголемо влијание врз зголемувањето на девизните резерви имаа позитивните ...

Во Црна Гора од почетокот на 2025 година се поднесени вкупно 66 обвиненија поради сомнежи за фалсификувани дипломи за завршено образование, што претставува речиси двојно зголемување во споредба со минатата година, јави црногорската национална телевизија РТЦГ. Лани во земјата беше поставен рекорд со 38 обвиненија за фалсификувани дипломи, додека во 2023 година беа поднесени 28 обвиненија. - Фалсификуваните дипломи се еден од најопасните видови ...

(Сведоштва за ослободувањето на Скопје на командантот на Главниот штаб на НОВ и ПОМ – Михајло Апостолски) На 13 ноември 1944 година, борците од 42. и 50. Народнослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада го ослободија Скопје од фашистичка окупација. По неколкудневните тешки борби со припадниците на 22-та Гренадиска германска дивизија, составена од 47-от и 65-от полк и делови од 11-та воздухопловна десантна дивизија, ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
90%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
88%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
72%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.64
82%
1025
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
76%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1024
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
97%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
66%
1023
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Родиум

255598.44

Рутениум

29192.88

Сребро

1876.20

Никел

473258.99

Злато

134976.58

Платина

52864.82

Алуминиум

2.91

Цинк

3.22

Бакар

10.96

Паладиум

46361.38

Иридиум

145787.60

Кобалт

58.42