Белград
4ᴼ /
3ᴼ
Началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон, денеска изјави дека е во тек подготовка на припадниците на вооружените сили на земјата за можна војна со Русија, за која претходно зборуваше и пред пратениците во францускиот Парламент, предупредувајќи дека војската мора да биде подготвена за можен судир со Русија во рок од три до четири години. Мандон во интервју за „Квест Франс“ рече дека претседателот на ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) утрово објави дека спречила операција „на разузнавачките служби на украинското Министерство за одбрана и нивните британски тутори, чија цел била да киднапираат и насочат во странство авион МиГ-31 на руските вооружени сили што носел хиперсонична ракета Кинжал“. ФСБ ги обвинува украинските разузнавачи дека се обидуваат да регрутираат руски пилоти за операцијата, нудејќи им три милиони долари. Според ...
Во пресрет на десетгодишнината од терористичките напади во Париз од 13 ноември 2015 година, француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) покрена две нови истраги за терористички заговори против поранешната партнерка на првоосомничениот за париските напади Салах Абдеслам, Маева Б. Според бриселскиот весник „Соар“, во рамките на истрагите за „заговор за напад“ и за „криминален терористички заговор“, Маева Б. и уште две ...
Главното обвинителство во Истанбул изготви обвинение во случајот за создавање и раководење организирана криминална група од страна на поранешниот градоначалник на Истанбул, Екрем Имамоглу, при што наведе вкупно 402 обвинети, од кои 105 се во притвор, и побара казна за Имамоглу од 828 до 2.352 години затвор, објави весникот „Хуриет“. Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција, а неколку дена подоцна општинскиот совет во Истанбул ...
Руските сопственици на Нафтена индустрија на Србија испратија барање до американската OFAC со кое бараат продолжување на лиценцата за работа, врз основа на преговори со трета страна, објави денеска српската министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Таа додадде дека Србија официјално го поддржала барањето. „Во барањето се наведува дека руската страна е подготвена да ја отстапи контролата и влијанието врз компанијата НИС ...
Условот за продолжување на овие исклучителни трговски мерки до 2030та година е земјите да ги почитуваат демократските принципи и владеење на правото. -И покрај нивниот ограничен опсег, сегашните автономни трговски мерки остануваат важни и обезбедуваат вредна поддршка за економиите на партнерите од Западен Балкан и нема негативни ефекти за ЕУ. Комисијата предлага да се продолжи со поддршката на ранливите економии во регионот на Западен Балкан со ...
Канадската министерка за надворешни работи Анита Ананд изјави дека на дневен ред се безбедноста на Арктикот, војната во Украина и гарантирањето на мирот на Блискиот Исток. Ананд нагласи дека во сегашниот период на геополитичка нестабилност, американскиот државен секретар Марко Рубио е „многу конструктивен член“ на Г7 и ја пофали улогата на САД во напорите за постигнување мир на Блискиот Исток. Ананд е министерка од мај, а Рубио ја презеде ...
Пронајдени се вкупно седум направи, од кои четири биле активирани. Надлежните органи додадоа дека осомничениот за нападот дејствувал сам и не бил дел од „терористичка мрежа“. Деведесет и шест лица беа повредени во експлозиите за време на петочните молитви. Тројца од нив се во тешка состојба, изјави шефот на полицијата во Џакарта, Асеп Еди Сухери, пред новинарите. Бомбите биле активирани на далечина. Еди не го кажа името на осомничениот, но го ...
Маж е уапсен во Германија под обвинение дека повикувал на напади врз германски политичари и државни службеници, собирал донации во криптовалути за да плати за нивните убиства и објавувал инструкции за правење експлозиви, соопшти Обвинителството. Осомничениот – маж со двојно германско-полско државјанство, идентификуван како Мартин С. – е приведен синоќа во Дортмунд, соопшти федералното обвинителство. Тој е осомничен за финансирање терористички ...
Крајнодесничарската партија Трамп е основана од поранешниот претседател на белгискиот Национален фронт, Салваторе Никотра. „Доналд Трамп е ултимативниот симбол на популизмот. Тој го отелотворува сето она за што се залагаме“, вели Никотра. Името на партијата инаку е кратенка Сите обединети за унијата на популистички движења, е наследничка на две валонски десничарски партии. Сепак, за разлика од најголемата десничарска партија во Белгија, ...
И дефинитивно војната меѓу Барселона и фудбалската федерација на Шпанија продолжува. Федерацијата објави дека Ламине Јамал е повлечен од составот за натпреварите против Грузија и Турција. Медицинскиот персонал, како што пренезуваат медиумите во Шпанија, вели дека оваа мерка е за добросостојбата на играчот, но предизвика големо негодување во рамките на Федерацијата, која издаде остро соопштение против Барса, без да го именува. „Медицинските ...
Оваа одлука претставува најголем предизвик за примирјето откако беше склучено со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската Влада ја обвини Камбоџа за поставување нови противпешадиски мини долж спорната граница меѓу двете земји, вклучувајќи ја и мината од типот ПМН-2 (противпешадиска мина со притисок) која вчера повреди четворица тајландски војници. Еден од нив ја загуби ногата во експлозијата. „Министерството за ...
По подолга пауза, нашата Дракче повторно е во акција — овој пат ја снима третата сезона на нејзината позната емисија, а при ова гостување ни откри и зошто точно направила толку долга пауза. „Дракче е научена да оди по еден трнлив пат кој се однесува на здравјето, но овој пат проблемот не беше здравствен во смисла на болест. Не стануваше збор за болест што го нападнала мојот организам. Се случи несреќа – паднав по скали. Мислев дека нема ништо ...
По речиси четири години од како за последен пат го предводеше Реал Мадрид од клупата, легендарниот Зинедин Зидан деновиве најави дека наскоро повторно ќе се врати како тренер и дека ќе преземе некој тим. Да потсетиме дека во изминатите 2-3 години неговото име се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, ПСЖ, Баерн Минхен, клубови од С. Арабија па дури и можно враќање на “Сантијаго Бернабеу“, но ништо од тоа не се оствари. На прашањето кога би можело тоа ...
Откако мисијата за враќање претходно беше одложена, веднаш беа активирани планови и мерки за итен одговор, а беше спроведена и сеопфатна симулациска анализа, тестови и проценка на безбедноста на „Шенжоу-20“. Исто така, „сите системи ригорозно спроведуваат заеднички тестови“ и „сеопфатните вежби за враќање на екипажот се спроведуваат на местото на слетување“, соопшти КМСА. Кинеската вселенска станица „Тијангонг“, се додава, работи нормално и има ...
Германија ќе ја зголеми помошта за Украина во 2026 година за три милијарди евра, со што вкупната поддршка ќе достигне повеќе од 11,5 милијарди евра,покажува најновиот нацрт-буџет подготвен од Министерството за финансии за последната расправа на Буџетскиот одбор на Бундестагот. Овие дополнителни средства, што ќе бидат издвоени за одбранбени цели, ќе бидат насочени кон набавка на артилерија, беспилотни летала, оклопни возила и замена на два ...
Лука Модриќ во дресот на Милан и во следната 2026/27 сезона? Да, и тоа како е возможно. Хрватот одигра речиси илјада минути за „росонерите“, стартирајќи ги сите единаесет натпревари во Серија А, и стана клучен играч и пример за целиот тим. Иако конечната одлука за продолжување на договорот требаше да се донесе напролет, неговите одлични настапи го натераа клубот веќе да размисли за продолжување на соработката, пишува Gazzetta.it. Секако дека ова ...
Нарекувајќи го „светлината на мојот живот“, таа му испрати трогателна порака со која ги воодушеви нејзините придружници на Инстаграм. Трогателна порака за роденден „Да... Добро... Добро... Добро... Среќен роденден, душо!“ напишала Камила во описот, повикувајќи се на иконската реплика на Метју од филмот „Зашеметен и збунет“ (Dazed and Confused), во кој тој го имаше своето деби на големото платно. „Денес ТЕ славиме TEБЕ! Но, ние тоа го правиме ...
Во Република Кипар, заклучно со 30 септември во важност се вкупно 175.677 дозволи за престој, со што исто толку државјани на трети држави легално живеат во земјата, а од нив, убедливо најбројни се Русите со 40.735 дозволи, според податоците од заменик-министерот за миграција Николас Јоанидис. Презентирајќи го буџетот на Министерството во кипарскиот Парламент, Јоанидис се осврна и на легалната миграција и според податоците, по Русите, на ...
Поплавени домови и бизниси, затворени училишта, уништена инфраструктура, остави зад себе невремето што вчера го зафати Лезбос, а најпогоден е западниот дел на грчкиот остров, каде што противпожарната служба интервенирала за помош на заглавени лица. Според локалните медиуми од островот, поради интензивните и продолжени врнежи од дожд десетици домови и бизниси биле поплавени во областите Калони и Скала, водата во одредени случаи стигнала и до еден ...
Неколку други лица се ранети, а некои се во критична состојба, изјави болнички извор. Бомбашот самоубиец првично се обидел да влезе во зградата, а експлозивна направа ја активирал пред судот, во близина на полициското возило, откако чекал таму околу 10 до 15 минути, изјави Накви од местото на настанот. -Го истражуваме овој инцидент од повеќе агли. Ова не е само уште еден бомбашки напад. Се случи во центарот на Исламабад, рече министерот. ...
Поддржувачите тврдат дека асистираното умирање би им обезбедило достоинство и слобода на избор на луѓето при крајот на животот, додека противниците предупредуваат дека на овој начин би била нарушена уставната заштита на животот, што би ги загрозило ранливите поединци, објави словенечка СТА. Несогласувањето меѓу над триесет словенечки политички партии по ова прашање е многу остра, со јасна разграничување помеѓу конзервативните, традиционалистички ...
Присутните кои носеа израелски знамиња, не успеаја да се соберат во гробиштата, па толпата се прошири и по околните улици. Со погребот на потполковник Хадар Голдин заврши еден тежок период за неговото семејство, кое водеше јавна кампања за враќање на неговото тело. „Хамас“ ги предаде останките на Голдин во неделата. Во Газа се уште се телата на четворица заложници, киднапирани за време на терористичкиот напад на 7 октомври 2023 година, кој ја ...
„Тие сакаат да ја продолжат војната и санкциите“, наведе Орбан во објава на Фејсбук, пренесува МТИ. Унгарскиот премиер оцени дека „луѓето во Брисел презедоа брзи мерки“. „Тие изјавија дека Унгарија е ослободена од американските санкции, но дека,сепак, ќе го забранат увозот на руски енергетски производи во Европа од 2027 година“, рече Орбан. Тој додаде дека е јасно дека договорите на Унгарија со американскиот претседател Доналд Трамп за ...
При денешното сослушување во Комитетот за граѓански слободи, правда и внатрешни работи на Европскиот парламент, Шилерис призна дека повеќето од овие сторители се владини службеници. Според него, до неодамна постоеше разлика помеѓу државни и приватни хакери, но ова се промени со напредокот на дигитализацијата. Експертот истакна дека активностите за хакирање најчесто се организирани, со повеќе учесници, а оние што крадат податоци обично немаат ...
Во утринската програма на телевизија Канал 5, во емисијата „Здраво Македонијо“, вчера гостуваа Силвана Муциќ Плевнеш и Влатко Плевнеш од Силви бенд, Петре Ламески и Ивана Лескароски. Гостите зборуваа за темите поради кои дошле во емисијата, но кога Ивана ја започна својата исповед – сите замолкнаа. „Би започнала од моето детство, единствениот период во кој немаше турбуленции. Родена сум во Прилеп и израснав во љубов и хармонија. Моите родители ...
-Петнаесет лица беа повредени во експлозијата, изјави Шарифулах Кан, портпарол на полицијата во Исламабад. Експлозијата предизвика паника додека безбедносните сили ја затворија областа, предизвикувајќи сообраќај на клучните патишта. Амбулантни возила и полиција се упатија кон местото на настанот. Природата на експлозијата сè уште не е јасна. Тимови за деактивирање бомби и форензичка истрага го испитуваат местото, рече Кан. Локалните медиуми ...
Церемонијата ќе се одржи во салата „Свети Патрик“,во Даблинскиот замок, каде што се инаугурирани сите ирски претседатели од 1938 година, објави РТЕ. Мандатот на претходниот претседател Мајкл Д. Хигинс истече на полноќ, а должностите на претседателот ги презеде комисија составена од главниот судија Донал О'Донел, Шијан Комхерол и Верона Марфи. Коноли беше избрана на 25 октомври со 63 проценти од гласовите, победувајќи ги Хедер Хамфрис и Џим ...
Новата група ќе работи заедно со меѓународната коалиција на произраелски парламентарни тела за зајакнување на таканаречената „дипломатија базирана на вера“ и подобрување на поддршката за Израел. „Копретседатели на групата ќе бидат Ромина Куко од Социјалистичката партија и Газменд Барди од Демократската партија, што претставува ретка меѓупартиска иницијатива и ја симболизира долгата традиција на албанска поддршка на еврејскиот народ и државата ...
Преговарачите на Европскиот парламентот и данското претседателство со Советот на ЕУ доцна синоќа постигнаа прелиминарен договор околу предложените измени на Заедничката земјоделска политика на ЕУ, со кои се намалуваат административните и регулаторните оптоварувања за земјоделците. Целта на овие измени е зголемување на конкурентноста на европското земјоделство преку намалување на бирократските процедури, поддршка на земјоделците, поттикнување на ...