Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека верува оти Вашингтон ќе ја „потурне Русија кон мир“, кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Киев е „во позиција“ да ја поврати целата своја територија што ја изгуби од Москва. „Благодарен сум за овој состанок и очекуваме дека американските акции ќе ја турнат Русија кон мир. Москва се плаши од Америка и секогаш ѝ обрнува внимание“, рече украинскиот претседател ...

Иако Мајли забележува дека нема проблем со пиењето, со одлуките што ги носи откако била под дејство на дрога, таа пронашла начин да остане трезна. Научила, вели таа, да ги цени едноставните работи во животот. „Голем дел од она што го правиме го споделуваме со другите. Нешто што го сакам е градинарството. Всушност, се грижам моето куче да не копа дупки во дворот во моментов. Градинарството е нешто што го правите за себе. Кога сме споделиле толку ...

Двајца државјани на Романија вчера биле уапсени кај грчкиот остров Саламина во близина на поморската станица на воената морнарица на Грција и се товарат за шпионажа, откако кај нив бил пронајден фотографски материјал од базата, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека во попладневните часови вчера биле информирани за пловно средство со грчко знаме на кое се наоѓале двајцата романски државјани, а кое се ...

Реал Мадрид ја започна сезоната со 7 победи по третпат во 21 век. Ова претходно се случи во сезоните 2009/10 (под водство на Мануел Пелегрини) и во сезоната 2022/23 (под водство на Карло Анчелоти. Интересно е што и во двата случаи, „кралскиот клуб“ на крајот на сезоната не успеа да ја освои ниту Лигата на шампионите ниту Ла Лига. Синоќа „новиот“ Реал под водство на Чаби Алонсо ја продолжи неверојатната серија во Шпанија обебзедувајќи ја и ...

Фудбалерите на Милан ја совладаа екипата на Лече со 3:0 и се пласираа во осминафиналето од италијанскиот куп. Избраниците на Масимилијано Алегри немаа големи проблеми против гостите кои играа со играч помалку од 18-тата минута кога исклучен беше Сиберт. Резултатот го отвори Хименез со гол во 20-тата минута и со тој резултат екипите заминаа на одмор. Во вториот дел Нкунку во 51-та и Пулишиќ во 64-тата минута ја зацементираа победата на ...

Реал Мадрид одигра доминантен натпревар и ја совлада екипата на Леванте со 1:4 во вечерашниот натпревар од шпанската Ла Лига. Фудбалерите на Чаби Алонсо мокажаа моќ и на крајот убедливо го совладаа Леванте кој беше рамноправен противник само 20-тина минути. Резултатот го отвори Винисиус со фантастичен погодок во 28-та минута. 10 минути подоцна Вини беше асистент за Франко Мастантуоно кој го постигна својот дебитантски погодок за „кралскиот ...

Добитничката на Оскар се осврна на актуелната политичка клима за време на појавувањето на Филмскиот фестивал во Сан Себастијан, каде што беше прашана од што се плаши како уметник и како Американка во моментов, објави НМЕ. „Тоа е многу тешко прашање“, одговори таа (преку Variety). „Ја сакам мојата земја, но не ја признавам мојата земја во моментов.“ „Отсекогаш сум живеела меѓународно, моето семејство е меѓународно, моите пријатели, мојот живот… ...

Како одговор на честите напади со беспилотни летала во регионот, властите во украинскиот град Запорожје почнаа да градат специјализирани тунели против беспилотни летала, инсталирајќи мрежести конструкции над клучните патишта, изјави регионалниот гувернер Иван Федоров. Мрежестите тунели против дронови овозможуваат безбедно движење на цивилни и воени возила, а воедно ги одржуваат отворени снабдувачките патишта близу до фронтовската линија, објави ...

Англискиот шампион Ливерпул потешко од очекуваното успеа да го победи Саутемптон со 2:1 и да се пласира во 4. коло на Лига Купот на Англија. Во меч во кој „црвените“ тргнаа со комбиниран состав, ѕвезда на првото полувреме беше најскапото засилување на Ливерпул, Александер Исак, кој со својот гол-првенец му донесе водство на Ливерпул од 1:0. Гостите во второто полувреме искористија една грешка на домашните и со голот на Чарлс во 76. минута ...

Седумнаесетгодишен холандски тинејџер е уапсен во Шпанија под сомнение дека е платен убиец, а доколку биде осуден за убиство, тоа ќе биде прв пат во шпанската историја дете да биде осудено за атентат, потврди портпарол на полицијата во Малага за RTL News. Момчето е осомничено за убиство на Јасин Аџар (25) од холандскиот град Цволе, во шпанското одморалиште Фуенгирола кон крајот на минатата година, а локалната полиција неодамна го уапси кога ...

Обилните дождови предизвикаа поплави, прекин на железничкиот сообраќај во многу области. Жена, туристка, е исчезната и во тек е потрага по неа со хеликоптер. Операцијата започна во Парето, каде што жена е пријавена како исчезната откако невреме ги погоди долините Еро и Бормида. Во областа се регистрирани 265 милиметри дожд во последните 24 часа. Други 15 лица се изолирани во камп, каде што Цивилната заштита и пожарникарите работат на завршување ...

Сопственикот на италијанскиот гигант Сампдорија, Џозеф Теј им вети на навивачите на клубот дека ќе ја врати Самп во Серија А до 2028 година. Сампдорија, која моментално игра во Серија Б, по очајниот старт на сезоната, се соочува со грчевита битка за опстанок и во второлигашкото друштво. Ова се чини го натера еден од сопствениците на клубот, Џозеф Теј, да испрати порака до загрижените навивачи. „Досега инвестиравме многу и ќе продолжиме да ...

Инцидентот се случил во недела попладне, непосредно пред слетувањето, додека над популарното одморалиште биле регистрирани лоши временски услови. Патниците видливо вознемирени Локалните медиуми објавија дека авионот бил во последната фаза од подготовките за слетување кога се случил ненадеен и силен потрес од турбуленцијата. Еден член на екипажот бил фрлен на таванот, додека друг бил удрен од сервисната количка. Според сведоците, во авионот имало ...

За време на истрагата, нејзиниот отуѓен сопруг брзо стана фокус на истрагата. Тој е обвинет за убиство со умисла, но телото на неговата сопруга сè уште не е пронајдено. Седрик Жубијар се појави на суд во Франција, во мистериозен случај што го привлече вниманието на јавноста. Интересот за случајот е огромен, со речиси 300 новинари кои присуствуваа на првиот ден од судењето. Исчезнувањето на Делфин Жубијар (33) останува мистерија до ден-денес. Во ...

Најскапото засилување за Ливерпул во историјата, Александер Исак го постигна својот гол-првенец во дресот на „црвените“. Вечерва во втората шанса која ја имаше на мечот со Саутемптон во 3. коло од Лига Купот на Англија, шведскиот голгетер успеа да го постигне својот прв гол. Навивачите на Ливерпул го испратија со воодушевување, зато ашто во него гледаат нова гол-машина на „Енфилд“. Alexander Isak 43′ | 🏴󠁧󠁢󠁥󠁮󠁧󠁿 Liverpool 1-0 Southampton ...

Според „Мундо Депортиво“, Френки де Јонг и Барселона постигнале договор за продолжување на соработката. Де Јонг наводно прифатил и намалување на платата, само за да остане во дресот на Каталонците. Договорот на Холанѓанецот истекува во летото 2026 година, но каталонскиот клуб не е подготвен да го изгуби. Тој се смета за важен дел од тактичките планови на Ханси Флик, и наводно е презадоволен од својата улога во тимот. Френки де Јонг е играч на ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелската влада го користи терористичкиот напад на палестинската исламистичка група Хамас како изговор за извршување геноцид во Газа, во својот говор пред Генералното собрание на Обединетите нации. „Ова не е борба против тероризмот. Ова е политика на окупација, присилно раселување, протерување, геноцид или, поточно, политика на масовно убивање, спроведена под изговор на инцидентот од 7 ...

Атлетик Билбао освои само еден бод на домашен терен на натпреварот против Џирона во воведните дуели на 6. коло во Ла Лига. Баскијците одиграа 1:1 против тимот кој се уште нема победа оваа сезона и за кого ова реми беше само второ сезонава за втор бод кој и натаму ги остави на дното на Ла Лига. Гостите поведоа со голот на Унахи во 9. минута, а Атлетик успеа да израмни во второто полувреме со погодокот на Јаурегизар. Во вториот вечерен меч, ...

Семејствата на убиените деца и домарот Драган Влаховиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград денеска објавија дека ќе поднесат иницијатива до Министерството за правда за ревидирање и намалување на старосната граница за кривична одговорност од 14 на 12 години, преку измени на Кривичниот законик и Законот за малолетни сторители на кривични дела и кривична заштита. Како што е наведено во изјавата на семејствата на убиените на 3 мај ...

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, имаше свој коментар на бојкотот на „Златната топка“ од страна на Реал Мадрид. „Нека прават што сакаат. Ние се грижиме за Барселона. Од почит кон номинираните и организаторите, ќе присуствуваме на церемониите. Така го разбираме спортот. Можеш да победиш, можеш да изгубиш. Мора да можеш да поднесеш и пораз. Имаме среќа што победуваме многу, а губиме малку“, рече претседателот на Барса, за радио Каталонија. ...

Според Индипендент, тој се обидел да се прободе во вратот со пенкало. Обидот за самоубиство се случил откако било објавено дека е прогласен за виновен во судница во Флорида. Раут, кој одлучи да нема адвокат во текот на судењето, го планирал нападот во голф-клубот на претседателот „Трамп Интернешнл“ во Вест Палм Бич речиси една година. NOW - Ryan Routh tries to stab himself in the neck with a pen after his guilty verdict was read. ...

„Лето кое сè уште не сакам да заврши“, напиша Ана Ивановиќ. Разводот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер беше неочекуван за сите. Иако нивната љубовна приказна траеше речиси 10 години, двојката одлучи да тргне по различни патишта. Бастијан ја прегрна својата нова девојка Силва Капитанова, а српската тенисерка се откажа од 10-те милиони евра што ги доби по разводот. Се чини дека крајот на романсата значеше нов почеток за Ана Ивановиќ, ...

Раут беше уапсен по размена на огнено оружје со агенти на Тајната служба во Палм Бич, Флорида, на голф теренот на Трамп, објави Си-Ен-Ен. Рут, кој се застапуваше себеси на неговото федерално судење во Форт Пирс, Флорида, се соочуваше со пет обвиненија, вклучувајќи обид за атентат врз главен претседателски кандидат, напад врз федерален службеник, поседување огнено оружје и муниција како криминалец и поседување огнено оружје со избришан сериски ...

Малку неочекувано, ако се знае каде се беше Жозе Мурињо тренерв во последните години, но сепак тој ја прифари понудата да се врати во Португаллија и да седне на клупата на Бенфика. Клуб кој е гигант во европски рамки, некогашен европски првак. Инаку тој од Фенер доби отказ, но со голема отпремнина, па математички него повеќе му се исплатеше оваа сезона ништо да не работи за да ги добие тие силни милиони од Турците. Жозе објасни зошто седнал на ...

„Да, мислам дека треба“, рече Трамп кога беше прашан за соборувањето на руски авиони од страна на земјите од НАТО за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Подоцна избегна да разјасни дали САД ќе се приклучат во соборувањето на руски авиони што го нарушуваат воздушниот простор на НАТО, објави Си-Ен-Ен. „Зависи од околностите. Но, знаете, ние сме многу строги ...

Звучи чудно, па и лудо,но сепак има нешто во “приказните“ дека Хари Кејн во летниот преоден рок си оди од Баерн Минхен. Неговиот сон е дресот на Барселона, а еве на кој начин ќе може да дојде до него. Иако капитенот на Англија е во години, според она што го покажува во Баерн Минхен јасно е дека Кејн може да игра во супер форма барем уште три сезони. Неговиот договор со “баварците“ е до јуни 2027, ама имало тајна клаузула во која стои дека тој за ...

Иако датумите на турнејата сè уште се наведени на неговата официјална интернет-страница, страната за продажба на влезници посочува дека сите настани во Европа се откажани. Американскиот ар-ен-би и рок-пејач, исто така, минатата недела ги откажа и концертите во Северна Америка. Тоа следи откако претходно овој месец беше пронајдено полураспаднато тело на малолетна тинејџерка во багажникот на запленетата „Тесла“ на Дејвид. Причината за смртта на ...

И официјално УЕФА покрена дисциплинска постапка против Диего Симеоне и Ливерпул за инцидентот минатата недела на „Енфилд“ во меч од 1.коло во Лигата на Шампионите. Имено по голот на Ван Дајк за победа од 3:2 во последните секунди, стратегот на гостите влезе во конфликт со дел од навивачите. Симеоне потоа тврдеше дека добивал навреди во текот на целиот меч од нив, ама на социјалните мрежи убаво се виде како тој се обидува да плукне еден од нив. ...

Тој ги повтори своите претходни критики кон климатските промени и проекциите за глобалното затоплување, тврдејќи дека „сите предвидувања“ се неточни и „погрешни“, објави Ројтерс. „Нема повеќе глобално затоплување, нема повеќе глобално ладење. Сите овие предвидувања од Обединетите нации, од многу други причини, честопати од лоши причини, беа погрешни. Тие беа направени од глупави луѓе кои ги чинеа своите земји нивното богатство и не им дадоа ...

Но, исто така е дипломатски ризик од страна на двете големи европски сили што веруваат дека конфликтот достигнал точка каде што мора да преземат таков чекор, анализира Би-Би-Си. Соочен со катастрофата во Газа и осудите насочени и кон Израел и кон Хамас, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека „правото мора да преовлада над силата“. Неговиот потег, координиран со Велика Британија и под саудиско покровителство, е наменет како начин да ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
76%
1025
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
73%
1027
weather icon

Загреб

12ᴼ / 10ᴼ
1.54
86%
1030
weather icon

Софија

14ᴼ / 10ᴼ
10.29
58%
1024
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
8.75
72%
1023
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
0.51
98%
1031
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
63%
1021
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1024
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
59%
1025
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 9ᴼ
3.13
90%
1021
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
78%
1027
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1020
Currency

61.6217

Currency

53.013

Currency

70.7967

Currency

34.3259

Currency

37.8165

Currency

66.0719

Currency

7.45118

Currency

0.65636

Currency

0.3488

Currency

0.526

Currency

1.27085

Currency

0.59728