Би-би-си соопшти дека директорот Самир Шах испратил писмо до Белата куќа во кое јасно му се извинува на Трамп во име на компанијата за монтажата, додавајќи дека радиодифузерот нема планови да го реемитува документарецот за Панорама на која било од своите платформи. „Иако Би-би-си искрено жали за начинот на кој е монтиран клипот, цврсто веруваме дека нема основа за тужба за клевета“, соопшти Би-би-си. Протекувањето на внатрешни обвинувања за ...

Девојчето, кое избегало од Центарот за деца и семејства во придружба на постар маж, е безбедно вратено дома. Полицијата уапси 42-годишен маж од Требишов, осомничен за силување и ограничување на личната слобода, објавија словачките медиуми. Според досегашните информации, Јасмина исчезнала неколку дена откако го напуштила центарот во придружба на осомничениот. По враќањето дома, таткото на девојчето веднаш контактирал со полицијата, велејќи дека ...

Според објавените информации, Сергеј П. е осомничен за кривични дела според член 245, став 2 од Кривичниот законик на Руската Федерација (суров третман на животни) и член 158, став 2 (кражба), објави Газета. Тој ги негира обвиненијата Секое од горенаведените кривични дела носи максимална казна до пет години затвор. Полицијата се сомнева дека Сергеј украл куче во регионот Новомосковск и го однел во ненаселена област, каде што го убил. Иако ...

Да се знае кој е кој. Вечерва медиумите во Шпанија пренесуваат дека постои голема веројатност Лео Меси, иконата на Барселона, најдобриот фудбалер на сите времиња, ќе добие статуа покрај новиот “Камп Ноу“. Ова го потврдил и Хоан Лапорта, првиот човек на каталонската гордост Тој потврди дека Лео Меси „треба да има статуа“ на новиот Камп Ноу и посочи дека одборот „работи на тоа“, иако појасни дека, за да се случи ова оддавање почит, „семејството ...

„Бев вдовица дваесет и нешто години. Џемал дојде кај роднина и го праша дали има некого кој сака да се ожени за него“, ја започнува Мина нивната необична приказна, пренесе Телеграф. Тие живеат среќно заедно веќе пет години. „Јас сум единствениот син на мојот татко. Имав сè. Татко ми не ме пушташе да одам никаде, морав да останам дома. Ми најде компанија каде што можев да работам“, ја започнува својата приказна Џемал. Кога го прашаа зошто имал 19 ...

Според психологот Рокси Зараби, причините зошто луѓето ја носат оваа „одлука“ се движат од страв од осаменост до чувство на потрошено време во врската, но тоа често води до уште потоксична и безизлезна ситуација. Иако може да биде тешко и застрашувачки да се започне одново, нема срам во тоа личноста да се избере себеси, да избере искреност и нов почеток - дури и ако на другите им треба време да го прифатат тоа. Според терапевтите и другите ...

„Работев како приватен обезбедувач во Бразил, а кога стигнав тука, бев обучен и само морав да се прилагодам“, вели Пинто во видео објавено на 25 април 2023 година, на каналот на Центарот за регрутирање странски војници, кој го води украинското Министерство за одбрана. Но, полицијата во Рио де Жанеиро тврди дека Пинто не ја кажувал целата вистина. Тој бил „приватен обезбедувач“, но како локален водач на Командо Вермељо (CV), „Црвената команда“, ...

Иако изминатите два дена бугарските медиуми шпекулираа дека Цоневски си заминал од Бугарија, сепак од софиската полиција потврди дека тој со неговиот адвокат самиот се пријавил, по што му биле дадени материјалите од обвинението и бил пуштен со кауција од 5 илјади лева. Бугарското обвинителство веќе соопшти дека против него е покренато обвинение за „екстремна суровост кон животно“, но не и за убиство, бидејќи кучето било евтаназирано подоцна. ...

Но, истражувачите открија дека под површината на Балеарското Море е скриено многу повеќе отколку што се гледа на прв поглед. Тим научници, предводен од фондацијата „ Save the Med “, забележа ретко откритие во водите околу Кабрера, мал, заштитен остров јужно од Мајорка. Прв случај во овие води За време на истражувањето, научниците снимија ајкула долга пет метри, која припаѓа на семејството Hexanchus griseus, објавува „Билд“. Ова е прв пат овој ...

Ердоган, зборувајќи на заедничка прес-конференција со новоизбраниот претседател на кипарските Турци, Туфан Ерхурман, го поддржа решението за две држави за ставање крај на речиси 50-годишната поделба на островот, објави Ројтерс. „Грчкокипарската страна го гледа решението за Кипар како сведување на кипарските Турци на статус на малцинство во партнерска држава која повеќе не постои“, рече Ердоган. Ерхурман, кој ја оствари својата прва странска ...

Мајката (53) и нејзината ќерка (25) беа уапсени во луксузното предградие Довер Хајтс во Сиднеј, објави Би-Би-Си. Полицијата вели дека постарата жена, претставувајќи се како гатачка и мајстор за фенг шуи, им гатала на жртвите да земат кредити, од кои дел ќе ги задржи, ветувајќи им дека „младоженец милијардер наскоро ќе им ја промени судбината“. Australia police arrest 'fortune teller' accused of running $46m scam A mother-and-daughter duo - one ...

Синтија Ериво, колешка на Аријана во филмот и блиска пријателка, реагираше веднаш - таа застана помеѓу пејачката и непознатиот маж и го турна подалеку од себе, спречувајќи потенцијално посериозен инцидент. Во исто време, Мишел Јео цврсто ја зграпчи раката на Гранде за да не ја изгуби рамнотежата и да падне под притисокот на ненадејниот напад. Публиката и фотографите беа видливо шокирани од однесувањето на мажот, како и самата Аријана, која ...

Италија постепено ќе го зголемува својот буџет за одбрана откако ќе излезе од постапката за прекумерен дефицит на Европската унија, изјави министерот за одбрана Гвидо Крозе, додавајќи дека земјата ќе ги исполни новите цели за трошење поставени од НАТО. „Оваа цел подразбира просечно зголемување на трошењето од 0,15 до 0,2 проценти од БДП годишно до 2035 година, што ќе се спроведува постепено и во согласност со макроекономската рамка и одржливоста ...

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, во соопштението изјави дека ги означил членовите на групите Антифа Ост, Неформална анархистичка федерација/Меѓународен револуционерен фронт (FAI/FRI), Револуционерна класна самоодбрана и Вооружена пролетерска правда како „Специјално означени глобални терористи“, продолжувајќи ја политиката на Трамп за „спротивставување на кампањата на политичко насилство на Антифа“. Рубио истакна дека има намера да ги ...

Во терминот од 18 часот се одиграа три меча од квалификациите за СП 2026. Очекувано Норвешка дома славеше убедливо, со 4:1 против Естонија. По два гола постигнаа Халанд и Серлот. Со овие три бода Норвешка е речиси на СП. Само катаклизма треба да се случи за да Норвежаните не одат директно на Мундијалот. Имено треба да се случи Италија на последните два меча не само да победи, туку треба да постигне 19 голови на тие две средби, а Норвешка да биде ...

Се најавуваше големо, познато фудбалско име, но ништо од тоа. Раководството на Партизан ги пшокираше фановите на клубот со одлуката тимот да го води Ненад Стојаковиќ до јуни следната година. Се работи за 45-годишен стручњак кој оваа сезона го водеше Телеоптик, а претходно работеше во младинските селекции на клубот. „На предлог на потпретседателот за спортски прашања на ФК Партизан Предраг Мијатовиќ, на денешниот состанок на Управниот одбор, беше ...

Според првичните извештаи, несреќната жена, под сè уште нејасни околности, трагично починала кога косата ѝ се заплеткала во машината за месење тесто, објави Катимерини. И покрај непосредната мобилизација на вработените и интервенцијата на лекарите од итната помош кои брзо пристигнале на местото на настанот, жената за жал починала. Околностите под кои се случила несреќата ги истражуваат полициските власти. Истрагата е во тек и нејзината смрт не ...

Бразилецот Нејмар ги нападна новинарите од еден весник за, како што напиша, за споделени невистини за него, но тоа е најмалиот од неговите проблеми во моментов. Капитенот на Сантос беше немирен во последните денови, расправајќи се со судиите, со тренерот, а сега се отвори и кон новинарите, кои ги обвини дека лажат. „Уште една лага измислена од е*ени новинари“, беше коментарот на Нејмар за статија за него и неговиот однос со неговиот тренер ...

Литванската авиокомпанија специјализирана за чартер авиони со екипаж - Avion Express потврди дека е започната внатрешна истрага откако се дознало дека еден од нивните пилоти, кој требало да лета како копилот, наводно фалсификувал сертификати за да биде вработен како капетан на комерцијални летови. Според извештаите засновани на податоци од неколку портали - човекот претходно работел како прв офицер за индонезиската компанија Garuda Indonesia, но ...

Владејачките партии во Германија се согласија за нов модел за воена служба што ја комбинира доброволната служба со можноста за задолжителна регрутација доколку безбедносните потреби го бараат тоа, соопштија германските коалициски партнери. Договорот е постигнат меѓу конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц и социјалдемократите (СПД), објави Ројтерс. Според предложениот план, на сите 18-годишници ќе им биде даден прашалник за нивниот интерес за ...

Извештајот на известувачот Крис ван Дајк, кој предлага измена на регулативата за исклучителни трговски мерки за земјите и териториите кои учествуваат во или се поврзани со Процесот на стабилизација и асоцијација, беше усвоен со 543 гласа „за“, 72 „против“ и 22 „воздржани“. Постојната регулатива на ЕП и Советот на ЕУ, која важи до 31 декември, ги ослободува овошјето и зеленчукот извезени од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, ...

Во германскиот град Келн, тој открил вистинско уметничко богатство во депонија за ѓубре – десет слики чија вредност се проценува на околу 90.000 евра. Според Билд, сè уште не е познато кој ги фрлил вредните слики. Керем Акар, сопственик на галерија од келнскиот округ Еренфелд, рекол дека ги пронашол сликите додека самиот го фрлал ѓубрето. До еден контејнер, забележал неколку наведнати платани, а кога им се приближил, го видел потписот на ...

Играчот на Пиза, тимот од Серија А, Луис Буфон, синот на легендарниот италијански голман Џиџи Буфон игра фантастично во националниот дрес. Но не италијанскиот, туку оној на Чешка. Буфон јуниор е со двојно државјанство поради неговата мајка, и се одлучи да настапува за Чешка. Не погреши. На квалификацискиот У19 турнир, Буфон постигна хет трик во победата од 6:1 над Азербејџан. Очигледно дека Буфон не погреши во одлуката што се однесува до ...

За време на телефонскиот разговор, Мерц разговарал со Зеленски и за енергетскиот скандал што ја зафати украинската влада, објави Ројтерс. Мерц, исто така, рече дека германската влада планира да ги прилагоди бенефициите што им се даваат на украинските бегалци, така што „стимулациите за работа ќе ги надминат стимулациите за останување во системот за социјална помош“. Земјите од Европската Унија регистрираа 79.205 украински бегалци во септември, ...

Според соопштението на Белата куќа, скенирањето покажало дека здравјето на Трамп е одлично, објави „The Hill“. Трамп претходно изјави дека имал магнетна резонанца во Медицинскиот центар „Волтер Рид“ на 10 октомври, но ниту тој ниту Белата куќа не прецизирале кој дел од неговото тело бил прегледан. Скенирањето било извршено за време на вториот медицински преглед на Трамп оваа година. Портпаролката на Белата куќа, Керолин Ливит, не им откри на ...

Официјалните бројки од Министерството за бизнис и трговија покажуваат дека Велика Британија увезла стока во вредност од околу 80 милиони фунти од Русија во периодот до јуни 2025 година, што е зголемување од 21,2% во однос на претходната година. Речиси половина од таа сума била за купувања на она што го опишаа како „авионски и воздухопловни производи“. Официјалните лица не можеле да потврдат кои компании ги извршиле купувањата или дали ...

Полицијата го пронашла телото на малото дете во бањата и веднаш ја уапсиле мајката, која по злосторството се обидела да си пресуди, објави Анса. Олена се развела од сопругот Паоло Траме (58), италијански државјанин и татко на малолетната жртва, а кога двојката се разделиле, малото дете му било доверено на грижа. Сепак, според судската одлука, на детето му било дозволено да ја гледа мајка си двапати неделно во нејзиниот стан на улицата Маркони. ...

Роберто Манчини има нов ангажман. Тоа е тимот на Ал Сад од Катар кој што денеска и официјално ја објави новата соработка со искусниот стратег. Поранешниот селектор на Италија потпиша две и полгодишен договор со својот нов клуб Неговиот ангажман како селектор на Саудиска Арабија заврши неодамна, а тој ете се одлучи повторно да се впушти во авантура наречена Блиски Исток. Ал Сад е најуспешниот клуб од Катар и има 18 освоени титули. Сепак, во ...

Пред аукцијата на „Сотби“, брошот, со овален дијамант со тежина од над 13 карати и опкружен со помали дијаманти, беше проценет на 200.000 швајцарски франци, но достигна цена од 3,5 милиони франци (околу 4,4 милиони долари). Накит како воен трофеј Овој брош е пронајден во една од кочиите што се заглавиле во калта за време на бегството на Наполеон по Битката кај Ватерло во 1815 година. Накитот потоа му бил предаден на прускиот крал Фредерик ...

Програмата има за цел зајакнување на социјалната кохезија и поттикнување на активно вклучување на имигрантите во австриското општество. „Интеграцијата не е понуда, туку обврска“, рече министерката Плаколм, нагласувајќи дека „секој што сака да остане во Австрија мора да знае за што се залага оваа земја, а за што никогаш нема да се залага“. Новиот курс за вредности и ориентација, кој ќе биде задолжителен за сите нови имигранти, трае пет дена и ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
3.09
90%
1025
weather icon

Загреб

6ᴼ / 3ᴼ
0.51
88%
1025
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
72%
1026
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.64
82%
1025
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
91%
1025
weather icon

Атина

13ᴼ / 12ᴼ
5.14
76%
1020
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
76%
1022
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
76%
1024
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1025
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 6ᴼ
1.54
97%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
66%
1023
weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
76%
1026
Currency

61.64

Currency

52.9026

Currency

70.5558

Currency

35.1006

Currency

38.2267

Currency

65.7739

Currency

7.47463

Currency

0.68891

Currency

0.34038

Currency

0.52501

Currency

1.24174

Currency

0.58757

Рутениум

29192.88

Родиум

255598.44

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Иридиум

145787.60

Платина

52864.82

Злато

134976.58

Никел

473258.99

Сребро

1876.20

Бакар

10.96

Кобалт

58.42

Цинк

3.22