Францускиот Уставен совет денес го поддржа законот што дава право на евтаназија, или потпомогнато самоубиство. Долгоочекуваната одлука, која беше меѓу најсериозните и најчувствителните прашања за членовите на Уставниот совет во последните години, беше поздравена од францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти Елисејската палата. Макрон ја поздрави одлуката на Уставниот совет, која, според Елисејската палата, „завршува примерна демократска ...

Голем пожар денес ја зафати вилата на Тито во Бугојно, која е во урнатини, а според снимките објавени од сараевските медиуми, голем облак од црн чад се издига над вилата. Вилата на Тито на ридот Горица над Бугојно била една од неговите најлуксузни резиденции. Вилата е изградена кон крајот на 1960-тите како станбен планински објект обложен со дрво и камен, во целосна хармонија со природата. Се користела за одмор, но и за дипломатија, а Тито ...

Состојбата на пожарните места е стабилна, сите пожари се под контрола од страна на пожарникарите: и оној на Пељешац и кај Трогир, а пожарот што избувна попладнето во областа Нински Станови кај Задар е исто така ставен под контрола, изјави во петокот вечерта главниот противпожарен началник Славко Туцаковиќ. Пожарот кај Задар треба да биде локализиран во вечерните часови, а што се однесува до пожарот во Омиш, повеќе нема отворен оган и има ...

Во тек е меѓународна координирана акција против организирана криминална група, која Министерството за внатрешни работи, преку Одделот за криминалистичка полиција, ја реализира во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамките на меѓународната соработка со надлежните служби за борба против недозволена трговија со дрога од Косово и Грција, информираа вечерва од МВР. Како резултат на ...

Обединетите Арапски Емирати го обвинија Иран дека пукал со дронови кон два танкери управувани од нивната државна нафтена компанија додека пловеле низ Ормускиот теснец, нарекувајќи ги нападите акти на пиратство. Во нападите немаше жртви. Сепак, тие посочија на опасностите со кои се соочуваат бродовите што превезуваат товар преку клучниот воден пат што го поврзува Персискиот Залив со отвореното море, при што Иран строго го контролира преминот ...

Најмалку три лица настрадаа во руски напади врз цели во Украина денес, додека руската инфраструктура беше цел на украинските напади. Руски беспилотни летала ја таргетираа северна Украина, при што загинаа 29-годишна жена и нејзиниот деветгодишен син, соопштија украинските власти. Истиот напад во Сумискиот регион повреди четири лица и ги хоспитализираше со тешки изгореници, изјави Олег Григоров, началник на регионалната воена администрација. Во ...

Патнички воз во Есекс, источна Англија, денес излета од шините, помалку од 24 часа откако во сличен инцидент беа повредени 20 лица во возот Лондон-Истборн. Според фотографиите од местото на настанот, возот со девет вагони излетал од шините и удрил во надземна жичена греда пред да застане, објавува британски „Телеграф“. Излетувањето од шините се случило само неколку часа откако лидерите во индустријата инсистираа дека железниците се безбедни ...

Најмалку еден пожарникар загина денес, а три други лица се тешко повредени во две силни експлозии на гас во зграда во центарот на Брисел, кои се случија откако гасовод беше оштетен за време на градежните работи, објавија белгиските медиуми. Околу 100 луѓе беа евакуирани од зградата кратко пред пладне откако изведувач случајно оштети гасовод, објави VRT nws. Потоа во зградата се случија две експлозии, изјави портпаролката на Сибелга, Серена ...

Тричлен судски совет на федералниот Апелационен суд за округот Колумбија – каде што се наоѓа американскиот главен град Вашингтон – минатата недела донесе одлука со 2:1 за запирање на изградбата бидејќи не е одобрена од Конгресот на САД. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп денес побара од Врховниот суд да ѝ дозволи на Белата куќа да продолжи со изградбата на балска сала вредна 400 милиони долари додека се жали на ...

Соединетите Американски Држави сакаат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху јавно да ги осуди милитантните доселеници кои ги опсадуваат Палестинците во нивните домови во окупираниот Западен Брег, изјавија денес американски и израелски претставници, додека доселениците продолжија да вршат притисок врз жителите со поставување нов шатор пред да пристигнат израелските војници и да го отстранат. Доселениците речиси една недела ги опкружуваат ...

Денес избувна пожар во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, кој зафати ниска вегетација. Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“. Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација, пренесе „Танјуг“. ИЗДВОЕНИ Почина 72-годишник од западнонилска треска, ...

Новите сопственици на Лос Анџелес лејкерс би можеле да му понудат важна улога на Крис Пол во организацијата. Според извештаите, продажбата на франшизата на Џош Кушнер и на поранешниот извршен директор на „Дизни“, Боб Игер, е договорена. Токму блискоста на Пол со Игер го прави поранешниот НБА-плејмејкер име што треба да се следи. Новинарката Рамона Шелбурн го посочи Пол како можна фигура во новата структура на Лејкерс. Крис Пол му е многу ...

Пожарот над Бијела и Баошиќ во текот на ноќта се прошири кон Зеленица и Каменари, изјавија претставници на локалната служба за заштита. Пожарниот појас се протега околу 15 километри, објави РТЦГ. „Се позициониравме на сите клучни места и ги браниме куќите што се загрозени“, изјави командантот на Службата за заштита и спасување на Херцег Нови, Златко Ќировиќ, за локалната Радио-телевизија Херцег Нови. Тој рече дека ситуацијата е сложена ...

Според локалните власти, дрон се урнал денес во Романија откако неоткриен влезе во воздушниот простор на земјата, додека бранот упади на беспилотни летала продолжува по источниот дел на НАТО, објави „Еуроњуз“. Романското Министерство за одбрана соопшти дека добило повик на својата телефонска линија за итни случаи за дрон што се урна во близина на градот Лункавица, на истокот од земјата, на околу пет километри од границата со Украина. „Врз ...

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојаче Ангелов инфомира попладнево дека состојбата со пожари на отворен простор денеска е подобра во однос на вчера, но дека повторно досега има дваесетина пожари, од кои 8 се активни во овој момент. Како најкомплексен пожар за гаснење останува пожарот во Студеничани, над селото Рамни Габер. „Цел ден дејствуваат етракторите, значително е намален поголем дел од горните краци, но потребно е ...

Чадот и пепелта што се исфрлаат од ерупцијата на вулканот Етна го нарушија воздушниот сообраќај на Сицилија петти ден по ред. Стотици патници останаа блокирани откако вулканската пепел го затвори најголемиот меѓународен аеродром на Сицилија, во Катанија, на врвот на летната туристичка сезона. Аеродромот во Катанија ќе остане затворен до раните утрински часови во сабота, непосредно пред Ферагосто, врвот на летната сезона во Италија, кога ...

Илјадници шпански и марокански полицајци и војници беа распоредени по границата на малото гратче Сеута денес, бидејќи на социјалните мрежи циркулираат повици за нов масовен упад на мигранти во шпанската енклава во северно Мароко, која беше релативно мирна. Откако рекордни 72.000 мигранти пристигнаа во шпанскиот град минатиот месец, виралните објави на социјалните мрежи сугерираат дека сличен масовен упад ќе биде организиран во сабота, 15 ...

Рекордниот топлотен бран што ја опустоши Источна Азија ги претвори полињата во печки и ги остави земјоделците без приходи. Во Јужна Кореја, компирите буквално беа „варени во земја“, додека екстремната топлина ги сруши температурните рекорди во Јапонија и во Хонг Конг. Експертите предупредуваат: ова повеќе не е исклучок, туку нова реалност, пишува „Слободна Далмација“. -По неколку дена на плус 42,5 Целзиусови степени, компирите се претворија ...

Женско тело е пронајдено денес на местото на пожарот во близина на Омиш, додека пожарникарите истовремено се борат со нов пожар што се приближува до домовите. Телото пронајдено денес на местото на пожарот во Омиш е на жена, објави полицијата. Нов пожар избувна во областа Омиш, овој пат во кањонот Цетина, во областа на селото Рогошиќи – Мимичиќ, пишува „Слободна Далмација“. Пожарот го зафати планинскиот предел Имбер, а пожарот во моментов се ...

Локалните власти и ЈКП „Бошава“ од Демир Капија воведоа целосна забрана за пиење и подготовка на храна со водата од градскиот водовод. Одлуката е донесена откако лабораториските анализи на примероците земени во понеделник и вторник од истото мерно место покажале меѓусебно спротивставени резултати. Според информациите од комуналното претпријатие, добиените резултати од двете различни институции создале несигурност за квалитетот на водата. – ...

Унгарскиот премиер Петер Маѓар ја доведе во прашање иднината на проектот Пакш II, голем договор со рускиот Росатом за проширување на единствената нуклеарна централа во Унгарија, додека неговата влада ги разгледува финансирањето, техничките решенија и системот за ладење за идните реактори. Маѓар го критикуваше фактот дека проектот се базира на силна зависност од Дунав, чие рекордно ниско ниво на вода за време на овогодинешниот топлотен бран ...

Застрашувачки пожари беснеат низ Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина, оставајќи пустош зад себе. Додека во Омиш пожарот стигна до самиот центар на градот, пожарникарите, војската и канадерите на Пељешац, Улцињ и Невесиње се борат со пламените јазици. Големи пожари зафатија неколку области во Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина во текот на претходната ноќ и утро. Најдраматична беше ситуацијата во близина на Омиш, каде што пожарот ...

Полицијата денес околу 13:30 часот пронашла тело на едно лице, за време на увид на подрачјето зафатено од пожарот во Омиш, соопшти Сплитско-далматинската полиција, јавува Н1 Загреб. На местото каде што е пронајдено телото ќе се спроведе истрага на лице место, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата, пренесува Н1 Загреб. Засега не се објавени информации за идентитетот на починатиот или околностите на смртта. Повеќе ...

Социјалната мрежа и компанија Инстаграм, во сопственост на Мета Корпорејшн, претстави ново лого со текст, односно начин на кој е напишано името на платформата, што е прва промена на овој дел од визуелниот идентитет во последните десет години. Извршниот директор на Инстаграм, Адам Мосери, објасни дека старото лого со текст изгледа застарено по десет години и дека е време за освежување, објавува Варајати. Според него, новиот дизајн треба да ...

Бредли Бил и Лос Анџелес клиперс постигнаа договор за продолжување на соработката, потврди неговиот агент, Марк Бартелштајн. Ветеранот ќе потпише двегодишен договор вреден 13,2 милиони долари, со опција за играч за втората сезона. Претходно тој ја одби опцијата од 5,6 милиони долари и го тестираше пазарот на слободни агенти. За неговите услуги интерес покажа и Мајами хит, но тој, сепак, одлучи да остане во Лос Анџелес. Трикратниот ол-стар му ...

Познатиот македонски актер, Едмонд Сотир, кој е родум од Корча, Албанија, е новиот директор на Театар Комедија, објавија од оваа национална установа. Примопредавањето на функцијата е направено вчера, а вработените му посакаа успешна работа. Едмонд Сотир е актер во Театар Комедија уште од самото основање во 2012 година, а на местото директор доаѓа откако му заврши раководната функција на драматургот Дарко Спасов. Спасов беше директор од 2022 ...

Скопје, од 21 до 29 септември, ќе биде домаќин на едно од најпрестижните танцови случувања во Европа во класичен балет, џез, модерен и современ танц – IDO European Championship 2026 (Европско првенство на Интернционалната танцова организација, која обединува над 90 земји и над половина милион танчари во светот). Притоа, повеќе од 3.000 врвни танчари од 26 европски земји ќе настапат во спортскиот центар „Борис Трајковски“, претворајќи го ...

Македонскиот пејач, гитарист и композитор, Роџевски, кој настапи во Охрид со Христијан Моневски и со Дамјан Палоски на вокален исон, како и со Андреа Мирческа и Оливер Јосифовски на контрабас, ја промовираше својата најнова двојна ЛП-објава „Ортодоксија каи Танатос“. Албумот содржи композиции базирани на византиското пеење, како и ремикси од значајни имиња на експерименталната сцена. Дине Донеф (Костас Теодору), пак, настапи со проектот ...

– Во светот на Чинго, како и во животот, реалноста и чудото често одат рака под рака. А токму во тој простор се раѓа секоја добра приказна – рече лауреатот Патлиџанкоски при врачувањето на наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ во охридското село Велгошти. Тој потсети на учењето на Чинго, дека книжевноста не е во големите зборови, туку во чудото скриено во секојдневниот живот, во човечноста што опстојува и кога се тешки времињата – ...

Поставувањето и ставањето во функција на новиот АТМ- систем во М-НАВ ќе овозможи повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на М-НАВ и на контролната кула на Скопскиот аеродром. Значењето на модернизацијата е уште поголемо поради значителниот раст на воздушниот сообраќај над Македонија. Според ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Иридиум

315077.32

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53