За половина од македонските граѓаните еднонеделниот одмор наместо потреба, станува луксуз. Според европската статистика, 48 отсто од населението во Македонија не може да си дозволи најмалку една недела одмор. Со тоа, земјава е меѓу државите со највисок удел на граѓани што не може да издвојат доволно средства за одмор. Полоша е состојбата во Романија, каде што овој удел достигнува 61 отсто, додека повеќе од половина од населението во Црна Гора ...

Европа е зафатена од нов бран екстремни горештини, при што повеќе од 135 милиони луѓе се соочуваат со температури над 35 степени Целзиусови. Додека Франција регистрираше повеќе од 42 степени, Велика Британија се приближува кон своето најжешко лето досега, а пожарите беснеат од Грција до Англија. Научниците предупредуваат дека честите топлотни бранови и суши земаат сè поголем данок. Честите топлотни бранови и продолжената суша предизвикаа ...

Катастрофални шумски пожари ја погодија Далмација, а најкритичната ситуација е во близина на Омиш. За жал, временската состојба нема да се подобри во наредните денови, со оглед на тоа што се очекува ведро и топло време во текот на викендот, со температури над 35 степени и силни ветрови. Најтопол ден ќе биде понеделник, со температури кои ќе достигнат 40 степени. Ноќ на ужас кај Омиш: Во голем пожар седум лица се во критична состојба, огнот ...

Температурата во Москва ноќеска падна на 9,7 Целзиусови степени, што е најниска измерена вредност во градот од јули наваму. Метеорологот Михаил Леус соопшти дека студените воздушни маси продолжиле да се движат кон централниот дел на европска Русија, што донело невообичаено свежа ноќ во Москва. Тој најави најави дека и следната ноќ ќе биде релативно студена. Ова се случува откако од јуни Москва беше на удар на серија топлотни бранови поради ...

Додека ЕУ ја тресе прашањето на мигрантската криза, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, отиде на одмор на село и уште побара од јавноста да ѝ предложи имиња за двете пилиња на нејзината кокошка Чикелета. Шпанскиот премиер, Педро Санчес, пак, замина на одмор токму кога навалија мигрантите на Сеута. Прво го прекина одморот, замина за Сеута, се обрати оттаму, а кога оцени дека е завршена кризата, се врати на одмор иако ...

Вештачката интелигенција (ВИ) направи нов и донекаде застрашувачки чекор во светот на биологијата – за прв пат, американските истражувачи користеа системи со вештачка интелигенција за да дизајнираат целосно нови вирусни геноми кои потоа ја покажаа својата способност за репродукција во лабораторија. Истражувачите од Универзитетот Стенфорд создадоа 16 нови вируси, но научниците нагласуваат дека засега тие можат да инфицираат само бактерии и не ...

Нерасчистени имотно-правни односи се причина за сериозен семеен инцидент што се случил вчера попладне во гостиварското село Чегране, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Според официјалните информации, 27-годишен жител на селото пријавил дека бил физички нападнат од неговите чичковци, кои во нападот употребиле и остри предмети. Инцидентот се случил околу 15:20 часот во дворот од семејната куќа, кога лицата со иницијали ...

Судењето на поранешниот вицепремиер Артан Груби и на уште седум други лица ќе почне на 24 август во 10:00 часот, информираа денеска од скопскиот Кривичен суд. На сите обвинети им се става на товар кривичното дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 5 в.в. став 4 в.в. став 1 в.в. член 22 од Кривичниот законик. Груби, по поднесеното обвинение во случајот „Лотарија“, останува во куќен притвор. – Со оглед дека ...

Пет македонски семејства побарале помош за евакуација од пожарите во Грција. Во Пелагонија, огнот стигна на само 50 метри до куќите, а мештаните, пожарникарите и доброволците со часови се бореа да го спречат неговото ширење кон селата Пожарот кај Сивири на Халкидики е ставен под контрола, но пожарникарите се на штрек бидејќи ветерот може повторно да го разгори. Стотици туристи, меѓу кои и македонски, мораа да ги напуштаат хотелите и да бараат ...

ПО ПОВЕЌЕ ОД ЕДЕН МЕСЕЦ НЕИЗВЕСНОСТ И МАКИ НА ГОРЕШТИНИТЕ Водата за пиење во Гостивар, конечно, е прогласена за безбедна, по повеќе од еден месец неизвесност. Здравствените власти потврдија дека водата е микробиолошки и физичко-хемиски исправна и најавија дека и во периодот што следува ќе се прават три мерења за квалитетот на водата во Гостивар неделно. На жителите на Гостивар им препорача да ја остават водата да истече неколку секунди, ...

За една недела, втор смртен случај од вирусот западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести во Скопје. Почина 72-годишен маж кај кого била утврдена и клиничка слика на менингитис. На Клиниката во моментов се хоспитализирани 24 пациенти, од кои неколкумина се на механичка вентилација. Пред неколку дена, од вирусот почина 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Инфективна. Кај пациентот биле присутни и вкочанетост на вратот и ...

Остатоци од птица се пронајдени во моторот на авионот „боинг 737 НГ“ на „Рајанер“, во кој патник беше делумно вовлечен низ скршен прозорец кратко по полетувањето од Грција во јули, објави Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ) на САД. Одборот го истражува инцидентот во кој се одвои дел од моторот од авионот и скрши прозорец, низ кој за малку ќе излеташе патник од Србија. Авионот, кој летал кон Германија, тогаш го загубил ...

Жозе Мурињо мораше да ги земе работите во свои раце и да им „објасни“ некои работи на челниците на Реал (М). Ендрик би можел да има многу поважна улога во Реал (М) оваа сезона отколку што се очекуваше претходно, а зад таквото сценарио, според информациите што ги даде „Диарио АС“, се крие интересен став на Жозе Мурињо. Португалецот, кој и во минатото раководеше со „кралскиот клуб“, верува дека младиот Бразилец може да биде многу важен играч во ...

Европското првенство во пливање во Париз донесе неколку извонредни резултати и нови рекорди. Романецот Давид Поповичи го освои златото на 100 метри слободен стил со време од 46,56 секунди, нов рекорд на шампионатот. Среброто му припадна на Русинот Егор Корнев со 46,76, додека бронзата ја освои Унгарецот Кристоф Малик со 46,87. Италијанката Сара Куртис триумфираше на 50 метри грбно, но постави и нов светски рекорд. Во финалето, таа исплива ...

Одлуката на Итан Томпсон да ја напушти Индијана пејсерс и да ја продолжи кариерата во Партизан предизвика големо изненадување во американската јавност. Дваесет и седумгодишниот бек минатата сезона успеа да изгради солиден статус во НБА-тимот и да ја добие довербата на стручниот штаб. Сепак, наместо да се обиде да се избори за место во ротацијата и во следната сезона, реши да направи голем пресврт. Условите за неговиот трансфер во Партизан ...

Новак Ѓоковиќ е во јавноста со години, а љубителите на тенисот се добро запознаени со неговата борбеност, упорност и емоциите што ги покажува на теренот. Сепак, неговата сопруга, Јелена Ѓоковиќ, знае сосема поинаква страна на еден од најдобрите тенисери на сите времиња. Јелена неодамна одговори на интересни прашања од нејзините следбеници на социјалните мрежи, а едно од нив беше за Новак. Јелена беше прашана со кој литературен херој може да ...

Готовината е сè уште најшироко прифатениот метод на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и на другите дигитални плаќања, според нова студија на Европската централна банка (ЕЦБ). Според резултатите објавени денес, 92 проценти од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации прифаќаат готовина, во споредба со 90 проценти во 2024 година. ЕЦБ проценува дека ова го запрело падот на ...

Македонските превозници да не подлегнуваат на „пропаганда“ што, главно, доаѓа од Србија, во услови кога превозниците од земјите од Западен Балкан повторно предупредуваат дека би можеле да ги блокираат граничните премини кон земјите од Шенген-зоната. Ова го изјави министерот за транспорт, Александар Николоски, кој претходно рече дека Владата веќе има постигнато билатерални договори со Романија, Хрватска и со Швајцарија за долгорочни ...

Поставувањето и ставањето во функција на новиот АТМ- систем во М-НАВ ќе овозможи повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на М-НАВ и на контролната кула на Скопскиот аеродром. Значењето на модернизацијата е уште поголемо поради значителниот раст на воздушниот сообраќај над Македонија. Според ...

Песната има и прекрасен видео спот снимен на едно од најзначајните археолошки наоѓалишта во Македонија – во Стоби. Посебно треба да се истакне дека додека го гледате спотот, нема да можете да се воздржите од силниот наплив на емоции. Во спотот синовите на Елена, се дел од оваа приказна. Одличната Елена Андоновска деновиве ја претставува својата нова песна „Синови македонски“, музичка приказна посветена на љубовта кон татковина Македонија, ...

Во просториите на Младинскиот културен центар (МКЦ) денеска беше отворен Центарот за дневен престој за лицата со попреченост од 14 години, па нагоре. Центарот го отворија заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, и скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Во овој Центар корисниците ќе добиваат психолошка и стручна поддршка, ќе учествуваат во едукативни, креативни и рекреативни активности, ќе развиваат ...

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денеска ги прими младите ракометарки од училишната екипа „Астра“ при ООУ „Тихомир Милошевски“, кои остварија извонреден успех на спортските игри за млади – „Плазма“, освојувајќи го првото место на државно ниво во ракомет. Со овој резултат, младите спортистки од Ѓорче Петров се изборија за учество на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат Македонија и ќе се ...

Аеродром добива нови простори за спорт, рекреација и активен живот. Во паркот „Патрик“ е поставена првата од вкупно петте нови фитнес-зони што ги планира Општина Аеродром за оваа година, со што продолжуваат активностите за создавање современи и достапни услови за физичка активност на отворено. Во следниот период, ќе бидат поставени нови фитнес-зони и во Острово, Ново Лисиче, Тодор Чангов и во Долно Лисиче, со што граѓаните од повеќе населби ...

Живко Поповски-Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35-метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. Оваа цветна патека, според него, претставува симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности што живеат во Македонија. – Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава ...

Од Јавното претпријатие за државни патишта објаснија дека се санира горниот строј на мостот, при што ќе се изврши отстранување на постојните дилатациски фуги, сливници, асфалт, ограда и тротоари. Потоа ќе се постави нова бетонска плоча, хидроизолација на мостовската конструкција, ќе се асфалтира козловозот, ќе се изградат нови тротоари, а ќе се постави и нова ограда. Во текот на изведувањето на работите, сообраќајот ќе се регулира со ...

Освен силните ветрови, главните причини за ширењето на катастрофалниот пожар во Омиш се и човечката глупост и невнимание, што го потврдува и снимка што се појави на социјалните мрежи! Имено, на пат полн со автомобили и мотоцикли, се гледа возило целосно зафатено од пламен. Додека другите возачи му свират да застане, искри од пожарот на неговиот автомобил летаат наоколу, зголемувајќи го ризикот од ширење на пожарот. Au brate, tragikomedija… ...

Полицијата денеска околу 13:30 часот пронашла тело на лице додека вршела увид во изгорената површина, соопшти Сплитско-далматинската полиција. „Ве известуваме дека при увидот на изгорената површина околу 13:30 часот, полициски службеници пронајдоа тело на едно лице. На местото на пронаоѓањето на телото ќе се спроведе истрага, предводена од надлежниот државен обвинител со помош на полицијата“, соопшти Сплитско-далманската полициска управа. Ова ...

Сивири полека се враќа во нормала утрото по драматичната ноќ, но работата на пожарникарите сè уште не е завршена. Чадот и пламенот можеби повеќе не се глетката што ја обележа претходната ноќ, но преостанатите жаришта и силните ветрови значат дека претпазливоста сè уште мора да биде од најголема важност. На Халкидики повеќе нема ниту еден активен противпожарен фронт, но пожарникарите сè уште гаснат бројни жаришта во веќе изгорената област, ...

Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење – соопшти на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, шеф на Главниот штаб за управување со кризи. Претходно за најновите информации поврзани со водата за пиење од гостиварскиот водовод седница одржа Главниот штаб за управување со кризи. ИЗДВОЕНИ Македонија официјално кандидат за домаќин на ЕП во ракомет 2034 Комарци и канали полни со застојана вода ...

Од вчеравечер, на плоштадот во Валандово, се изложени новите уметнички дела што настанаа како дел 29. Меѓународна ликовна колонија, во организација на Домот на културата „25 Мај“ – Валандово. Од Општина Валандово информираат дека на ликовната колонија, која се одржа изминатава недела, учествувале уметници од Македонија, Турција, Грција, Албанија и од Бугарија. – Нивните дела ќе бидат дел од уметничкото богатство и сопственост на градот ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53