Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Унгарските власти преземаат итни мерки за да го спречат затворањето на нуклеарната централа „Пакш“ со потопување баржи во Дунав за да се подигне нивото на водата. Чекорот е важен за стабилно снабдување со вода, клучен за ладење на реакторите. Бригадниот генерал Пал Кадар изјави дека патуваат од 80 до 100 камиони помеѓу каменоломите и местата за отстранување материјали на двата брега на Дунав секој ден, објави МТИ. Досега се примени 176 понуди ...
Тоталното затемнување на сонцето предизвика огромно зголемување на побарувачката за сместување во делови од Европа низ кои минуваше патеката на целосното затемнување. Цените на хотелите и приватното сместување во некои дестинации надминаа 1.000 евра по ноќ. Затемнувањето, кое беше видливо во Обединетото Кралство, Исланд, северна Шпанија, Гренланд и Португалија на 12 август, охрабри голем број туристи да патуваат во области од кои најдобро ...
Шест туристи, петмина од Косово, се повредени во пожар во хотел во Валона, Албанија, објави денес „Албанска пошта“. Пожарот избувнал околу 4:00 часот во бар на првиот кат од зградата, а потоа се проширил на хотелските соби на горниот кат. За да избегаат од пламенот, некои гости скокнале од балконот. Зградата била целосно изгорена, објавува „Њузмакс Балканс Албанија“ („Newsmax Balkans Albania“). Петмина од повредените се однесени во болницата ...
Два големи пожари избувнаа денес на грчкиот остров Саламина, во близина на Атина, а пожарот зафати куќи, објави противпожарната служба. Денес речиси истовремено тука избувнаа два пожара и предизвикаа евакуација на стотици луѓе, соопштија противпожарните служби. Првиот пожар избувна во областа Перистерија, а вториот во областа Селинија во правец на Каки Вигла. „Две тела се пронајдени во близина на плажата Перистери на југот од островот“, ...
Борот алепо повторно е посочен како „главен виновник“ за катастрофалните пожари кај Омиш. Неговите смола, иглички и густа крошна лесно горат и може брзо да го пренесат огнот, но експертите предупредуваат дека вистината е многу посложена. Подрачјето источно од Омиш, од Станиќи и Челина до Писак, горело дури десет пати во последните 25 години. Голем дел од теренот некогаш бил покриен со лозја, маслинови насади и со пасишта, но со иселувањето на ...
Болница во Пакистан користела исти шприцови за време на епидемија на ХИВ кај деца, открива истрага на „Би-би-си“. Во градот Таунс, во пакистанската покраина Пенџаб, „Би-би-си Ај“ известува дека 331 дете биле идентификувани како ХИВ позитивни помеѓу ноември 2024 и октомври 2025 година. Кога лекар во приватна клиника ја поврзал епидемијата со болницата THQ Таунс кон крајот на 2024 година, локалните власти ветиле дека ќе „воспостават ред“ и го ...
Украина со повеќе од 600 дрона го нападна Московскиот Регион, Москва тврди дека соборила 201 беспилотно летало, а пожари избувнаа во логистички и индустриски објекти. Во исто време, Русија изврши нов масовен ракетен напад и напад со дронови врз Киев и други украински градови, со жртви и повредени Украина изврши еден од најмасовните досегашни напади со беспилотни летала врз Москва и Московскиот Регион, при што избувна огромен пожар во магацин ...
Само од почетокот на годинава починале четворица пациенти со вештачко срце, а кои повеќе години чекале за пресадување. Затоа се надеваме дека со почетокот на новите законски правила може да се зголеми бројот на потенцијални донатори, вели активистка Ирена Ралева-Најдевска Новата законска можност граѓаните кај матичните лекари да дадат лична изјава дека сакаат да ги донираат своите органи во случај на мозочна смрт, треба значително да го ...
Иран нуди награда од 30.000 долари за заробување или убивање на американски сили, изјави денес врховниот командант на иранската армија, генерал-мајор Амир Хатами. Тој рече дека ќе бидат платени 30.000 долари за заробување или убивање на секој припадник на американските сили, објави новинската агенција „Фарс“. САД го означија Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ), кој официјално е дел од вооружените сили на Исламската Република, како ...
Вечерва, во 21 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, во рамките на „Охридско лето“ ќе се изведе театарската претстава „Уна“ од Момо Капор, во режија на Дејан Пројковски, на Театар „Ѕвездара“ од Белград, Србија. Претставата „Уна“ е заснована на мотивите од истоимениот култен роман од Момо Капор, но и на нови значења и конотации кои се наменети за времето во кое живееме. -Зошто е важна Уна денес? Претставата „Уна“, за која ...
Сто и петнаесет збирки и автори од Македонија и од светот се пријавиле на конкурсот за доделување на наградата „Антево перо“, во годината кога се одбележуваат 95 години од раѓањето на Поповски и по деветти пат се организира меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. – Ваков неверојатен интерес кај творците на поетската реч не се памети досега на ниту еден друг конкурс за поезија кај нас. Среќни сме што делото ...
Македонија во претстојниот период ја очекува засилена економска и инвестициска активност, со изградба на повеќе автопатски делници, продолжување на големите инфраструктурни проекти и со три најавени нови инвестиции од странски компании. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека до есен се очекува да бидат потпишани три нови договори за инвестиции. Две од компаниите се од Германија и од САД, додека третата планира проширување на постојната ...
Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овој пат треба да биде процентуално и да зависи од висината на месечните примања. По неколкуте линеарни покачувања во изминатиот период, кога се зголемуваа пензиите за ист износ, следното усогласување треба да се пресметува процентуално. Тоа значи дека пензионерите нема да добијат идентично зголемување во денари – повисоката пензија ќе значи и поголем износ ...
Европската Унија сè поинтензивно работи на развој на сопствена платежна инфраструктура и на намалување на зависноста од странски платежни системи. Во центарот на овие напори е дигиталното евро, кое треба да ги надополнува готовината и постојните банкарски услуги, а не да ги замени. Во моментов се води завршната фаза од разговорите меѓу Европскиот парламент и земјите членки за начинот на функционирање на дигиталното евро. Планирано е ...
Инфлацијата во Македонија изнесува 2,3 проценти на годишно ниво, што е под просекот во Европската Унија од 2,93 проценти. Цените на мало, според податоците што ги презентираше премиерот Христијан Мицкоски, се зголемени за 1,8 проценти. Мицкоски направи споредба со 2022 година, кога се соочуваше земјата со двоцифрена инфлација, која во јули достигна 14,7 проценти. – Денес, во Македонија, практично инфлацијата, односно на годишно ниво, цените ...
Пелагониските земјоделци, производители на жито, се незадоволни од откупната цена на пченицата, која годинава се движи меѓу 9,5 и 10 денари за килограм. Тие бараат државата, преку Интервентниот фонд, да исплати дополнителни 5 денари од килограм, оценувајќи дека актуелната цена не ги покрива производствените трошоци. Тие бараат и итна исплата на субвенциите за реколтата 2024 година – за предадена пченица, по површина и за семенски материјал, ...
Град Скопје информираше дека по триесет години чекање и бројни најави, почнало асфалтирањето на булеварот „Борис Трајковски“, со што проектот влегува во својата завршна фаза. Притоа, оттаму соопштија дека по решавањето на долгогодишните имотноправни прашања и завршената експропријација, трасата е целосно ослободена за реализација на градежните активности. Додаваат дека во рамките на проектот е изградена и нова атмосферска канализација, со што ...
Во вторник, на подрачјето на град Скопје, ќе се изврши прскање против ларви од комарци од земја. Од Град Скопје информираат дека доколку не се поволни временските услови, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога ќе биде времето подобро. Се советуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. ИЗДВОЕНИ Имаме евтино жито, а скап леб – пченицата падна од 20 на 10, а лебот се качи од 25 на 35 денари ...
Ученикот Томи Јакимовски од ООУ „Лазо Ангеловски“, под менторство на наставникот Бошко Кентер, го освои првото место на државното првенство во тенис, во рамките на спортските игри за млади „Плазма“. Во финалето, со победа од 2:0 во сетови, тој го потврди својот квалитет и заслужено го освои шампионскиот трофеј, обезбедувајќи пласман на меѓународниот турнир во Хрватска. Денеска, Томи и неговиот ментор заминуваат за Сплит, каде што ќе имаат ...
Општина Карпош воспоставува нова форма на соработка со Природонаучниот музеј, со цел унапредување на образовниот процес и овозможување повеќе практична и интерактивна настава за учениците од основните училишта на територијата на Општината. Во таа насока, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и директорот на установата, Ивица Заркадов, потпишаа договор за соработка со кој се предвидуваат континуирани едукативни активности во ...
Кога зборуваме за развојот на здравството во Гевгелија, има повеќе интересни приказни. Меѓу посебните е приказната за првата завршена акушерка во Гевгелија, Софија Ампова. Во историјата на секој град постојат луѓе што, можеби, не оставиле големи споменици зад себе, но оставиле нешто многу повредно: спомен во срцата на своите сограѓани. Една од тие личности во Гевгелија била Софија Ампова, првата медицинска сестра акушерка, која со децении ѝ ...
Н: Мониторинг на желките во Љубојно – Долно Дупени Македонското еколошко друштво (МЕД) на 26 август (среда), во Љубојно – Долно Дупени, во 8:00 часот ќе организира теренската посета за мониторинг на желките, во рамките на јавната манифестација „Мојот дел од природата“, во соработка со Општина Ресен и со Националниот парк „Галичица“. Во рамките на теренската посета за мониторинг на желките, ќе може да се добијат одговорите на тоа како, ...
Годинава се планира Охридското Езеро да биде порибено со околу 1,6 милиони единки од ендемичниот вид охридска пастрмка, што е за околу 500 илјади повеќе во споредба со минатата година, информираше заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Албрим Хоџа, при посетата на Хидробиолошкиот завод во Охрид. Хоџа, заедно со претставниците на Државниот инспекторат за земјоделство, Мирко Укоски и Арбнор Арифи, се запозна со процесот ...
Општина Валандово викендов ја реализира последната фаза од реконструкцијата на регионалниот пат Р1105, на делницата Удово – Јосифово. Како што информираат општинските власти, градежната механизација интензивно работи на еден од најоштетените делови од оваа значајна сообраќајница. – Со завршувањето на работите, оваа делница добива значително подобри услови за одвивање на сообраќајот, со што се зголемува безбедноста за возачите, пешаците и на ...
Во оваа колумна ќе изнесам дел од мудрите поуки на верскиот и политички лидер на тибетскиот народ, Далај Лама. Етичкото учење на Далај Лама е насочено кон индивидуалните аспекти на среќата и кон начелата што придонесуваат за напредок на заедницата. Тој предупредува дека најголемата опасност за глобалниот мир произлегува од политичките лидери и од економските моќници, кои имаат ниска свест за општото добро. Неговата препорака е да бидеме ...
Со проекцијата на филмот „Татковина“ (Fatherland), во режија на Павел Павликовски, во петокот, во Народниот театар во Сараево беше отворено 32. издание на Сараевскиот филмски фестивал, кое ќе трае до 21 август. На црвениот килим, покрај бројните гости, меѓу кои мексиканскиот актер и режисер Диего Луна, полскиот режисер и оскаровец Павел Павликовски, британската актерка и претседателка на жирито Емили Вотсон, прошетаа и членовите на ...
Учениците од подрачното основно училиште „Круме Кепески“ во Припор добија современ затворен спортски објект, каде што ќе може непречено да ја одржуваат наставата по физичко воспитување, да спортуваат и да се развиваат. Спортската сала викендот свечено беше пуштена во употреба во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, и градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети ...
Кнежевската куќа на Лихтенштајн објави дека ги менува своите правила за наследување и дека жените ќе можат да се искачат на тронот на кнежевството во иднина. Во соопштението од кнежевската куќа се наведува дека промената ќе се однесува само на потомците на децата на Алоис и неговата сопруга, крунската принцеза Софија, кои ќе се родат во иднина, па затоа засега нема да влијае на линијата на наследување „Способноста за комбинирање на ...
Ураганот „Лала“ ги погоди Хаваите со силни ветрови и обилни врнежи од дожд, оставајќи повеќе од 89.000 домаќинства без струја, додека поплавите и поројните дождови ги погодија патиштата низ целиот остров, објавува „Скај њуз“. Иако не го погоди директно Големиот Остров, властите предупредуваат на ризик од поплави, лизгање на земјиштето и ветрови со сила на ураган, а на жителите им е наредено да останат во засолништа Ураганот Лала ги погоди ...
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ сензационално беше елиминиран во првото коло на мастерсот во Синсинати. Тој загуби од Аргентинецот Тијаго Августин Тиранте со 2:6, 6:4, 6:4. Ова е еден од најшокантните порази во кариерата на српскиот ас, со оглед на тоа што Тиранте во моментов се наоѓа на 50. место на АТП-листата. Покрај тоа, ова е првпат по 2007 година да загуби во воведното коло во Синсинати. – Пред сè, му честитам на противникот. Искрено, ...