Состојбата со пожарите на отворен простор во текот на вчерашниот ден беше навистина тешка, имавме 29 пожари. Од нив, 22 се целосно изгаснати благодарение на брзата реакција и силната пожртвуваност на локалните пожарникари, каде што се развиваа овие пожари. Еден е ставен под контрола, додека шест се активни во моментов, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на видео објавено на Јутјуб. – На пожарот на ...

Двајца од осомничените за шверцот на петте тона марихуана од Македонија во Србија признале вина и се спогодиле со обвинителството. Едниот добил затворска казна од три години и шест месеци, а вториот добил два месеци повеќе. -Во постапката што се води пред ОЈО ГОКК, на 10 август 2026 година Основниот кривичен суд Скопје донесе две пресуди врз основа на предлог-спогодби склучени со двајца осомничени. Со спогодбите осомничените признаа дека го ...

Јанис Антетокумбо со големи амбиции ја очекува новата НБА-сезона, во која ќе го носи дресот на Мајами хит. Грчкиот ас јасно стави до знаење дека има високи цели и дека сака повторно да биде меѓу најдобрите играчи во лигата. Ќе доминирам оваа сезона. Сакам да докажам дека сум еден од најдобрите играчи во НБА. Сакам да им кажам на навивачите дека ќе ја вратиме топлината, порача Јанис во видео објавено на официјалните НБА-канали. Антетокумбо ...

За справување со епидемијата од западнонилска треска министерот за здравство, Сако Клековски, најави дека ќе продолжи вонредното прскање против комарци, покрај редовните, веќе испланирани прскања, извести дека жителите на подрачјата со прогласена епидемија ќе добиваат СМС пораки за заштита, а кај нив ќе се прави и контрола на живината. Покрај овие мерки кои ќе ги преземаат институциите, министерот Клековски очекува дисциплина и од жителите и ...

Кој и да ја преземе функцијата, на 1 јануари ќе се соочи со борба не само за зачувување на релевантноста на ОН туку, на крајот, и за нивниот опстанок. Самата идеја за глобална организација што ги обликува правилата според кои функционира светот, од мирот и безбедноста до борбата против климатските промени, е доведена во прашање. ОН се изложени на цела низа кризи. Најопасната се однесува на авторитетот. Русија и САД сè повеќе ја игнорираат Во ...

Дождот што почна да паѓа во источна Белгија утрово им помага на пожарникарите да го изгаснат најголемиот шумски пожар досега во земјата. Пожарот се заканува да се прошири до германската граница. Околу 500 пожарникари од цела Белгија, како и од соседните Германија и Луксембург, се борат со пожарот. Белгиската метеоролошка служба IRM очекува помеѓу 5 и 9 милиметри дожд во погодената област, а за утре се прогнозираат повеќе врнежи. Се очекува ...

Иран верува дека напорите на САД и Израел за обезбедување прекин на огнот се насочени исклучиво кон намалување на притисокот врз пазарите и подготовка за нова фаза на непријателства, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани функционери и разузнавачки извештаи. Според изворот, Техеран верува дека сегашните преговори може да бидат ништо повеќе од „прелудиум за понатамошен конфликт“ и дека потпишаниот меморандум „веројатно бил ...

Пожарите што беснеат низ Европа ова лето, заедно со продолжените суши и топлотни бранови, не се само резултат на неколку дена екстремно високи температури. Тие се дел од поширока промена во климатските услови што се чувствува сè повеќе низ целиот континент во последните години. Европа се затоплува побрзо од глобалниот просек, а ефектите не се само во температурите. Моделите на врнежи се менуваат, земјиштето останува суво подолго време, а ...

Во пукање што се случи во неделата вечерта во градот Исла Кристина во јужна Шпанија убиени се три лица, а четвртото е во критична состојба. Меѓу жртвите се бремена жена, нејзиниот син и нејзината мајка. Напаѓачот избегал по нападот, објавува „Еуроњуз“. Според локалните медиуми, маж возел мотор до семеен дом во областа Росио, отворил оган врз членовите на семејството и избегал. Телата на тројцата убиени биле пронајдени на улица, додека ...

Хејден Панетиер, поранешната детска актерка која растеше пред очите на публиката, почина во недела, пет дена пред својот 37. роденден. „Со длабока тага ја соопштуваме веста за трагичната смрт на нашата сакана Хејден“, наведе нејзиниот татко Алан. „Таа беше неверојатна светлина и сила на природата, која им носеше неизмерна љубов и радост на сите што ја познаваа, како и на милиони луѓе кои ја гледаа на екранот.“ Причината за смртта сè уште се ...

Д’Анџело Расел смета дека Филаделфија Сиксерс во новата НБА-сезона ќе има огромни амбиции, особено по пристигнувањето на Леброн Џејмс и Џејлен Браун. Во поткастот „Бекјард поткаст“, Расел го анализираше составот на тимот, кој на хартија изгледа како еден од најсилните во лигата. Покрај Џејмс и Браун, Сиксерси ќе ги има и Џоел Ембид, Тајрис Макси и ВЈ Еџкомб. Леброн е најдобриот на сите времиња, Џоел е поранешен МВП, Џејлен Браун беше МВП на ...

По интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци, информираа од компанија. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот ...

– Каде ми е местото и зошто не сум таму каде што треба да бидам присутен како музичар? Вака нашиот многу познат мултиинструменталист и еден од најголемите заштитници на изворната македонска музика, Гоце Димовски, ги прашува македонската јавност, публиката, новинарите и обожавателите. Роден е во Скопје, а основното образование го стекнува во училиштето „Марко Цепенков“, додека средното образование го стекнува во музичкото училиште „Илија ...

Богата програма на годинашното „Карпошово културно лето“, кое ќе се случува од 10 до 30 август 2026 година, најави денеска градоначалникот Сотир Лукровски. „Карпошовото лето“ почнува со изложба на плакати од театарски претстави на Горан Стефановски, која ќе биде отворена на 20 август, во 11:00 часот, во холот на Општината. Во личната колекција на Горан Стефановски се пронајдени 25 плакати од различни претстави, одиграни во и надвор од нашата ...

Од Општина Гази Баба велат дека во согласност со актуелниот ДУП, намената кај поранешниот дом „Ранка Милановиќ“ е В1 – средно образование, така е и според деталниот урбанистички план што е во изработка, но оти при изработката на новиот ГУП на Град Скопје бараат ова земјиште да има намена Б – комерцијални – деловни објекти. – Ова барање произлегува од тоа што целиот простор околу поранешниот дом прерасна во комплекс на трговски објекти – ...

Во завршна фаза е реализацијата на еден од позначајните капитални инфраструктурни проекти, изградбата на нов плочест мост и сервисната улица „500“, со кои се воспоставува нова сообраќајна врска меѓу населеното место Марино и населбата Јака. Од Општина Илинден информираа дека во рамки на завршните градежни активности, почнало поставувањето на првиот асфалтен слој. Сервисната улица „500“ е во должина од 260 метри, со коловоз широк 5,5 метри и ...

Tемелното уредување на коритото на реката Серава и изградбата на новата пешачка патека влегуваат во својата завршна фаза, објави скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој информираше дека новата пешачка патека во должина од 1.590 метри и создава целосно нов, безбеден и уреден простор за прошетка, рекреација и дружење. -Современо ЛЕД осветлување, нови клупи, урбана опрема, зеленило и нови детски игралишта ќе го претворат овој дел од Бутел ...

Два случаи поврзани со инциденти во детски градинки се евидентирани во полицискиот билтен. Во Скопје, вчера во 11:30 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријавила дека на 14.08.2026 година, откако ја земала својата петгодишна ќерка од градинка на подрачјето на населбата Хром, девојчето ѝ кажало дека било удрено од негователка. Според пријавата, детето се пожалило и дека негователката ја стиснала за ногата. Од полицијата велат дека се ...

Започнува наставата во една смена во основните училишта „Тошо Велков-Пепето“ и „Димка Ангелов- Габерот“. Другите две основни училишта, „Гоце Делчев“ и „Тодор Мицов“, ќе преминат во едносменска настава во училишната 2027/2028 година. За оваа намена, веќе се обезбедени милионски буџети во евра за доградба на уште 14 училници. – Со оваа промена, училиштата ќе им овозможат на децата, во попладневните часови, да учествуваат во креативни проекти, ...

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, деновиве престојува во Тополчани, Словачка, на покана од градоначалничката Александра Гјециова, по повод традиционалните „Денови на Тополчани“ и 20-годишниот јубилеј од соработката и збратимувањето меѓу Прилеп и Тополчани. – Две децении не се само бројка, тоа се години исполнети со средби, пријателство, културна размена, заеднички иницијативи и заемна почит. Овој значаен јубилеј е можност ...

Со цел подобрување на постојната инфраструктура во централното подрачје на Неготино, веќе извесен период, на терен, се одвиваат градежни активности за реконструкција на тротоарите на улиците „Маршал Тито“ и „Партизанска“. Градоначалничката на Општина Неготино, Марија Нацева, истакна дека Општината аплицирала за проектот на јавниот повик на Владата на Република Македонија – Станува збор за тротоари за кои стручните служби утврдија дека се во ...

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда, пак, претежно во планинските региони ќе има услови за појава на нестабилност. Од четврток следува период на многу топло ...

Срамните и недостоинствени сцени во кои разголени капачи во танга ја користат црквата „Свети Никола“ за скокање во Мавровското Езеро само се последица на нерасчистените дилеми што да се прави со овој некогаш значаен духовен храм. Оттаму, невкусните сцени забележени во изминатиов викенд, кога се качуваа повеќемина капачи на црковната камбанарија и ја користеа како скокалница, може и натаму да се повторуваат сè додека не се реши дали ќе се ...

ПОВЕЌЕ СЛУЧАИ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО НИЗ ЗЕМЈАВА Семејните расправии во неколку случаи прераснале во физички напади и закани, а дел од нив завршиле и со полициски интервенции. Од син кој ја нападнал и ја ограбил сопствената мајка, до напади врз родители, сопруги и партнери – полицискиот билтен бележи повеќе случаи на семејно насилство и конфликти низ земјава. Кривична пријава заработил 34-годишен гостиварец, кој физички ја нападнал мајка си и ѝ ...

Вчера околу 20 часот во СВР Скопје, 41-годишниот И.М. пријавил дека бил физички нападнат во дворот од неговата куќа во село Батинци, скопско. Според пријавата, И.М. бил нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С. Во текот на инцидентот, Н.С. со тврд предмет скршил стакло од влезната врата на куќата. С.С., пак, со остар предмет им нанел расекотини на И.М. и на неговиот малолетен син. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се ...

Забрани за влегување со цел да се прават најразлични верски, но и други активности, полициски акции за откривање ќелии во кои се подготвуваат терористички активности, следење на активностите на поранешните припадници на Исламска држава… само се дел од активностите што се преземаат во последно време во регионот, со цел спротивставување на радикалните исламски верски структури. Во земјите во регионот какви што се Албанија, Косово, Македонија… ...

Театарската претставата „Уна“ во режија на Дејан Пројковски и во продукција на театарот „Звездара“ од Белград, вчеравечер беше одиграна на сцената во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, а маестралната актерска изведба присутната публика ја награди со громогласен аплауз. Претставата по текст на истоимениот роман на Момо Капор, во адаптација на Стеван Копривица, се одржа во рамките на „Охридско лето“. „Уна“ е претстава за човечките ...

Ситуацијата со сипаниците кај малите преживари забрзано се шири и покрај апелите од сточарите, вакцини сè уште нема. Досега пцовисале околу 10 илјади овци, уништени се 40-50 стада, а сточарите трпат големи финансиски загуби. Велат дека секој ден има појава на нови жаришта, а некои сточари ги носат грлата на добиточните пазари без да знаат дали се заболени, што е дополнителен ризик. Тие бараат од државата побрзо да ја организира вакцинацијата ...

Бугарските власти вратија пратка од 11,6 тони пиперки со потекло од Македонија, откако лабораториските испитувања утврдиле присуство на пестицидот „форметанат“ над законски дозволените граници. Пратката влегла во Бугарија преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговска фирма од Петрич. Веднаш по пристигнувањето, зеленчукот бил задржан и ставен под забрана за продажба до добивањето на официјалните резултати од анализите. Откако ...

Министерството за финансии воведува построги услови и контроли при издавањето лиценци за приредување игри на среќа. Со новиот Правилник се утврдуваат критериумите и документацијата што треба да ја достават правните и физичките лица што аплицираат за лиценци за казино, обложувалница, автомат-клуб или за томбола од затворен тип. Во фокусот на новите правила се репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата на барателите. Тие ќе треба да ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1027
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.54
73%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
55%
1027
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
93%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
63%
1026
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.57
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1030
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
1.34
73%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Калај

46.54

Платина

49319.25