Вооружен маж вчера отворил оган во близина на Белата куќа, ранувајќи тинејџер кој случајно се нашол во близина, по што припадниците на американската Тајна служба возвратиле на огнот и го застрелале осомничениот. Тајната служба, која е одговорна за заштита на американскиот претседател и други високи претставници, на Х објави дека инцидентот бил „резултат на конфронтација помеѓу вооружено лице и полицијата на Тајната служба“. И осомничениот и ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Полека но сигурно во Македонија ни доаѓаат долго очекуваните летни температури на воздухот, особено за време на викендот кога тие особено во централните и во југоисточните предели ќе се искачат и до 30 степени. Значително повисоки температури и потопло време ќе имаме и во утринските часови и повеќе нема да имаме појава на утрински мразеви и на слана. Инаку целиот Балкан до крајот на оваа седмица очекувам да ...

Сообраќајна несреќа во која учествувале неколку возила се случила вечерва пред Џевахир Мол, во скопската населба Аеродром. Според првичните информации, во несреќата се судриле најмалку три возила, при што на едно од нив е забележлива поголема материјална штета на предниот дел. На местото на настанот веднаш пристигнала полиција, која во моментов врши увид и ги утврдува околностите под кои дошло до судирот. Засега нема официјални информации за ...

Почина Рамуш Муарем – Цирко, познат македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите, на 64-годишна возраст. Веста за неговата смрт брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни колеги, пријатели и граѓани се простуваат од него со емотивни пораки. Муарем подолг период се борел со болест, оставајќи зад себе значаен белег во медиумскиот и општествениот живот во земјата. Информацијата за неговата смрт ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп зборуваше на платформата Truth Social за најновите настани во Ормутскиот теснец и операцијата „Проект слобода“, со која Америка сака да обезбеди премин на бродови низ Ормускиот теснец, во услови на зголемени тензии и низа инциденти во регионот. Трамп: Ги уништивме иранските глисери. Тоа е сè што им остана „Иран изврши напади врз нации кои не се поврзани со бродовите во операцијата „Проект слобода“, ...

Две лица загинаа, а две други се тешко повредени кога автомобил удри во група луѓе во центарот на источногерманскиот град Лајпциг, објави локалната телевизија MDR, повикувајќи се на полицијата. Полицијата во Лајпциг потврди за Ројтерс дека има повредени по судирот на возилото, но не можеше да даде повеќе детали. Според локалната радио станица Радио Лајпциг, оштетен џип „Фолксваген“ во кој се наоѓало едно лице бил виден со голема брзина низ ...

Иранските државни медиуми претходно објавија дека војската погодила американски разорувач кој се обидувал да влезе во Ормутскиот теснец, тврдење што САД оттогаш го негираат. Во ново соопштение од иранската војска се вели дека иранската морнарица „издала предупредување и испукала предупредувачки истрели по рутата на непријателските разурнувачи“. Според иранската страна, американските разорувачи ги исклучиле радарите пред да се приближат до ...

Голем пожар избувна во Фуџаира, клучно нафтено пристаниште на Обединетите Арапски Емирати, откако областа беше погодена од напад со беспилотно летало од Иран, соопштија локалните власти. Фуџаира е најголемото пристаниште и централно складиште за нафта во ОАЕ. Дури и пред примирјето, беше цел на напади со беспилотни летала. Во соопштение објавено на социјалните мрежи, Канцеларијата за медиуми на владата на Фуџаира соопшти дека противпожарната ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Ереван учествуваше на панел-дискусијата организирана од страна на францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони, во рамките на активностите на Европската коалиција против дрогата (ECAD). Во обраќањето, претседателката истакна дека Западен Балкан претставува транзитна зона за трговијата со дрога, нагласувајќи ја сериозноста на овој предизвик и опасноста од ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари средба со вршителот на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во Македонија, Н.Е. Никол Варнс. На средбата беше потврдена заедничката определба за натамошно зацврстување на стратешкото партнерство меѓу двете земји, како и продолжување на интензивната соработка во клучните области од заеднички интерес. Соговорниците разговараа за продлабочување на соработката во ...

На 03.05.2026 во 22:20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Р.М.(19), Ј.А.(18), М.Ј.(24), Е.А.(19), Н.Ј.(38) и тројца малолетници на возраст од 17-години, сите од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 21:30 часот физички ги нападнале Д.М.(22) и нејзиниот сопруг Р.Р., кои биле заедно со нивните две малолетни деца. По целосно документирање на случајот ќе следува ...

Со потресно сведочење на доктор Александар Станков, вештак од Институтот за судска медицина, денеска продолжи големиот судски процес против 35 обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој се случи на 16 март 2025 година. Според неговите наоди, температурата во објектот за време на пожарот достигнала до 700 степени Целзиусови. „Тоа е температура приближно за крематориум“, одговори Станков на прашање на обвинителката за ...

Делегација на Левица, предводена од членовите на Централниот комитет Андреа Јанков, Александар Димитријевиќ и Славко Митевски, денеска положи свежо цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата Свети Спас, оддавајќи почит на неговото дело и жртва. Делчев не беше само војвода и организатор, туку и мислител со јасна визија за Македонија како држава на слободни и рамноправни граѓани. Неговата борба не беше водена од тесни интереси, туку од длабоко ...

Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која се зголемуваат малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47%, во однос на претходната одлука од 27 април. Зголемувањето доаѓа како резултат на растот на референтните цени на светските пазари, каде бензините бележат пораст од 5,324%, дизелот за 2,817%, екстра лесното масло за 3,394%, а мазутот дури за 8,305%. Дополнително, курсот на денарот во однос на американскиот ...

Густ чад денеска се издигна над Скопје откако избувна пожар во близина на Визбегово, каде што, според првичните информации, гореле отпад, индустриска опрема и стари возила складирани на приватен имот. Од Центар за управување со кризи информираат дека преку бројот 112 била примена пријава за запалена машина за мелење железо на улицата 1675 број 24, на подрачјето на Шуто Оризари. На терен веднаш интервенирале екипи на противпожарната бригада ...

На 03.05.2026 во 14:11 часот во СВР Битола е пријавено дека на крстосница од ул.„Партизанска” и ул.„Ѓорѓи Наумов” во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат” со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Џ.(19) од Битола и мотоцикл „триумф” со гостиварски регистарски ознаки, управуван од А.А.(42) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во болницата во Битола. ...

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е забележана зачестена појава изминативе денови, каде непознати лица преку странски телефонски број +639606963624 испраќаат на македонски корисници пораки за наводно регистриран сообраќаен прекршок и бараат наплата со платежна картичка за истиот на лажна веб страна http://mvr.govmk.cam/mk . Измамата ја ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,полов напад и силување” над неговата 41-годишна сопруга. Пријавениот, на 18.04.2026 околу 18:00 часот во семејната куќа во кумановско село без нејзина согласност извршил полови дејствија врз сопругата. СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.П. од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено ...

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска е пуштен на условен отпуст откако издржувал дел од затворската казна во казнено-поправната установа „Затвор Штип“. Чавков е еден од осудените во предметот поврзан со настаните во македонското Собрание од 27 април 2017 година. Тој беше осуден на 18 години затвор за кривично дело тероризам, во рамки на судскиот процес кој се водеше против повеќе лица за упадот во законодавниот ...

Изјава на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Денес ја одбележуваме годишнината од смртта на Гоце Делчев, најголемиот македонски револуционер, човекот кој се бореше за слобода, правда и рамноправност на сите. За жал, денес неговото име се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов „наследник”, а всушност е криминална група предводена од шефот на мафијата Христијан Мицкоски. Гоце Делчев се бореше против ...

На 29.04.2026 Единицата за внатрешни работи Ѓорче Петров при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство” предвидено и казниво по член 386 од КЗ. Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од ...

На одбележувањето на 123 години од смртта на Гоце Делечв, присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој оддаде почит и положи цвеќе во чест на големиот македонски револуционер, истакнувајќи ја важноста на неговото дело за современата македонска држава. „Гоце Делчев останува симбол на непокорот, визионерството и пожртвуваноста. Неговата идеја за слободна и праведна Македонија и денес претставува инспирација и обврска за ...

Денеска повторно гори во околината на Скопје. Според видеата и фотографиите, повторно е активиран пожар од отпад помеѓу населбите Визбегово и Шуто Оризари. Црн токсичен чад се издига над пожарот и истиот е видлив од неколку локации во градот. Засега, се уште нема информации од надлежните дали пожарот се гасне. Денеска повторно гори во околината на Скопје. Според видеата и фотографиите, повторно е активиран пожар од отпад помеѓу ...

Раде Ристовски кој е дел од обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски добил осум дена притвор за семејно насилство затоа што ја претепал неговата сопруга Сара, пишува ТВ24 Информацијата за ТВ 24 ја потврдуваат извори и од Кривичниот суд и од ОЈО ГОКК, но и од МВР. Ристовски според информациите на ТВ 24 од полициски извори е дел од обезбедувањето на премиерот Мицкоски и бил на работна позиција како дел од обезбедувањето односно како ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на Извршниот одбор Никола Груевски, осудениот криминалец во бегство, повторно се огласува од Унгарија и директно „наредува” на институциите и обвинителствата што треба да се истражува. Исто како што Мицкоски „наредува” од собраниската говорница и од телевизија. Тој манир го имаат сите од ВМРО – ОКГ. Иста матрица, исто школо. Вистината е едноставна и јасна: криминалецот мора ...

По четири години судски и институционални контроверзи, Основниот суд во Охрид донесе нова пресуда со која малолетното дете ѝ се доверува на мајката Невена Спасеска, пишува А1он.мк. Пресвртот дојде откако Врховниот суд ја укина претходната пресуда на охридскиот судија Ефтим Попески и на судијката Жаклина Доведен од битолска Апелација, а со која старателството на детето го дадоа на таткото. Охридскиот суд во повторена постапка и со нова ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на заедничко отворање на Ормускиот теснец со договор меѓу Иран и САД. Во изјава пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница (ЕПЗ) во Ереван, Макрон ја отфрли можноста за какво било учество на Франција во „Проектот Слобода“ што синоќа го објави американскиот претседател Доналд Трамп за враќање на слободата на пловидба во Ормуската Теснина, објави телевизијата БФМ. „Нема да ...

На судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, денеска повторно беа отворени прашања поврзани со закани, мерките за обезбедување присуство и однесувањето на дел од присутните во судницата. Бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, реагираше на изнесените директни закани по неговиот живот на минатото рочиште и побара тоа да биде нотирано на ...

Три лица загинаа, а десетици се повредени откако камион-монструм се удри во толпа луѓе во јужна Колумбија. Полицијата верува дека сопирачките на возилото откажале за време на настанот во градот Попајан во покраината Каука вчера. Снимките од инцидентот покажуваат како луѓето бегаат додека возилото пробива низ бариера и се удира во толпата, пред да застане откако ќе удри во електричен столб. Властите соопштија дека најмалку 38 лица се ...

Туризмот продолжува да биде една од најзначајните и економски најсилните гранки на Туркије и од почетокот на оваа година. Во првите три месеци од 2026 година приходите на државата остварени од туристичката дејност се доближиле до 10 милијарди американски долари. Конкретно, Туркије во првиот квартал ја посетиле 9,2 милиони туристи, а од туризмот биле остварени приходи во висина од 9,896 милијарди американски долари, што е за 4,2% повеќе во ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
4.3
43%
1018
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
51%
1019
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
41%
1020
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.08
61%
1017
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
3.49
54%
1016
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
0.89
42%
1020
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.36
61%
1012
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
3.56
54%
1014
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.37
43%
1016
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 14ᴼ
4.02
96%
1017
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.68
42%
1020
weather icon

Истанбул

25ᴼ / 24ᴼ
6.18
61%
1013
Currency

61.635

Currency

53.243

Currency

71.3871

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Сребро

2072.63

Калај

51.97

Бакар

12.52

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Рутениум

48965.59

Платина

53756.05

Иридиум

253540.09

Злато

131337.93

Паладиум

39545.42

Алуминиум

3.48

Цинк

0.00