Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ѓ.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,безобѕирно управување со моторно возило”, предвидено и казниво по член 297-а став 2 од Кривичниот законик. Пријавениот Ѓ.К., на работно место „полицаец” во Одделот за заштита на определени личности и објекти, на ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан влегува во новата изборна година во значително поинаква политичка атмосфера од претходните петнаесет години, период во кој неговата партија Фидес доминираше на политичката сцена и редовно обезбедуваше двотретинско мнозинство во парламентот. Од 2010 година наваму, политичкиот систем во Унгарија беше обликуван така што ѝ овозможува стабилна предност на владејачката партија, но најновите анкети покажуваат дека ...

На 19.02.2026 година во 04:50 часот во СВР Битола, 37-годишна жителка на Битола пријавила дека била физички нападната од својот вереник А.И.(42), исто така од Битола. Според пријавата, при инцидентот бил употребен метален предмет, при што жената се здобила со повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека веднаш по пријавата биле преземени соодветни мерки и активности за расчистување на случајот. Полициските службеници ...

Шкендија од Тетово, вечерва во Скопје ќе го игра првиот натпревар од 1/16 финалето на Конференциската лига. Во Скопје доаѓа турски Самсунспор како изразит фаворит, но тетовци веруваат во чудо. Капитенот Бесарт Ибраими нагласи дека тимот е мотивиран и оди на победа и дома и на реваншот. „Сонот ни се исполни, но сакаме уште. Атмосферата е одлична, одиме на победа и дома и на реванш“ изјави Ибраими. Мечот започнува во 21.00 часот, а имепратив ...

Германскиот железнички превозник „ДБ Карго“ планира да укине 6.200 работни места како дел од сеопфатното реструктуирање на своето работење и излегување од „минимум“, изјави извршниот директор Бернхард Осбург. Според Осбург, „ДБ Карго“ ќе укине 6.200 од своите приближно 14.000 работни места со полно работно време во Германија, во речиси сите оддели, вклучувајќи транспорт, планирање, администрација, продажба и ИТ. ЕК ја одобри помошта, но под ...

Прес конференција, Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ: Почитувани претставници на медиумите, ви благодарам за присуството. Денеска сакаме да отвориме една многу битна тема. Вчера се случи нешто што досега не е видено во Македонија, тоа е да претставник на владата и тоа портпарол со скандалозно признание фактички потврди она што СДСМ цело време го кажува тоа дека судската власт во нашата држава е директно под контрола на ...

Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски – нагласува ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти. Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз претседател, и уште еден инцидент на ...

Поранешниот принц Ендру, чие целосно име е Ендру Маунтбатен-Виндзор, е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција, соопшти британската полиција. Полицијата соопшти дека тој е во притвор и дека се вршат претреси на адреси во окрузите Беркшир и Норфолк. Фотографиите направени утрово покажуваат возила како пристигнуваат во имотот Сандрингам во Норфолк, јавува Би-Би-Си. Апсењето доаѓа откако полицијата во долината Темза објави дека ...

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ј.В.(83), В.Џ.(80) и Т.А.(68), сите од Штип, поради постоење основи на сомнение дека сториле продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“, како и против З.С.(44) од Штип поради постоење основи на сомнение дека сторила продолжено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност“. Првите ...

Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот. Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер”, „9 Мај”, „Дебарца” и „Васил Стефановски”. Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од ...

Пишува: Салим Кадри Керими, историчар – кариерен дипломат во пензија Деновиве, со извесно задоцнување имав прилика да ја слушам содржината на настапот на поранешниот претседател на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани, на подкастот Коридор 8, што бил реализиран на 1 февруари 2026 година. Разговорот го воделе Атанас Величков од студиото во Скопје и Георги Станков од студиото во Софија. Во текот на речиси тричасовната дебата, ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. ...

Високи претставници за национална безбедност му соопштиле на американскиот претседател Доналд Трамп дека војската е подготвена за потенцијални напади врз Иран веќе во сабота, но дека временската рамка за каква било акција веројатно ќе се продолжи и по овој викенд, објави Си-Би-Ес Њуз, повикувајќи се на извори запознаени со разговорите. Трамп сè уште не донел конечна одлука за тоа дали ќе го изврши нападот, рекоа аноимните претставници. ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и ...

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот. “Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид ...

Новата платформа RentAHuman ја комбинира вештачката интелигенција со човечки работници, овозможувајќи AI системите да им доделуваат задачи на луѓето за да ги завршат. Наместо целосно да го заменуваат човечкиот труд, овие агенти го користат човечкиот ангажман за задачи што бараат физичко присуство или реална интеракција. Концептот функционира така што AI агентите идентификуваат задачи, а потоа ги објавуваат на платформата каде што ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи” кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор? Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ...

Пишува: Мирослав Трлин, димпломиран економист во пензија Времето на оваа планета постои и со нас, и без нас. Ние сме само гости кои влегуваат во еден дел од времето, живеат и излегуваат во друг дел од него. Тоа е природен тек што не зависи од нашите календари, уреди или навики. И токму затоа, најголемата човечка заблуда е верувањето дека можеме да го „поместиме“ времето. Времето не поминува – ние поминуваме низ времето. Сезонското менување на ...

Најодликуваниот пливач на сите времиња, Мајкл Фелпс, отворено зборуваше за депресијата, огромниот притисок и конфликтите со Пливачката федерација на Соединетите Американски Држави. Од Фукуока во 2001 година до Олимписките игри во Рио де Жанеиро во 2016 година, тој ги напиша најбрилијантните страници од олимписката историја. Доминираше во дисциплините пеперутка, мешано и средно трчање, оставајќи зад себе наследство какво што никој пред него – ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Во текот на ноќта четврток кон петок и во петок 20 февруари 2026 особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија ќе има нови врнежи од дожд а на планините и повисоките места со надморска височина од над 1000 метри и особено во западните предели ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри. Пообилни ...

Вечерва започнува светиот месец Рамазан, период на пост, молитва и духовна посветеност за муслиманските верници. Со извршувањето на првата таравија молитва се означува почетокот на рамазанските денови, додека утре е првиот ден од постот. Рамазан ќе трае 29 дена, а верниците во овој период се воздржуваат од храна и пијалаци од изгрејсонце до зајдисонце, посветувајќи се на молитва и хуманост. Крајот на постот ќе биде одбележан со празникот ...

Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес, на околу два километра пред наплатната станица Сопот, од 21.00 часот се одвива по една коловозна лента поради поголем одрон, информира ЈП Македонијапат. Според информациите, одронот е во должина од околу 80 метри, поради што надлежните апелираат до возачите да бидат особено внимателни и да ја прилагодат брзината на движење. Се очекува дополнителна интервенција за расчистување на теренот. ...

Луѓето различно се справуваат со повредите и разочарувањата – додека некои долго паметат неправди, други полесно простуваат и продолжуваат понатаму. Астрологијата издвојува четири хороскопски знаци кои најбрзо им простуваат на оние што ги повредиле. Според астролошките толкувања, лицата родени во знакот Риби се емпатични и емоционално чувствителни. Дури и кога се повредени, тие често се обидуваат да ги разберат мотивите на другите и да ...

Осум скијачи загинале, а еден сè уште се води како исчезнат откако лавина погоди планинска област во Северна Калифорнија, потврдија властите. Лавината ја погоди областа Касл Пик во Траки, околу 10 милји северно од езерото Тахо, вчера околу 11:30 часот по локално време, објави Скај њуз . Несреќата се случила кога лавина затрупала група од 15 скијачи кои биле надвор од пистата. Според соопштението од туристичката компанија „Блекберд Маунтин ...

На две лица со иницијали А.И. и Д.С. им е одреден 48-часовен краткотраен притвор во рамки на истрагата поврзана со запленетите пет тони марихуана во Србија. Одлуката ја донел судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Притворот е определен врз основа на член 215 од Кривичниот законик, кој се однесува на неовластено ...

Четири Јеховини сведоци беа осудени на затворски казни во Русија минатата недела поради екстремистичка активност, а пресудите се темелат на тајни видеа снимени од агенти кои се инфилтрирале на нивните молитвени состаноци, изјави портпарол на религиозната група. Со ова, бројот на Јеховини сведоци затворени од 2017 година, кога Русија ја забрани организацијата како „екстремистичка“, се искачи на околу 220. Во 2022 година, Европскиот суд за ...

Во неколку израелски безбедносни агенции е прогласена состојба на „максимална готовност“, јавуваат медиумите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на Командата за цивилна заштита на Израел да се подготви за можна војна со Иран, објавија израелските медиуми во среда вечерта. Нетанјаху издаде директиви до „различни спасувачки служби и Командата за цивилна заштита да се подготват за војна“, објави дневниот весник „Једиот Ахронот“ . ...

Поради обилни врнежи од снег и дожд што ја зафатија Романија, околу 200.000 домаќинства останаа без електрична енергија. Невремето предизвика сериозни проблеми во патниот и железничкиот сообраќај, со блокирани автопати и државни патишта и доцнења на десетици возови. Министерот за енергетика Богдан Иван изјави дека службите интензивно работат на отстранување на дефектите и постепено враќање на струјата. Во главниот град Букурешт, снежната ...

Соопштение за јавност на СДСМ: „Целата денешна изјава на Мицкоски беше обвиткана во лоша порака, дека ако се случи несреќа, ако падне авионот, сите ќе сфатиме и ќе жалиме, па тогаш ќе разбереме што сакал да каже премиерот. Како може премиер така да зборува? Наместо јасни одговори, не слушнавме објаснување дали авионот бил користен за приватни цели. Молк. Молк за ова, молк за тоа, молк за аферите, молк за криминалите. Седум тони дрога ја ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.06
50%
1010
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
4.63
43%
1012
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
51%
1012
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.57
61%
1013
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
3.45
68%
1014
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.58
60%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
66%
1011
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
51%
1010
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
4.12
57%
1015
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
49%
1013
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1012
Currency

61.6238

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Сребро

2840.84

Родиум

369733.59

Паладиум

49383.55

Цинк

3.27

Иридиум

259874.72

Платина

65169.56

Калај

48.18

Кобалт

66.14

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.42

Злато

166450.52

Бакар

11.40