Повеќе локации во Струмица се опожарени. Најсериозно било излетничката населба Суви Лаки, каде во 6:55 часот избувнал оган во викенд-куќа. Пламените јазици за кратко време го зафатиле објектот. Во гаснењето интервенирале четворица пожарникари од Струмица со едно противпожарно возило, а како поддршка се приклучила и екипа од ТППЕ од Берово со уште четворица пожарникари и едно возило. Еден час подоцна, во 8:12 часот, била регистрирана нова ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, од собраниската говорница упати порака до високообразовните институции во земјава да планираат поодговорно и стратешки. Таа одговараше на пратеничко прашање од Халил Снопче во врска со можностите за студирање на мајчин јазик и недостигот од стручен кадар. Јаневска нагласи дека автономијата што ја имаат универзитетите треба да се стави во функција на развојот на кадри што му се потребни на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема обезбедена во соработка со Американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен ...

По конститутивната седница на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, одржана на 2 февруари 2026 година, денес се означува влегувањето во одлучувачката фаза на конкретна имплементација на Стратегијата за периодот 2025–2028 и Акцискиот план 2025–2026. Со Одлуката на Владата од 9 септември 2025 година и со именувањето на членовите на 28 октомври 2025 година, целосно е консолидирана институционалната структура за ...

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за односи меѓу заедниците, во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, денеска организираше пригоден настан посветен на унапредувањето и афирмацијата на јазичната разновидност. Во рамки на одбележувањето беа доделени благодарници на две ...

По повод јубилејот, 80 години од своето основање, Здружението на новинарите на Македонија, ЗНМ, ги додели годишните новинарски награди, одбележувајќи осум децении континуирана и посветена работа во заштита на новинарската професија, слободата на изразување и јавниот интерес. Комисијата за награди оваа година работеше во состав од новинарките Милка Смилевска, Семра Мусаи и новинарот Марјан Николовски, кои ги вреднуваа пристигнатите трудови ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, одобри финансиска поддршка за 125 граѓани кои се соочуваат со нарушена здравствена состојба или тешка материјална положба. Станува збор за баратели кои поднеле барања во периодот од јули 2025 година до 31 декември 2025 година, а исплатата ќе започне во текот на месецов. Еднократната финансиска помош е наменета за покривање на трошоци поврзани со лекување, нега и секојдневна поддршка. ...

Пратеничката на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јована Тренчевска, на денешните пратенички прашања, во отсуство на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, упати прашање до заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски. Во прашањето Тренчевска нагласи дека власта ги излажа транспортерите дека проблемот со ограничувањето на престојот на возачите од Западен Балкан, ...

Основниот кривичен суд Скопје информира дека утрешната расправата за случајот „Пулс“ се одлага поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Гроздан Милковски, сопственик на објектот, кој се наоѓа на болничко лекување во Општата болница во Кочани. – Во текот на денешниот ден претседателот на судечкиот совет, кој постапува по предметот, изврши телефонски контакти со докторите кои се задолжени за неговото лекување, кои го известија дека ...

Премиерот Христијан Мицкоски очекува инфалцијата во наредните месеци да биде под 3 проценти, а таков износ очекува и за годишната инфалција, како што изјави денеска, во рамки на проекциите. – Во делот на храната мината година имаше божикна, јануарска кошничка и така ќе биде и во април. Ценам дека ќе се движиме во рамки на проекцијата под 3 проценти за годишната инфлација. Кога ќе ја споредиме стапката, горе доле е иста како во регионот, освен ...

На дел од регулираните професии законот не дозволува вонредно студирање и тоа е во правец на јавниот интерес на државата. Не се дозволува вонредно студирање на Медицинскиот факултет, што и досега е така, но отсега и на наставничките факултети. Тоа е од јавен интерес, тие студии да се модернизираат, да се зајакнат, за да може во иднина да добиеме подобар производ, не последен на ПИСА, туку ученици кои ќе се придвижат нагоре на скалилата на ...

Вчера во 09:45 часот во ОВР – Неготино, 18-годишник од демиркаписко, пријавил дека во октомври или ноември 2025, едно машко лице во Неготино му ја земало и фотографирало неговата лична карта со изговор дека е потребно во постапка за делење на пакети за црквата за што би добиле паричен надомест, но до пријавување не бил повикан да дели пакети, ниту добил пари и се сомнева дека личната карта му била злоупотребена за подигнување на кредит во ...

Изјава на Јована Тренчевска – пратеничка и потпретседателка на СДСМ Денеска конечно Законот за минимална плата поднесен од пратеничката група на СДСМ и коалцијата се најде на дневен ред на Собранието. Овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците, за 600 евра минимална плата. Сведоци сме дека за достинствен живот работниците се приморани да протестираат на улиците. Поради тоа што нивната мака е тешкото секојдневие, не ...

Соопштение за јавност – реакција на СДСМ на изјавата на Мицкоски Многу тажната приказна на премиерот Мицкоски ја доведе до солзи половина Македонија. Авион морало да се купи за да служи во хуманитарни цели. Очигледно за него лично патувањето на море со авион е „хумано”? Бидејќи морето има лековити дејства, сигурно со нов авион и нови часовници од 60 илјади евра ќе му бидат потребни. Често народот вели дека и парите може да бидат лековити. ...

Претседателката Илијана Јотова објави дека денеска ќе издаде укази за назначување привремена влада и за закажување на изборите за 19 април. Таа ова го најави откога кандидатот за привремен премиер, Андреј Ѓуров, го претстави составот на техничката влада. „Ќе издадам указ за назначување на вашиот привремен кабинет и ќе ја чекам вашата заклетва пред Народното собрание. Исто така, ќе издадам указ за одржување парламентарни избори на 19 април“, ...

Државјанин на САД бил лишен од слобода рано утринава во Тиквешко, откако одбил да приложи лична идентификација и нападнал полициски службеници, соопштија денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Денеска во два часот кај наплатна станица Демир Капија, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода Р.С., на возраст од 36 години од САД. При сообраќајна контрола, полициски службеници сопреле патничко возило „шкода“ со ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска присуствуваше на одбележувањето на 18 февруари – Денот на формирањето на Одделот за заштита на определени личности и објекти, организациска единица со долгогодишен континуитет и значајна улога во системот на националната безбедност. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека припадниците на Одделот со децении демонстрираат професионалност, дисциплина и висока подготвеност во ...

Поплавите кои повторно го зафатија Кичевскиот регион, како и области во Скопје и Гостивар, предизвикаа сериозни штети и зголемена загриженост кај населението. По обилните врнежи од дожд и излевањето на водотеците, голем број домаќинства се соочуваат со поплавени домови, оштетен имот и отежнато движење, соопшти Црвениот крст на Македонија. „Црвен крст на Република Северна Македонија веднаш излезе на терен и активно се вклучи во активностите за ...

Северна Македонија прави решителен чекор кон изградба на модерен, инклузивен и усогласен систем за управување со отпад во согласност со стандардите на ЕУ. ЕБОР организираше настан со националните и меѓународните партнери во Скопје, за да ја обликува агендата за новите вештини и работна сила за секторот. Работилница која беше одржана со претставници на високо ниво, под работен наслов „Патеки до вештините и инклузијата во секторот за отпад”, ја ...

Која е смислата на поставување пратенички прашања, ако министрите од владејачкото мнозинство кои треба да одговараат на прашањата не се присутни на седницата, укажа координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, пред почетокот на денешната собраниски седница наменета за поставување прашања од страна на опозицијата. Спасовски посочи дека со своето отсутво, министрите од власта повторно ја избегнаа својата законска и политичка ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со извршниот директор на НОМАГАС АД Скопје, Недим Рама, на која беа разгледани тековните активности и следните чекори за развој на гасната инфраструктура во државата. Во фокусот на разговорите беше изградбата на интерконекторот со Грција, како еден од најзначајните стратешки енергетски проекти во земјата. На средбата беше направен пресек на ...

На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат Тетово- с.Требош, 40-годишната З.М. од с.Требош, тетовско, управувајќи патничко возило „голф” со тетовски регистарски ознаки, излетала од патот и удрила во метална ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.М., констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово. На 17.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово е ...

Канцеларијата за воени односи со јавноста при АРМ, потврди дека на полигонот Пенуш во Кривлак се случил инцидент помеѓу војници како што претходно пишуваше 24инфо.мк „Во врска со Вашето прашање, Ве информираме дека при изведување на обука дошло до недоразбирање помеѓу двајца припадници. За инволвираните лица поради нарушување на воената дисциплина веќе се преземени соодветни мерки согласно важечките прописи и Законот за служба во Армијата. ...

Струмичките пожарникари денеска уште во раните утрински часови имаа три интервенции. Во 06.55 часот, во излетничката населба Суви Лаки, запалена викендица, интервенирано со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители и ТППЕ Берово со едно противпожарно возило и 4 пожарникари-спасители. Во 08.12 часот, на улица Бетовенова, запалена куќа, интервенирано со три противпожарни возила и 8 пожарникари-спасители. Во 09.48 часот, во село ...

Утре, во текот на ноќта, и в петок, под влијание на нов влажен бран, ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови (до 25 литри на квадратен метар), а локално ќе има услови за појава на грмежи – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од ...

На 17.02.2026 во 21:55 часот во село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишија од слобода Е.С.(36) од село Бучим и М.Р.(29) и Б.У.(24), двајцата од Радовиш. Лицата се затекнати во паркирано патничко возило „форд“ со радовишки регистарски ознаки во момент кога вршеле купопродажба на марихуана. Кога им пристапиле полициските службеници, Е.С. на подот од возилото фрлил повеќе пакувања со марихуана, кои се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложува гласањето за двопартискиот закон со кој ќе се заострат санкциите врз енергетскиот сектор на Русија, предупредија двајца високи демократски сенатори, објави Yahoo News. Зборувајќи во Киев по викендот на Минхенската безбедносна конференција, сенаторот Ричард Блументал рече дека мерките за санкции што ги предложил со сенаторот Линдзи Греам ќе извршат „економски притисок“ врз рускиот претседател ...

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка Се уште нема одговори колку чинеше луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него. Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт. До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска имаше свое обраќање на меѓународната конференција „AI for Society & Smart Governance“, во организација на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, каде што истакна дека вештачката интелигенција, освен што е технолошка тема, претставува и прашање на политики, институционален капацитет и одговорност кон граѓаните. „Во обраќањето нагласив дека клучното прашање не е дали ќе ја ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц негодуваше поради овациите што ги доби американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција, велејќи дека неговиот настап всушност е политиката на Доналд Трамп во „попријателски пакет“, пренесува ДПА. „Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека ќе станев“, рече Мерц во политичкиот поткаст Machtwechsel, што ќе биде објавен во целост подоцна денеска. Мерц во него забележа ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
49%
1011
weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
48%
1013
weather icon

Загреб

14ᴼ / 9ᴼ
2.06
52%
1012
weather icon

Софија

9ᴼ / 3ᴼ
2.06
45%
1013
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.28
72%
1015
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.86
74%
1013
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.57
63%
1013
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
58%
1011
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
62%
1011
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
62%
1015
weather icon

Будимпешта

12ᴼ / 10ᴼ
0.45
48%
1013
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
81%
1013
Currency

61.6238

Currency

53.7425

Currency

71.2387

Currency

37.5607

Currency

38.9143

Currency

68.2617

Currency

7.79261

Currency

0.67256

Currency

0.33643

Currency

0.52523

Currency

1.21686

Currency

0.58075

Калај

48.18

Кобалт

66.14

Цинк

3.27

Платина

65169.56

Алуминиум

3.42

Злато

166450.52

Рутениум

56199.51

Паладиум

49383.55

Родиум

369733.59

Сребро

2840.84

Бакар

11.40

Иридиум

259874.72