Во Македонија моментално ги реализираме најкрупните капитални проекти во изградба на патната и железничката инфраструктура на главните транспортни Коридори 8 и 10. Имаме визија преку развој на инфраструктурата да придонесеме за регионален развој, за економска стабилизација и брз и сигурен транспорт кон Централна и Југоисточна Европа, истакна вицепремиерот Николоски на панел дискусијата на економскиот форум во Виена. Презентирајќи ги капиталните ...

Да се посветиме на реформите, не поради „политичката волја” за уставните измени, туку заради владеење на правото, порача претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на којашто се дискутираше за Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава за 2025 година. Укажувајќи на неиздржаноста на забелешките за немањето политичка волја во државава, ...

На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ Венко Филипче, ја критикуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, целосната пасивност и отсуството на било какви реформи. „Се гледа дека оваа влада нема политичка волја да ги направи реформите, жалам што денеска слушам, дека денеска и овој период не бил време за реформи. Јасно кажува овој Извештај (на ЕК) дека реформи нема, го губиме времето,“ ...

Државната изборна комисија (ДИК), по распишувањето на повторните избори за градоначалници во општините Гостивар, Центар Жупа, Врапчиште и Маврово Ростуше за 11 јануари, денеска го усвои Роковникот за изборните дејствија. Претседателот на ДИК Борис Кондарко објасни дека изборните дејствија се исти, но дека роковите се скратуваат за пет дена освен за изборната кампања која ќе трае 20 дена. Согласно Роковникот изборите за градоначалник ќе се одржат ...

Новите полициски возила „Пежо 408“ конечно пристигнаа во Македонија, а репортер на 24 Инфо ги улови на лице место. Министерството за внатрешни работи набави вкупно 120 нови патролни автомобили во вредност од 3,9 милиони евра, како дел од најавената модернизација на полицискиот возен парк. Оваа набавка беше најавена уште во септември годинава, кога министерот за внатрешни работи Панче Тошковски посочи дека постоечките возила на полицијата се во ...

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2. Според досегашните податоци со ...

Во годината на големиот јубилеј – 140 години традиција, визија и лидерство, винарската визба „Тиквеш“, во Кавадарци го одржа 16-тото издание на Фестивалот на младо вино. Традиционално, третиот викенд во ноември, 16-та година по ред, годинешниот фестивал повторно ги собра бројните пријатели, партнери и соработници на „Тиквеш“, како и претставници на дипломатскиот кор и институциите, на еден од најпрестижните регионални настани посветени на виното ...

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска се обрати на заедничката седница на Комисијата за европски прашања и Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на Република Северна Македонија. Во своето излагање министрот Муртезани истакна дека новиот Годишен извештај на Европската комисија за Северна Македонија за 2025 година, претставува јасен пресек на досегашните постигнувања и на областите во кои реформите треба да се ...

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, соопшти дека денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје му била извршена успешна хируршка интервенција. Како што пренесе тој, неговата состојба е стабилна и е под постојан лекарски надзор. „Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување“, напиша Тошковски на Фејсбук. Тој увери дека Министерството за внатрешни работи продолжува да функционира ...

Во првата половина од 2025 година годишниот раст на македонскиот БДП се зголеми во просек на 3,2 отсто и се предвидува тој да продолжи да забрзува и во следните две години, поттикнат од инвестициите и приватната потрошувачка, се наведува во денеска објавената Есенска економска прогноза 2025 на Европската комисија, во делот посветен на економските перспективи на земјава. – И покрај силните перформанси на јавните приходи во првите девет месеци од ...

Со последниот извештај на Европската комисија јасно се укажува дека власта не прави никакви реформи и истовремено ризикуваме повторно да бидеме вратени на скриниг процесот, нешто што го завршивме во 2023 година. Ова денеска го порача лидерот на СДСМ Венко Филипче на седницата на Националниот совет за евроинтеграции. Тој направи споредба и со соседна Албанија која ги отвори сите поглавја во преговорите за членство во ЕУ. „Токму денес во Брисел, ...

Цените на храната внимателно се следат и засега не се планираат мерки за да се спречи нивното евентуално зголемување – рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. Тој соопшти дека од досегашните казни за непазарно однесување на трговците, се наплатени 150 милиони денари или 2,5 милиони евра кои се слеани во државниот буџет. Одговорајќи на новинарски прашања, Ристески најави зголемување на глобите за непочитување на ...

На 16.11.2025, по претходно добиени оперативни сознанија, Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и Одделот за криминалистичка полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, спроведоа ...

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар – одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 75,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 77,5, ...

По повеќенеделна работа, гласање и стотици исфилтрирани идеи, вечерва конечно ќе бидат избрани 20-те најдобри средношколски тимови кои продолжуваат во полуфиналето на „Средношколец Милионер”, најголемиот натпревар досега за средношколци во Македонија. После десетици илјади гласови од публиката, од над педесет амбициозни идеи, само дваесет ќе направат чекор поблиску до наградата од 1.000.000 денари. Во рамките на натпреварот, 53-те избрани тимови ...

Се додека не се постигне договор за зголемување на минималната плата во рамки на Економско-социјалниот совет (ЕСС), ќе важи постојната формула за нејзина пресметување. Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само ако има трипартитна согласност во ЕСС, од сите засегнати страни – рече денеска заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески. -Знаеме дека синдикатите секогаш ...

Претседателката Гордана Силјановска Давкова на денешната заедничка седница на Националниот совет за евроинтеграции и Комисијата за европски прашања, на која беше разгледан последниот извештај на Европската комисија за земјава, нагласи дека по 16 пат, овој извештај како и претходните не говори само за евалуираниот, туку говори и за евалуаторот. Според неа, ако има оценка или натпревар за политичка спремност, тогаш ние ќе бидеме шампиони во ...

Во насока на унапредување на инфраструктурата и подобрување на условите за движење на граѓаните, Град Скопје започнува со реализација на уште еден значаен проект, информираат од Град Скопје. -После неколку децении, започнуваме со целосна реконструкција на улицата „Фрањо Клуз” (Црвена Вода 7) во Аеродром. Денес, заедно со градоначалникот Дејан Митески и новиот директор на ЈП „Улици и патишта”, Борис Настов, го означивме почетокот на овој значаен ...

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски оствари средба со директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, на која се разговараше за почетокот на откупот на тутун од реколта 2025 година. „Знаете се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати, што значи дека од утре ќе може да се ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, порача дека извештајот на Европската Комисија е показател дека власта нема политичка волја да продолжи со реформите. „Жалам што слушаме пораки на евроскептицизам тука во телата, во Собирањето, во кои што најмногу треба да се работи и на полето на реформите и на тоа што државата треба да испорача за да станеме ...

На 16.11.2025 околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот. Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат ...

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, денеска во рамки на работната посета на Виена, оствари средба со Северин Грубер, генерален секретар во федералното Министерство за економија. На средбата на која беа потврдени добрите билатерални односи, се разговараше и за економската и трговска соработка меѓу двете земји. Двајцата говорнци истакнаа дека Македонија и Австрија имаат одлична економска, соработка, ...

Четириесет и пет индиски аџии загинаа откако автобусот со кој патувале се запалил во несреќа близу Медина во Саудиска Арабија – изјави началникот на полицијата на индискиот град Хајдерабад. – Во автобусот имало 46 патници, изјавил В. С. Сајјанар на прес-конференција. Тој додаде дека мажот кој ја преживеал несреќата е хоспитализиран на одделението за интензивна нега во локалната болница. Поголемиот дел од жртвите се од Хајдерабад, кој се наоѓа ...

Потпретседателот и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Арбр Адеми на денешната прес-конференција истакна дека реалниот победник на овие локални избори е ВМРО-ДПМНЕ. -Денес врз основа на оваа детална анализа, сакаме да споделиме со јавноста еден јасен фактички поткован и непобитен заклучок – победата на локалните избори во општините со мнозинско албанско население и припаѓа на ВМРО-ДПМНЕ. Сите податоци сведочат дека резултатот ...

На 16.11.2025 во 21:00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.Ж.(23) од Куманово. Имено, по завршување на кошаркарскиот натпревар во спортска сала во Куманово помеѓу екипите на МКК Куманово и КК Пелистер од Битола, настанала физичка пресметка помеѓу навивачите на двете екипи, а биле физички нападнати полициски службеници кои извршувале службени дејствија. Притоа, К.Ж. е забележан како со тврд предмет ги ...

Со изведување на материјални докази, предложен од Обвинителството денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Жан Митрев”. Обвинителството, пред Судот изведе податоци за обвинетото правно лице ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“ за перидот 2018 до 2021 година, како и известувања од веб страници на владини тела, институции и медиуми, за владини мерки носени во време на Ковид-19 и информации за хемофилтрацијата. Според ...

Канцеларијата за контрола на странските средства на Министерството за трговија на САД го продолжи рокот за завршување на трансакциите поврзани со преговорите и склучувањето договори за продажба на меѓународни средства на руската нафтена компанија „Лукоил“ до 13 декември, објави американската агенција. Американската страна исто така го продолжи рокот за завршување на трансакциите со бугарските подружници на „Лукоил“ до 29 април 2026 година. ...

Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешеншана седница на Советот упати сериозни критики за состојбата во правосудството, посочувајќи дека Европската комисија јасно укажува на тоа дека независноста на судството во државата е нарушена и со тоа директно е загрозена неговата независност и кредибилитет. „Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани со вмешување и ...

Прашањето за поддршката за формирање на собраниска анкетна комисија за истражување на случувањата во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ треба да биде упатено до пратениците – смета премиерот Христијан Мицкоски. – Што се однесува за поддршката за анкетна комисија, тоа прашање мислам дека добро е да им го поставите на пратениците. Мислам дека ваков тип на соочување со јавноста многу скоро ќе биде кога ќе почне процесот во суд. Така ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на Советот посочи дека забелешките на Европската Комисија укажуваат на сериозни слабости во економското управување и неспроведувањето на неопходните реформи и предупреди на сериозноста на укажувањата на ЕК во делот на економските политики. „Во тој дел Европската Комисија утврдува дека владата нема ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
95%
1024
weather icon

Загреб

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1023
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
3.6
72%
1023
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.82
88%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 1ᴼ
0.35
100%
1026
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
1.34
82%
1019
weather icon

Тирана

6ᴼ / 6ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
95%
1019
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
97%
1024
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
93%
1020
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Сребро

2008.67

Цинк

3.26

Платина

53749.14

Никел

467712.99

Бакар

10.84

Злато

135736.19

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

46650.73

Калај

40.84