Полицијата го расветли случајот што деновиве кружеше на социјалните мрежи, во кој се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат. Инцидентот, според полицијата, се случил во дом во селото Јакреново, крушевско. На 14 ноември 2025 година, околу 13 часот, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А. (44) од истото село одзеле ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Одземањето следело по ...

Мирисен, сочен и деликатен – овој печен лосос во меден сос е идеален избор за брз, здрав и елегантен оброк. Комбинацијата од мед, лимон и ароматични зачини создава совршен баланс на слатко и кисело, додека лососот останува мек и сочен. Состојки: Начин на подготовка: Во мала чинија измешајте мед, сок од лимон, благ црвен пипер и мелен црн пипер. Во подлабок сад поставете ги филетите лосос и посипете ги со зачинал. Додадете маслиново масло и лук, ...

Албанија ќе биде опремена со напредно воено оружје и системи од Израел, објавија албанските медиуми повикувајќи се на медиумите во Тел Авив, кои, повикувајќи се на документ потпишан меѓу двете земји, објавиле дека израелската компанија „Елбит Системс“ ќе ја снабдува Албанија со напредни артилериски системи, како што се хаубици, минофрлачи и беспилотни летала. Не само тоа, туку како дел од овој договор, „Елбит“ ќе ѝ помогне на Албанија да го ...

Фудбалерите на Велс вечерва го победија Лихтенштајн со 1:0 на гостувањето во Вадуз. Велшаните се надеваа на триумф со најмалку шест голови разлика, но едвај стигнаа и до минимална победа. По овој резултат, на македонската репрезентација во Кардиф во вторник доволно ќе и биде и реми за да го освои второто место во Ј-групата и да оди во бараж за СП 2026 преку квалификациите. Во случај на чудо, односно Белгија да загуби од Лихтенштајн дома, тогаш ...

Витаминот Ц е неопходен за здравјето и има бројни придобивки. Најчесто може да се најде во разни овошја и зеленчуци и е важен за одржувањето здрав имунолошки систем, а исто така, клучен е и за заздравување рани, одржување силни коски и подобрување на функцијата на мозокот. Но, прекумерниот внос може да предизвика несакани ефекти, пишува „Н-1“. Во благи случаи, тие вклучуваат проблеми со варењето, но претерувањето може да доведе и до посериозни ...

Украинската армија денеска објави на социјалните мрежи дека нападнала руска рафинерија во близина на Москва, во регионот Рјазањ, „како дел од напорите да се намали способноста на непријателот да лансира ракети и бомби“. Рускиот гувернер на Рјазањ, Павел Малков, изјави дека руската ПВО соборила 25 украински беспилотни летала над регионот во текот на претходната ноќ. „Предизвикан е пожар во просториите на компанијата“, но нема повредени, изјави ...

Едно домаќинство со три лица користи околу 11 отсто од вкупната енергија потрошена во домаќинството за готвење и подготовка на храна. Следниве трикови може да помогнат да се заштеди енергија доколку постојано ги следите. На овој начин ќе придонесете и за заштита на животната средина, и за „состојбата“ во паричникот. Имено, тоа може да се направи со мали промени коишто не бараат жртви во прилагодувањето на стилот и животните навики, ниту ќе ...

Тешка сообраќајна несреќа се случила на периферијата на Равена, во близина на каменолом, каде при судир на два камиона загина 60-годишен маж, а едно лице е повредено. Загинатиот е државјанин на Македонија кој живеел во Луго повеќе од две децении. Според првичните информации, несреќата се случила кога два камиона кои се движеле во спротивни насоки — едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот — се судриле со силен удар. Италијанските ...

Крадци вооружени со пушки и секири денеска околу пладне се обидоа да ја ограбат продавницата „Шанел“ на авенијата Монтењ во Париз, една од најпрестижните улици во француската престолнина, каде што се концентрирани најголемите луксузни брендови. Сторителите носеле шлемови и полициски ленти обидувајќи се да ги измамат или заплашат вработените и користеле скутери за да упаднат во продавницата. Сепак,обезбедувањето успеало да ја спушти ...

Рускиот возач Данил Квјат се тркаше против беспилотно возило по трет пат. Овој пат, Квјат ја загуби битката „Вештачка интелигенција наспроти човек“. Трката беше дел од натпреварот за автомобили „A2RL“ на патеката „Јас Марина“ во Абу Даби. Квјат се натпреваруваше во својата прва трка во април 2024 година, каде што ја победи вештачката интелигенција. Неговата втора трка беше во ноември истата година, а Русинот повторно беше поуспешен, откако ...

Албанската полиција во периодот јануари-октомври годинава, идентификувала и уништила вкупно 203.960 стебла марихуана, од кои 106.894 стебла биле идентификувани со воздушно следење, а 97.066 со теренски контроли, од страна на структурите на државната полиција. Според генералниот директор на полицијата, Илир Прода, регионот Скадар, во северниот дел на земјата, останува регион со најголем ризик, со уништени 105.591стебла. Во исто време, структурите ...

Вториот светски тенисер Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс де Минаур во полуфиналето на Завршниот АТП турнир во Торино. Мечот траеше 1 час и 53 минути и заврши со резултат 2-0, по сетови 7:5 и 6:2. Синер сервираше седум аса, не направи двојни грешки и реализираше три од 13 брејк топки. Де Минаур сервираше осум аса, направи две двојни грешки и не материјализираше ниту една од четирите шанси за брејк. Во финалето, 24-годишниот Италијанец ќе ...

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, поради повикот со кој ги советуваа своите граѓани да избегнуваат посета на Јапонија. Причината за тензијата се коментарите дадени од новата премиерка на Јапонија, Санае Такаичи, за Тајван. Такаичи, која ја презеде функцијата минатиот месец, му рече на Парламентот дека кинескиот напад врз Тајван би можел да биде „егзистенцијална закана“ за Јапонија што би барала интервенција на јапонската ...

На 4 ноември, рускиот министер за финансии Антон Силуанов изјави дека речиси целата трговија меѓу Русија и Кина (99,1%) сега се одвива надвор од западниот финансиски систем само во рубли и јуани. Ова не беше само уште еден број, туку тивок, ако не и јасен сигнал дека ерата на доминација на американскиот долар завршува. За прв пат по Втората светска војна, оската на глобалната трговија повеќе не се врти само околу Вашингтон и Волстрит. Само пред ...

Со три минутен молк во чест на 63-те млади животи загинати во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска во Скопје заврши „Маршот на ангелите“ граѓански протест кој повторно ги обедини илјадниците присутни околу заедничкиот повик за правда и одговорност. Како што уште претходно беше истакнато, протестот има за цел да укаже дека институциите задоцниле во спречувањето на катастрофата и дека јавноста нема да дозволи овој случај да биде ...

Научници идентификуваа специфична група неврони во амигдалата кои директно предизвикуваат анксиозност, а нивната хиперактивност е поврзана и со развојот на депресија и нарушувања во социјалното однесување, според нова студија на Институтот за невронауки во Шпанија, објавена во списанието „iScience“. Тим истражувачи предводен од Хуан Лерма откри дека невроните во базолатералната амигдала, кога имаат зголемена експресија на генот Grik4, стануваат ...

Поради огромен интерес, Ана и Игор Дурловски најавуваат втор новогодишен концерт што ќе се одржи на 16 декември во Македонската опера и балет. Познатата оперска двојка на македонската сцена ќе изведе избор љубовни песни од македонската музичка традиција, во нови аранжмани кои за оваа пригода ги направи композиторот Сони Петровски. Настапот на Дурловски ќе биде со симфонискиот оркестар „Ајга“, под диригентство на Ана Спасовска. Со двата концерта ...

Шведската полиција објави дека во моментов верува оти судирот на автобус во Стокхолм во пешаци на тротоар кога загинаа три лица, не бил намерен. Возачот на автобусот е во болница и е уапсен под сомнение за убиство од небрежност. Според шведските медиуми, возачот, чиј идентитет не е откриен, требало да направи пауза за време на работниот ден, но сепак возел. Во петокот, за време на попладневниот шпиц, двокатен автобус се заби во редица луѓе што ...

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва не планира да го нападне НАТО, но предупреди дека на секој напад од Алијансата ќе одговори со сите достапни средства. Таа коментирајќи ја изјавата на германски генерал за подготвеноста на НАТО за војна со Русија, истакна дека претставниците на Алијансата секојдневно водат „координирана кампања на психолошка подготовка на населението за судир, ...

Здружението на здравствени работници на Србија денеска ја повика Дијана Хрка да го прекине штрајкот со глад и во соопштението наведе дека „целосно“ ги поддржува студентите на Медицинскиот факултет во Белград кои исто така апелираа до неа да прекине со штрајкот. Денеска е 14-ти ден откако Хрка, чиј син беше меѓу 16-те што загинаа при падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад, започна штрајк со глад во близина на српскиот ...

На 14.11.2025 во 14:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека настанал пожар во кругот на поранешен стопански објект во Охрид на улица „7 Ноември” во Охрид. Од преземените мерки констатирано е дека Б.С.(55) од Радовиш и Д.Т.(70) од Охрид, по чистење на поранешните деловни простории, надвор изнеле хартија, дрвени и други предмети, по што ги запалиле. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид, а по целосно документирање на ...

Со предлог буџетот за 2026 година има намалување на буџетот на инспекторатот за македонски јазик за 91 %, кој е заснован врз основа на законот за македонски јазик, која сите заедно го донесовме во 2024 година, истакна пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска во своето обраќање пред собраниската комисија за финансирање. Таа додаде дека и покрај тоа што владеачкото мнозинство при ребалност вети дека ова нема да случи. Кога со ...

Специјализираната болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“ е врвна установа во нашата држава во оваа област. Со заеднички заложби со раководството во континуитет работиме на унапредување на условите за оваа специфична категорија пациенти“, порача министерот за здравство Азир Алиу на отворањето на првата меѓународна конференција за геријатриска и палијативна медицина со меѓународно учество, која се одржа во Скопје, се вели во ...

Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен. Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК. ...

Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете жени се пронајдени на пат помеѓу скоспките села Долно Количани и Батинци, но тие не се странски државјанки, туку се од земјава, соопшти Центарот за управување со кризи. Жените се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. -Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски ...

Во заостанат натпревар од 12. коло на Првата македонска фудбалска лига, Шкендија попладнево го победи Шкупи со 2:1. На средбата во Струга на која домаќин беше Шкупи, чаирчани поведоа во 57. минута со погодокот на Луис Рибеиро. Шкендија изедначи преку Имран Фетаи во 72.минута. Осум минути подоцна Лиридон Латифи го постави конечниот резултат. Шкендија која е бранител на шампионскиот трофеј, со 30 бода се искачи на 3. место на табелата во ПМФЛ, ...

На 14.11.2025 во СВР Скопје, од Градска општа болница „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив со прострелна рана на десната нога е донесена Љ.И.(46) од Скопје. Како што пријавил нејзиниот син Д.И.(21), на 13.11.2025 околу 17:00 часот во нивната викенд куќа во с.Брест, скопско, пукал со воздушна пушка во мета и не ја забележал неговата мајка Љ.И., која поминувала пред него, по што ја погодил на ногата. Се преземаат мерки за расчистување на ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, синоќа рече дека во моментов се прават анализи колкав ќе биде процентот што ќе го добие судството, а споредбите се прават и врз основа на тоа како е регулирано тоа во европските земји. -Премиерот денеска кажа дека ќе има договор согласно кој ќе има одреден процент кој ќе го добие судството. Притоа морам да напоменам дека правиме анализи во моментов со цел да видиме како е во европските земји, ...

На 14.11.2025 во 13:00 часот во с.Јакреново, крушевско, полициски службеници од ОВР Крушево од Ф.А.(44) од с.Јакреново одзедоа ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје. Имено, претходно беше пријавено дека на социјална мрежа беше објавено видео на кое се гледа дека 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат. По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени ...

Кина им препорача на своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка Санае Такаичи дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван, остров што Пекинг го смета за отцепена покраина. Министерството за надворешни работи на Кина, Амбасадата и конзулати во Јапонија ги повикуваат кинеските граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија во блиска иднина, се истакнува во ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
93%
1022
weather icon

Белград

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
95%
1024
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
92%
1024
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
3.6
72%
1023
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.89
91%
1021
weather icon

Љубљана

3ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
2.24
85%
1018
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1021
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
87%
1021
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
96%
1019
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
97%
1023
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
100%
1020
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Никел

467712.99

Калај

40.84

Злато

135736.19

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Сребро

2008.67

Цинк

3.26

Платина

53749.14

Бакар

10.84

Кобалт

58.42

Родиум

256402.20

Паладиум

46650.73