Хрватска е погодена од првиот сериозен студен бран во ноември, а со него дојде и снег што паѓа во неколку региони. Најзастапен е во Лика и Горски Котар, но паѓа и во низините. Се создаваат и проблеми со сообраќајот, каде на одредени делници голем број на автомобили (најверојатно со летни гуми) останаа заглавени на патот. Според синопричарите и денес времето во Хрватска ќе биде облачно, ветровито и релативно студено. На Јадранското Море ќе има ...

Млада девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа која се случи синоќа на патот Битола – Граничен премин Меџитлија. – На 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола – Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од ...

Двајца рудари загинаа при уривање на тунел во рудник за јаглен во северозападна Шпанија, објави ДПА, повикувајќи се на локалните медиуми. Уште едно лице е пријавено како исчезнато во инцидентот во шпанскиот автономен регион Астурија, но подоцна беше објавено дека успеало да избега од уривањето. Еден од тунелите во рудникот се урна на околу километар и половина од влезот. Причината за уривањето сè уште не е позната. Според синдикатите, рудникот ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на дводневниот „Форум за слобода”. Панелот посветен на енергетиката, привлече значително внимание поради нејзиниот директен и аргументиран пристап кон енергетската политика – тема која денес е клучна за секоја модерна држава Во своето обраќање, министерката Божиновска потенцираше дека од формирањето на Министерството во 2024 година, енергетскиот сектор ...

Интегрален текст од честитката од претседателката Гордaна Сиљановска-Давкова по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука Почитувани сограѓани Албанци, Со особена почит ви го честитам 22 Ноември Денот на албанската азбука, празник којшто претставува силен симбол на просветителскиот напор, културната зрелост и историскиот опит на албанскиот народ. Пред 117 години унифицираната азбука го започна своето патување од Конгресот во Битола, како ...

Агенцијата за храна и ветеринарство денеска упати апел до населението во регионите каде има поплавување да води сметка за безбедноста на храната, водата за пиење и за здравствената состојба и благосостојбата на животните. АХВ укажува преку медиумите да се следат информациите за временската прогноза, состојбата со водотеците во земјава, состојбата со водоснабдувањето и безбедноста на водата за пиење. – Доколку во регионите каде веќе има излевање ...

Нова радосна вест пристигна од Клиниката за детски болести во Скопје, каде повторно одекна „победничкото ѕвонче“ – симболот на успешно завршена борба со тешка болест. Овојпат, ѕвончето го заѕвони храбриот Дамјан, кој по долг и тежок период на лекување ја извојува својата најважна победа. Од Клиниката соопштија дека Дамјан ја поминал и ја освоил битката со огромна храброст и издржливост, а медицинскиот тим упати искрени честитки за неговото ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Македонското правосудство со 2% доверба од граѓаните никако да поработи на себе за да ја зголеми ефикасноста, дополнително си ја подриваат и така малата доверба и кредибилност. Наместо посветено да работат во интерес на граѓаните и за доследно спроведување на правдата, кој процес нема да трае со години како до сега, делови од судството и обвинителството бараат двојно зголемување на платите. Не треба да ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата што го поврзуваат со таканареченото снајперски сафари за време на опсадата на Сараево во 1990-те, нарекувајќи ги тврдењата „лаги“ насочени кон негово прикажување како „чудовиште“ и „ладнокрвен убиец“. „Никогаш не сум убил никого, никогаш не сум ранил никого, ниту сум направил нешто такво“, изјави Вучиќ за новинарите на маргините од регионалната бизнис конференција Велика ...

По повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука денеска во Владата ќе се одржи свечена седница, на која ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. На 22 ноември се одбележува годишнината од Битолскиот конгрес на кој десетици албански научници од 14 до 22 ноември 1908 година се состанале за да ја создадат албанската азбука. Конгресот на уедничување на азбуката на албанскиот јазик претставува еден од најзначајните настани во историјата на ...

Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од Џенова но и продор на поладен воздух од север овој викенд ни следува поголемо заладување на времето особено утре (Недела 23 ноември). Токму оваа циклонска активност кај нас ќе донесе нови обилни врнежи од дожд на повеќе места во нашата Македонија а можна е и појава на грмежи и силен ветер од јужен правец. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме. Повторно ...

Основното јавно обвинителство во Штип го информираше PortalinX дека во случајот на физичкото насилство меѓу малолетници, објавен пред неколку дена, три од децата вклучени во нападот се под 14-годишна возраст и според законот не можат да сносат кривична одговорност. „Три од децата вклучени во физичкото насилство се под 14 години и според законот не можат да сносат кривична одговорност. За нив ќе се донесе решение за отфрлање на кривичната ...

Австралија ќе ја вклучи услугата на „Амазон“ за пренос во живо – „Твич“, во својата забрана за социјални мрежи за лица под 16 години од 10 декември, изјави австралискиот комесар за е-безбедност. Платформата за споделување слики, „Пинтерест“ нема да биде вклучена во новите мерки. „Твич“ ќе ги деактивира профилите на малолетните корисници од 9 јануари и ќе спречи креирање нови профили од лица под 16 години. Комесарот рече дека иако „Пинтерест“ ...

Гризли мечка нападна деца од основно училиште во канадската провинција Британска Колумбија на западниот брег, јавија локалните медиуми. Како што пренесува ДПА, во нападот, кој се случил вчера, сериозно се повредени неколку лица, од кои две се во критична состојба, јави Канадиен прес (Canadian Press). Новинската агенција се повика на итните служби во заедницата Бела Кула (Bella Coola), околу 700 километри северозападно од Ванкувер. – Болничарите ...

Премиер лигата го објави денеска распоредот за сезоната 2026/2027, која ќе почне една недела подоцна од вообичаеното поради Светското првенство кое идната година ќе се одржи во САД, Мексико и Канада. Воведното коло од новата сезона во Премиер лигата е закажано за 22 август 2026 година, една недела подоцна од вообичаеното, а завршното коло ќе се игра на 30 мај 2027 година. Светското првенство 2026 година ќе почне на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц разговараше по телефон со американскиот лидер Доналд Трамп за мировниот план на САД за Украина, објави ДПА. Петнаесет-минутниот разговор се одржа во „дух на доверба и пријателство“, изјави портпаролот Стефан Корнелиус. „Следните чекори“ беа договорени во однос на координацијата меѓу советниците, додаде функционерот. Американскиот план, кој беше објавен претходно оваа недела, би можел да ја принуди Украина да ...

Цените на недвижностите во Србија во првата половина од 2025 година достигнале рекордни износи, покажуваат податоците на Републичкиот геодетски завод. Најскапиот квадрат станбен простор е продаден за 9.805 евра на локацијата „Белград на вода“, додека најскапото гаражно место – исто така на „Савски венац“ – чини 66.000 евра, речиси како цена на стан во некои делови од земјата. Најскапата куќа е продадена за 3,8 милиони евра, а најскапото ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по телефонскиот разговор со потпретседателот на САД Џеј Ди Венс изјави дека неговата земја со нетрпение очекува да започне заедничка работа со САД и Европа на ниво на советници за развој на план за завршување на војната со Русија. „Се договоривме заедно со САД и Европа да работиме на ниво на советници за национална безбедност за да го пронајдеме патот кон вистински траен мир“, напиша Зеленски по ...

Светската фудбалска федерација (ФИФА) ги објави денеска датумите за одигрување на интерконтиненталните баражи за пласман на Светското првенство во 2026 година. Двете групи ќе се играат во Мексико, првата во Гвадалахара, а втората во Монтереј. Полуфиналињата се закажани за 26 март, додека финалните дуели ќе се играат пет денови подоцна. Во првата група, Демократска Република Конго во финалето за противник ќе го чека победникот од полуфиналето ...

Единица за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против правно лице од Скопје и против сопственикот и поранешното одговорно лице М.С. од Скопје заради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување“ по член 279 и „Оштетување или повластување на доверители“ по член 257 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот М.С. во периодот од 01.10.2019 до 31.08.2021 година ...

Фатима Бош од Мексико е крунисана за „Мис Универзум“, откако стана омилена кај публиката по прекорот од еден од организаторите на изборот за убавина на состанокот на почетокот на натпреварот. Изборот се одржа во Тајланд. Бош, инаку 25-годишна хуманитарка и волонтерка, беше крунисана од минатогодишната победничка Викторија Кјаeр Тејлвиг од Данска. Како второпласирана заврши Тајланѓанката Правинар Синг, додека меѓу првите пет беа и Венецуелката ...

Лидерите на ЕУ ќе се состанат утре на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург за да разговараат за ситуацијата во Украина, изјавија денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. „Разговаравме со претседателот Зеленски. Разговаравме за моменталната ситуација и јасно наведуваме дека ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина“, изјавија Кошта и фон дер Лајен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ахмет бин Мохамед Ал Џарван, претседател на „Глобалниот совет за толеранција и мир”, во придружба на неговите соработници. Информирајќи дека семејството на пријателите на „Глобалниот совет” постојано се проширува, Ал Џарван потенцираше дека стотина парламенти, ширум светот, потпишале меморандуми за соработка со оваа препознатлива и почитувана институција. Тој, во парламентарната ...

Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи присуствуваше на свечената академија организирана од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците – Скопје и Владата на Република Северна Македонија, по повод Денот на азбуката на албанскиот јазик. За време на својот говор, заменик-премиерот го нагласи историското значење на Конгресот во Битола во 1908 година и неговата одлучувачка улога во ...

Трошоците за финална потрошувачка на домаќинствата во ЕУ минатата година се зголемиле за 1,5 отсто на годишно ниво, што претставува речиси четирипати поголем раст во однос на 2023-та, кога стапката на ова зголемување беше 0,4 проценти. Како што соопшти Европската статистичка служба – Евростат, најголем раст на трошоците лани европските домаќинства имале за „информации и комуникации“ и тоа за 5,7 отсто, по што следуваат издатоците за „рекреација, ...

Женската македонска ракометна репрезентација од 4-8.декември ќе одигра три пријателски натпревари. Противнички на ракометарките ќе бидат селекциите на Турција, Словенија и на Словачка. Натпреварите ќе се играат во Анкара. Собирот на репрезентативките е на 28.ноември, а мини подготовките ќе се одржуваат во Кавадарци. Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки: Андреа Илиќ, Матеа Чурлиноска, Драгана Петковска, Ивана Џатевска, Ангела ...

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Москва го добила мировниот план на САД за Украина. „Новиот мировен план на Трамп би можел да биде основа за конечно решение во Украина“, рече Путин, пренесува РИА Новости. Тој истакна дека Русија е подготвена за мировни преговори, но е задоволна и од моменталната динамика во Североисточниот воен округ, што води кон постигнување на целите со воени средства. „Го имаме овој текст. Го добивме ...

Хрватски истражувачки новинар поднел пријава до обвинителите во Милано против српскиот претседател Александар Вучиќ поради неговата наводна вмешаност во аферата „Сараевско сафари“, во која снајперисти од Италија и други земји наводно патувале во главниот град на Босна за да убиваат цивили за време на четиригодишната опсада на градот во 90-тите години. Последната недела обвинителите во Милано почнале истрага насочена кон идентификација на ...

Клубовите од Премиер лигата се согласија денеска да воведат ограничувања на трошоците од следната сезона. Трошоците на клубовите за трансфери и плати ќе бидат ограничени на 85 проценти од нивните фудбалски приходи и нето добивка или загуба од продажбата на играчи. Исто така, ќе има дополнителни 30 проценти, но доколку клубовите го надминат тоа ограничување – таканаречениот „црвен праг“, ќе се соочат со одземање бодови. Новите правила ќе ги ...

Новореновирана и целосно опремена соба за интервју погодна за деца и по мерка на жртви беше отворена денеска во Секторот за внатрешни работи Битола. Со неа се обезбедува безбеден и приватен простор, во кој се води грижа за траума, за спроведување чувствителни интервјуа со жртви и сведоци, вклучително и деца. Развиена во согласност со меѓународните стандарди и најдобри практики, новата соба ќе ги поддржува полициските службеници и професионалците ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
93%
1022
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
95%
1024
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
1.03
90%
1025
weather icon

Софија

6ᴼ / 4ᴼ
4.12
72%
1023
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
2.62
85%
1021
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.34
96%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
82%
1020
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
87%
1021
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1022
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
96%
1020
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1024
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
93%
1021
Currency

61.545

Currency

52.6235

Currency

70.3767

Currency

34.9764

Currency

38.1116

Currency

65.893

Currency

7.44979

Currency

0.66279

Currency

0.33764

Currency

0.52436

Currency

1.23507

Currency

0.58084

Сребро

2008.67

Иридиум

145787.60

Платина

53749.14

Родиум

256402.20

Никел

467712.99

Бакар

10.84

Калај

40.84

Злато

135736.19

Цинк

3.26

Кобалт

58.42

Паладиум

46650.73

Рутениум

29192.88