Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Прес конференција на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче Денес сведочиме за најголемата политичка хипокризија и лицемерие во последните години. ВМРО ги доби изборите со лажна теза дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и сите ние сме предавници на македонскиот идентитет. Дека Преспанскиот договор е предавство. Дека ќе го поништат договорот. Дека ќе го вратат старото име и дека никогаш нема да кажат „Северна Македонија”. Гордана ...
Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани, истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, одговарајќи на новинарски прашања по однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјава поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија, Весислава Петрова Чамова, која го ...
Околу 18 рудари се блокирани во рудникот „Трепча“ во северниот дел на Косово. Претседателот на синдикатот на рударите Ибрахим Јонизи изјави дека претходно во рудникот биле заглавени 40 луѓе, но еден дел од нив успеал да излезе над земја. Тој додаде дека состојбата на заглавените рудари е добра. – Одржуваме контакт со нив, но колку повеќе време поминуваат внатре, толку потешка станува ситуацијата. Тие треба да бидат снабдени со храна и вода, ...
Во рамки на Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската агенда 2024–2027, организиран од European Policy Institute – Skopje (EPI) и Министерството за европски прашања, се дискутираше за досегашниот напредок во спроведувањето на Реформската агенда, како и за конкретните ефекти што овие реформи ги носат за граѓаните и институциите во Северна Македонија. Состанокот беше реализиран во рамки на регионалниот проект ...
Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик, информираше обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена за две кривични дела ...
На 13.05.2026 во 16:35 часот на улица „Илинденска“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Б.П.(39) од Охрид. Тој се сомничи дека во периодот од 12:30 до 13:30 часот во Охрид со употреба на сила од Ј.Б.(28) од Германија одзел мобилен телефон. Откако бил спроведен во Полициската станица Охрид физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени дејствија и се обидел да побегне, но бил совладан и задржан. ...
Вонредната состојба на Унгарија поврзана со војната, која беше прогласена пред четири години под водство на поранешниот премиер Виктор Орбан, официјално завршува денеска, објави на Фејсбук премиерот Петер Маѓар, цитиран од MTI. „Вака се збогуваме со шестгодишното владеење со декрети. Се враќаме во нормалноста“, рече Маѓар. Орбан првпат прогласи вонредна состојба на 24 мај 2022 година, поради војната меѓу Русија и Украина, парламентот ја ...
Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека во пелагониското село Добрушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Клиничка болница Битола. Полициски службеници од ...
Висок е процентот на корупција во државата и тоа ни е сега приоритет. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, а нејзиниото евентуално зголемување може да предизвика катастрофални последици поради структурата на стопанството, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата „Бизнис со интегритет”. Компаниите, додаде Азески, сигнализираат дека ...
Во 2025 година, од 203,1 милиони домаќинства во ЕУ, само 47,4 милиони, или 23,4 %, вклучувале деца. Повеќето од нив биле парови со деца (14,7 %), други видови домаќинства со деца (5,6 %) и самохрани возрасни лица со деца (3,0 %) – покажуваат податоците на Евростат. Преостанатите 76,6 % од домаќинствата без деца се состоеле од самохрани возрасни лица (37,5 % од сите домаќинства), парови (24,1 %) и други домаќинства (15,1 %). Помеѓу 2016 и 2025 ...
ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството, рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата околу набавките на мазут за ТЕЦ Неготино. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции, ДКСК и Обвинителството. – Не би ја коментирал одлуката на Јавното обвинителство за случајот со ...
Прес конференција на Александар Саша Димитријевиќ генералниот секретар на СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага. Мицкоски нарачува а Савевски испорачува. Слушнавме како Мицкоски дели задачи од собраниска говорница, со неговите чувства, слушнавме како елиминира независни обвинители од постапка на телевизија, сега и по телефон дека дели задачи. Ете така изгледа партизираното судство и ...
Министри и високи претставници од Европа и Централна Азија, од 11 до 15 мај 2026 година, престојуваат во Душанбе, каде што дискутираат за зајакнување на ефикасноста, инклузивноста, отпорноста и одржливоста на агро-прехранбените системи во услови на сè поизразени климатски, економски и геополитички предизвици. 35-тата сесија на Регионалната конференција на ФАО за Европа (ERC35) се одржува во главниот град на Таџикистан под главната тема: ...
Истрагата за убиецот од Старо Нагоричане, кој се води како прв сериски убиец на жени во Македонија, открила уште четири нови кривични дела – две убиства и два обиди за убиство. Како што соопшти денеска на брифинг обвинителот Љубомир Лапе, се работи за прв случај на сериски убиец со елементи на фемицид, бидејќи сите жртви биле жени и биле нападнати токму поради нивниот пол. Според досега објавените информации од обвинителството и полицијата, ...
И оваа година, ЈП Комунална хигиена – Скопје зема активно учество во масовната акција за чистење „Генералка викенд“, што се одржа на 8 мај. Акцијата започна на Кејот на реката Вардар, опфаќајќи ги двете страни на речното корито, при што стотици учесници во акцијата собираа најразлични видови на непрописно одложен отпад од брегот и пешачките патеки. Воедно, акцијата се одвиваше и во сите скопски општини каде што учесниците во посебно одредени ...
Со добро планирање, успеавме до сега да реализираме 75 % од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен реузлтат. Доколку има простор, подготвени сме да потрошиме и дополнителсни средства ако буџетот тоа го дозволува, истакна вицепремиерот Николоски. ” Многу сум задоволен од реализацијата на буџетот во Министерството за транспорт. Во делот на капиталните расходи сме некаде 75 % реализација, што е ...
Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети. На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса. ...
Во март годинава во земјава се евидентирани 73 921 туристи кои оствариле 134 233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19.7 % се домашни, а 80.3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26.5 % се од домашните, а 73.5 % од странските туристи. Во периодот јануари – март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5.2 %. Кај домашните туристи има ...
Денеска (14.05.2026), полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода А.Р.(33) од Битола, соопшти МВР. Тој се сомничи дека утрово околу 06:40 часот со нож ја нападнал неговата сопруга А.В.(31) од Битола, со која не живееле заедно, а која од здобиените повреди починала на местото. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен ...
Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) најостро реагира на Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри и бара истиот веднаш да се стопира и да не се проследува до Собранието. Донесувањето на ваков закон е ништо друго туку обид за затворање на легалните приредувачи на игри на среќа, монополизација на оваа гранка од страна на власта и поединци кои од тоа имаат голема корист и отворање на нелегалното обложување ...
Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...
Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција. Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и дотраен мебел. Акцијата ...
Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието. – Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ. Депонијата ...
На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање на ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го предупреди Доналд Трамп против лошото справување со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател на Пекинг, велејќи дека тоа може да доведе до тензии или дури и конфликт меѓу двете земји, според кинеските државни медиуми. Ако прашањето за Тајван се решава лошо, тоа би можело да ги доведе односите меѓу САД и Кина во „многу опасна ситуација“, рече Шји за време на разговорите во ...
Соопштение на Левица: Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и “шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија. Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската индустрија ...
Овен Денот ви носи силна енергија, динамика и чувство дека конечно работите почнуваат да се движат во насоката што ја посакувате. Уште од утринските часови ќе бидете активни и подготвени да преземете иницијатива, особено на работното место. Можно е да добиете нова задача или предлог кој на прв поглед ќе ви изгледа напорен, но подоцна ќе сфатите дека токму тоа е можност за напредок. Внимавајте на комуникацијата со авторитети и надредени ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес ...
На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на ...