Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Работна група на ОН предупреди дека светот се соочува со масовна криза со глад доколку Ормутскиот теснец наскоро не се отвори за сообраќај. Се проценува дека околу 45 милиони луѓе би можеле да гладуваат поради недостаток на ѓубриво чии патишта во моментов се блокирани. Мореира да Силва, извршен директор на Канцеларијата на ОН за проектни услуги (UNOPS), истакна дека една третина од светските залихи на ѓубрива, вклучувајќи амонијак, сулфур и ...
По спроведена едногодишна истражна постапка, предметниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе наредба за запирање на истрагата во предметот поврзан со набавките на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино. Од прибраните докази не се утврди дека осомничените ги сториле кривичните дела што им се ставаа на товар, ниту е утврдено постоење на друго кривично дело што се гони по службена ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрли барањата на Техеран и рече дека секој иден договор мора да вклучува јасна обврска од страна на Иран да ја запре својата нуклеарна програма. Техеран, од друга страна, бара укинување на санкциите, одмрзнување на средствата и прекин на блокадата на иранските пристаништа. Истовремено, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вели дека војната сè уште не е завршена. Иран ја осудува нацрт-резолуцијата ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на покана на својот словачки колега Роберт Калинак ќе присуствува на отворањето на меѓународниот саем за одбранбена и безбедносна технологија – IDEB, кој се одржува во Братислава, Словачка. За време на саемот предвидено е министерот Мисајловски да реализира одвоени билатерални средби со домаќинот, министерот за одбрана на Словачка Република, Роберт Калинак и со министерот за одбрана на ...
Колумна на проф. д-р Иван Анастасовски Оваа прашање е сосема легитимно и е оправдано особено пред најава за избори (предвремени 2027 или редовни 2028), но формулацијата „прочистување“ се плашам да не отиде во опасна насока ако се сфати како елиминација наместо како демократска промена. Во контекст на нашата Македонија, многу граѓани (со некои лично се среќавам и дискутираме на оваа тема) чувствуваат сериозен замор од истите политички лица на ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: За ВЛЕН, демократијата започнува таму каде што граѓанинот го живее своето секојдневие, во општината, во маалото, во училиштето, на улицата што ја користи и во услугите што ги добива. Токму затоа децентрализацијата има централно место во програмата на ВЛЕН. ВЛЕН му дава ново значење на децентрализацијата. За нас, тоа подразбира одлучувачка автономија за општините, фискална децентрализација, поголем простор за ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Територијата на Македонија денес вторник 12 мај 2026 ќе биде под влијание на циклонска активност која од Џенова ќе пристигне над Македонија и ќе услови денес да биде многу поветровито, односно ќе дува засилен до силен ветер од западен правец кој повремено и локално ќе достигнува брзина од над 75 км/час. И во Скопје и околината ќе биде многу ветровито со засилен до повремено силен ветер од западен правец. Во ...
На денешното судско рочиште против родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ во Белград, таткото Владимир Кецмановиќ се изјаснил за невин, пренесува српски „Информер“. Според неофицијалните информации, Владимир Кецмановиќ пред судот изјавил дека не чувствува вина и дека обвинителството нема цврсти докази против него. „Не сум виновен, обвинителството ме мести, немаат никакви докази против мене“, рекол Владимир Кецмановиќ за време на ...
Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова испрати јасна порака до Северна Македонија дека земјата мора да ги исполни преземените обврски од договорот со Европската унија од 2022 година доколку сака да продолжи по европскиот пат. Говорејќи во Брисел по состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, Чамова нагласи дека позицијата на Бугарија повеќе не треба да се гледа како билатерално прашање, ...
Новиот развој во еден од најследените семејни судски случаи во јавноста повторно го насочи вниманието кон претседателката на Апелациониот суд во Битола, Жаклина Доведен. Таа не донела самостојна одлука да се изземе од предметот поврзан со петгодишното дете и мајката Невена Спасеска, туку барањето на правниот тим на мајката го препратила на одлучување до Врховниот суд. Информацијата за А1он ја потврдиле од Апелациониот суд во Битола. Барањето ...
Загина 89-годишен росоманец, во него удрило товарно возило, потврди за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Велес, Ана Милевска Ѓеоргиева. – Денеска во ОВР – Кавадарци пријавено е дека во 18:55 часот на регионален пат Градско-Прилеп, во Росоман, товарно возило „сканиа“ со кавадаречки регистарски ознаки со приколка управувано од Р.Љ., на возраст од 45 години од Кавадарци, удрило во пешак К.Ѓ., на 89-годишна возраст од Росоман. ...
Најмалку 2.869 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан од 2 март, соопшти либанското Министерство за здравство. Во истиот период повредени се 8.730 луѓе, пренесе Ал Џезира. Хезболах и Израел се напаѓаат едни со други и покрај прекинот на огнот што беше постигнат како дел од израелско-американското примирје со Иран. Најмалку 2.869 луѓе се убиени во израелските напади врз Либан од 2 март, соопшти либанското Министерство за ...
Доналд Трамп изјави дека сè уште верува оти САД можат да постигнат мировен договор со сегашното иранско раководство. „Имате умерени и имате лудаци. Мислам дека умерените се повеќе почитувани. Лудаците сакаат да се борат до крај. Тоа би била многу кратка борба“, рече Трамп. Тој продолжи со споредба со САД. „Како и нашата земја, имаме лудаци. Јас ги нарекувам лудаци, ги нарекувам глупави луѓе. Во Иран, тие имаат свои умерени луѓе кои очајно ...
Судењето за полицајците обвинети во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани почна со изјаснување на обвинетите, кои не признаа вина. Ниту еден од 13-те полицајци обвинети во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани не призна вина на денешното рочиште во Основниот кривичен суд. Со тоа почна судската постапка за дел од случајот што ја потресе јавноста и отвори прашања за институционалната одговорност, контролите и ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче инсистира Бугарите да влезат во Уставот. Денес повторно Венко Филипче продолжува со своето инсистирање Бугарите да влезат во Уставот прикажувајќи го како услов без кој не може. Condito sine qua non за нашата интеграција во ЕУ. Откако го прифатија на најдолен предавнички начин за услов водени од заложништвото кон Бугарија поради своите криминални активности, сега прикажувајќи се како проевропски ...
Во рамки на работната посета на Брисел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Состанокот на високо ниво на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца, кој се одржа на маргините на Советот за надворешни работи на Европската Унија. Во своето обраќање, министерот Муцунски ја реафирмираше поддршката на државата за Украина, нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, ...
Српските власти од Брисел испратија силна порака до Европската унија, барајќи побрза интеграција на Западен Балкан и отворање на Шенген зоната за земјите од регионот. Александар Вучиќ порача дека тврдите граници го кочат економскиот развој, туризмот и движењето на луѓето, оценувајќи дека Балканот мора побрзо да биде вклучен во европските процеси. Според српските претставници, отворањето на Шенген за регионот би донело огромен економски ...
Најмалку две лица се убиени, а три се ранети денеска во пукање во францускиот град Ница, објави Фигаро. Пукањето се случило во западната населба Мулен, два дена по престрелката во истиот дел од градот во која немаше повредени. Според извештаите, две лица отвориле оган на централниот плоштад на населбата од моторно возило во движење, по што возилото избегало од местото на настанот. Градоначалникот на Ница, Ерик Сиоти, го осуди нападот. ...
Соопштение за јавност на Левица: Пратеникот од Левица, Борислав Крмов со критики кон СДСМ поради нивното отсуство од работната група за измени на Изборниот законик, оценувајќи дека партијата го блокира процесот на изборни реформи. Крмов посочи дека работната група продолжила со работа и без присуството на СДСМ, а во фокусот ги стави и предлозите за една изборна единица и препораките на ОБСЕ/ОДИХР. „Ајде баш да видиме дали СДСМ ќе ги блокира ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Уште во антиката, Аристотел човекот го определил како zoon politikon – политичко, односно општествено суштество. Само боговите и ѕверовите можат да бидат самодоволни: едните поради својата моќ, другите поради своите инстинкти и сила. Човекот, пак, нема ниту божествена моќ ниту ѕверска сила за сам да опстане. Затоа е принуден да живее со другите, да создава заедница, да воспоставува ...
Работната група за реформи во изборното законодавство денеска ја одржа четвртата седница, на која продолжи разгледувањето на препораките за унапредување на Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР и обврските предвидени во Реформската агенда. Во однос на учеството на СДСМ , беше истакнато дека до Министерството за правда сѐ уште не е доставено официјално писмено известување за нивно повлекување од процесот. Во таа насока, беше ...
Почнува 15-тото издание на Самитот на Македонија2025, кој на 12 и 13 мај во хотелот „Мериот“ во Скопје ќе обедини високи претставници од бизнис секторот, владата, меѓународните организации, академската заедница, инвеститорите, дијаспората и регионалните лидери. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, годинешниот Самит ќе отвори дискусии за економскиот раст, конкурентноста, инвестициите, инфраструктурата, ...
Франција воведе строги мерки за спречување на ширењето на хантавирусот откако еден од пет патници вратени од крузер кој стана епицентар на епидемијата беше потврден дека е заразен. Новата регулатива предвидува дека патниците, како и сите лица со кои биле во контакт или се изложени на „сериозен ризик од инфекција“, можат да бидат сместени во изолација до 42 дена. Француската министерка за здравство Стефани Рист потврди дека граѓанката е ...
Во рамки на меѓународната воена вежба „Trojan Footprint 26″, денес, на армискиот полигон (AП) „Криволак”, официјално започнаа активностите на најголемата НАТО вежба за специјални сили во Европа. Вежбата ќе се реализира во период од 11 до 22 мај 2026 година на повеќе локации низ Европа. На вежбата на АП „Криволак”, покрај припадници на специјалните сили од Армијата, учествуваат и припадници од Вооружените сили на САД, Обединетото Кралство и ...
На 10.05.2026 во 23:30 часот во СВР Скопје, 53-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека на 07.05.2026 околу 13:00 часот, по претходна расправија, била физички нападната од нејзината ќерка М.М.. На 11.05.2026 во 00:30 часот во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 61-годишен татко, дека во семејниот дом во Скопје, по претходна расправија, физички го нападнал. На ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција укажа дека ВМРО со пропагандата што ја спроведува преку своите медиуми се обидува одговорноста за застојот во реформите да ја префрли врз Европската Унија. Филипче посочи дека наместо реални резултати и спроведени реформи, јавноста е сведок на политички спинови и обиди за манипулација со граѓаните. „Муцунски грмнал во Брисел, Тимчо. Ова веќе звучи смешно само по себе. ...
Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана ...
Соопштение на Левица: Фактот што за само четири месеци се реализирани над 72% од планираниот буџетски дефицит е сериозен сигнал дека проекциите врз кои е скроен Буџетот за 2026 година биле или нереално оптимистички или политички мотивирани. Кога приходите потфрлаат уште во првиот квартал, а расходите продолжуваат со планирана динамика, тоа значи дека државата влегува во структурен јаз помеѓу фискалните амбиции и реалната економска база. ...
Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Од Комората на психолозите ќе побара да организира додатни обуки за психолозите бидејќи едни учеле по стари, а други по нови програми. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека во образованието има многу проблеми, но, рече, овој е еден од најтешките и ние ...
Прес конференција на Добрила Андоновска, член на Советот на Општина Карпош ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот мандат ја блокираше општината, ние не го опструиравме градоначалникот Сотир Лукровски, туку му дававме поддршка кога тоа беше во интерес на Карпош. Но, господинот Лукровски уште во првиот месец почна да се жали дека му било тешко и ...