Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Градот Скопје наскоро ќе добие нов лунапарк, проект вреден околу 10 милиони евра кој треба да донесе современ забавен парк во Градскиот парк. Според објавите од Бирото за јавни набавки, договорот за проектирање, набавка и монтажа на реквизити е склучен со компанијата Мастеф ДООЕЛ Скопје. Новиот забавен парк ќе се гради на проширена површина во однос на стариот лунапарк, вклучувајќи и дел од просторот каде што претходно беа летните дискотеки ...
На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада” и ул.„Аугуст Цезарец” во Скопје, патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци – 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во Ургентен центар при комплекс ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан испрати порака до новата унгарска влада. „Новите луѓе мора многу јасно да разберат едно: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и откажувањето од националниот суверенитет за пари или политичко одобрување би било историска грешка. Не смееме да дозволиме странските елити да одлучуваат за нашата иднина“, напиша Орбан на ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека верува оти конфликтот во Украина е близу до крајот. На прашањето дали е подготвен да се вклучи во разговори со Европејците, Путин одговори дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер е попосакувана фигура за него. Путин, исто така, рече дека ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само кога ќе се постигне траен мировен договор. Војната меѓу Русија и Украина трае повеќе ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: На 9 мај, датум со посебна симболика за европската иднина, албанската политичка сцена во Северна Македонија одбележа значаен момент. Идејата што некогаш беше доведена во прашање, патот што беше оспоруван и обединувањето што беше попречувано од многумина, доби целосна форма и стана политичка реалност. ВЛЕН, од соработка меѓу пет субјекти, се трансформираше во едно единствено политичко тело. Ова не беше само ...
Под мотото „Фолклорот како живо наследство”, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов” и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош. Играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и заедништво. Градоначалникот Горан ...
Соопштение за јавност на Левица: Лаекенски индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај семејствата со три и повеќе деца сиромаштијата ...
Миле Цеков, кој како носител во ИЕ 4 беше избран за пратеник, ја напушти пратеничката група на партијата и парламентарното мнозинство, најавувајќи дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник. Во изјава за „Фокус“, тој демантира дека неговата одлука е поврзана со поранешниот премиер Зоран Заев и тврди дека станува збор за лична политичка одлука. Цеков вели дека нема контакт со Заев и дека во јавноста се создаваат конструкции за да се ...
На 10.05.2026, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад во ноќен клуб на булевар „Железничка” во Охрид ги приведоа А.Г.(28), М.Р.(26), А.Б.(29), А.С.(28), државјанки на Русија, П.П.(31) од Бугарија, А.Л.(31) од Казахстан и А.Р.(42) од Србија. При извршена контрола во ноќниот клуб, странските државјанки биле затекнати како нелегално работат како танчерки, по што се приведени. По целосно документирање на настанот, ...
На 09.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков” во Скопје, електричен тротинет удрило во пешак – 61-годишната Љ.М. од Скопје, по што возачот со тротинетот го напуштило местото на настанот. Во несреќата, Љ.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот На 09.05.2026 во 14:45 часот во СВР Скопје е ...
Изборот е јасен – Европска Македонија или криминална изолација со Мицкоски, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека власта предводена од Мицкоски свесно го блокира европскиот пат на државата за да ги заштити сопствените криминални интереси и да продолжи злоупотребата на народните пари. „Мицкокски и неговата група свестно ја блокираат Европската иднина на Македонија, за да ја ...
Танкер со течен природен гас од Катар изгледа дека поминал низ Ормускиот теснец, што е прв извоз на една земја од регионот на Персискиот Залив од почетокот на војната во Иран, пренесува денес Блумберг. Танкерот „Ал Хараитијат“, кој бил натоварен во постројката Рас Лафан претходно овој месец, излегол од теснецот и моментално се наоѓа во Оманскиот Залив, а Пакистан е наведен како негова следна дестинација, според податоци од агенцијата за ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев кој ја формираше владата на Бугарија пред неколку дена. Филипче не може да почека ни една недела, за да се огласи дека спремен е на нова серија на национални предавства и дека ќе го продолжи аманетот што му го остави Заев, па јавно вели дека сопствената држава создавала вештачки конфликти со соседите, а и изигрува кодош. Румен ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Паника и распад се случуваат во криминалната коалиција на власт. После распадот на ЗНАМ и повлекувањето на пратеникот во Собранието, советничката во Прилеп, сега пукнатините и јавно се гледаат во ВМРО-ОКГ. Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се повлекува затоа што не сака да потпишува документи за бизнисите на Мицкоски. Документи кои можат да значат лична кривична одговорност поврзана со ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Новата седмица која што ни доаѓа низ целиот Европски Континент вклучувајќи го и Балканот а со тоа секако и Македонија ни носи нагла и огромна промена на времето, обилни врнежи, бурен ветер како и огромен пад на температурите и за повеќе од 15 степени. Од северозапад ќе ни се спушти многу поладен воздух кој ќе ги спушти температурите значително под просекот за месец Мај. Покрај огромниот пад на температурите ...
Педесет и шестгодишната Милена Витанова е убиена во италијанскиот град Пјаченца, а за убиството е осомничен нејзиниот сопруг, 59-годишниот Хако Витанов, кој самиот го признал злосторството. Трагедијата се случила во семејниот стан на шестиот кат во зграда на периферијата на градот, каде според првичните информации, мажот ја нападнал сопругата со нож. Според италијанските медиуми, Хако Витанов околу 15:30 часот се јавил на бројот за итни ...
Ексградоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, упати серија остри обвинувања кон актуелниот градоначалник Сотир Лукровски и партијата ВМРО-ДПМНЕ, тврдејќи дека официјалното образложение за „боледување“ е само параван за негово трајно заминување од функцијата. Реакцијата доаѓа откако од Општина Карпош соопштија дека Лукровски не поднел оставка, туку е привремено отсутен поради здравствени причини. Во негово отсуство, со општината ќе ...
Некои луѓе имаат силна потреба да веруваат во најдоброто кај другите. Дури и кога искуството им покажува поинаку, тие сепак даваат уште една шанса, надевајќи се дека работите ќе се променат. Таа вера често доаѓа од љубезност, емпатија и желба врските да успеат, но ова може да ги чини најмногу, објавува Index.hr. Астрологијата покажува дека овој модел на однесување е особено чест кај одредени знаци кои тешко се откажуваат од луѓето, дури и ...
Возењето со автономен роботски превоз Waymo во Калифорнија се претвори во непријатно искуство за еден патник откако автомобилот му го однесе багажот во друг град. Кон крајот на април, Ди Џин користел робот-такси „Вејмо“ за да се вози до аеродромот во Сан Хозе. Самоуправувачкиот „Јагуар И-Пејс“ го однесе до неговата дестинација, но проблемот се појави кога се обиде да го отвори багажникот за да ги земе куферите. Како што тврди тој, копчето за ...
Холивудскиот актер и музичар Вил Смит се соочува со сериозни правни проблеми откако виолинистот Брајан Кинг Џозеф поднесе тужба против него за наводно сексуално вознемирување, одмазда и незаконско отпуштање за време на нивната турнеја во 2025 година. Според судските документи објавени од американските медиуми, Џозеф тврди дека соработувал со Смит на неговата музичка турнеја „Based on a True Story“ откако се запознале кон крајот на 2024 ...
Лидерот на СНСД, Милорад Додик, побарал од рускиот претседател Владимир Путин Русија да ги оспори во Советот за безбедност на ОН одлуките на високиот меѓународен претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, кого властите на Република Српска не го признаваат и го сметаат за нелегален. Додик ги даде овие забелешки по состанокот на делегацијата на Република Српска со Путин во Москва, каде што српските претставници од БиХ беа меѓу ретките ...
Бројот на случаи на хантавирус во Аргентина речиси се дуплираше во последната година, а регистрирани се 32 смртни случаи, што е најголем број на инфекции од 2018 година. Зголемувањето на бројот на заболени доаѓа во време кога аргентинските власти се обидуваат да го пронајдат патот на брачна двојка која патувала низ земјата пред да умре во епидемија на крузерот „МВ Хондиус“. Експертите ги обвинуваат климатските промени и уништувањето на ...
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, денес испрати директна порака до луѓето од Тенерифе, каде што крузерот MV Hondius , кој е погоден од епидемија на хантавирус, треба да се закотви рано утре наутро. Во пораката, објавена во целост, Гебрејесус се обидува да ги смири локалните загрижености, нагласувајќи дека ризикот за јавното здравје е низок и објаснувајќи ги преземените безбедносни мерки. Ова е неговото писмо во целост: ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Денеска Петер Маѓар положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија. Пред еден месец тој порача дека Унгарија нема да биде сигурна куќа за криминалци и директно го спомена Никола Груевски. Помина еден месец а Владата на Христијан Мицкоски и министерот Филков молчат. Граѓаните заслужуваат јасен одговор на едноставно прашање: Дали е испратено официјално барање за екстрадиција на Никола Груевски или не? Прво беше ...
Македонија располага со резерви од керозин за околу 90 дена, што е повеќе од законски предвидениот минимум од 60 дена, изјави министерот за транспорт Александар Николоски. Според него, состојбата со снабдувањето е стабилна и во моментов не се очекуваат проблеми, иако дел од европските авиокомпании се соочуваат со притисок поради кризата на Блискиот Исток и нарушувањата на пазарот на авионско гориво. Николоски посочи дека со керозин од ...
Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески денеска на својот Фејсбук профил објави видео како на лице место фатил камион кој истура градежен шут во Лисиче. „Додека граѓаните, институциите и волонтерите се обединуваат во рамки на „Генералка Викенд“ за почиста околина, денес спречив обид за нелегално истурање градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Ваквото неодговорно и несовесно однесување мора јавно да се осуди, особено во денови кога ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче по стапките на неговиот ментор, Зоран Заев, за власт е спремен се државно да распродаде. Само што Филипче сака да го надмине својот учител и ментор Заев, кој пред да дојде на власт лажеше дека нема да го смени името, па затоа уште сега ветува дека прва работа што би ја направил на власт би биле уставните измени. Ова покажува само дека Филипче и СДС немаат црвени линии и за да се догребат на ...
По серија несреќи Грција ја ограничува употребата на електричните тротинети. Според најавите, владата разгледува забрана за возење тротинети на јавни патишта за лица под 18 години, задолжително осигурување за возрасните корисници, повисоки казни и построг надзор врз компаниите што продаваат или изнајмуваат технички неисправни или пребрзи модели. Повод за новите мерки е смртта на 13-годишно момче во Макрисија, во областа Илија, кое загинало ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Куманово присуствуваше на одбележувањето на 11-годишнината од трагичните настани во кумановско „Диво Насеље“, во чест на осумтемина припадници на македонската полиција кои ги загубија своите животи во терористичката акција во 2015 година. Министерот Тошковски положи свежо цвеќе на спомен-обележјето во кругот на СВР Куманово, посветено на загинатите полициски службеници – Љубиша ...
Велика Британија објави дека го испраќа својот воен брод „ХМС Драгон“ на Блискиот Исток како подготовка за потенцијален мултинационален напор за заштита на бродовите во Ормутскиот теснец кога условите ќе дозволат тоа. „ХМС Драгон“, разорувач за воздушна одбрана, беше испратен во источниот Медитеран во март, кратко по почетокот на војната со Иран, за да помогне во одбраната на Кипар. Неговото преместување на Блискиот Исток следи по потегот на ...