Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Министерството за финансии ги почна состаноците за ребаланс на буџетот. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска најавува дека ребалансот ќе биде изготвен во согласност со среднорочната фискална рамка и стратешките приоритети на Владата – стабилни јавни финансии, фискална консолидација, инфраструктурен развој, енергетска транзиција и подобар животен стандард за граѓаните. – Во време на сериозна глобална неизвесност, предизвикана ...
Соопштение на Левица: Фактот што за само четири месеци се реализирани над 72% од планираниот буџетски дефицит е сериозен сигнал дека проекциите врз кои е скроен Буџетот за 2026 година биле или нереално оптимистички или политички мотивирани. Кога приходите потфрлаат уште во првиот квартал, а расходите продолжуваат со планирана динамика, тоа значи дека државата влегува во структурен јаз помеѓу фискалните амбиции и реалната економска база. ...
Министерката за образование и наука најави лиценцирање на училишните психолози за да детектираат разни видови проблеми во училиштата и да преземат мерки. Од Комората на психолозите ќе побара да организира додатни обуки за психолозите бидејќи едни учеле по стари, а други по нови програми. Во врска со случаите на педофилија кај наставници, Јаневска изјави дека во образованието има многу проблеми, но, рече, овој е еден од најтешките и ние ...
Прес конференција на Добрила Андоновска, член на Советот на Општина Карпош ГРОМ и коалицијата изминативе шест месеци беше конструктивен во Советот на Општина Карпош. За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која во претходниот мандат ја блокираше општината, ние не го опструиравме градоначалникот Сотир Лукровски, туку му дававме поддршка кога тоа беше во интерес на Карпош. Но, господинот Лукровски уште во првиот месец почна да се жали дека му било тешко и ...
На 10.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на Центар, нејзината 17-годишна ќерка паднала во отвор за лифт во зграда во изградба и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 10.05.2026 во 04:00 часот во СВР Скопје, Т.К.(47) од Скопје пријави дека на подрачјето на ...
Постигнатиот напредок во спроведување на реформите во областа на Царинската унија, борбата со организираниот криминал, регионалната соработка и зголемување на економскиот раст, ја покажува нашата силна посветеност во процесот на забрзана интеграција во ЕУ и Република Хрватска цврсто нѐ поддржува во евроинтегративните процеси. Започнува нов циклус на соработка, при што Царинската управа на Република Хрватска на експертско ниво ќе ги пренесе ...
Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, управувани од ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, членка на групацијата ADP, ги завршија првите 4 месеци од 2026 година, со силен, рекорден пораст на бројот на патници од 32,4%, опслужувајќи вкупно 1,2 милиони патници (1.202.828), информираат од таму. Во истиот период, јануари-април, двата македонски аеродрома, според соопштеното, опслужиле вкупно 8.123 летови, што ...
Иранскиот предлог за завршување на војната со САД и повторно отворање на Ормуска Теснина беше легитимно барање, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи Есмаил Багаи. Сигурно преминување низ Ормуска Теснина и воспоставување на безбедност во регионот и во Либан беа другите барања на Иран, што се смета за дарежлива и одговорна понуда за регионалната безбедност – истакна Багаи. Тој додаде дека Техеран бара и ...
Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 4 денари по литар, а цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,78 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) е 89,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР ...
На автопатот Гостивар – Букојчани се работи на 11 од предвидените 31 километар, а реализацијата изнесува 60 проценти. На Тетово – Гостивар, пак, се работи на 14-ина километри од предвидените 17,5, а реализацијата е 8,4 проценти. Од Владата велат дека прават сè за да овозможат изведувачите што побргу да ги завршат овој и другите проекти од пакетот автопати што ги гради „Бехтел и Енка“, од каде што истакнуваат дека имаат активен напредок во ...
Соопштение на ЛДП: Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно формирање на Комисија во рамки на Општина Ресен за проценка на штетите од измрзнувањето на овошките во Преспанскиот регион. По нестабилните временски услови и ниските температури, земјоделците од Ресен и Преспа се соочуваат со огромни загуби на плодови и насади, од кои најмногу погодени се сливите и јаболката. Како регион чија главна стопанска гранка е земјоделството, од ...
Апелацискиот суд Скопје денеска на јавна седница ја разгледуваше жалбата на Обвинителството поднесена против ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Обвинителот Дарко Јакимовски оцени дека првостепениот суд не ги анализирал доволно доказите, што, според Обвинителството, упатуваат на негова вмешаност во настаните што претходеле на киднапирањето. Одбраната на Ѓорчевски, пак, остана на ставот дека ...
Со одлука за одржување главна, јавна и усна расправа, денеска заврши подготвителното рочиште во Основниот кривичен суд против 13-те полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. На почетокот на рочиштето беше констатирано дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Судот го одби ...
Делегација од Армијата, предводена од началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска, 11 до 13 мај 2026 година, ќе престојува во официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија. За време на посетата, генералот Лафчиски, согласно агендата, ќе оствари официјална средба со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Република Албанија, генерал-потполковник Арбен Кинџи. Во ...
Најголемиот глобален хуманитарен мото-хепенинг наречен The Distinguished Gentleman’s Ride оваа година го слави своето 11-то Скопско издание. Да се биде дел од ова глобално хуманитарно движење секако е чест, но и обврска. Пред 11 години, Скопје и официјално стана дел од ова движење, кое ги обединува пасионираните заљубеници на класичните мотоцикли и модата, во борбата против машките болести. 11-та Скопска едиција досега наговестува импресивни ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини учествуваше на Belgrade Energy Forum 2026, еден од најзначајните регионални енергетски форуми, каде заедно со министри, претставници на Енергетската заедница, меѓународни институции и водечки експерти се дискутираше за енергетската безбедност, декарбонизацијата и иднината на енергетскиот сектор во регионот. На панелот посветен на енергетската транзиција и регионалната соработка, ...
Одложено е денешното судско рочиште за случајот „Онкологија“, што се води во Основниот кривичен суд во Скопје, заради, како што беше кажано, спреченост на техничкиот советник на Обвинителството да присуствува, поради оправдани причини – неодложни работни обврски. Следното рочиште за случајот е закажано на 1 јуни. Поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев и уште двајца онколози – Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, ...
Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) го одбележува 10 Мај – Светскиот ден на лупус, со цел подигнување на свеста за ова комплексно автоимуно заболување кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години. Годинава, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен акцент на една од најчувствителните теми – интеракцијата помеѓу лупус и бременоста. Лупус не смее ...
Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар – Букојчани. – Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далекуводи, како и гасното – интензивно се ...
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност. Општина Аеродром продолжува со ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред ...
Соопштение на Левица: Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија. Доколку РКЕ донесе ваква скандалозна одлука тогаш директно ...
Во текот на изминатите два дена (09/10.05.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1433 издадени платни налози, 861 прекршок се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Лишено од слобода за безобѕирно управување на возило е 21 лицe, од кои пет за возење под дејство на алкохол, 11 за ...
Со својата единствена енергија, Истанбул секогаш бил неисцрпна инспирација за уметниците и дизајнерите. Овој град со богата и историја и култура, секоја година е домаќин на над 20 меѓународни уметнички и дизајнерски настани, а од 13 до 16 мај, годинава за првпат во Истанбул се одржува Глобалниот форум за дизајн, што дополнително ја зајакнува неговата улога како место за средби за глобалната дизајнерска заедница. Глобалниот форум за дизајн ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. „Сите станбени заедници во Општина Центар кои ...
„Евровизискиот натпревар“ во Виена е под политички притисок уште пред да започне. Сепак, за љубителите на најголемото музичко натпреварување во светот, сè се врти околу музиката и прашањето: Кои се фаворитите за финалето, за победата? Во својата 70-годишнина, „Евровизија“ се враќа во австриската престолнина. Во градот којшто претставува симбол на културата и различноста. Ова е третпат Виена да биде домаќин на настанот: првиот пат беше во 1967 ...
Вкупно 344 деца починале од почетокот на епидемијата на мали сипаници во Бангладеш во март оваа година, а бројот на случаи продолжува да расте, соопштија здравствените службеници во земјата, цитирани од ДПА. Од 344 деца кои починале од 15 март, кај 65 е потврдена инфекција со мали сипаници, додека останатите имале симптоми. Генералниот директорат за медицински услуги на владата соопшти дека 11 деца починале за само 24 часа до недела наутро. ...
Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ја прекинале забавата, ниту ...
Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно до завршувањето на Светското првенство. Од управата на најголемиот ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел учествува на Советот за надворешни работи на Европската Унија, со кој претседавa високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Во изјава дадена пред почетокот на Советот, министерот Муцунски истакна дека проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати, нагласувајќи дека станува збор за тоа ...