Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска потпиша Меморандум за соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Фондацијата „Фросина Кулакова”, формирана во чест на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди”, поминувајќи на зелено светло. Со меморандумот се утврдува рамка за заедничка соработка во насока на унапредување на безбедноста во сообраќајот, подигнување на ...
(кога колективот станува поважен од граѓанинот) Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Дали навистина сакаме држава во која личната способност се вреднува според етничка, верска или партиска припадност, наместо според вистинските квалитети на поединецот? Време е да зборуваме за појавата на колективна предност која постепено ја заменува реалната вредност на граѓанинот. Во нашето општество одамна функционира појава што сите ја ...
На 21.05.2026 во 12:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на патот кон с.Кнежје, светиноколско, Д.М.(43) од Свети Николе, управувајќи мопед со светиниколски регистарски ознаки, излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип. На 21.05.2026 во 12:05 часот во ОВР Свети Николе е пријавено дека на патот кон ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Според анкетата спроведена од STRATUM RID, доколку денес се одржат избори, ВЛЕН би бил првата политичка сила во албанскиот политички блок, оставајќи ја ДУИ зад себе. На прашањето „За кого би гласале ако денес се одржат избори?”, 34,5% од анкетираните се изјасниле за ВЛЕН, додека 30,9% за Демократската унија за интеграција (ДУИ). Со тоа, ВЛЕН бележи видлива предност пред ДУИ, што претставува јасен показател дека ...
Се формира ново Здружение на металурзи, кое има за цел во јавната дебата конечно поголем простор да добијат науката, експертите и стручните анализи. Новото здружение се формира во време кога Македонија сè поинтензивно дебатира за иднината на рударството, индустријата и критичните минерали и се засилуваат ставовите за да се искористат потенцијалите на рудното богатство како што наоѓалиштата кај Иловица и Плавица, вредни стотици милиони евра, ...
Идентификувано е и четвртото лице кое загина во тешката сообраќајна несреќа што ноќеска се случи на скопската обиколница, кај клучката Мирковци. Станува збор за 20-годишниот М.Ѓ. од Скопје, кој бил во автомобилот „БМВ“ заедно со Ристе Велков, неговиот син Адам Велков и уште еден 20-годишен сопатник. Според досегашните информации, несреќата се случила околу 23 часот на делницата меѓу надвозникот Визбегово и клучката Мирковци. Седумдесет и ...
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание”, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола. Овој стратешки документ е клучниот чекор од денешниот настан, со кој се дефинира петгодишната рамка за воведување на европските стандарди. Во своето обраќање, ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска учествува на министерскиот состанок на НАТО што се одржува во Хелсингборг, Кралството Шведска. Пред почетокот на состанокот, министерот Муцунски истакна дека средбата претставува важна можност, речиси една година по Самитот во Хаг, „да се види тоа што е постигнато од Хаг, но и во светло на претстојниот многу важен самит во Анкара”. Тој нагласи дека во фокусот на ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 20 мај таа се обидела неовластено да внесе наркотична дрога – марихуана и кокаин во КПУ Затвор Идризово во Скопје додека била во посета на нејзиниот сопруг кој издржува казна во ...
На 21.05.2026 во 21:35 часот во ОВР Гостивар, И.М. од Гостивар пријави дека од дома се оддалечил неговиот чичко А.И. (63) од село Форино, кој работел како овчар на бачило во атарот на село Врапчиште. По преземени мерки и пребарување на теренот, И.М. со полициски службеници од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар во атарот на село Врапчиште, во близина на пат кој го граделе приватни фирми, на 22.05.2026 ...
Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор Со Мицкоски на власт се случува економска катстрофа и финансиски крах. Буџетот е во криза, снемува пари – власта неконтролирано се задолжува и трупа нови долгови за своите криминални тендери. Последното барање на Владата за ново задолжување од 260 милиони евра, е уште еден доказ за дилетантскиот однос на Мицкоски. Побараа 300 милиони евра од банки, но банките одобрија само ...
Соопштение за јавност на Левица: Наместо укинување на онлајн коцкањето, како што ветуваше ВЛЕН пред изборите, владиниот предлог-Закон за игри на среќа е уште една политичка измама и обид за прераспределба на милионскиот коцкарски бизнис кон нови центри блиски до власта. Иако Изет Меџити претходно изјавуваше дека „стопирале можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони”, реалноста е сосема спротивна – онлајн коцкањето не само што ...
Прес конференција на СДСМ, Каја Шукова, претседателка на Форум на жени После толку жртви, убиства, насилства и целосен распад на безбедносниот систем отвора едно прашање: што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка? Дека нема морал, дека нема систем – граѓаните веќе одамна знаат. Но жртвите стануваат премногу. Премногу човечки животи згаснаа, премногу семејства се уништени, премногу ...
ХЕРА денеска во просториите на ЈЗУ Општа болница Кочани го отвори вториот MM Центар за поддршка и советување на момчиња и мажи, простор посветен на поддршка, доверба и грижа за менталното здравје на момчињата и мажите како и другите засегнати во заедницата. По првиот ММ Центар што ХЕРА го отвори во Мај 2024 година до денеска дадени над 950 сесии од психолози и психотерапевти на 135 момчиња и мажи. Новиот Центар во Кочани претставува ...
Во шведскиот град Хелсингборг започнаа дводневни разговори на министрите за надворешни работи на НАТО. Намерата е да се подготви самитот на НАТО на почетокот на јули во Анкара, но во услови на војната против Иран и планираното делумно повлекување на американските трупи од Европа, дневниот ред би можел да биде нарушен. На почетокот на средбата САД не беа претставени на највисоко ниво, но шефот на дипломатијата Марко Рубио веќе непосредно пред ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Денес политичката иронија го достигна врвот. Бујар Ахмети, внук на Али Ахмети, кој бил заменик-член во комисијата за полагање на правосудниот испит, испит што се одржува само на македонски јазик, беше забележан на протестот на студентите кои бараа можност истиот испит да го полагаат и на албански јазик. Затоа се поставува прашањето: против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот ...
„Банкарскиот систем во регионот е со значително подобрени показатели и поголема отпорност во споредба со периодот пред пандемијата, но силниот кредитен раст и растот на цените на недвижностите наметнуваат засилена претпазливост и потребно е постојано следење на ризиците”, порача вицегувернерката на Народната банка Ана Митреска. Овие пораки беа упатени на 24. состанок на Работната група за монетарна политика во Централна и Источна Европа, ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема и не смее да биде повторно жртва на политиките на Венко Филипче и неговиот ментор Зоран Заев, кои заради личен спас и амнестија се подготвени повторно да водат политики на сервилност и да ги распродаваат државните интереси. Венко Филипче знае и му е јасно дека без поддршка од надвор и без слугување на туѓи интереси и агенди нема политичка иднина во Македонија. Венко Филипче знае дека има ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Уште само 9 дена остануваат до 1. јуни – рокот што самиот Христијан Мицкоски го постави за исполнување на сите 10 точки од Реформската агенда. 9 дена до уште едно неисполнето ветување. 9 дена до нов доказ дека организирана криминална група ВМРО намерно ја блокира европската иднина на Македонија. Мицкоски вети дека до јуни ќе ја заврши Реформската агенда. Од 10 клучни точки, за две години реализирани се само ...
Македонската музичка сцена и Национална опера и балет останаа без еден од своите најпрепознатливи уметници, откако баритонот и првенец на НОБ, Ристе Велков, трагично го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница. Информацијата за трагичната смрт ја потврдиле од Националната опера и балет за САКАМДАКАЖАМ.МК. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 23 ...
Општина Центар го реализираше настанот „Носталгија за корзо-сеќавање за едно убаво време”, вечер исполнета со музика, игра, емоции и спомени што го вратија шармот на некогашно Скопје. Настанот започна со симболично корзо низ централното градско подрачје, а продолжи со игранка во ООУ „Димитар Миладинов”, каде граѓаните повторно ја почувствуваа атмосферата на незаборавните скопски прошетки и вечерите исполнети со музика и танцување. Во топла ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Денес петок 22 мај 2026 особено во попладневните и во раните вечерни часови во Македонија ќе дојде до поголема дестабилизација на атмосферата и тоа поради влијанието на циклонската активност која се наоѓа југоисточно од нас. Во ваква ситуација времето ќе биде многу нестабилно на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер од северен и од североисточен правец. Локално атмосферските процеси ќе ...
Министерството за внатрешни работи излезе со првични детали за страшната сообраќајна несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница. „На 21.05.2026 во 23 часот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница на Град Скопје, помеѓу надвозник Визбегово и клучка Мирковци, Б.Б.(76) од Косово, управувајќи товарно возило – влекач „ман“ со полуприколка со косовски национални ознаки, изгубил контрола над возилото и со него преминал преку ...
Тело за кое се верува дека му припаѓа на маж убиен во ресторан во Сењак е пронајдено било влера во буре ископано на територијата на општина Инѓија . Веста ја потврди и претседателот на Србија, Александар Вучиќ изнесувајќи морбидни детали. „Ова го направија чудовишта, ова не се луѓе, кои и да се. Никој не е убиен, ниту академик, ниту некој без досие, но да се убие некого на овој начин е ужасен злостор и никој не треба да страда на овој начин“, ...
ЦЕНТКОМ на американската војска (CENTCOM), кој ги надгледува операциите во војната против Иран, изјави дека ударната група на носачот на авиони „УСС Абрахам Линколн“ во Арапското Море е „во состојба на висока готовност“. Соопштението доаѓа во време на зголемени тензии, додека Пакистан се обидува да посредува во мировен договор, а американскиот претседател Доналд Трамп му поставува нови ултиматуми на Техеран. Порака од носач на авиони ЦЕНТКОМ ...
Четири лица загинале во тешка сообраќајна несреќа што доцна синоќа се случила на скопската обиколница, во близина на Радишани. Според првичните информации, патничко возило марка „бмв“ директно се судрило со камион, по што автомобилот се запалил. Несреќата се случила околу половина час пред полноќ, а на местото веднаш интервенирале екипи на полицијата, противпожарната служба и Итната медицинска помош. Од силината на ударот, возилото целосно ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, вечерва преку објава на Фејсбук информираше дека ги известил сите надлежни институции по пријавите дека мечка е забележана во околината на градскиот парк во Битола. Реакцијата следува откако на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се гледа како мечка се движи во близина на градот, што предизвика загриженост кај жителите, но и политички реакции од опозициските партии во општината. „Како ...
Македонија, како полноправна членка на НАТО, останува постојана мета на сајбер-закани и дигитални напади. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, откри дека изминатиот викенд бил извршен нов, сериозен и високо софистициран сајбер-напад врз клучната државна интернет-инфраструктура, при што цел биле веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал gov.mk. Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, ...
Светската фудбалска федерација ФИФА се подготвува за нов радикален потег, зголемување на бројот на репрезентации на Светско првенство 2030. До почетокот на Светското првенство 2026 има околу три недели и на овој Мундијал бројот на репрезентации е зголемен од 32 на 48, а ФИФА веќе размислува за 66 репрезентации. Специјализирани спортски медиуми пренесуваат дека оваа идеја за зголемување на бројот на учеснички првобитно било предложено од ...
Иако релативно малку луѓе надвор од Кина знаат за него, најнаселениот град во светот би можел да биде кинескиот град Гуангжу, кој, според некои проценки, има дури 73 милиони жители. Според Енциклопедија Британика, Гуангжу, главниот град на кинеската покраина Гуангжу, е најнаселената урбана област на планетата. Благодарение на својата стратешка локација, со векови е еден од најважните трговски центри во Кина и важна точка за средба со странски ...