Американската компанија „Спејс икс“ (SpaceX) официјално ги потврди плановите за својата прва понуда за тргување со акции. Плановите беа објавени во поднесокот за хартии од вредност, што е неопходен за секоја компанија што планира да излезе на берза. Првичната јавна понуда, според познавачите, би го направила извршниот директор на „Спејс икс“, Илон Маск, уште побогат и воедно прв трилионер во светот, што според аналитичарите е пресвртница што ...

Австриското правосудство поведе кривична истрага против еден австриски државјанин и уште едно засега непознато лице под сомнение дека како „снајпер-туристи“ плаќале за да пукаат во цивили за време на опсадата на Сараево – пренесува германската новинска агенција ДПА. Како што јавува магазинот „Шпигел“, официјалната истражна постапка се води од 25 април, а Министерството за правда на Австрија ги потврди овие наводи во одговор на парламентарно ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, и членовите на македонската делегација поминале низ вистинска драма на аеродромот во Вилнус, откако непосредно пред нивното полетување бил активиран безбедносен аларм, поради што воздушниот сообраќај над Литванија бил целосно затворен во времетраење од околу час и половина. Информацијата ја откри самиот Андоновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, опишувајќи ја ситуацијата како ...

Секоја земја, вклучително и Украина, има право и обврска да го брани својот територијален интегритет и независност, но Унгарија очекува унгарското малцинство во Украина да добие основни права пред да отвори нова фаза во односите меѓу двете земји, изјави денес унгарскиот премиер Петер Маѓар, наведувајќи дека ова е клучниот услов на Будимпешта за почеток на преговорите за пристапување меѓу Европската Унија и Украина. “Имаме унгарско малцинство ...

Македонија ќе отвори своја амбасада во Вилнус, Литванија, во потег што се оценува како значаен дипломатски и стратешки исчекор во односите меѓу двете земји. Одлуката на Владата, донесена минатата недела и позитивно прифатена од литванските власти, ја соопшти министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, за време на гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, осврнувајќи се на неговата прва официјална билатерална посета на ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц упати официјално писмо до лидерите на Европската Унија во кое предлага нова, динамична и иновативна стратегија за забрзување на процесот на проширување. Планот, во кој увид имаа меѓународните медиуми, предвидува постепена интеграција и привилегиран пристап до клучните европски механизми за земјите од Западен Балкан и Молдавија, додека за Украина се предлага специфичен статус на „придружно членство“. Писмото ...

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Г.С.(67) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”. На 22.03.2026 во атарот на с.Горна Душегубица, пријавениот запалил смет во дворното место на неговата куќа, кој се проширил и предизвикал пожар во Шумско-стопанска единица „Стогово-Лопушник”. Надворешната канцеларија за криминалистички ...

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Л.(61) од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „загрозување на сигурноста” по член 144 од Кривичниот законик. Пријавениот Н.Л., подолг период вршел психичко насилство врз неговата снаа С.Л., со која живее во иста куќа, постојано и упатувал закани дека ќе ја убие неа и другите во домот. Последен пат, на 18.05.2026 околу 16:00 часот во семејниот дом, пријавениот ...

Пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи преку објава на Фејсбук жестоко го критикуваше новото задолжување на државата од 260 милиони евра, оценувајќи дека станува збор за уште еден доказ за исцрпена фискална позиција, растечки јавен долг и недоволна транспарентност. Во ФБ статусот, Битиќи порача дека ако се расправа за задолжување од 260 милиони евра, тогаш тоа мора да биде со бројки, документи и економска логика, а не со ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини вчера го одржа кварталниот координативен состанок на Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција (JETIP), на кој беше претставен напредокот на платформата. На состанокот беше официјализирано приклучувањето на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) кон платформата преку потпишување на Аранжманот за пристап кон Заедничката декларација, што е сигнал дека и ...

Во буре ископано на територијата на српската општина Инѓија, 60 км северно од Белград, во присуство на јавни обвинители на Вишото јавно обвинителство во Белград (ВЈТ), полицијата и судски експерти, пронајдено е тело за кое се верува дека му припаѓа на исчезнатиот Александар Нешовиќ Баја. Телото ќе биде испратено на обдукција во Институтот за судска медицина во Белград, како и на ДНК испитување. ВЈТ денеска објави дека истрагата за убиството ...

Соопштение на ВЛЕН: Реформите што создаваат конкретни резултати се најдобриот одговор за граѓаните и за европската перспектива на Северна Македонија. Обезбедувањето на 65,7 милиони евра од Европската Унија во рамки на Планот за раст за Западен Балкан е доказ дека работата, институционалната координација и сериозниот пристап кон реформите што ги предводи Владата со активно учество на ВЛЕН даваат резултати. Европската комисија го потврди она ...

Ново интегрирано дигитално решение за следливост на свежо овошје и зеленчук од парцела до финален купувач беше презентирано денеска од страна на ИНОФЕИТ – ЕДИХ и Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ. Директорот на ИНОФЕИТ – ЕДИХ, професор д-р Димитар Ташковски објасни дека дигиталното управување со земјоделското производство овозможува ефикасно следење и организација на клучните активности поврзани со бербата, ...

Во рамки на Националниот младински форум „Тука сме за да останеме!“, младите учесници денес активно работеа во пет интерактивни тематски зони, каде преку дискусија, мапирање на предизвици и формулирање конкретни пораки ги претставија своите гледишта за тоа што е потребно за да се изгради доверба, припадност и иднина во Македонија. Форумот, во организација на ХЕРА и НМСМ се одржа во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во ...

Земјите од Европската Унија денеска напладне дадоа зелено светло за одобрување на извештајот на Привремениот извештај за проценка на референтните вредности на Албанија (ИБАР), со што се означува многу важен чекор во процесот на преговори за пристапување. – Според внатрешните процедури на ЕУ, по одобрувањето на ИБАР, досието ќе биде доставено до КОРЕПЕР II, Комитетот на постојани претставници на земјите-членки, каде што и формално ќе се ...

Не успеа обидот на општинските власти за затворање на нелегалниот пешачки премин во близина на мостот кај Бит Пазар во Скопје. Голем број граѓани и дуќанџии кои работат во близина излегоа на протест за да се спротивстават на затворањето на преминот. Тие на неколку минути го блокираа и сообраќајот на булеварот „Крсте Мисирков“. Бизнисите во близина бараат лесен пристап и пешачки премин со бели линии, а не затворање на преминот. По ова, на ...

Во врска со изнесените наводи од страна на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека постапувањето на претседателот на Собранието, Африм Гаши, е целосно во согласност со Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија и во рамки на неговите уставни и деловнички надлежности. „Имено, на 18 мај 2026 година, врз основа на член 126 став 2 од Деловникот, претседателката на Комисијата ...

Град Скопје и Националниот демократски институт (НДИ) денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на општините од корупцијата – Заедници со интегритет”, со што се продлабочува институционалната соработка насочена кон унапредување на интегритетот, транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа. Меморандумот беше потпишан од Градоначалникот на Град Скопје и директорот на НДИ, Роберт Скот ...

Денес се одржа петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство, на која се разгледуваа повеќе клучни прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик со препораките на ОБСЕ/ОДИХР. На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу политичките ...

Командантот на Здружената команда на сојузничките сили на НАТО во Неапол (Joint Force Command Naples – JFCNP) адмиралот Џорџ М. Викоф, кој е во прва работна посета на Армијата, денес оствари одвоени средби со министерот за одбрана, Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. На средбата со адмиралот Викоф, министерот Мисајловски се заблагодари за поддршката од Сојузничката команда на здружените ...

Дисциплинската комисија на Фудбалска федерација на Македонија, по разгледување на службените извештаи и официјалните информации поврзани со финалниот натпревар од Купот на Македонија меѓу ФК Силекс и ФК Шкендија, ги донесе следните одлуки: – Поведување дисциплинска постапка против ФК Шкендија АД поради непочитување на националната химна, исвиркување на истата и нестанување при нејзиното интонирање од страна на навивачите на клубот. – ...

На 20.05.2026 во 10:26 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 08:00 часот при извршен претрес во установата биле пронајдени и одземени 92 кесички со прашкаста материја и дигитална вага. Дрогата е подигната од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. На ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика Христијан Мицкоски на заедничко преземање на одговорноста за уставните измени, заради иднината на младите и државата. „Апелирам до премиерот Христијан Мицкоски заеднички ја преземеме одговорноста и ја споделуваме одговорноста за спроведување на уставните измени и понатаму за текот на преговори и за каков било предизвик со којшто ќе се соочиме. Да не го испуштиме моментот. Ќе останеме надвор од ...

Времето во следните денови ќе се задржи променливо облачно. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец – над 50 километри на час. Утре и за време на викендот на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Според информациите од синоптичарите, локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, ...

Кина соопшти дека категорично се противи на американската „злоупотреба на правосудните механизми“ и на вршењето притисок врз Куба, откако Вашингтон подигна обвинение за убиство против поранешниот кубански претседател Раул Кастро. Официјален Пекинг смета дека ваквите чекори на американската администрација претставуваат продолжување на долгогодишната политика на дестабилизација, која дополнително ги подгрева тензиите во меѓународните односи и ...

Четири лица загинаа, а шест се повредени откако синоќа се урна станбена зграда во мароканскиот град Фес. Сè уште се истражуваат причините за инцидентот, а жителите од околните згради се повикани да се евакуираат. Кон крајот на минатата година во Фес, еден од најстарите градови во Мароко и популарна туристичка дестинација, се урнаа две станбени згради при што загинаа 22 луѓе. Четири лица загинаа, а шест се повредени откако синоќа се ...

На 20.05.2026 во 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше е пријавено дека во с.Скудриње, на место викано „Мустана нива”, бил пронајден починат М.С.(67) од истото село. Според пријавеното, М.С. управувал трактор со приколка, при што изгубил контрола и се превртел. Од здобиените повреди, тој починал на местото, а лекар констатирал смрт. Увид извршила увидна екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска присуствуваше на отворањето на Центарот за дневен престој за лица со попреченост и индивидуален третман „Во мојот свет”, во општината Ѓорче Петров, Скопје. Во рамките на посетата, директорката на Центрите за индивидуален третман, Ангела Чингоска, ја претстави мисијата и долгогодишната работа на Здружението за поддршка и третман на лица со аутистичен спектар и атипичен развој „Во мојот свет”, ...

Активистите од пропалестинската флотила за Газа, денеска се ослободени од израелски притвор и во текот на денот ќе бидат депортирани во Турција. Активистите беа приведени на пристаниште во јужен Израел откако израелската морнарица ја пресретна флотилата во меѓународни води. Во соопштението на израелската организација за човекови права „Адалах“ се наведува дека околу 430 активисти се ослободени од затвор во јужен Израел и ќе бидат депортирани ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.45
65%
1020
weather icon

Белград

19ᴼ / 16ᴼ
2.68
69%
1022
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.09
60%
1025
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
3.24
74%
1021
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
9.33
66%
1017
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 15ᴼ
0.72
73%
1024
weather icon

Атина

30ᴼ / 28ᴼ
0.89
56%
1012
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
2.26
70%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
4.96
50%
1018
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.92
97%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 17ᴼ
2.68
58%
1021
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.95
69%
1013
Currency

61.635

Currency

53.453

Currency

71.3681

Currency

37.4334

Currency

38.1635

Currency

66.9464

Currency

7.87515

Currency

0.74142

Currency

0.33337

Currency

0.52552

Currency

1.15623

Currency

0.5593

Платина

53756.05

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2072.63

Бакар

12.52

Паладиум

39545.42

Родиум

257205.97

Алуминиум

3.48

Калај

51.97

Злато

131337.93

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59