Пишува: проф д-р Иван Анастасовски Македонската демократија денес не се соочува само со прашањето кој ќе ја има политичката власт, туку со многу посуштинско прашање: “Дали државата може да стане посилна од партиите што ја управуваат“? Ова претставува едно од клучните прашања за иднината на македонското општество. Демократијата не се мери само со одржување избори, бројот на политички партии или со смената на власта, туку вистинската ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат историјата за станови во Дубаи, фирми во ...

Соопштение за јавност на СДСМ Цел град Гостивар беше отруен со загадена вода, над 4.700 граѓани завршија во болница. А бројот на одговорни до власта – нула. Ова е билансот на здравствената катастрофа во Гостивар под власта на Мицкоски. Мицкоски лично ги убедуваше граѓаните дека водата е „технички исправна” и дека може да се користи. Сега Клековски признава дека во водата имало „многу различни бактерии и вируси”. Ако во водата имало многу ...

Соопштение за јавност на Левица: Мицкоски ја хранеше јавноста со приказната дека доаѓа власт пред која крупните риби ќе треперат, дека недопирливите од ДУИ ќе завршат зад решетки и конечно ќе се наплати секој криминал. Од сите тие ветувања и закани денес остана куп партиска хартија и еден спектакуларен автогол – токму Груби, кого ДПМНЕ го претвори во заштитно лице на својата предизборна ‘правда’, им ја претвори најгласната мантра во предмет ...

Пентагон бара од американската одбранбена индустрија да го зголеми производството на оружје за да ги надополни залихите на муниција што се исцрпени, делумно поради конфликтот со Иран. Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, изјави во саботата дека одделот е фокусиран на зголемување на набавките за да обезбеди „оружје што им е потребно на нашите војници со темпо што го бара заканата“. Парнел потврди дека министерството се обидело да го забрза ...

Соопштение за јавност на СДСМ: На официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме. Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, ...

Украинските сили извршија нови напади врз цели во Русија и окупираните територии на Украина. Според извештаите од теренот, цел на нападот била рафинерија за нафта во Татарстан, додека во Симферопол на Крим биле регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија, а избувнале и пожари во окупираниот регион Донецк. Информациите биле објавени на каналите на Телеграм кои ги следат воените настани, пишува „Киев Индепендент“ . Напади во ...

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан беше забележан на познатиот Собир на трубачи во Гуча, Србија, каде што во опуштена атмосфера пиеше ракија во друштво на влијателни бизнисмени. Меѓу нив беа Оскар Вилаги, втор човек на нафтениот гигант МОЛ, и архитектот Даниел Тарачки. Снимките предизвикаа големо внимание во унгарските медиуми, кои го анализираат присуството на високиот бизнис сектор покрај унгарскиот политичар на ваков тип ...

Над еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучувајќи ја и областа Шангај, откако тајфунот Долфин се упати кон копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а околу 1.400 летови беа откажани само во Шангај. Бранот прво го погоди Јухуан во покраината Џеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венжоу, соопшти кинеската ...

Во Охрид вечерва, на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, организиран по повод одбележувањето на 35-годишнината од независноста на Македонија. Настанот понуди богата музичка и сценска програма, но покрај настапите, вниманието го привлече и еден необичен детаљ – на дел од сценографијата и визуелните елементи беше прикажан симбол кој потсетува на македонското државно знаме, но сонцето има ...

Жителите на западна Европа, Северна Америка и делови од Арктикот во среда, на 12 август, ќе имаат можност да сведочат на спектакуларно целосно помрачување на Сонцето – прво на европскиот континент по 27 години. Главниот појас на тоталитет ќе помине преку Гренланд, Исланд, Шпанија и Балеарските Острови. Во овие области Месечината целосно ќе го покрие сончевиот диск, а за кратко ќе стане видлива и сончевата корона. За Македонија, сепак, ...

Во текот на викендот, на подрачјето на Град Скопје биле спроведени засилени сообраќајни контроли, при што полицијата лишила од слобода вкупно 21 лице поради безобѕирно управување со моторно возило. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицата биле лишени од слобода по член 297-а од Кривичниот законик. Меѓу нив има и шест малолетни лица. Покрај приведувањата, во рамки на контролите биле преземени уште 161 мерка согласно ...

На 08.08.2026 во 00:15 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Т.(22) од Неготино затоа што при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со наредба од Основен суд Кавадарци, бил извршен претрес во домот и помошни простории на Т.Т., каде биле пронајдени и одземени марихуана, цвет, семки и стебло од канабис. Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по ...

На 09.08.2026 во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од с.Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од с.Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. починал на местото, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Увид на местото извршила екипа на ОВР Ресен, а по наредба на јавен обвинтиел телото на починатиот било дадено на ...

На 08.08.2026 во 21:40 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна поранешна партнерка од виничко дека во периодот од 30.07.2026 до 07.08.2026 преку мобилни апликации и уреди без нејзина согласност направил од неа експлицитни видеа и фотографии и преку апликации на социјалните мрежи и испраќал пораки со навредлива содржина, таквите видеа ...

На 08.08.2026 во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Велес забележале товарно возило „сканија” со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л.(52) од Неготино, при што било констатирано дека се врши ископ и дека возилото било натоварено со песок за што возачот не поседувал соодветна документација. Полициски службеници земале примероци од песокот во ...

На 08.08.2026 во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. ...

Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија – Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Интензитетот на сообраќај на ...

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник. Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, ...

Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно лекување. -Пациентот е во добра ...

Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 – годишнината на независноста на Македонија е објавено денеска. Видеото го објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. Низ приказната за македонските успеси низ годините не води познатиот актер, водител и изведувач Игор Џамбазов, оперските пејачи Игор и Ана Дурловски во придружба на Македонската Филхармонија ја изведуваат познатата песна „Љуби ме и главата ...

На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска вегетација, во село Турново, Општина ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска изјави дека посредниците и натаму „се обидуваат да најдат начини за повторно рестартирање на преговорите“ со САД, но дека во моментов нема можност за нивно продолжување. – Додека не се прекинат прекршувањата на меморандумот за разбирање од страна на САД и додека САД не го надоместат она што го прекршиле, според наше мислење, нема можност за продолжување на преговорите, рече Аракчи ...

Прес конференција на СДСМ, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата. Повторно на мета се познатите штипски “Печурки”. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат. Затоа прашуваме: – Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги прехрануваат своите ...

Во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево вечерва со почеток во 20:00 часот ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на киното на отворено што го организира Општина Кисела Вода во соработка со Кинотеката на Македонија. Присутните ќе имаат можност да погледнат филмска приказна инспирирана од вистински настани, во која ќе можат да уживаат во одличните улоги на Катарина Ивановска, Сашко Коцев, ...

Прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт. Каков претседател такви кадри. Заев аболициран ...

Соопштение на Левица: Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица во борба против понижувачките откупни цени на пиперката „куртовска капија”. Тие со месеци ја обработуваат земјата, вложуваат сопствени средства и го преземаат целиот ризик на производството, а сега за еден од најзначајните земјоделски производи во струмичкиот регион им се нудат потценувачки 25 денари за килограм. Зад секоја нива стои ...

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание – не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња. А Обвинителството – молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија”. Тој и онака ретко се јавува кога народот ...

Соопштение на ДУИ: Откриен е нов скандал во Владата на Северна Македонија. Речиси една година записниците од владините седници не се објавуваат на албански јазик. Последниот записник објавен на албански јазик е од 19 септември 2025 година. Оттогаш се одржани 83 седници на Владата, а записниците од нив сè уште ги нема во албанската верзија на официјалната веб-страница. Станува збор за официјална документација на највисокиот орган на извршната ...

Повеќе од 15 часа трае борбата со пожарот на депонијата за комунален отпад во Крива Паланка, а градоначалникот, Сашко Митовски, уверува дека огнот ќе биде изгаснат до крајот на денот. Пожарот започнал вчера околу 17 часот, а во негово гаснење се вклучиле пожарникарите од Крива Паланка, вработени во ЈП „Комуналец“, а помош стигнала и од соседната општина Ранковце. „Пожарот е од малку поголем и посериозен обем и покрај потребата од гаснење со ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Платина

49319.25

Калај

46.54